Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.218
@xenon
Како се покажува Hansol -от сега кога залади троа повеќе.
Конкретно ме интересираат ситници како што се: Дали е бучна внатре, како функционира Ајфил во поглед на "интелигенција", дали при постигната температура климата престанува да дува или едноставно ја намалува снагата?
Надворешната единица дали е бучна и дали има вибрации?
Можеби нешто те живцира или не ти се допаѓа?
 
Beelzebub

read-only
10 јули 2017
25
12
Читајте на кајганаНајекономично греење (затоплување) каква превара се гри.
Амберот ако има поголем компресор е поради новиот тип на фреон.инаку не давај +10к за ништо.
Нема никаква разлика освен новиот еколошки фреон кај амберот.
Порано беа климите со R22,сега се на R407 а во иднина ќе бидат на R32

P.S цитат:Некој има предлог како да се намали буката од надворешната единица? Голема мана на Хансол -20 се покажа големата бука која пречи особено навечер. Ако бучи сега на вакви температури од 0 до 10 степени на пониски температури можи да е само полошо.
Друг
678a9b97ec2f5168e0486bd92362d375.jpg

Хм, тешко ми е да се помирам од неколку коментари на жолтиот форум и твојата хипотеза дека Хансол -20 е со фабричка грешка т.е. неподносливата бучност и тропање во надворешната единица, неможноста да постигне Т, високата потошувачка итн...
Фала што споделувате ама ве молам без претпоставки и шпекулации. Повеќе факти и лични искуства би го подобриле квалитетот на дискусијава.
Од големо значење е некој да појасни и сподели лично искуство дали ова со Хансол -20 е пракса, шпекулација, лоша реклама за грее, лоша монтажа, итн.
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола

Хансолот до -20 степени го имам јас и одлична клима е а сега посебно за цената од 40карти како што се нуди сега.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.686
12.509
Skopje
www.wemaxa.com
Имам добра изолација во просторијата каде што е монтирана и сеуште ја немам пуштено. Во дневната (поврзана со трпезарија и кујна / ходник) имам 24000BTU Fujitsu и одржувам 22С таму, во собава каде што е Хансол-от, (гарсоњера со друга кујна/купатило и 20м2 работен простор) температурата не паѓа под 20-21 што ми е доволно. Инаку ја пуштив неколку дена кога беше поладно, искрено спие, нит се слуша, нит има абнормалности од било која природа. Надворешната е монтирана со гуми врз држачите и перфектно лежи со 4 штрафа на фасада без удар во бетон, така да кога работи освен ако се отвори прозор да се слушне вентилаторот, буквално е бешумна, мајсторот мораше да става рака на надворешната единица да види дали врти или не. Никакви звуци од компресор и сл. Имам и Hansol -30, во 33м2 спална, таа е 5kw, предемензионирана е за просторот и мора да користам IFeel таму затоа што гаси често, требаше и таму 3.5кw да ставам...

Немам поплаки од Gree, сериозно нудат најмногу однос цена/перформанси, уште да немаа толку шупачко комплицирана и алчна сопственичка структура.

@xenon
Како се покажува Hansol -от сега кога залади троа повеќе.
Конкретно ме интересираат ситници како што се: Дали е бучна внатре, како функционира Ајфил во поглед на "интелигенција", дали при постигната температура климата престанува да дува или едноставно ја намалува снагата?
Надворешната единица дали е бучна и дали има вибрации?
Можеби нешто те живцира или не ти се допаѓа?
 
ante1

read-only
11 јануари 2017
49
100
Хм, тешко ми е да се помирам од неколку коментари на жолтиот форум и твојата хипотеза дека Хансол -20 е со фабричка грешка т.е. неподносливата бучност и тропање во надворешната единица, неможноста да постигне Т, високата потошувачка итн...
Фала што споделувате ама ве молам без претпоставки и шпекулации. Повеќе факти и лични искуства би го подобриле квалитетот на дискусијава.
Од големо значење е некој да појасни и сподели лично искуство дали ова со Хансол -20 е пракса, шпекулација, лоша реклама за грее, лоша монтажа, итн.
На жолтиот форум што го споменуваш за таа клима се зборува од 2013 уште како модел од Вивакс, и тоа само позитивни работи,затоа и јас зедов еден...искуства мои на споменатиот форум..Последната година заради дезинформации шпекулации помеѓу членовите на тој форум за истиот се вадат само негативни работи,почнува толку да се нагрдува (или фали) што незнае човек што да помисли, и замисли повеќето не се лични искуства туку од пријателот,комшијата или извадени текстови од други форуми...Ти иди да си помислиш дали тоа што го имаш дома е вистина таков како што се претставува,толку добар или толку лош...Ако само се обидеш да споделиш позитвни искуства одма се грее лобист,ако се искажат негативни искуства одма дел од членовите се ситат а другиот дел пробуваат(меѓу кои и јас) се обидуваат некако да го одбранат знаејки ги лично неговите карактеристики..Ако те интересира нешто конкретно слободно прашај...Поз
 
Beelzebub

read-only
10 јули 2017
25
12
@GGTT1 @ante1 @xenon фала за споделените искуства под претпоставка дека и оваа пратка на Хансол -20 е истата клима и не се работи за некаква сериска грешка.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.459
SK
...од страна на трговците има друга нелогичност во податоците за климите, така на пример Грее ломо 12 го декларираат за 40м2, а Грее амбер 12 што е многу појака клима за 35 м2.
Значи трговци средите си ги податоците во описот на климите што ги нудите. Ова ви е моја добронамерна препорака.
Проблемот со спецификациите е обично кај увозниците, продавачите потоа ги покажуваат тие податоци. Всушност не треба да има „декларација за простор“, затоа што секој има специфични топлотни загуби и потреби.

кај климите до 30к нема многу разлика кај сите брендови.гледајте повеќе безусловна гаранција а не 10 год а таа да не е free 2год+8х800 ден
Не баш... До 30к баш и нема многу избор избор (реално, само еден). После ~45-50К почнува ценовниот сегмент со многу избор (брендови, или снагаш/финеси).

кај сите инвертер клими потрошувачката е од 200-300 на одржавање температура,500-600вати во нормала па до 1500-2000вати кога треба да постигне зададена темп.
Mинимумот за многу инвертор клими е ~400+ вати, кај повеќето всушност (дури и кај доста од поскапите). Ова е важен параметар за тие кои по сила на приликите земале предимензиониран уред (за во спална на пример), па греењето и со тие 400 вати е прејако и климата почнува да работи како он-оф клима, со целосни исклучувања и вклучувања на појако после паѓање на температурата (непријатно).
 
viktorce

hello world
13 март 2015
436
338
Луѓе дали клими.мк имаат добри цени за клими или се поскапи од останативе?
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
lomo lclh монтиран пред 20тина дена
прави дефрост сега на некаде0или -1степен
нормално е тоа?
кога светка сонцето и престанува да дува ваљда прави дефрост
 
Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
@moni moni
defrost = одмрзнување
Лесно можеш да провериш. Следниот пат кога ќе имаш таква ситуација, отвори прозор и ѕирни ја надворешната единица. Ако е во мраз, работи на максимум и капе вода од доле, тогаш е дифрост во прашање. :)

Надворешниве временски услови овој период се доста поволни за климите. Нема голема влажност и магла, а тие се главни фактори климите да замрзнуваат и да одат во дифрост.

Во твојов случај голема е веројатноста ломото да отишло во обичен 'stand by'. На минимум испорачувало повеќе топлина од топлинските загуби на просторот што го грееш. Во текот на ноќта обично се намалува зададената температура, а веќе има акумулирано топлина во ѕидовите, мебелот и т.н.

И тоа лесно се проверува. Ѕиркаш низ прозор и ако надворешната единица се исклучи веднаш или за кратко време после внатрешната, тоа е тоа.

Може да е предимензионирана за просторот што го грееш, па ќе оди почесто во stand by. Но, сеуште не сме виделе права зима. Подобро да е (малку)предимензионирана, отколку да ти фали топлина во најладното, па да догреваш со панелки, греалици и сл. Можеш и да отвориш врата од просторијата (собата) каде е монтирано ломото и да му дадеш задача да грее и ходник, како за пример. :)

Во секој случај, за арно и убаво новата клима, со среќа да си ја користиш и да те служи долго. :hay:

@Beelzebub
Хансолот (-20, Sanyo) преде како маче. Не верувај на се што ќе прочиташ у "жута штампа". :) Пази само да не ти е предимензиониран за просторот, бидејќи е стварно моќен.

@viktorce
Klimi.mk продава по стандардни (исти) цени како и другите и ги проследува официјалните попусти на фирмите што ги нуди. Дали @sumi дава попуст за кеш како и другите, најдобро да си го прашаш него. ;)
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Да, да нормално е. Дефростот се случува највеќе при температури од +4 до -7 степени. И секако кога има поголема влажност.
 
Замисли

hello world
27 октомври 2014
79
54
Добри се температуриве на издув? Грее ломо лцлх 12, во трета брзина без турбо. 10 степени кај надворешната?
821f4ad18ce4a1b682935815cf028355.jpg

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
@moni moni
defrost = одмрзнување
Лесно можеш да провериш. Следниот пат кога ќе имаш таква ситуација, отвори прозор и ѕирни ја надворешната единица. Ако е во мраз, работи на максимум и капе вода од доле, тогаш е дифрост во прашање. :)

Надворешниве временски услови овој период се доста поволни за климите. Нема голема влажност и магла, а тие се главни фактори климите да замрзнуваат и да одат во дифрост.

Во твојов случај голема е веројатноста ломото да отишло во обичен 'stand by'. На минимум испорачувало повеќе топлина од топлинските загуби на просторот што го грееш. Во текот на ноќта обично се намалува зададената температура, а веќе има акумулирано топлина во ѕидовите, мебелот и т.н.

И тоа лесно се проверува. Ѕиркаш низ прозор и ако надворешната единица се исклучи веднаш или за кратко време после внатрешната, тоа е тоа.

Може да е предимензионирана за просторот што го грееш, па ќе оди почесто во stand by. Но, сеуште не сме виделе права зима. Подобро да е (малку)предимензионирана, отколку да ти фали топлина во најладното, па да догреваш со панелки, греалици и сл. Можеш и да отвориш врата од просторијата (собата) каде е монтирано ломото и да му дадеш задача да грее и ходник, како за пример. :)

Во секој случај, за арно и убаво новата клима, со среќа да си ја користиш и да те служи долго. :hay:

па надворешната нема мраз а дома престанува со работа за некоај минутка продозжува прво со ладен воздух па после минута време дува топол воздух
има ли некој грее лпмо лцлх да ми каже шо се дешава или @sumi ако виде нека ми каже
 
Замисли

hello world
27 октомври 2014
79
54
Дефрост не може да прави сега. На колкава температура ти е наместена, колку е во собата, провери да не ти е ставена на ладење , треба сонце да има над степените на внатрешната, дува топло или млако?

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
има сонце а не снегулка врз степените и на топлеље е ставена се греам 3недели на неа
 
Замисли

hello world
27 октомври 2014
79
54
има сонце а не снегулка врз степените и на топлеље е ставена се греам 3недели на неа
Да да сонце, кај мене периодов си иде у стендбај зошо постигнува температура, користам ifeel. Обично после дефрост продолжува со работа ако не постигнала температура.

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Да да сонце, кај мене периодов си иде у стендбај зошо постигнува температура, користам ifeel. Обично после дефрост продолжува со работа ако не постигнала температура.

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
коа оде у стенд бај вратничката се крева ли нагоре?
кај мене вратничката се крева нагоре престанува со дување и после некоја минутка продолжува
на даљинско ставено 25 степени моментално дома24 и она исклучува ваљда а?
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
па надворешната нема мраз а дома престанува со работа за некоај минутка продозжува прво со ладен воздух па после минута време дува топол воздух
има ли некој грее лпмо лцлх да ми каже шо се дешава или @sumi ако виде нека ми каже
Hi,
Не бев тука деновиве сега го гледам форумов.
Оди најверојатно во стандбај, испорачува повеќе топлина од што имаш загуби на топлина, проблем е а имаш зададено 25 степени а во просториата е 20 и они го прави тоа но штом постигнува зададена Т ок е нормална работа.
 
Didajo

read-only
23 ноември 2017
26
14
Здраво, дали може информација дали е нормално од надворешната единица воопшто да не испушта вода и дали е нормален дефрост на овие температури да прави? Инаку се работи за Daikin FTXB50 ја имам два месеци ама последните два дена ми го појавува ова.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Да поради намалената температура е пооптеретена.

А вода ако има-има ако нема не. Сув се погодил воздухот надвор релативно.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно