MetalGear
poweruser
околу 300 е, сум испуштил празно место
е != евро
е != евро
а за новитети пак може да си се пише инфо и сл, што се собере од официјалнте сајтови, а рецензии за некој месец/година кога стигне кај нас![]()
BUG кошта 350 денари, VIDI исто толку, PC PRESS 270, a SVET KOMPJUTERA 125 денари. Колку за информација, бидејќи говорите за цените.
@ Heacker
Очигледно дека не си го прочитал најновиот број на CLICK, туку само си „прелетал“ преку содржината. Веројатно не си прочитал ниту некој од минатите броеви. Да си го направил тоа, ќе си видел МНОГУ ПОВЕЌЕ од рецензија на рутерче, совет за Windows и слично. Ако сакаш да судиш/оценуваш, фати детално разгледај/прочитај, па потоа давај видувања. Оваа констатација не ти е на место.
Понатаму - COPY/PASTE од интернет - ова ти е чиста клевета, да се разбереме. Дојди во редакцијата, упознај се со луѓето кои го прават CLICK, погледни како тие ги подготвуваат статиите, па после тоа ДЕБЕЛО размисли дали ќе трескаш зелени како сега.
@ MickeyMKD
Потполно си во право - нема стандард кај нас за да се направи масовна споредба на матични, графички, процесори или што ти ја знам што. Пример е nVidia GTX470/480 - во МКД пристигна кон крајот на летото, со неколку месеци задоцнување зад странскиот пазар. Но, политиката на нашите фирми, најчесто, е скапите хардвери како на пример 480 GTX да се носат по нарачка - количина за нив е ризик, бидејќи сметаат дека нема кој да ги купи, или во најдобар случај, да продадат една до две. GTX470 одвај ја добив на тест, GTX 460 исто така, GTS450 ќе стигне идната недела (ако биде како што ветуваат)...НЗС е дебело доцнење зад странскиот пазар.
Јебига, така е тоа кога сме мал пазар. Србија, на пример, е пред нас во тој поглед, како и Хрватска. Далеку повеќе жители, поголем пазар, повеќе фирми кои се бават со хардвер и кои поинаку резонираат од нашите. Лесно е таму да собереш 20 модели на графички и да се изживуваш. Кај нас, ела собери 5-6....
Катастрофа, сме, катастрофа. Затоа помалку и губам мерак за хардверов, тестирањава....
Во ниту еден пост не сум спомнал, ниту сум имал намера моите постови да звучат во тој стил. Каков е CLICK во однос на ЕНТЕР нема да коментирам...тоа оставам на другите.Тоа што ти си еден од тимот во Click не значи дека списанието ке ти е најдобро,ама за нијанса е подобро од Ентер,кои што го тупат списанието со досадни реклами.
Aко си го загубил последниот број, имаш гратис еден од менеКоку за инфо погледни ја сликата. Последниот број ми недостасува (го имам заборавено во СК)
Грешиш, друже. Да си го читал CLICK во континуитет ќе си приметел дека оценките на уредите кои се тестираал варирале, имало и уреди кои биле оценети и со оценка 6/10, мислам имаше и 5.5, 5....Можеби ќе си приметел дека повеќето оценки се повисоки, но биди сигурен дека уредите така се покажале. Ова зборувам од број 9 па наваму - јас сум во CLICK од број 9. За сите мои тестирања чувам скриншотови, датотеки - за случај некој дежурен душебрижник (ова не се однесува на тебе, да не ме разбереш погрешно) да не ме обвини дека намерно ги фалам уредите. Секогаш, ама баш секогаш, сум ги истакнувал и негативните страни, цената редовно била во негативни ако била нереална и т.н.За клик бев читал така еден поодамна број, за нијанса подобар од ентер, али не е тоа тоа али хардверот беше опфатен од аспект "своја фирма свое производство" и само добрите страни извадени,... како за продажба се најнај ти кажат.
Мои рецензии има од број 9 па наваму. Тоа што било достапно за тест било истестирано, тоа што не било достапно а било новитет било само опишано и прикажано. Имало неколку случаеви кога нешто ќе сме добиеле пред затварање на број, па минало само со опис. Но, многу ректо.....твои рецензии не сум читал, али нареден број го земам,
позз
Што сте се фатиле сите за рекламите бе. Па и тие треба да живеат од нешто. Ако толку ве нервираат рекламите едноставно не ги гледајте, завртете го листот. Не е ова ТВ да мора да ги гледаш...
Да се наогало маана само.
Извинете шо се уфрлувам овака, ама нели може да се воздржите од тоа ваше коментирање и наоѓање на маани? Па ако толку сакате се` да биде по ваше направете си свое списание и во него ставајте што сакате ( какви корици , каков стил на пишување , дизајн , рецензии и све остало ).
Извинете шо се уфрлувам овака, ама нели може да се воздржите од тоа ваше коментирање и наоѓање на маани? Па ако толку сакате се` да биде по ваше направете си свое списание и во него ставајте што сакате ( какви корици , каков стил на пишување , дизајн , рецензии и све остало ).
дете што сега ако е македонско и ако не вреди да ќутиме и да кажеме "БРАВО топ е само напред"
што сега ако не ми се свиѓа некоја рецензија да им се јавам и ЈАС ке ви пишувам рецензии :ua::ua:
Апсолутно. Но, за жал, има и такви кои сакаат само да мрчатможе некои само сакаат да читаат
Офф
А кај може да се купи тој Клик и колку пари е? Го нема по трафикиве тука :S
Ја го читам CLICK редовно и повеќе сум задоволен од Ентерот :bravo: само треба да има повеќе страни малку е ова за списание кое излегува еднаш во месецотШега на страна. Пак ќе речам, а кој редовно го читал CLICK ќе потврди, дека имало рецензии и на послаби модели на картички, процесори и слично. Понатаму, честопати имаме рецензии и за периферни уреди, додатоци...се разбира, кога по фирмите има нешто што е интересно како за прикажување, така и за купување. Се трудиме да опфатиме за сите по нешто.