Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Игнорирањето пораки како корпоративна култура

Gligorov

hello world
25 февруари 2021
113
127
На фирма во Скопје, увозник на некои машини од Кина, пишев два пати и „нормално“ не ми одговорија. Се јавив телефонски за цена на конкретен модел, упорно ме убедуваа да дојдам кај нив во Скопје да ми објаснеле да сум видел, ама цена не кажаа.
Пишав директно на производителот во Кина, веднаш ми одговорија дека имаат застапник во Македонија и ми пратија контакт инфо за Македонската фирма.
Им пишав дека не одговараат на пораки, и дека сакаат да ме видат лично па да ми кажат цена. Ми одговорија со конкретна цена за тој модел донесен до пристаниште Солун.

Има разлика. кинезот одговара на илјадници мејлови, нашите не ги ни читаат.
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
707
1.010
Нашите не ги ни читаат пошто 80% се спам... Само да прашам...
Со чесни исклучоци... Има и такви што не си го знаат мејлот, ама тоа е друг проблем... Јави се , бујрум во канцеларија, ќе се договориме. Ако немаш време значи не си доволно заинтересиран или не ти е потребно. Од Еден крај на Македонија до друг крај е два саати возење...
Тоа ни е менталниот склоп. Со причина... Многу гледаме надворешни работи и како да се имплементираат кај нас. Напротив, прво треба да се адаптираат...
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
На државните институции не им менува дали ќе ви вратат на мејл, платата на службениците е таа.

На приватна фирма и менува, особено ако мејлот искажува интерес/спремност за купување на продукт/услуга. Затоа постои lead funnel, ERP софтвери и ред други работи за монетизирање на (потенцијални) клиенти.

Мене лично ми е битно дали фирма враќа на мејл, а уште повеќе ако тоа е во разумно време и со бараната информација.

Има клошарски фирми што не ни креваат на телефон, треба да ги молиш да им дадеш пари. Од такви бегам - ако соработката е килава пред да почне - не вреди.
 
18 август 2019
1.222
1.195
Ако немаш време значи не си доволно заинтересиран или не ти е потребно. Од Еден крај на Македонија до друг крај е два саати возење...
Ако се работи за вредност од 1000 евра, да ја шетам Македонија. Ама за SSD од 100 евра да патувам до Скопје, баш и не се исплаќа. Трошоци, плус изгубен ден, а на крај можеби нема ништо да завршам... А што ги кошта да ми одговорат дали имаат или немаат?


Кога сме кај SSD...
Пред 4-5 месеци пуштив приватна порака на @Fatal1ty_ да ми каже дали има нешто што ми одговара бидејќи јас не се снаоѓам најдобро, одговор уште нема.
Игнорирана порака.
Доволно е. :) :)
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
Ако се работи за вредност од 1000 евра, да ја шетам Македонија. Ама за SSD од 100 евра да патувам до Скопје, баш и не се исплаќа. Трошоци, плус изгубен ден, а на крај можеби нема ништо да завршам... А што ги кошта да ми одговорат дали имаат или немаат?

:)
Абе дојди си тука во Скопје како и сите други.... што си ја мачиш душичката.
Мислењето е автоматски споено:

Пред 4-5 месеци пуштив приватна порака на @Fatal1ty_ да ми каже дали има нешто што ми одговара бидејќи јас не се снаоѓам најдобро, одговор уште нема.
Игнорирана порака.
Доволно е. :) :)
O-ooooo, busteeeeed.....
giphy.gif
 

Tommy P

hello world
4 април 2011
97
95
Немаат време е изговор кој едноставно не е валиден. Работам во компанија која во време на корона, беше до толку зафатена, што дневно добивав по околу 400-450 мејла, и одговарав на четвртина од нив.

Фирми кои вршат продажба би требало да имаат најкраток можен рок на одговарање, затоа што за многу клиенти, ова е make or break кога се работи за тоа каде ке купи.

Многу го имаме потценето овој начин на комуникација, нажалост.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно