Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Ентер отсега на Канал 5

Кое Списание за вас е подобро?


  • Вкупно гласале
    20
M

Mr.Alien

Гостин
BUG кошта 350 денари, VIDI исто толку, PC PRESS 270, a SVET KOMPJUTERA 125 денари. Колку за информација, бидејќи говорите за цените.

@ Heacker
Очигледно дека не си го прочитал најновиот број на CLICK, туку само си „прелетал“ преку содржината. Веројатно не си прочитал ниту некој од минатите броеви. Да си го направил тоа, ќе си видел МНОГУ ПОВЕЌЕ од рецензија на рутерче, совет за Windows и слично. Ако сакаш да судиш/оценуваш, фати детално разгледај/прочитај, па потоа давај видувања. Оваа констатација не ти е на место.
Понатаму - COPY/PASTE од интернет - ова ти е чиста клевета :LOL:, да се разбереме. Дојди во редакцијата, упознај се со луѓето кои го прават CLICK, погледни како тие ги подготвуваат статиите, па после тоа ДЕБЕЛО размисли дали ќе трескаш зелени како сега.

@ MickeyMKD
Потполно си во право - нема стандард кај нас за да се направи масовна споредба на матични, графички, процесори или што ти ја знам што. Пример е nVidia GTX470/480 - во МКД пристигна кон крајот на летото, со неколку месеци задоцнување зад странскиот пазар. Но, политиката на нашите фирми, најчесто, е скапите хардвери како на пример 480 GTX да се носат по нарачка - количина за нив е ризик, бидејќи сметаат дека нема кој да ги купи, или во најдобар случај, да продадат една до две. GTX470 одвај ја добив на тест, GTX 460 исто така, GTS450 ќе стигне идната недела (ако биде како што ветуваат)...НЗС е дебело доцнење зад странскиот пазар.
Јебига, така е тоа кога сме мал пазар. Србија, на пример, е пред нас во тој поглед, како и Хрватска. Далеку повеќе жители, поголем пазар, повеќе фирми кои се бават со хардвер и кои поинаку резонираат од нашите. Лесно е таму да собереш 20 модели на графички и да се изживуваш. Кај нас, ела собери 5-6....
Катастрофа, сме, катастрофа. Затоа помалку и губам мерак за хардверов, тестирањава....
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ M@RKO

Интеграцијата која ти ја предлагаш е Science Fiction (без замерање :)) ). Двете редакции се две различи фирми. Спојувањето на екипите во една би значело една од фирмите да престане да се бави си производство на списание, или двете да се интегрираат во една, што е Mission Impossible.
Тука се и различните пристапи кон тематиката, различните концепции...има многу фактори.

@ MetalGear
Види, „метално запчаниче“, аналогијата ти е сосема погрешна, несоодветна да речам.
Лесно е да правиш првокласно списание кога пазарот е преполн, кога сите новитети пристигнуваат на време.
Кај нас, најголем проблем е СИРОМАШНАТА ПОНУДА на домашните компании и касното пристигнување на хардверот на нашиот пазар (постот погоре). Да не се повторувам.
Во ситуација на хронична беспарица, која кај нас зеде огромен замав, фирмите буквално КРПАРАТ за да опстанат. Зошто? Затоа што и купувачите штедат на се и сешто, па и на нов хардвер. Најмногу се продаваат производи од low-end и mainstream сегментот. Последица од тоа е набавката на скапи компоненти (во најголемиот број случаеви) да оди по нарачка. Сега, да не испадне дека во претходниот пост ги кудам а тука бранам фирмите, и понатаму стои забелешката дека таквата политика не е во ред. Нека донесат едно или две парчиња егзотичен хардвер, нека отиде на тестирање, нека бидат фраери...
Србија има 10-11, Хрватска има околу 5 милиони жители. Лесно им е на нив, со толкав број на жители (аналогно на тоа и далеку побогат пазар) многу полесно е да се опстане, продажбата е поголема и т.н.
 

MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.032
547
www.ibiz.mk
глеј така си е, трзам на страна тоа дека си пишувал/уште пишуваш за клик/ентер

да тешко се донесува добар хардвер, и тоа што се донесува се донесува по нарачка

србија/хрватска прават рецензии на тоа што го има на нивниот пазар, е сеа ние сме назад со текот на времето али не е толку битно

што не направат добри рецензии и компарации на тој хардер што е тука на пазар
пр да направат споредба на сите графички кои можеме да ги набавиме тука,...

целата поента на текстот ми беше слаби се со квалитет на содржина, не квалитет на hi-end хардвер кој е у свет

случајно денес на канал5 ја затеков емисијата,... со еден збор ПАТЕТИКА

сосема погрешно ти е размислувањето квалитет на списание "со" рецензии на НОВ хардвер
а за новитети пак може да си се пише инфо и сл, што се собере од официјалнте сајтови, а рецензии за некој месец/година кога стигне кај нас :)
 
M

Mr.Alien

Гостин
Да, јас потегнав на хардверскиот дел...но, ако го погледнеш и остатокот од списанието, ќе видиш дека хардверот не е ни половина од содржината во Click. Софтверскиот дел исто така се третира потемелно, и тука немаме проблем, бидејќи, ако ништо друго, Demo/Trial може да се симне без проблем и да се тестира/презентира/што и да е/ Во тој поглед сметам дека не заостануваме зад другите списанија од бивша ЈУ. Додуша, BUG во најголемит дел од својата содржина е посветен на хардверот и мултимедијата, додека софтверскиот дел е мал.
Број на страници...во ред, можeби CLICK треба да излегува на повеќе страници, но тоа повлекува дополнителни трошкови кои треба да се покријат. Тие не можат да се покријат само од продажба, потребни се и реклами. Е тука се навраќаме пак на претходните мои постови. Со прашање - зошто рекламирањето слабо оди во МКД?
Мене ми е кристално јасно зошто, но овде сепак не е место тоа да го објаснувам :). Немам ни право на такво нешто.

а за новитети пак може да си се пише инфо и сл, што се собере од официјалнте сајтови, а рецензии за некој месец/година кога стигне кај нас :)

Тоа и го правиме :baknezh:

Што се однесува на квалитетот на ENTER, немам намера да ги оценувам, со оглед дека сме конкуренција :), без разлика што некогаш (прилично одамна) бев таму.
Во поглед на CLICK...твоето мислење си е твое, немам ништо против и го почитувам, но дај образложи зошто сметаш дека квалитетот на содржината е слаб?
 

MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.032
547
www.ibiz.mk
зборуваме за ентер, го пролистав последниот број и последната емисија и катастрофа е

за клик бев читал така еден поодамна број, за нијанса подобар од ентер, али не е тоа тоа
али хардверот беше опфатен од аспект "своја фирма свое производство" и само добрите страни извадени,... како за продажба се најнај ти кажат

твои рецензии не сум читал, али нареден број го земам,

позз
 

pilch@rd

user
22 август 2009
1.338
132
BUG кошта 350 денари, VIDI исто толку, PC PRESS 270, a SVET KOMPJUTERA 125 денари. Колку за информација, бидејќи говорите за цените.

@ Heacker
Очигледно дека не си го прочитал најновиот број на CLICK, туку само си „прелетал“ преку содржината. Веројатно не си прочитал ниту некој од минатите броеви. Да си го направил тоа, ќе си видел МНОГУ ПОВЕЌЕ од рецензија на рутерче, совет за Windows и слично. Ако сакаш да судиш/оценуваш, фати детално разгледај/прочитај, па потоа давај видувања. Оваа констатација не ти е на место.
Понатаму - COPY/PASTE од интернет - ова ти е чиста клевета :LOL:, да се разбереме. Дојди во редакцијата, упознај се со луѓето кои го прават CLICK, погледни како тие ги подготвуваат статиите, па после тоа ДЕБЕЛО размисли дали ќе трескаш зелени како сега.

@ MickeyMKD
Потполно си во право - нема стандард кај нас за да се направи масовна споредба на матични, графички, процесори или што ти ја знам што. Пример е nVidia GTX470/480 - во МКД пристигна кон крајот на летото, со неколку месеци задоцнување зад странскиот пазар. Но, политиката на нашите фирми, најчесто, е скапите хардвери како на пример 480 GTX да се носат по нарачка - количина за нив е ризик, бидејќи сметаат дека нема кој да ги купи, или во најдобар случај, да продадат една до две. GTX470 одвај ја добив на тест, GTX 460 исто така, GTS450 ќе стигне идната недела (ако биде како што ветуваат)...НЗС е дебело доцнење зад странскиот пазар.
Јебига, така е тоа кога сме мал пазар. Србија, на пример, е пред нас во тој поглед, како и Хрватска. Далеку повеќе жители, поголем пазар, повеќе фирми кои се бават со хардвер и кои поинаку резонираат од нашите. Лесно е таму да собереш 20 модели на графички и да се изживуваш. Кај нас, ела собери 5-6....
Катастрофа, сме, катастрофа. Затоа помалку и губам мерак за хардверов, тестирањава....

Колку да те информирам дека го имам прочитано најновиот број кој што го најдов во продажба на трафиките низ Скопје и тоа бројот од август(пред 2 недели), сега може е излезен и тој од септември.:). Тоа што ти си еден од тимот во Click не значи дека списанието ке ти е најдобро,ама за нијанса е подобро од Ентер,кои што го тупат списанието со досадни реклами..Коку за инфо погледни ја сликата. Последниот број ми недостасува (го имам заборавено во СК)
dsc01286u.jpg
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.489
5.599
Што сте се фатиле сите за рекламите бе. Па и тие треба да живеат од нешто. Ако толку ве нервираат рекламите едноставно не ги гледајте, завртете го листот. Не е ова ТВ да мора да ги гледаш...
Да се наогало маана само.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Тоа што ти си еден од тимот во Click не значи дека списанието ке ти е најдобро,ама за нијанса е подобро од Ентер,кои што го тупат списанието со досадни реклами.
Во ниту еден пост не сум спомнал, ниту сум имал намера моите постови да звучат во тој стил. Каков е CLICK во однос на ЕНТЕР нема да коментирам...тоа оставам на другите.

Коку за инфо погледни ја сликата. Последниот број ми недостасува (го имам заборавено во СК)
Aко си го загубил последниот број, имаш гратис еден од мене :).
 
M

Mr.Alien

Гостин
За клик бев читал така еден поодамна број, за нијанса подобар од ентер, али не е тоа тоа али хардверот беше опфатен од аспект "своја фирма свое производство" и само добрите страни извадени,... како за продажба се најнај ти кажат.
Грешиш, друже. Да си го читал CLICK во континуитет ќе си приметел дека оценките на уредите кои се тестираал варирале, имало и уреди кои биле оценети и со оценка 6/10, мислам имаше и 5.5, 5....Можеби ќе си приметел дека повеќето оценки се повисоки, но биди сигурен дека уредите така се покажале. Ова зборувам од број 9 па наваму - јас сум во CLICK од број 9. За сите мои тестирања чувам скриншотови, датотеки - за случај некој дежурен душебрижник (ова не се однесува на тебе, да не ме разбереш погрешно) да не ме обвини дека намерно ги фалам уредите. Секогаш, ама баш секогаш, сум ги истакнувал и негативните страни, цената редовно била во негативни ако била нереална и т.н.
Колку за илустрација, една скопска фирма изгледа се подналути што нивниот производ беше оценет со ниска оценка и некако одбегнуваа соработка, не даваа уреди на тест. А убаво им реков дека HD Ready производ е нешто што е депласирано во однос на поплавата од Full HD уреди, особено поради фактот што цените се во константен пад. Дека HD Ready е нешто што е веќе застарено (кога зборуваме за ТВ)...

твои рецензии не сум читал, али нареден број го земам,
позз
Мои рецензии има од број 9 па наваму. Тоа што било достапно за тест било истестирано, тоа што не било достапно а било новитет било само опишано и прикажано. Имало неколку случаеви кога нешто ќе сме добиеле пред затварање на број, па минало само со опис. Но, многу ректо.....
 
M

Mr.Alien

Гостин
Што сте се фатиле сите за рекламите бе. Па и тие треба да живеат од нешто. Ако толку ве нервираат рекламите едноставно не ги гледајте, завртете го листот. Не е ова ТВ да мора да ги гледаш...
Да се наогало маана само.

Рекламите се составен дел од приходот на секој медиум.
Што се однесува до наоѓањето маани...не се возбудувам. Се обидувам најдобронамерно да укажам на погрешните мислења и сваќања. Не се работи само за CLICK или ЕНТЕР, или порано за Plug In или PC Info+...и тогаш имало слични реакции и споредувања со странски списанија. Секогаш имало некој „стручњак“ кој укажувал како треба да се прави списание, како треба да изгледа напис...а нема мад*ња да се јави во редакциите и праша дали имаат потреба од соработници. Се што е потребно е да се јави, да закаже средба, да каже која област му лежи и да достави пробен напис на одредена тема, за да се види каков му е стилот на пишување (дали има стил), колкаво му е познавањето и согледувањето на тематиката. Ако написот навистина вреди, ќе биде примен за соработник а написот ќе му биде објавен и хонориран.
 

MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.032
547
www.ibiz.mk
тоа докажува колку ни се фирмите :ua: кога немаш некоја слобода да напишеш негативно за некој производ, а да изгубиш фирма која ке дава производи за рецензии
наместо тоа да го сватат позитивно и да земат подобро тие се лутат, али тоа е

иначе незнам точно во кој број беше, можно е и да е меѓу првите
оценките/рецензиите им беа пренашминкани (како што пошав погоре своја фирма свој производ)
можно е и да е пред број 9


во последно време претежно ако ме интересира некое инфо и споредба, рецензија обрнувам на неколку сајтови и прочитам

читателите не сакаат се да прочитаат нај нај, ако и е за тоа и продавачот ке им каже (ако знае, знак ???) сакаат и негативните работи да ги слушнат, оти тие се доста клучни при избор од неколку модели/фирми/,,...
емисијата и списанието ентер се баш спротивното, (може се плашат да ги изгубат фирмите кои им даваат хардвер па се најдобро пишуваат), супер што клик не е таков
 

M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
566
@Mr.Alien Click ви е супер списание го читам и ми се свиѓа тоа што пишувате од кај ви е тестиран производот но не ми се свиѓа дизајнот и печатењето на списанието дека многу се витка сте требале подебела да биде корицата

а Ентер за мене ќе остане списание за оние почетници со компјутерите
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ M@arko

Tnx. Што се однесува до корицата...има други кои одлучуваат. Но, како забелешка ќе биде пренесена :).
 

Cika

poweruser
8 декември 2009
2.771
1.642
Извинете шо се уфрлувам овака, ама нели може да се воздржите од тоа ваше коментирање и наоѓање на маани? Па ако толку сакате се` да биде по ваше направете си свое списание и во него ставајте што сакате ( какви корици , каков стил на пишување , дизајн , рецензии и све остало ).

@Mr.Alien во потполност те поддржувам во врска со тоа ако на некој нешто му смета да се пријави за работа.
 

ChemicalAngel

lurker
24 ноември 2008
822
230
Страницата им е добра, ама едно ми е мачно зошто во сите списанија, 80% е застапеност на хардвер, 15% на рецензија за софтвер и 5% на програмирање. Па зошто не е застапено повеќе програмирањето, некои напредни Linux команди, Java или .NET програмирање и слично ептен е ова лошо, со ваква застапеност на хардвер списанието повеќе личи на рекламен флаер отколку на списание. Имаше едно на времето српско Internet Ogledalo, ама стварно беше добро тие неколку броја имаше доста рецензии за програмирање и тоа Java и .NET(во тој момент се појавуваше), за Perl итн. Сега и тоа е преминато повеќе на бизнис, ама и тоа е подобро отколку хардвер
 

feit

lurker
12 февруари 2009
684
44
Извинете шо се уфрлувам овака, ама нели може да се воздржите од тоа ваше коментирање и наоѓање на маани? Па ако толку сакате се` да биде по ваше направете си свое списание и во него ставајте што сакате ( какви корици , каков стил на пишување , дизајн , рецензии и све остало ).

Еве денеска утрово некако ја забелешав темата и гледам убаво се развила. Во врска со твоето мислење Cika. Сите да пишуваа убаво за Click темата досега ќе беше празна. Ќе имаше две-три мислење и тоа е тоа. Мислам дека ме сваќаш. Ако нема позитивна-негативна дискусија нема да има никаква.

Во врска со Click. Сум читал само еден-два броја така чисто го купив и не беше лошо. Мислам дека не треба да се споредува со Ентер. Ентер го разлистав пред едно 3-4 години и тогаш од моја гледна точка тоа беше "гејмерско" списание. А тој концепт на мене не ми се допадна. За разлика од Ентер, Click беше поинтересен концепт кој спојуваше се во едно.

Во врска со еден пост на Mr.Alien кој го прочитав погоре. Тој вели дека кај нас најдобрите и најскапи компоненти (графички, процесори...) стигнуваат последни. Но зошто не се пишува повеќе и за послабите? Еве на пример од време на време го отворам tomshardware и во него многу ми се допаѓаат рецензиите:
  1. All graphics cards articles
  2. Best gaming cpu for the money - September 2010
Каде што споредуваат компоненти кои не се најкапи туку кои даваат најдобри перформанси споредено со цената.

Поздрав
 

MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.032
547
www.ibiz.mk
Извинете шо се уфрлувам овака, ама нели може да се воздржите од тоа ваше коментирање и наоѓање на маани? Па ако толку сакате се` да биде по ваше направете си свое списание и во него ставајте што сакате ( какви корици , каков стил на пишување , дизајн , рецензии и све остало ).

дете што сега ако е македонско и ако не вреди да ќутиме и да кажеме
"БРАВО топ е само напред" што сега ако не ми се свиѓа некоја рецензија да им се јавам и ЈАС ке ви пишувам рецензии :ua::ua:
може некои само сакаат да читаат

за корици во право си, за содржина тотално си грешка. ако тебе ти е ок и интересен и поучен супер, купувај си го, оти од моја гледна точка ентер е наменет за таква публика <15-16год

и се согласувам со мислењето на феит може многу добри рецензии да се направат со хардверот кој го имаат нашиве продавници
 
M

Mr.Alien

Гостин
Таман работа кога би чекале да стигне скапиот хардвер па да пишуваме рецензии....тогаш, секој втор број би си пишувале вицеви, крстословки, карикатури...само да имаме нешто за пополнвање страници :D.
Шега на страна. Пак ќе речам, а кој редовно го читал CLICK ќе потврди, дека имало рецензии и на послаби модели на картички, процесори и слично. Понатаму, честопати имаме рецензии и за периферни уреди, додатоци...се разбира, кога по фирмите има нешто што е интересно како за прикажување, така и за купување. Се трудиме да опфатиме за сите по нешто.
Колку за илустрација, две недели чекам да стигне GTS450, но очигледно, бројот ќе го затвориме додека да се случи тоа. А GeForce 430-ката вероватно ќе стигне со наредната тура, а таа може да биде и месец дена после оваа. Па сега видите... :ermm:.
Пак ќе повторам, хардверскиот дел не е ни половината од списанието. Софтверот исто така е во голема мерка застапен.

@ ChemicalAngel
Што се однесува до програмирањето...идејата не ни е непознаница, но повеќе информации засега не можам да дадам :nevin: :svirkanje:.
 
M

Mr.Alien

Гостин
дете што сега ако е македонско и ако не вреди да ќутиме и да кажеме "БРАВО топ е само напред"

Таман работа. Критики секогаш се добредојдени и корисни, секако, доколку се на место, и поткрепени со факти.

што сега ако не ми се свиѓа некоја рецензија да им се јавам и ЈАС ке ви пишувам рецензии :ua::ua:

Тоа се однесуваше на дежурни душебрижници кои коментираат колку да коментираат, без аргументи и факти. Како што наведов во погорните постови. Во текот на минатите 8 години имаше куп такви.

може некои само сакаат да читаат
Апсолутно. Но, за жал, има и такви кои сакаат само да мрчат :).
 

M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
566
Офф
А кај може да се купи тој Клик и колку пари е? Го нема по трафикиве тука :S

во сите трафики низ македонија каде што ги има Esport и Unique списанијата пошо тие се од иста фирма :D


Шега на страна. Пак ќе речам, а кој редовно го читал CLICK ќе потврди, дека имало рецензии и на послаби модели на картички, процесори и слично. Понатаму, честопати имаме рецензии и за периферни уреди, додатоци...се разбира, кога по фирмите има нешто што е интересно како за прикажување, така и за купување. Се трудиме да опфатиме за сите по нешто.
Ја го читам CLICK редовно и повеќе сум задоволен од Ентерот :bravo: само треба да има повеќе страни малку е ова за списание кое излегува еднаш во месецот
погледни ги Mr.Alien малку списанијава ќе видиш дека имаат се опфатено и убаво скоцкано со многу страни ,така треба да бидат и нашите ИТ списанија
http://www.magazinesdownload.com/by_category/computers-tech.aspx
 

seznajko

Баниран/a
16 септември 2010
27
1
Јаки путки има у тоа ентер емисијата. ја само ради тоа а гледам, не дека нешто интересно кажуваат.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно