1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,090
    11,992
    2 Август 2012
    Машко
    Крени го буџетот на мин. 42.000 или спалната ќе ти остане незагреана при многу ладно време.
    Моја препорака е мин. 5,5-ка

    Идеално би било две 3,5-ки да имаш.
     
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    OK! :hay:
     
  3. mnikolce

    mnikolce
    Gaining Experience

    416
    353
    27 oктомври 2016
    Препорака за некој бренд и модел? Да имам некаков репер - неук сум скроз на оваа тема...

    Sent from my MI 4W using Tapatalk
     
  4. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    227
    160
    1 Февруари 2017
    Машко
    freonot ne se vadi pri demontaza na klimata tuku se sobira vo nadvoresnata edinica.[klimata se pusta na ladenje se zatvora edniot ventil pa po odredeno vreme se zatvora drugiot ventil i freonot se sobira vo nadvoresnata edinica ]
    obicno se vadi vo nadvoresen sad ako monterot pretpostavuva deka ima pomalce freon vo sistemot za da se izmeri na digitalna vaga tocno kolku da se dodade. primer mojata lg ima 1 kg freon i moze maksimalno do 7 metri da se instalira bez da se dopolnuva za sekoj metar 20 gr plus-premontirana e 3 pati:)
     
    На ante1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marv

    marv
    On your way to fame

    1,646
    926
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ова е точно начинот на кој мајстори ми обкаснија како се губи фреон. Точно е дека се собира при оваа постапка, и да се применува ако немаат вакум пумпа. Но никогаш нема да го собереш цел, и после секоја ваква постапка гарантирано ќе изгубиш дел од фреонот. Колку и како само со мерење се докажува.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На Tajson му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    Пошто бараш конкретен предлог за клима: Крени буџет и пазари Gree Hansol. 3.5кв модел, освен ако не сакаш во тие 18м2 оддневна да ставиш 5.5кв клима и да ја користиш како он-оф клима (иако е инвертор). Да не почнувам за тоа дека 5.5кв клима во така мал простор ќе корне од дување. Веројатно и 3.5кв може да биде прејака, но ако држиш отворени врати кон спалната и бањата, таман би требало да дојде. Под „таман“ мислам климата да работи на ниска потрошувачка без често да застанува е заради прегревање на просторот - нешто што сигурно ќе се случува. За ова сум спремен да се обложам во ќумбето на пелети на Флегма. Интерна шега, не се замарај да се обидуваш да разбереш... Инаку во таква варијанта, ако наместиш 24с во дневната во спалната не би требало да биде под ~19-20с (одлично за спиење), се разбира освен ако просторот нема некои чудно големи топлотни загуби. Слично (19-20с) важи и за бањата, што значи дека за туширање можеби ќе ти треба и еден најмал калорифер за во најладните денови - ако имаш зимурливи дома.

    Ова зависи од твоите разбирања за „тишина“. Без да должиме, ако сакаш многу тивка работа тогаш дуплирај буџет и пазари Тошиба (Сузуми +) или Мицибуши. Но мислам дека и Gree Hansol би требало да ти работи доволно економично и доволно тивко. Само не ставај клима во спална ако тишината ти е важна.
     
    На GGTT1 и mnikolce им се допаѓа ова.
  7. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    227
    160
    1 Февруари 2017
    Машко
    Kompresorot na nadvorenata TI e vsusnost vakum pumpa.
     
  8. marv

    marv
    On your way to fame

    1,646
    926
    5 oктомври 2007
    Машко
    Така нека биде. Еве набрзака побарав за ова сега кога потегна муабет, иначе само онака не ми држеше логика, и на десетина форуми и страни за климатизација, истото го викаа. Дека мерење и собирање на фреон само вакум пумпа посебна. Собирањето во компресор е нецелосно секогаш. Ако таму лажат, или мајсториве исто лажат, онда еве и јас лажам и ти си во право. Уште да додадам дека практично се губи многу мал % од фреонот при такво собирање на фреонот во компресор, па обично не се ни приметува во работата. Но сепак се губи.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,090
    11,992
    2 Август 2012
    Машко
    Не. Ти да не се замараш со Флегма туку да му гарантираш дека ќе ја стопли и спалната со 3,5-ка на -10/-15 како минатата зима.
    И тоа да му гарантираш со пари пошто сакаш да се обложуваш. Појди и кажи му: „Еве, јас сум Lokvan џекот кој ти гарантира дека ќе се стоплиш со шугаво Gree од 12.000 Btu кое прави дефрости на секои 40 минути пошто не знам за ништо подобро од Gree ниту пак сум користел и не го слушај Флегма кој те тера да купиш 5,5-ка или две 3,5-ки“
    Или и него ќе му кажеш да си купи ќумбе за бекап како што правиш ти?

    Ако ти немаш пари за да се згрееш нормално не значи дека треба да ти смета Флегма што има парно на пелети и клими во секоја соба па сака Флегма се грее на парно сака се грее на клими.
    Јас разбирам дека не разбираш но не ми е јасно зошто мислиш дека другите не разбираат.

    „Ќумбе на пелети“ абе не знаеш кај тераш со љубомората. Загревои си!
     
    На moongose и Ceco им се допаѓа ова.
  10. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    Tи озбилно со цел памет (пак) советуваш 5.5кв клима за во 18 метри квадратни соба... Сметам дека навистина не си фер што не застануваш да размислиш малку дека можеш некој сериозно да го оштетиш, да му го направиш неупотребливо користењето на клима уредот со вака колосално погрешно (пре)димензионирана силина на клима уред... Се разбира освен ако не сакаш и другите како тебе потоа да купуваат ќумбе на пелети - не еден ТУКУ ДВА системи за греење.

    Јас не можам да гарантирам ништо, можам само да кажам мислење. Тоа мислење е дека за во 18 м2 соба 3.5кв клима е и повеќе од доволна дури можеби и пресилна. Да беа тие 40-и-нешто квадрати на @mnikolce во една просторија, тогаш пеки, 5.5кв клима ќе беше ок предлог. Ама 5.5кв клима за во соба од 18 метри квадратни е прилично глупо да се направи (а ги има такви што вака се зезнале)... Понатаму, кога човекот ќе купи ЕДНА 3.5ка и АКО УВИДИ дека истата му е малку (пошто нели не знаеме колкави топлотни загуби реално има), значи АКО УВИДИ дека една 3.5к клима му е малку, ТОГАШ може да размислува за докупување на втора клима.

    Така со една 3.5ка за почеток е најсигурен дека нема да се зезне, и сите опции му се отворени. По твојот совет, со 5.5кв клима сигурно се заебува, а со две 3.5кв клими (иако е нешто подобар советот) сепак останува со солидна можност дека едната клима ќе му биде вишок. Посебно што спомнува тишина како важен фактор, а вака после искуство со една клима во дневната ќе има добра замисла што реално да очекува од бучава. Втора клима секога може да додаде.
    Во спална и онака не се пожелни високу температури, ако во дневна грее на 24с во спална ќе биде окулу 19-20 степени.

    @mnikolce те пингам за да не го испуштиш ова. И уште еден додатен совет, ако не ти се брза заради потреба од ладење летово, секако почекај пошто обично при крај од летото има акции со солидни попусти на клима уреди.



    Прво ќумбето на дрва веројатно не би се користело никогаш, максимално неколку пати ако снема струја. Во мојот случај ќумбето на дрва Е БЕКАП, бекап за кога ќе нема струја. За разлика од тебе кој кога ќе снема струја ќе останеш ќе останеш и без клима уредите, и без ќумбе на пелети (пошто и нему му треба струја).

    Второ, човекот јасно кажа буџет од 30 илјади. Јас објаснив дека треба дупло да го зголеми буџетот за јапонска клима, нешто што препорачувам на секој што може да си дозволи. Но ако човекот не може да си го дозволи тој издаток, тогаш Gree Hansol е одличен избор за парите. Предложи и ти нешто во истата класа, па да споредиме перформанси (и пари).

    Најпосле некој што (можеби заради тоа што одбрал тапа клими) се грее на ќумбе на пелети, би рекол дека не е баш најмеродавниот човек да дава предлози за клима уреди.


    едит:
    Абе колега, ме разоткри дека сум љубоморен на ќумбиња на пелети и тоа е тоа. :hay:

    Дека „ќумбе“ ти е тригер одамна знам, но сериозно никогаш не тргам со намера да дојдеме до ваквите моменти... Затоа пред да бидам обвинет (за конфронтација, или шоидае) ај провери наназад кој прв почнува во поголемиот број од случаите. :)

    Мене искрено не ми смета, само се надевам дека ти не го доживуваш ова премногу лично.


    П.С. Спремај се за споредба на трошоците. Грејнава сезона малку се оддолжи, ама па ладничко е (посебно навечер) и кеиф е вака со 0.2кв потрошувачка да се грее човек. Тебе тие Мидеите Виваксите колку ти трошат, или не се замараш да проверуваш потрошувачка? ;)
     
    Последна промена: 14 Април 2019
    На mnikolce и mdeni им се допаѓа ова.
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,090
    11,992
    2 Август 2012
    Машко
    Ти можеш да бидеш Пепелашка и тоа не му дава никаква меродавност на твојот збор овдека.

    Му советувам да земе 5,5-ка затоа што планира да грее две соби. Не е ова отворен простор
    Пошто ги советувате сите да земаат сплит системи а не ви паѓа на ум да му кажеш дека треба да купи параптена тогаш одиме на првиот fail safe предлог: 5,5-ка

    Батали драмата „колосално погрешно“ . Ќе има 5,5-ка која ќе си тера на кец или на ауто и која ќе има резерва снага. А не да ми „јачите“ со братијата во зимо дека ви треба бекап ќумбе.
    Што не зеде плинска греалица за бекап?


    Го советувате да земе Gree, фирмата која само што не завладеала со светот, а не знае што го чека со буџет варијанта на 3,5-ка (било да е Gree, Vivax и сл.)

    5,5-ка all the way. Нема термо фасада туку само PVC дограма
    Ќе го спомнувате Флегма наредната зима, ај ти.
     
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    Му советуваш да земе 5,5-ка која е клима намената за простор над 50м2... За неговите 18 квадратни метри просторија (плус догревање на спална соба).

    Баш заради тоа што тие 18м2 НЕ СЕ „отворен простор“, и не се 50 м2, ова ти е ретардиран предлог.

    18м2 се скоро трипати помалку од површината за која е наменета клима од 5.5 киловати... Само штета што Николче никогаш нема да напише колку си го заебал, ако се заебе да земе клима од 5.5кв за неговите 18м2.


    Хеј Флегма, да бев транс и јас ќе те сакав тебе.

    ... Ама не сум. :boring:
     
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,090
    11,992
    2 Август 2012
    Машко
    Ретардирана ти е перцепцијата. Тој бара греење а не догревање.
    Има 42 квадрати а не 18. Пресмњтај кубикажа на воздух, види колку има проток една 5,5-ка на најслаб вентилатор , потоа види колку на најјак и појди да му објасниш кога ќе биде премрзнат.

    Ќе го дувала 5,5-ка! Да фак!
    Е не Локван е ова, ќе грее стан од "100" квадрати со 3,5-ка плус бекап свеќи, ќумбе и желба за топлина.

    btw
    @mnikolce
    Не го слушај. Се контра со мене а ти ќе настрадаш. Слаба клима ќе ти дефростира и ќе го колнеш Локван.
    Ти како сакаш.

    Или намести две 3,5-ки или една 5,5-ка.
     
    На Gaston и mnikolce им се допаѓа ова.
  14. Alekso1981

    Alekso1981
    Gaining Experience

    58
    54
    4 Декември 2017
    Машко
    Aj ne se karajte neka stavi Toshiba suzumi 16 16000btu ko nesto izmegu model 4.5kw .Top klima so perfektna modulacija za od 20m2 do 40m2 neizoliran prostor.
    Samo e skapa malce;).
     
  15. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    Одлично, каква добра идеја. Да се купува предимензионирана инвертор клима, која за да не прегрева да се намести фиксно да дува на најслабо, и уредот да се користи како ON-OFF клима... Оваа „мудрост“ веднаш да ја патентираш, којзнае можеби ќе направиш преокрет во концептите на фриготехниката! ;)


    Повторно погрешно. Локван овде јасно напишал колкав простор грее, како е изолиран просторот, со колку и со какви клими, на која температура, и точно колкава потрошувачка има сезонски за тоа греење.

    Тоа е за моето греење. За твоето греење Флегма податоци и потрошувачка, немаме никакви. Општо слабо се служиш со факти, иако љубиш да го фалиш своето и да го критикуваш туѓото.


    Климата нема да биде сместена во просторија од 42 м2, туку ќе биде сместена во дневната соба која е 18 м2. За мене лично поретардирано од ставање на толку голема клима во мала соба, може да биде само ставањето на толку голема клима во мала соба - по совет на некој како тебе што повеќе пати повторува дека клима уредите не може да се користат како главен извор на греење (ова се твои зборови).

    Но овде сите сме возрасни (ваљда). За тоа служи форумов и дискусијата, да размениме мислења и податоци. На крај секој за себе носи одлука, и со таа одлука самиот ќе треба да живее... А богами со 18000BTU уред во мала соба, нема баш лесно да се живее. :hay:
     
  16. mnikolce

    mnikolce
    Gaining Experience

    416
    353
    27 oктомври 2016
    Здраво форумџии, да се појавам и јас после овие преписки еден со друг од погоре.
    Најпрво да ви заблагодарам за залагањата и пишаните информации секако вредни за мене и да знаете дека ценам.
    Вчера утрото и деновите пред тоа, се разбудувам со бучавата од надворешната единица на климата од комшијата под мене - кој ја постави пред недела-две (пишува Fujitsu на неа) каква е, што е немам поим а ќе го прашам ако имам трпение, бидејќи не можам да поднесам да трпам нечија бучава. Па си реков кога сите ставаат ќе монтирам и јас - па нека биди бучавата од мене, зошто да му ја сркам туѓата...
    Да, станот е мал и во моментот го загревам на дрва, во најладните денови од зимата се затвораат врати и се грее само дневната - а во помалку ладно - отворени врати. Најчесто трошиме околу 4,5-5 м² дрва x 3000 денари = 15.000 денари годишно за дрва + 1500 денари струја месечно за се друго.
    Бекап планирам да остане каминот - за денови ако "снема" струја, и да се чува некое дрво на залиха, секако е глупо, бидејќи ако дрвото ми е во моментот "смачено" така ќе биди секогаш но што се мора се мора.
    Математиката, и желбата за рационалност и паметно трошење на тешко заработените месечни приходи ме принудија да прашам тука дали е паметен потег да инвестирам во инвертер за греење на зима, еве како размислувам јас: Дали ќе е достоен избор клима уред од околу 30 илјадарки? Па месечната сметка од тие 1500 - во месеците за греење би се покачила можеби на 3500-4000 (односно како еден метар кубен дрва плус) во рок од 5-6 месеци (од 15 Октомври - 15 Април). Значи трошокот од 500 евра би значел само дополнителен трошок за премин на греење не ел. енергија а со тоа би си олеснил во секојдневното живеење без кревање, носење и фрлање пепел и саѓи од сега па натаму.
    Од Вашите сугестии - испадна дека џабе би фрлил 30 илјадарки, решение кое го понудивте е да биди од 40к па нагоре, што секако мене ми е значајна сума и не можам да си ја приуштам и дополнително ме замислува дали вреди или не па и мислата дека од бучење нема да има спас... Фала и извините за долгиот пост.
     
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,090
    11,992
    2 Август 2012
    Машко
    Да. Сеуште тврдам дека сплит клима не може да биде главен извор на греење на температури под - 5. Тоа што ти загреваш стан со две клими и се тешиш дека си загреан не значи дека и другите ќе бидат загреани.

    Зборуваш дека е ретардирано да стави јака клима во соба од 18 квадрати за да грее простор од 42. Тој да кажеше дека ќе грее соба од 18 немаше да му давам предлог за 5,5-ка.
    Приметуваш сега колку неинтелигентно постапуваш?

    Ах да! За сметките од Флегма!
    Ниту ќе ги видиш ниту ќе доживееш тебе да ти се правдам колку и како трошам.

    Ниту пак ќе му послужи на некој. Ти седиш во стан од 50 квадрати (или ватевер) јас во куќа од 200 (пута три)

    Локван и неговата перцепција. Прво да прдниш во баричка и да клокоти па јави се да дискутираш за трошоци.

    Самопрогласен стручњак за се.
     
    На goce03 и moongose им се допаѓа ова.
  18. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,090
    11,992
    2 Август 2012
    Машко
    @mnikolce
    Без многу филозофија

    Со клима (во твојот случај) ќе заштедиш огромна количина на дрва (пари)
    Дека ќе доживееш топлина каква што си навикнат да добиваш од дрва тоа веднаш да си го избиеш од глава.

    Меѓутоа заштедата ќе ја видиш во тоа што нема да ложиш дрва од крај на септември па до април.

    Ако планиеаш да ја грееш само дневната 3,5-ка. Ако планираш дневна, салон и спална 5,5-ка.

    За тие пари имаш Vivax, Midea, Gree кои се тука некаде во перформанси и потрошувачка.
    Фората со инвертерот е да не го гасниш воопшто.

    Никој неќи да се бафта со дрва но студот не прашува.
     
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    Една критика до тебе, пријателе.
    Погрешно заклучуваш. Прво, и за 30 илјади има што да се одбере: GREE FAIRY LCLH GWH12ACC-K6DNA1D по супер цена од 29.990 ден.
    Но ти се препорачува тоа за 40 илјади затоа што е прилично подобро и вреди за таа разлика од 10 илјади: GREE HANSOL -20 GWH12TB-S3DNA2D по супер цена од 39.990 ден.

    Второ, да не излагува сега дека ти продавам памет... Ама не се лути кога ќе заклучам дека ако имаш пари да купуваш дрва, мислам дека ќе се снајдеш некако да додадеш уште 10 илјади за да купиш добра клима. Пошто парите за климата ќе ги заштедиш со евтино греење. Тие 10 илјади разлика, веројатно ќе ги заштедиш уште првите една-две грејни сезона. За неколку години целата клима ќе ја „извадиш“ со заштеда. И нема цепење дрва, качување во станот, палење оган, чистење ќумци и оџаци, молерисување секоја втора година, итн... Има само палење климата на есен, и следната работа ќе ти биде исклучување на климата на пролет.

    Трето, почекај акциски цени летово. Ако си од Скопје, може и некои субвенции да испаднат.



    Значи со клима греење само на есен и на пролет, во зима никако!
    Со кое лице тогаш даваш совети за клими? Предложи му на човекот некое ќумбе на пелети. :hay:

    Инаку твое право е да мислиш што сакаш. Само со кое право заклучуваш и пишуваш (небулози) за мене, тоа немаш право. За мене лично, константни 23-24с дефинитивно значат ДЕКА СУМ ЗАГРЕАН. А ти продолжи да правиш филмови за „ладни стапала“ и слични комедии.


    Човекот во ПРВИОТ пост јасно напиша дека дневната соба му е 18м2, но дека би било убаво да го загрева и целиот стан.


    Овде не зборуваме за „правдање“. Зборуваме за споредување на потрошувачки за греење. Имаме цела тема за тоа, и таму не се „правдаме“ туку споредуваме и разменуваме искуства. А ти штом не сакаш да дадеш податоци, тоа е твое право, но самото криење покажува на солидна веројатност дека твоето греење не е економично. Пошто вака не ми личиш за некој срамеќлив што се срами (да покаже податоци). Но нејсе, тоа е твое право. Само нагласувам дека немаш лице да се фалиш, и дека без факти и аргументи си овде на темава.


    70м2, напишано е. Твојата потрошувачка поделена со 3, е сумата што можеме да ја споредиме со мојата потрошувачка. Ако ништо друго, во предност си пошто процентуално јас имам поголема површина надворешни ѕидови од тебе.


    :hay:
     
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. alkibijad01

    alkibijad01
    Gaining Experience

    115
    90
    8 oктомври 2016
    @mnikolce

    Батка да фатиме со ред:

    Ориентацијата и распоредот на станот ги знаеме. Напиши на кој кат си, дали имаш соседи до тебе, под тебе, над тебе? Најтешкото прашање е кога не користиш греење колкава е температурата кај тебе дома (ова може да го знаеш само ако не сте биле дома 3-4 дена и си измериле кога си дошол)?
    Друг момент во приказната е колку ја користите спалната соба преку ден? Ако ја користите само за спиење може да догреваш и со мало калориферче саат-два навечер, за да не инвестираш во непотребни работи.
    Заради сето ова јас ти препорачувам да купиш инвертер клима од 3.5 kw која треба да има EEV (електронски експанзионен вентил) и што подолга гаранција. Нема да ти препорачам произведувач но треба да знаеш дека инвертерите со EEV се во просек 5-6000 поскапи од најевтините инвертери. Инаку, греењето со клима уред е можно и во студени зими и на температури далеку под нулата. Друга полза е тоа што станот ти е со западна ориентација па и во лето сметките за ладење ќе бидат пониски.
    Поздрав

    Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
     
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.
  21. mnikolce

    mnikolce
    Gaining Experience

    416
    353
    27 oктомври 2016
    Живеам на прв кат (не приземје) под мене и на страната до спалната имам комшии (немам над мене и од страна на дневната) стан број 9 :)
    Спалната е типична само за спиење, не се користи во текот на денот за престој...
    Од досега се напишано доаѓам до заклучок дека 3.5 kW би било доволно. Здравје видеќемо.
     
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    Што не кажа веднаш, ќе му заштедеше нервирање на колегава со пелетите од погоре.

    Од ова што го кажуваш, јас би додал само слободно да ги држиш вратите отворени од спалната и од бањата. Никакви калорифери. Ем поевтино ем потопло ќе биде со отворени врати. Друга опција (нема да заштедиш многу повеќе) е да ја отвараш врата од спалната после 22ч (евтина тарифа на струја).

    Штом не се седи во спалната преку ден, и таа поевтината клима од 30 илјади би требало да врши работа (иако сеуште стои препораката за Хансол моделот). Почекај летово би требало да има некоја акција, можеби 2-3 илјади ќе начекаш поевтино.


    Почекај малку сега Флегма ќе ти објасни дека не си во право, и дека ти само мислиш дека си се загревал во зима. Всушност ладно ти било секоја зима, пошто со клими нема греење на поладно од -5с. Право греење е само со ќумбе! :hay:
     
    На mdeni и mnikolce им се допаѓа ова.
  23. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    upload_2019-4-15_17-0-1.png

    Овака ќе ја наместиш климата, и вратите отворени... И биди љубезен па пренеси искуства следнава грејна сезона, да не го држиме Флегма во неизвесност.
     
  24. mnikolce

    mnikolce
    Gaining Experience

    416
    353
    27 oктомври 2016
    Така поставено би значело да е на 4тиот (ако не и повеќе) метар од лево нацртаниот прозор во виолетова боја.

    Sent from my MI 4W using Tapatalk
     
  25. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,983
    2,774
    12 Јануари 2016
    Машко
    До 5 метри цевки климата никаков проблем не би требало да има (ќе имаш само ситна доплата за додатни 2 метри бакарни цевки). Над 5 метри дополнуваат малку фреон според спецификациите (што исто не е скапо, но ја усложнува малку монтажата). Сепак провери со продавачот за најточно, за конкретниот модел клима што ќе го одбереш... Но како и да е, никаков технички проблем не е должината на цревата во овој случај. За естетски момент, ќе си земеш пластична каналница. Евтини се, имаш во Електрометал, Хубо, Меркур, итн... Можеш и да офарбаш, ни по текстура (ни по боја) да не се разликува од ѕидот.
     
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...