Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Отворете сервисно упатство и ќе видите дека и изменувачот има сонда покрај термистор кој мери температура на воздухот низ климата и сонда која мери температура и изигрува термостат.

Софистицираност кај буџет инвертер нема.
Знам дека постојат клими кои гаснат и кои чинат 3 пати повеќе но да прогласиш "дефект" затоа што не гаснеле е надвор од памет.
 

Pero007

read-only
29 август 2016
5
3
што е битна температурата на изменувачот?изменувачот може да дигне температура и +50,незначи тоа дека температурата на воздухот во собата е +50
сензорот мери температура на воздухот кој поминува низ изменувачот,не го мери директно изменувачот.

другиот сензор што е на страна од изменувачот ја мери моменталната температура на воздухот во собата а овој што е на изменвуачот е тој кога ќе зададеш на даљинското 24 е програмиран да реагира до плочата кога низ изменувачот ќе осети 24,да исклучи.
Температурата на изменувачот и те како е битна за електрониката да знае со која јачина да работи копресорот или да исклучи ако дигне поголема од дозволената.Сензорот за амбиентална темп. е битен за ова што пишуваме и тој не е на патот на струењето на воздухот.Сензор на усис не сум сигурен дека има, што можеби би го поткрепило твоето тврдење.
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
Температурата на изменувачот и те како е битна за електрониката да знае со која јачина да работи копресорот или да исклучи ако дигне поголема од дозволената.Сензорот за амбиентална темп. е битен за ова што пишуваме и тој не е на патот на струењето на воздухот.Сензор на усис не сум сигурен дека има, што можеби би го поткрепило твоето тврдење.
перо,компресорот неможе да дигне поголема од дозволентата.има заштита на компресорот,има други заштити...тоа се други муабети.
пишував околу регулација на зададена температура,како се понаша климата
еве пример отвори обична клима и нема сензор на страна за амбинентална температура.има само еден,тој што е на изменувачот.ама не е залемен на изменувачот туку е ставен на изменувачот.имам видено и залемени сонди на изменувачот.можеби ти збориш или мислиш на тие?
да не забегаваме со небитни детали...читав дувало ладно...па сакав да опишам како реагира мојата...
 

ante1

read-only
11 јануари 2017
49
100
Vivax 12aeci по изглед иста со денешна аери, и на ова упатсво а е исто со аери пишува дека има cold air prevention..Е сега за време на дефрост светнува на дисплејот ДФ вентилаторот работи сеуште со она брзина на која е поставен ако е во втора во втора работи и тоа трае окулу 1минута крилцата за тоа време се сеуште долу спуштени.Сега дали е тоа ладниот воздух и дали во тој момент е климата влезена во мод на ладење неможам да утврдам, или го врти само воздухот да го излади изменувачот да ја одземи топлината од него незнам...Но факт е дека тој воздух е млак и се издувувува со брзината на која работела климата...По таа минута..крилцата се креваат и вентилаторот престанува со работа..Верувајте дека оваа минута е навистина непријатна, тоа дека врти вентилаторот кога ќе постигне температура со минимална брзина е така...но во мојот случај ретко кога постигнуваше зададена температура и сама да исклучеше климата,климата изгледа беше поддимезионирана...
Хансолот кога ќе постигне температура, исклучува внатрешниот вентилатор како што рекоа и пред мене други членови, за време на дефрост нема дување на млак воздух како кај виваксот...
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Линк за сервисно упатство за FTX-G
Si04-807 DAIKIN service manual ftx gv models | Air Conditioning | Hvac

Линк за AERI
ftp://ftp.mrservis.hr/Servisne_upute_Service_manual_List_of_parts/Vivax/Klime_Air_Conditioner/Vivax_klime_Air_con_2016/Service_Manual/Wall_system_Zidne_Inverter/AERI_serija_SERVICE_MANUAL_12k_18_24k_3DDC_INVERTER.pdf

На памет да се зборело цело време. Кој има живци нека анализира и нека мозга.
Колку што (површно) видов во сервисното упатство кај Daikin не е наведено под кои правила внатрешниот вентилатор престанува да дува.
 

Pero007

read-only
29 август 2016
5
3
перо,компресорот неможе да дигне поголема од дозволентата.има заштита на компресорот,има други заштити...тоа се други муабети.
пишував околу регулација на зададена температура,како се понаша климата
еве пример отвори обична клима и нема сензор на страна за амбинентална температура.има само еден,тој што е на изменувачот.ама не е залемен на изменувачот туку е ставен на изменувачот.имам видено и залемени сонди на изменувачот.можеби ти збориш или мислиш на тие?
да не забегаваме со небитни детали...читав дувало ладно...па сакав да опишам како реагира мојата...
Не мислев на компресорот туку на изменувачот од икс причини може да дигне поголема температура.Мислам дека по сервисно над 65-70степени тогаш се исклучува компресорот и дава код за грешка висока Т на изменувач.
Нема везе како што рече да не се замараме со небитни работи што на обичен корисник ништо не му значат.
Поентата е секој производител различно го решава тоа, некој подобро некој полошо, некому ќе му смета дувањето некому не.Битно е да топли климата и да е поставена да не дува диретно во луѓето така нема да има проблеми.
 

Pero007

read-only
29 август 2016
5
3
Колку што (површно) видов во сервисното упатство кај Daikin не е наведено под кои правила внатрешниот вентилатор престанува да дува.
Нема потреба да бараш јас ти кажав и други корисници можат да го потврдат тоа внетрешниот вентилатор врти само кога климата лади/грее.Кога постигнува темп. и при дефрост не врти.
 

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
28234988_495276730873064_6157373926927253777_o.png

HJ35, со цена исто колку Ломо ЛЦЛХ или Вивакс АЕВИ.... првиот до -10, а вториве до -20!
Прашањето е колку човек е спремен на компромис. Но за јужна Македонија Струмица, Гевгелија па да речеме и за Охрид.... барем јас не би имал дилема за што би дал 500 Евра.
 

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
28234988_495276730873064_6157373926927253777_o.png

HJ35, со цена исто колку Ломо ЛЦЛХ или Вивакс АЕВИ.... првиот до -10, а вториве до -20!
Прашањето е колку човек е спремен на компромис. Но за јужна Македонија Струмица, Гевгелија па да речеме и за Охрид.... барем јас не би имал дилема за што би дал 500 Евра.
Многу мала тежина има надворешната 24-25кг толку сигурно е и квалитетот.
Само види како изгледа надворешната ке ти биде се јасно.

Исто е случајот и кај Тошиба мираи.
Буџет влезни модели
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Ако 3.5кв моделот има ниска модулација и паметен софтвер, тој Мици сеуште е супериорен избор за помали простории и за простори со квалитетна изолација, нормално за тие што можат да си ја дозволат цената. Не е се во моќноста.
А на дискусииве се претерува со муабетите за дефростите (настрана девијации од типот на предолго и јако ладно дување, гласни звуци, итн).
 

elenka

read-only
21 август 2017
29
50
Стигна нова сметка за струја.
Трета, од ко ја наместивме климата. Амбер 12ка.
Првата 1300
втората 3000
третата 3620.

Стигна и четвртата сметка за струја
3260 денари

4 месеци се грееме со 7000 денари, ако се земе просек 1000ка месечно зимно време.
Вратата повторно е затворена плус се пушта панелка во спална.

Точно е дека Амберот дува ладно. Можно е дека е затворена вратата, што знам.
Само еднаш беше во дефрост, минута ипол. Надвор снег има, -3 степени е, дома 24 степени.

Се на се, до сега сме презадоволни. И гости што идат коментираат дека е супер дома, некои се заинтересирани и тие да си земат.
Многу поефтино од дрва и пелети, далеку полесно, нема влечење дрва и вреќи од 15кг.
Наредните 3 дена најавија -16
Ќе видиме како ќе се понаша климата.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Ај сега да им објасниме дека сите оние кои немаат идеална изолација и се залетаа со 3,5-ки "за цела куќа" ќе вртат палци кога температурата ќе биде -10 и помалку.

Доброто греење е комбинација од топлотна пумпа воздух-вода, соларно и струја(греач)
Сплит клима е за мерење на "таквото " по форуми.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Друже, биди реален. Воздух-вода топлотна пумпа, па уште и во комбинација со соларно греење - може да си го дозволат, колкумина?

Можеби 2-3 проценти од луѓето? Веројатно и помалку.


Сплит клима, е исто така топлотна пумпа. Само што е воздух-воздух топлотна пумпа. Струја троши колку за да работи топлотната пумпа, топлината ја зема од надвор.
Моментално, нема поевтино греење во Македонија. И второ, нема греење што има помалку замарање од греење со клима уред топлотна пумпа. Точка.
 

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Ај сега да им објасниме дека сите оние кои немаат идеална изолација и се залетаа со 3,5-ки "за цела куќа" ќе вртат палци кога температурата ќе биде -10 и помалку.

Доброто греење е комбинација од топлотна пумпа воздух-вода, соларно и струја(греач)
Сплит клима е за мерење на "таквото " по форуми.
Има 3.5 kW клими по 3000-4000евра за нив -10 е како +7 степени :)
 

bakigvg

hello world
28 јуни 2016
232
131
Вчера додеак одеше Златна бубамара имаше реклама за Viessmann топлотни пумпи - греење за едно евро. Не успеав да најдам никаква информација на интернет за во Македонија, ако имате некое инфо би било интересно да видиме како се движат цените.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
1690 денари за 80м2, 541W/h просек за месецов до сега.

FH35VE, да доврши месецов па ќе ставам комплетна бројка. Презадоволен е многу благ збор за ова. Драго ми е што се шири муабетот за греење на сплит клими. Круцијална работа за наше поднебје и најсовршен и најефтин начин на греење, и најеколошки и најчист.

Нити цепење, нити шишиња горење, нити по скали тегнење, нити вреќи пелети, нити рак на плуќа, нити те пцујат сите комшии дека си ги пресмрдел цела зима.

Тек да се комбинира со уште еден хиперинвертер и ќе се крене SCOP уште повеќе.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
1690 денари за 80м2, 541W/h просек за месецов до сега.
Со колкава температура на воздухот?
Ќе носите на душа еден куп луѓе кои се залетуваат со слаби клими.
Никој нема да биде задоволен ако нема совршена изолација и дограма.

Ова ќе ви се врати како бумеранг затоа што сите тие имаат две опции. Или да набават помоќни клими или да ги задржат моменталните и масовно на цело село да изнакупат ќумбиња или "софистицирани" котли на пелети.

Работата е да бидеш згреан и да имаш комфор на живеење а не да се надмудруваш со климата или да ти троши малку.

Бтв
Во Виена се топлат со дрва еден куп домаќинства па никој не паѓа во несвест. Освен тоа нема ни пе-ем. Зошто? Затоа што немаат власт која ќе им дозволи валкани дизелаши.
Имаат власт која им овозможила совршен јавен превоз за џабе пари .
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
~24 степени во дневниот простор, ~22 степени во спалните и WC.

Јас сум поборник на ставање на салам клими. Иако имав и BEKO 7kw Он/Оф што е огласена тука по огласи која го праваше БАЊА просторот кај мене и на -10 степени лани. Само беше пресилна со дувањето, цело време беше на минимален вентилатор - а и тој беше прејак.

Затоа ја сменив со FH35VE, ем за поголем SCOP, ем за поголем комфор. Поготово пролет/есен време кога инверторов пирка колку да се рече, со смешна потрошња. Како и летно време.

ПМ неможе да нема кога 70% од градот се грее на дрво.
Fh484Hy.gif


Дизели? Златни дизели:
A fireplace pollutes the air as much as 1,000 cars

Indicative emission of particles:
- Fireplace and wood stove (per 4 hours of burning): 150 g
- Car, model 1992 (per 30 km): 0.5 g
- Car, model 2009 (per 30 km): 0.15 g
- Pellet boiler (per 4 hours of burning): 5 to 20 g
- Heating fuel boiler (per 4 hours burning): 2 g
- Natural gas boiler (per 4 hours burning): 0.2 g
 
Последна промена:

bons

hello world
9 април 2007
242
67
QUOTE="bons, post: 1043666, member: 73"]Како што ветив, сметката за струја стигна 4000 ден за период 19.11 - 19.12, што е супер, вклучително и 2 проточни, машина за садови и алишта, сушара и сите пропратини потрошувачи кога си со мало дете :)
Стан на 1-ви кат, 10цм изолација и добри прозори, 55 квадрати, климите се уклучени 24/7 со просечна температура од 24 (22 степени навечер од 00:00 до 06:00) степени во целиот стан.
Модели:
Panasonic 5.5ka CS-KE50TKE
LG 3.5ka P12 EN.NSJ
Поздрав.

Следнава сметка дури и пониска, со сите празници и печења :), презадволен од климите..
Погледнете го атачментот 62088[/QUOTE]

Еве стигна и новата сметка:
upload_2018-2-28_15-27-25.png
Овој месец се опуштив па го палев и парното на струја во купатило :)
За LG-то направив ресет на мерачот (вграден во климата), и за деновите од Недела до Среда извади просек 0,33 кв/ч, а воглавно и доста студени денови..
Штета за Панасоникот не стигнав да купам мерач, али за следната сезона сигурно ќе набавам.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Во Македонија се гори јаглен за добивање на струја.
Битно во Скопје да нема пм. Во Битола нека има. Може таму !
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Јагленот се гори многу поефикасно од дрвото кое тлее дома.

И плус со топлинска пумпа SCOP е над 4! Што значи вкупно се троши 4 пати помалку енергија. Односно и на дрва да е електраната ќе се троши 3 ПАТИ помалку дрво. А не е на дрво туку на високоефикасни печки на јаглен.

Значи најмалку 4 пати помалку ПМ отколку греење на дрва дури и целата струја да е од јаглен.

Тоа е разликата. Да зборуваш за електричен котел или панелки или слично ти држи муабетот. Но никако за инвертери или топлински пумпи. Тие трошат 3-4 пати помалку енергија од панелки. Односно 3-4 пати помалку од било кој енергенс. Дрва или јаглен или што и да е. Хидро поготово за февруар и март кога се топат планините и хидро добива буст.
 

Последни теми

Последни огласи

На врв