Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

tomi

Sensei Модератор
16 април 2007
9.876
3.884
Скопје
Момци, ми треба малце помош од тие што се повеќе упатени околу климиве.

Потребо ми е инвертер клима, 3.5Kw е сосема ок за просторот, буџетот е околу 30.000 денари

Што предлагате?

Од она што разгледав во нептун и што ми фати око се следниве:

Инвертер клима уред LG P12 EN.NSJ/UA3, 3.5/3.8kW, -10~48°C

Инвертер клима BOSCH 5000 12000BTU, 3,25kW/3,30kW, R410a

Инвертер клима уред SAMSUNG AR12 MSFPEWQNEU/XEU, 3.5/3.5kW

Инвертер клима уред LG S12 EQ.NSJ/UA3, 3.5/4.0KW, R32

Инвертер клима уред LG P12 EN.NSJ/UA3, 3.5/3.8kW, -10~48°C

Ве молам за помош што да изберам. Доколку имате некој друг бренд кој е ценовно тука и е подобар слободно дајте предлози...

исто така и оваа ми делува интересна

GREE FAIRY LCLH GWH12ACC-K6DNA1D по супер цена од 29.990 ден.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
исто така и оваа ми делува интересна
Најдобрава фирма има наведено само SCOP од 4.0 што не е еднакво со COP кој го кријат како змија нозе.
Примети кај LG дека се наведени двата податоци за SCOP и COP.

Самсунг избегни го во широк лак.
Да не испадне дека го дразнам Lokvan она се опскурни технички информации кои се наведени па ќе мора да истражуваш малку повеќе.
 

Vladekosa

read-only
24 февруари 2017
37
6
Колку треба да биде тој SCOP i COP при избор на инвертер за да имаме мах заштеда
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
SCOP 5.1 треба да биде, но најважно е PdesignH да е над 3.5KW на Average Zone.

Тоа се хиперинвертери како
Daikin Ururu Sarara 35
Mitsubishi FH35
Panasonik VZ12
Mitsubishi LN35

И слични. SCOP 5.1 @ 3.5kw @ Average
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Потребо ми е инвертер клима, 3.5Kw е сосема ок за просторот, буџетот е околу 30.000 денари
Неколку прашања. Што сакаш да правиш со климата, само да ладиш, и да ладиш и да грееш?
Ако те интересира и греење, со што се грееше досега (вид на греење и моќност)? Дали си сигурен дека 3.5 киловатен модел ти е доволен за твојот простор?

Ќе претпоставам дека климата ти треба за греење, пошто се интересираш за инвертор клими. Само за ладење можеш да поминеш и со поевтините он-оф клими.

Главната причина зошто за клима уредиве има толку контроверза (читај драма во дискусииве), е фактот дека сите клими имаат различни перформанси иако навидум може да имаат исти спецификации. Понатаму и сите домови не се исти. Простор од 30м2 може да има мали но и големи топлотни загуби. За корисникот да биде задоволен, треба да бидат погодени потребите на просторот со можностите на клима уредот.

Ти имаш неколку можности, во зависност од времето и војлата да посветиш време. Можеш да ја простудираш дискусијава, и ќе видиш дека никој препорачува корејски клими како нешто посебно добри за парите. Ниту било кои клими од тие што си ги линкал а ги продаваат во супермаркетите за бела техника.

Спецификациите се важни, но важен фактор се и искуства на корисници. Од буџетот што го наведуваш, тебе те интересираат инвертор клими од ниска ценовна класа. Ако климата ти треба за греење а можеш да си дозволиш да го зголемиш буџетот, тогаш би ти предложил да размислиш за Тошиба или Мицибуши. Но ако буџетот мора да остане окулу 30К, тогаш мојот предлог е Gree. Во таа ниска ценовна класа Gree нудат солидни клими со веројатно најдобар однос цена/перформанси. На пример таа последната клима Фаери ЛЦЛХ што си ја линкал би бил добар избор за парите. Или ако ако не ти се брза, јас би почекал касно лето, затоа што тогаш обично има акции и понуди со пониски цени. Може да испадне поевтина наведената Фаери ЛЦЛХ, или па и подобриот модел Хансол да дојде доволно блиску со цена. И двете клими се многу подобри уреди, од тие другите што си ги линкал во постот.

Советот од Флегма, да ги читаш спецификациите, во основа не е лош совет. Проблемот е што спецификациите се една работа, а реалните перформанси во реална ситуација се сосема друга работа. Претпоставувам нема да сакаш, како Флегма, да купиш клими за греење а потоа да купиш и ќумбе на пелети за да се грееш со него. Одбери паметно. Те молам немој да се роди уште еден флегма кој по форуми ќе пишува дека со клима уреди не може да се грее во зима (негови зборови). Прочитај низ дискусијава ќе видиш дека многумина успешно се грееме со клими, и имаме солидни заштеди во однос на другите видови греење.
 

tomi

Sensei Модератор
16 април 2007
9.876
3.884
Скопје
@Lokvan ти благодарам за големиот исцрпен одговор но не си требал да се мачиш толку, многу добро знам што барам и што ми треба. Имам централно парно на целата куќа со палети (огромен котел во гаража). Клима инвертер ми треба само за да дозатоплувам во нокните часови кога парното го гасиме. Се работи за 40 квадрати соба така ми треба 3.5Kw да е инвертер, од вас барам да ми помогнете со моделот горенаведените..

Ви благодарам
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Со оглед на климите што си навел, помислив дека не си ја читал темава. Но штом точно знаеш дека за тие 40м2 ти е доволен 3.5кв модел од ниска ценовна класа, тогаш мојот предлог е Фаери ЛЦЛХ. Но би додал дека освен ако изолацијата на куќата не ти е навистина добра, сметам дека било која клима до таа цена од 30К нема да е доволно силна за тој простор. Без разлика што само ќе догреваш, сепак баш навечер е најтешкиот период за работа на клима уредите, ниски температури и голема влажност.

Понатаму, сметам дека за вакви ситуации подобриот модел Хансол и тоа како вреди за доплатата. Докажан модел, повеќе години присутен и користен од многу корисници, снагаш клима без финеси која е направена баш за големи простори како твојот.

И повторно, ако ако не ти се брза паметно е да се почека касно лето за акции и понуди со пониски цени. Не дека и сега не може човек да се договори и исценка, освен ако не си од тие што го мразат тоа. :)

 
  • ми се допаѓа
Реакции: tomi

tomi

Sensei Модератор
16 април 2007
9.876
3.884
Скопје
Фала на инфо, целата куќа има изолација стиропор ако не се лажам 10cm, сепак нема да се користи премногу, но не е на одмет да се има.....

Btw... која е разликата од таа gree hansol што си ми ја понудил за разлика од горенаведената, ако не се лажам доплатата е скоро 9.0000 мкд, би ги дал ако има издржана основа за тоа, во спротивно како необразован во клими би ја земал поефтината...
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Верувај ќе го заборавиш парното кога ќе стигнат сметките од климата. Иако сега ти личи дека нема да се користи, многу брзо на сите им станува примарно грејно тело.

Стиснеш копче изаџе куварица. Ем плата не бара.
 

mnikolce

lurker
27 октомври 2016
804
621
Верувај ќе го заборавиш парното кога ќе стигнат сметките од климата. Иако сега ти личи дека нема да се користи, многу брзо на сите им станува примарно грејно тело.

Стиснеш копче изаџе куварица. Ем плата не бара.
Секогаш сакам на луѓето да ѝм објаснувам почнувајќи со: На пример.
На пример имам стан од 40 м², купувам Грее Фери за 30 илјади, сметка за струја добивам од 3000 илјадарки. Ако наместо неа сум купил Грее Хансол од 40 илјадарки, сметката за струја ќе ми изнесува 2700? Со тоа инвестираните 10 илјади плус ќе ми се исплатат во наредните 5 години.
Дали и зошто се тие 10+ исплатливи? Фала ако некој даде убаво објаснување.
Понизно прашувам, оти верувајте не сум класа на луѓе кои бројат евро 500тки секој ден, туку тие 30 илјади мкд планирам месечно да ги плаќам на 24 рати, па таа рата од 1250 ја вметнувам во мноштвото рати, сметки и трошоци, дополнителните 10 илјади се допочнителни 415 денари, суми кои на месечна основа значат некоја друга сметка, рата итн...

Sent from my MI 4W using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Btw... која е разликата од таа gree hansol што си ми ја понудил за разлика од горенаведената, ако не се лажам доплатата е скоро 9.0000 мкд, би ги дал ако има издржана основа за тоа, во спротивно како необразован во клими би ја земал поефтината...
Повеќе сила во резерва. За кога ќе затреба.
Една паралела со автомобили. Ауто со 60-тина коња е доволно за низ град, за на рамно. Но во моментот кога одиш на угорница а треба што побрзо да претекнеш камион со дупнат ауспух чиј црн чад го дишеш веќе 10 минути додека женати и децата плачат а позади е огромна колона други аута кои свират во протест (намерно не ставив запирки)... Тогаш станува јасно кој е бенефитит од мотор со уште едно плус 40-тина коњи.

Резервна сила која 99% од време не ја користиш, но кога ќе затреба е како од господ пратена. :)
 
  • ми се допаѓа
Реакции: tomi

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.794
5.514
Повеќе сила во резерва. За кога ќе затреба.
Една паралела со автомобили. Ауто со 60-тина коња е доволно за низ град, за на рамно. Но во моментот кога одиш на угорница а треба што побрзо да претекнеш камион со дупнат ауспух чиј црн чад го дишеш веќе 10 минути додека женати и децата плачат а позади е огромна колона други аута кои свират во протест (намерно не ставив запирки)... Тогаш станува јасно кој е бенефитит од мотор со уште едно плус 40-тина коњи.

Резервна сила која 99% од време не ја користиш, но кога ќе затреба е како од господ пратена. :)
Ама пошто него му треба за низ град (читај пригревање, догревање) таа резерва ќе му бидат џабе фрлени пари, кои можеби би ги искористил еднаш годишно за на одмор . За на одмор, (за греење) веќе купил појака кола.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
  • ми се допаѓа
Реакции: tomi

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Може и така да се гледа. Но друг муабет е дека новово ауто може толку да му се допадне колку малку троши, па ќе сака и надвор од град да го вози. :hay:

Како што кажа Дени погоре, не се малку тие што од пелети/дрва се пребациле на клими. Истовремено поевтино и поедноставно без замарање со ложења, чистења и куп други замарања, тоа се силни аргументи за избор на климите како главно средство за греење.

Иако има и понекој што пазарел несоодветни клими, па во зима сеуште се грее на ќумбето, додека на форумиве кажува дека климите не чинеле за греење во зима. ;)
Ете тука е разликата што ја прават подобрите клима уреди.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: tomi

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Мислам дека и со лцлх, тундра, де35 ќе е сосем океј за кај дечкото. Бајаги народ се грее на нив и тоа фул тајм.

Секако појака ќе е подобро, ама според муабетов таман се и овие.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.794
5.514
Може и така да се гледа. Но друг муабет е дека новово ауто може толку да му се допадне колку малку троши, па ќе сака и надвор од град да го вози. :hay:

Како што кажа Дени погоре, не се малку тие што од пелети/дрва се пребациле на клими. Истовремено поевтино и поедноставно без замарање со ложења, чистења и куп други замарања, тоа се силни аргументи за избор на климите како главно средство за греење.

Иако има и понекој што пазарел несоодветни клими, па во зима сеуште се грее на ќумбето, додека на форумиве кажува дека климите не чинеле за греење во зима. ;)
Ете тука е разликата што ја прават подобрите клима уреди.
Малце потешко тек сега, со цел систем за греење, со насекаде топло и све, да земе Томи да фрли све и да земе клими од почеток насекаде. Убаво си побара тој само за една просторија нешто за онака спортски што би се рекло. Или речено караван и СУВ има, сега сака градско количе.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Го знаеш вицот со линијата „Фата е Фата, ама два пати се два пати“?
Епа така и со ова. Нека проба, нека ги види бенефитите, па ќе видиме после.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.794
5.514
Го знаеш вицот со линијата „Фата е Фата, ама два пати се два пати“?
Епа така и со ова. Нека проба, нека ги види бенефитите, па ќе видиме после.
Нема везе вицов со ова. По вицот испаѓа џабе твојата поскапа клима, кога боље е 2 упола поефтини. Или боље 2 пунтовци од еден Мерџо.
А Неможе ни да проба. Треба да нареди клими низ цела куќа за да може да проба и спореди. Не се споредува со една соба.
Кажете му убаво економично климиче за неговата потреба во неговиот буџет. Нит активно ќе се грее на него, нит му треба луксуз и снага.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Нема везе вицов со ова. По вицот испаѓа џабе твојата поскапа клима, кога боље е 2 упола поефтини.
Не баш. Во неговиот случај се работи за 40м2. Тоа е сепак голем простор дури и за 3.5кв клими од повисока класа. Не велам дека не е можно. Изолацијата треба да му е ОК, ама не сме сигурни пошто парното на пелети често секогаш се предимензионира.

Поголемата сила во резерва што ја има Хансол, му остава повеќе можност за грешка во проценката, повеќе сила на пониски температури, и на крај - му дава заштеда во потрошувачката, пошто Хансол има помасивна надворешна единица со поголем изменувач, и подобар поефикасен компресор, што заедно ќе резултира со поефикасно функционирање на топлотната пумпа во клима уредот (читај заштеда во потрошувачка).
 

tomi

Sensei Модератор
16 април 2007
9.876
3.884
Скопје
Хахахах, ме изнасмеавте значи скроз сте навлегле во тематикава тоа и ми се допага, значи да резимираме некои работи. Живеам во сопствена кука која е на 4 спрата од кој едниот е дуќан, со години е тестирано од мојте што е најекономично и побезболно за нашиот џеб, сме пробале се, досега котел со палети искочи за нас најобро решение. Замислете на секој спрат да треба да ставам по 2 клими за да греат и ладат и секој месец да плаќам големи сметки за струја + тука е се рачуна и дуќан кој троши струја со друга тарифа.... Така да клима во мојата ситуација е само за да дозагрее а не од - температури да барам да добијам +20. Друго кога веќе разговарате за коли, успеав да направам од 150кс дизел машина (тјунинг или оверклок на нашки) на феноменални 270 коња на тркала односно 306 коња на мотор. така да коа се збори за снага и претркување кога некој те гуши со црн чад од напред, точно знам што значат тие + коња како што кажа @Lokvan

Како што сватив од вашите мислења би ми завршиле било која од двете горенаведени GREE клими, затоа што јаас не барам да ме грее и топли туку само да дозатопли и да одржува температура во текот на ноќта. Веќе имам една обична клима во истите 40-50 квадрати во станот која ми е во спалната, оваа би била во самиот дневен боровак односно дневна каде што просторот не е поголем од 25-30 квадрати.

Супер сте на темава, браво за ентузијазмот и само напред :) <3
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Нема што да замислуваме, повеќето имаат по една или две клими на секој спрат и се греат/ладат најефтино од било што.

Затоа и се прави муабетов и темава.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно