dimitar92
read-only
- 11 август 2012
- 30
- 27
Да вратам услуга, бидејќи ми помогнавте па сега и јас да помогнам. Иако некои прашања веќе беа одговорени, па одговорот од УЈП стигна тек после некое време.
Упатив 4 прашања до УЈП:
1. Дали кога ќе ги добијам средствата во банка, треба да пријавам најкасно до 10-ти истиот месец а ќе треба данокот да се плати најкасно до 15-ти истиот месец? На пример, средствата ми стигнуваат на 6- ти Април, пријавувањето е најкасно до 10-ти Април а плаќање на данок на доход е до 15-ти Април?
2. Овие средства што ќе ги добивам во банка од странските клиенти, дали данокот се третира во овој случај како “Друг доход“ бидејќи нудам услуги преку интернет, и дали данокот е 10% на овој вид на доход?
3. Дали лимитот што е до 2,000,000 денари на годишно ниво важи и за странски приливи и дали доколку го надминам овој лимит ќе треба да се пријавам како даночен обврзник?
4. Доколку од горенаведеното, од надминување од 2,000,000 денари на годишно ниво важи, колку % данок треба да плаќам на средствата што ќе ги добивам на месечно ниво како даночен обврзник?
Од аспект на данокот на личен доход
Согласно член 3 од Законот за данок на личен доход (“Сл весник на РМ” бр.241/18 и “Сл весник на РСМ” 275/19, 290/20 и 85/21, во понатамошниот текст ЗДЛД), под личен доход се подразбираат следните видови доход остварени во земјата и во странство: 1) доход од работа; 2) доход од самостојна дејност; 3) доход од авторски и сродни права; 4) доход од продажба на сопствени земјоделски производи; 5) доход од права од индустриска сопственост; 6) доход од закуп и подзакуп; 7) доход од капитал; 8) капитални добивки; 9) добивки од игри на среќа; 10) доход од осигурување и 11) друг доход.
На оданочување подлежи доходот од ставот 1 на овој член што е остварен во пари, во хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.
Според член 5 од ЗДЛД, даночен обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.
Согласно член 15 став 1 точка 16) од ЗДЛД, за доход од работа се смета и секој поединечно остварен доход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.
Основа за пресметување на данокот на доход од работа од член 15 став 1 точка 16), преставува износот на примањето, надоместокот односно доходот согласно член 16 став 1 точка 5) од ЗДЛД.
Согласно член 87 од ЗДЛД, во текот на годината, обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход и за доход остварен од странство.
Според член 88 од ЗДЛД, обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување со данок на доход врз основа на овој закон е должен да поднесе пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи за: доход остварен од странство до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот.
Во пресметката износот на остварениот доход се искажува како Вид на доход Т1. Доход од работа и подвид на приход S1.16 примања по основ на други извршени повремени и привремени услуги.
За доходот остварен во странство, внесете дополнителни податоци за: датум на прилив од странство, износ на остварениот доход во странска валута, валута во која е исплатен доходот (вршите избор од понудено мени),
Врз основа на внесените податоци, системот автоматски ќе го пресмета остварениот доход во денари (по среден курс на датумот кога е остварен доходот во странство) Кон пресметката е-ППД за доходот остварен во странство, задолжително прикачете докази за: видот на остварениот доход а може да прикачите и други (незадолжителни) докази.
Вашата пресметка е-ППД за доходот остварен од странска држава секогаш треба да ја провери и одобри службено лицеод УЈП.
По приемот и обработката на електронската пресметка „е-ППД“, органот за јавни приходи преку електронскиот систем „е-Персонален данок“, ја одобрува пресметката на обврзникот, со доделување Фолио број и издава Рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „Одобрена“ и налог за плаќање на данокот на доход.
Согласно член 93 од ЗДЛД, aконтација на данокот на доход утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец и за доходот остварен од странство.
Плаќањето на персоналниот данок на доход кај носителот на платниот промет се врши на образец ПП53.
Со измените на Законот за данок на личен (“Сл весник на РМ” бр.275/19), кој е во примена од 01.01.2020, согласно член 24 став 2 од Преодните одредби, данокот на доход остварен врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги во 2020, 2021 и 2022 година, се плаќа по стапка од 10%.
Од аспект на Законот за ДДВ
Согласно член 2 точка 1 од Законот за данокот на додадена вредност (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21,57/22 во натамошниот текст ЗДДВ), предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност.
Според член 3 став 1 од ЗДДВ, промет на добра претставува преносот на правото на располагање со движен или недвижен материјален имот, а според член 6 став 1 од ЗДДВ промет на услуги претставува секоја дејност која не е промет на добра.
Кај прометот на услуги оданочувањето според член 2 точка 1 од ЗДДВ зависи од тоа дали услугите биле извршени во земјата или надвор од неа.
Местото на услугата се утврдува според член 14 од ЗДДВ. Неопходноста за утврдување на местото на услугата секогаш се појавува кога услугата фактички се врши во странство или кога вршителот или корисникот на услугата е резидентен во странство.
Согласно член 14 став (1 ) За место на прометот на услуги се смета местото каде што вршителот на услугата им вистинско седиште или подружница од каде услугата вистински се извршува. Ако такво место не постои, за место на прометот на услуги се смета местото каде што лицето кое ја врши услугата има свое постојано живеалиште или престојувалиште.
Согласно член 14 став (2 ) По исклучок од став 1 на овој член за место на прометот на услуги
Се смета:
1.Делницата или дел од истата, по која се извршува превозот;
2.Местото каде што се наоѓа недвижниот имот, кога се работи за услуга во врска со тој имот,
вклучувајќи го посредувањето во прометот со недвижности, проценката на имот, подготовката, изведувањето и надзорот на градежни работи;
3.Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за следните услуги:
а) културни, уметнички, научни, образовни, спортски, забавни, или слични услуги, вклучувајќи ги услугите на организаторите на тие услуги;
б) проценка на движни материјални добра, вклучувајќи го давањето стручно мислење за движните материјални добра;
в) работи што се вршат на движни материјални добра и
г) помошни превозни услуги како натовар, истовар, претовар, складирање, или други услуги кои на вообичаен начин се поврзани со превозот и
4.Местото на прометот во кое е извршено посредување, во случај на посреднички услуги.
Согласно член 14 став (3) По исклучок од став 1 на овој член, за место на прометот на услугата се смета местото во кое корисникот на услугата има вистинско седиште или подружница за кои услугата била вистински извршена или, доколку такво место не постои, неговото постојано живеалиште или престојувалиште, кога се работи за следните услуги:
1.Услуги на полето на рекламата и работа со јавноста;
2.Банкарски и финансиски услуги и услуги на осигурување и реосигурување, освен изнајмувањето сефови;
3.Преземање обврска за делумно или целосно воздржување од вршење на некое дејствие, или да се трпи некое дејствие или состојба;
4.Правен, економски и технички консалтинг, особено дејностите на нотари, адвокати, ревизори, даночни советници, сметководители и инженери, како и други слични дејности;
5.Услуги на електронска обработка на податоци и давање информации, вклучувајќи know-how и експертиза;
8.Телекомуникациски услуги;
9.Пренос и отстапување авторски права, патенти, лиценци, заштитни знакови и други слични права;
10.Услуги на посредување во врска со услугите од овој став и
11.Обезбедување на пристап до мрежата на електрична енергија во случај на загушување на соодветна алокациска единица при доделување на прекуграничните преносни капацитети на интерконективните водови.
Одредбите од став 2 од овој член првенствено се применуваат пред одредбите од овој став.
Согласно автентично толкување на членот 14 став 3 точки 1 и 5 од ЗДДВ (Сл.весник на РСМ број 96/19) одредбата на членот 14 став (3) точка 1 треба да се толкува, така што, под услуги на полето на рекламата и работа со јавноста, се подразбираат и следниве услуги: услуги за грижа на корисниците во насока на унапредување на продажбата, дигитален маркетинг, таргетирање на потенцијални клиенти, креирање на промотивен материјал, менаџирање на социјални медиуми (креирање, поддршка и извршување на стратегија). Одредбата на членот 14 став (3) точка 5. треба да се толкува, така што, под услуги на електронска обработка на податоци и давање информации, вклучувајќи know-how и експертиза се подразбираат и следниве услуги: техничка поддршка за сетирање на софтвер, техничка поддршка за сетирање на хардвер, далечински автоматизирани технички услови, интервенција во бази на податоци: внес, дополна, измена, управување, ажурирање на податоци на веб страницата, позадинско административно работење, креирање извештаи
Согласно член 28 од ЗДДВ Данокот на додадена вредност се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки врз даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз и тоа:
1. според општата даночна стапка од 18%,
2. според повластената даночна стапка од 5% и од 10%.
Согласно член 51 став 1 од ЗДДВ, сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 2.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност.
Вкупен промет претставува збир на прометот што го направил обврзникот во текот на календарската година и кој е предмет на оданочување според член 2 точка 1 од ЗДДВ, вклучувајќи го и данокот кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок. Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од календарската година, фактичкиот вкупен промет се пресметува на ниво на вкупен промет за целата календарска година (член 51 став 2 од ЗДДВ).
Според поглавје 110 став 1 од Упатството за примена на Законот за данокот на додадена вредност број 08-9289/1 од 19.06.2000 година, кон севкупниот промет се вбројува целокупниот промет на добра и услуги оданочив според ЗДДВ (вклучувајќи го данокот на додадена вредност), како и сите промети ослободени од данок според ЗДДВ со право на одбивка на претходниот данок. Прометот на добра и услуги кој не подлежи на оданочување и прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок (член 23 од ЗДДВ) не се зема предвид при утврдувањето на севкупниот промет.
Даночни обврзници-резиденти во земјата кои не се обврзани за регистрација, согласно член 51 став 3 од ЗДДВ, не должат данок на додадена вредност за прометот на добра и услуги извршени од нив. Тие не се овластени одделно да искажуваат данок во фактурите или во други документи и немаат право на одбивка на претходни даноци.
Согласно напред наведеното, даночниот обврзник има обврска да се регистрира за целите на ДДВ со надминување на вкупен промет од 2.000.000 денари, но при утврдување на вкупен промет согласно член 51 став 2 од ЗДДВ, треба да се има предвид дека во вкупен промет за цели на регистрација за ДДВ, не влегува прометот на услуги кои не подлежат на оданочување со данок на додадена вредност согласно член 14 став 3 од ЗДДВ.
Доколку остварениот вкупен промет од 2.000.000 денари е од извршени услуги кон странски даночни обврзници кои согласно член 14 став 3 од ЗДДВ не подлежат на оданочување со ДДВ, во тој случај немате обврска да поднесете Пријава за регистрација за целите на ДДВ образец (ДДВ-01) и да се регистрирате за целите на ДДВ.
Доколку остварениот вкупен промет од 2.000.000 денари е од извршени услуги кон странски даночни обврзници кои не потпаѓаат под член 14 став 3 од ЗДДВ во тој случај должни сте да се регистрирате за целите на ддв и да пресметате ддв со примена на стапка од 18%.

- Обезбедување персонал;