xenon
εικονοκλάστης
Хансол -20, бркај познати, на тие 40к можеш попуст уште најмалце 5% да фатиш.
Значи толку ќе се потруди човек да биде егзактен во изборот на зборови и реченични формулации, ама вие форумџии сте безмилосни во забелешките! :-D
Назад на поентата, до сега во просек во трите најладни месеци за загревање на просторот сум трошел по ~1500кв месечно.
По се што видов и прочитав на форумов дилемата меѓу добра 3.5ка и просечна 5.5ка ја резимирав на добра 3.5ка што сметам ќе е ок. За во најладните денови тука е и бекап варијанта за секој случај, да се најде. Буџетот ми е 40-50к ден и гледам дека со Хансолот или Амберот нема потреба да одам над тоа. Во секој случај сите сугестии и совети се добредојдени!