Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Е-Данок?

dimitar92

read-only
11 август 2012
30
27
Да вратам услуга, бидејќи ми помогнавте па сега и јас да помогнам. Иако некои прашања веќе беа одговорени, па одговорот од УЈП стигна тек после некое време.

Упатив 4 прашања до УЈП:
1. Дали кога ќе ги добијам средствата во банка, треба да пријавам најкасно до 10-ти истиот месец а ќе треба данокот да се плати најкасно до 15-ти истиот месец? На пример, средствата ми стигнуваат на 6- ти Април, пријавувањето е најкасно до 10-ти Април а плаќање на данок на доход е до 15-ти Април?
2. Овие средства што ќе ги добивам во банка од странските клиенти, дали данокот се третира во овој случај како “Друг доход“ бидејќи нудам услуги преку интернет, и дали данокот е 10% на овој вид на доход?
3. Дали лимитот што е до 2,000,000 денари на годишно ниво важи и за странски приливи и дали доколку го надминам овој лимит ќе треба да се пријавам како даночен обврзник?
4. Доколку од горенаведеното, од надминување од 2,000,000 денари на годишно ниво важи, колку % данок треба да плаќам на средствата што ќе ги добивам на месечно ниво како даночен обврзник?

Од аспект на данокот на личен доход
Согласно член 3 од Законот за данок на личен доход (“Сл весник на РМ” бр.241/18 и “Сл весник на РСМ” 275/19, 290/20 и 85/21, во понатамошниот текст ЗДЛД), под личен доход се подразбираат следните видови доход остварени во земјата и во странство: 1) доход од работа; 2) доход од самостојна дејност; 3) доход од авторски и сродни права; 4) доход од продажба на сопствени земјоделски производи; 5) доход од права од индустриска сопственост; 6) доход од закуп и подзакуп; 7) доход од капитал; 8) капитални добивки; 9) добивки од игри на среќа; 10) доход од осигурување и 11) друг доход.

На оданочување подлежи доходот од ставот 1 на овој член што е остварен во пари, во хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид.
Според член 5 од ЗДЛД, даночен обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.
Согласно член 15 став 1 точка 16) од ЗДЛД, за доход од работа се смета и секој поединечно остварен доход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.
Основа за пресметување на данокот на доход од работа од член 15 став 1 точка 16), преставува износот на примањето, надоместокот односно доходот согласно член 16 став 1 точка 5) од ЗДЛД.
Согласно член 87 од ЗДЛД, во текот на годината, обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход и за доход остварен од странство.
Според член 88 од ЗДЛД, обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување со данок на доход врз основа на овој закон е должен да поднесе пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи за: доход остварен од странство до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот.
Во пресметката износот на остварениот доход се искажува како Вид на доход Т1. Доход од работа и подвид на приход S1.16 примања по основ на други извршени повремени и привремени услуги.
За доходот остварен во странство, внесете дополнителни податоци за: датум на прилив од странство, износ на остварениот доход во странска валута, валута во која е исплатен доходот (вршите избор од понудено мени),
Врз основа на внесените податоци, системот автоматски ќе го пресмета остварениот доход во денари (по среден курс на датумот кога е остварен доходот во странство) Кон пресметката е-ППД за доходот остварен во странство, задолжително прикачете докази за: видот на остварениот доход а може да прикачите и други (незадолжителни) докази.
Вашата пресметка е-ППД за доходот остварен од странска држава секогаш треба да ја провери и одобри службено лицеод УЈП.
По приемот и обработката на електронската пресметка „е-ППД“, органот за јавни приходи преку електронскиот систем „е-Персонален данок“, ја одобрува пресметката на обврзникот, со доделување Фолио број и издава Рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „Одобрена“ и налог за плаќање на данокот на доход.
Согласно член 93 од ЗДЛД, aконтација на данокот на доход утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец и за доходот остварен од странство.
Плаќањето на персоналниот данок на доход кај носителот на платниот промет се врши на образец ПП53.
Со измените на Законот за данок на личен (“Сл весник на РМ” бр.275/19), кој е во примена од 01.01.2020, согласно член 24 став 2 од Преодните одредби, данокот на доход остварен врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги во 2020, 2021 и 2022 година, се плаќа по стапка од 10%.

Од аспект на Законот за ДДВ
Согласно член 2 точка 1 од Законот за данокот на додадена вредност (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99...198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19….163/21,57/22 во натамошниот текст ЗДДВ), предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност.
Според член 3 став 1 од ЗДДВ, промет на добра претставува преносот на правото на располагање со движен или недвижен материјален имот, а според член 6 став 1 од ЗДДВ промет на услуги претставува секоја дејност која не е промет на добра.
Кај прометот на услуги оданочувањето според член 2 точка 1 од ЗДДВ зависи од тоа дали услугите биле извршени во земјата или надвор од неа.
Местото на услугата се утврдува според член 14 од ЗДДВ. Неопходноста за утврдување на местото на услугата секогаш се појавува кога услугата фактички се врши во странство или кога вршителот или корисникот на услугата е резидентен во странство.
Согласно член 14 став (1 ) За место на прометот на услуги се смета местото каде што вршителот на услугата им вистинско седиште или подружница од каде услугата вистински се извршува. Ако такво место не постои, за место на прометот на услуги се смета местото каде што лицето кое ја врши услугата има свое постојано живеалиште или престојувалиште.

Согласно член 14 став (2 ) По исклучок од став 1 на овој член за место на прометот на услуги
Се смета:
1.Делницата или дел од истата, по која се извршува превозот;
2.Местото каде што се наоѓа недвижниот имот, кога се работи за услуга во врска со тој имот,
вклучувајќи го посредувањето во прометот со недвижности, проценката на имот, подготовката, изведувањето и надзорот на градежни работи;
3.Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за следните услуги:
а) културни, уметнички, научни, образовни, спортски, забавни, или слични услуги, вклучувајќи ги услугите на организаторите на тие услуги;
б) проценка на движни материјални добра, вклучувајќи го давањето стручно мислење за движните материјални добра;
в) работи што се вршат на движни материјални добра и
г) помошни превозни услуги како натовар, истовар, претовар, складирање, или други услуги кои на вообичаен начин се поврзани со превозот и
4.Местото на прометот во кое е извршено посредување, во случај на посреднички услуги.

Согласно член 14 став (3) По исклучок од став 1 на овој член, за место на прометот на услугата се смета местото во кое корисникот на услугата има вистинско седиште или подружница за кои услугата била вистински извршена или, доколку такво место не постои, неговото постојано живеалиште или престојувалиште, кога се работи за следните услуги:
1.Услуги на полето на рекламата и работа со јавноста;
2.Банкарски и финансиски услуги и услуги на осигурување и реосигурување, освен изнајмувањето сефови;
3.Преземање обврска за делумно или целосно воздржување од вршење на некое дејствие, или да се трпи некое дејствие или состојба;
4.Правен, економски и технички консалтинг, особено дејностите на нотари, адвокати, ревизори, даночни советници, сметководители и инженери, како и други слични дејности;
5.Услуги на електронска обработка на податоци и давање информации, вклучувајќи know-how и експертиза;

    • Обезбедување персонал;
7.Изнајмување движен материјален имот, освен на сите видови превозни средства;
8.Телекомуникациски услуги;
9.Пренос и отстапување авторски права, патенти, лиценци, заштитни знакови и други слични права;
10.Услуги на посредување во врска со услугите од овој став и
11.Обезбедување на пристап до мрежата на електрична енергија во случај на загушување на соодветна алокациска единица при доделување на прекуграничните преносни капацитети на интерконективните водови.

Одредбите од став 2 од овој член првенствено се применуваат пред одредбите од овој став.
Согласно автентично толкување на членот 14 став 3 точки 1 и 5 од ЗДДВ (Сл.весник на РСМ број 96/19) одредбата на членот 14 став (3) точка 1 треба да се толкува, така што, под услуги на полето на рекламата и работа со јавноста, се подразбираат и следниве услуги: услуги за грижа на корисниците во насока на унапредување на продажбата, дигитален маркетинг, таргетирање на потенцијални клиенти, креирање на промотивен материјал, менаџирање на социјални медиуми (креирање, поддршка и извршување на стратегија). Одредбата на членот 14 став (3) точка 5. треба да се толкува, така што, под услуги на електронска обработка на податоци и давање информации, вклучувајќи know-how и експертиза се подразбираат и следниве услуги: техничка поддршка за сетирање на софтвер, техничка поддршка за сетирање на хардвер, далечински автоматизирани технички услови, интервенција во бази на податоци: внес, дополна, измена, управување, ажурирање на податоци на веб страницата, позадинско административно работење, креирање извештаи

Согласно член 28 од ЗДДВ Данокот на додадена вредност се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки врз даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз и тоа:
1. според општата даночна стапка од 18%,
2. според повластената даночна стапка од 5% и од 10%.
Согласно член 51 став 1 од ЗДДВ, сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 2.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност.
Вкупен промет претставува збир на прометот што го направил обврзникот во текот на календарската година и кој е предмет на оданочување според член 2 точка 1 од ЗДДВ, вклучувајќи го и данокот кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок. Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од календарската година, фактичкиот вкупен промет се пресметува на ниво на вкупен промет за целата календарска година (член 51 став 2 од ЗДДВ).
Според поглавје 110 став 1 од Упатството за примена на Законот за данокот на додадена вредност број 08-9289/1 од 19.06.2000 година, кон севкупниот промет се вбројува целокупниот промет на добра и услуги оданочив според ЗДДВ (вклучувајќи го данокот на додадена вредност), како и сите промети ослободени од данок според ЗДДВ со право на одбивка на претходниот данок. Прометот на добра и услуги кој не подлежи на оданочување и прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок (член 23 од ЗДДВ) не се зема предвид при утврдувањето на севкупниот промет.
Даночни обврзници-резиденти во земјата кои не се обврзани за регистрација, согласно член 51 став 3 од ЗДДВ, не должат данок на додадена вредност за прометот на добра и услуги извршени од нив. Тие не се овластени одделно да искажуваат данок во фактурите или во други документи и немаат право на одбивка на претходни даноци.
Согласно напред наведеното, даночниот обврзник има обврска да се регистрира за целите на ДДВ со надминување на вкупен промет од 2.000.000 денари, но при утврдување на вкупен промет согласно член 51 став 2 од ЗДДВ, треба да се има предвид дека во вкупен промет за цели на регистрација за ДДВ, не влегува прометот на услуги кои не подлежат на оданочување со данок на додадена вредност согласно член 14 став 3 од ЗДДВ.
Доколку остварениот вкупен промет од 2.000.000 денари е од извршени услуги кон странски даночни обврзници кои согласно член 14 став 3 од ЗДДВ не подлежат на оданочување со ДДВ, во тој случај немате обврска да поднесете Пријава за регистрација за целите на ДДВ образец (ДДВ-01) и да се регистрирате за целите на ДДВ.
Доколку остварениот вкупен промет од 2.000.000 денари е од извршени услуги кон странски даночни обврзници кои не потпаѓаат под член 14 став 3 од ЗДДВ во тој случај должни сте да се регистрирате за целите на ддв и да пресметате ддв со примена на стапка од 18%.
 

NENO19

hello world
30 јануари 2011
163
131
До сега за прилив од Payoneer во Девизни Приливи на НЛБклик под Налогодавач стоеше "[некој број] PAYONEER INC 30TH STREET 150 W US/NEW YORK/10001", сега за прв пат се појави "[друг подолг број] [Мое име и презиме] [Моја адреса, град, и поштенски]".

Ќе пречи овој минорен детал во понатамошен процес при распределба во НЛБ и плаќање данок на Е-ПДД, бидејќи веќе нема црно на бело дека парите доаѓаат од ентитетот Payoneer ?
 

darko1010

read-only
13 август 2018
18
1
Дечки ја прочитав целата тема но не најдов одговор на прашањево:

Ако подигам пари преку картичка како Payoneer и сакам да го пријавам тој приход, што внесувам под "Доказ за остварен приход во странство"? Овде не може, како во банка, да внесеш screenshot од приливот.
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
783
1.117
Скопје
Дечки ја прочитав целата тема но не најдов одговор на прашањево:

Ако подигам пари преку картичка како Payoneer и сакам да го пријавам тој приход, што внесувам под "Доказ за остварен приход во странство"? Овде не може, како во банка, да внесеш screenshot од приливот.
Можеш повлечената сума од Пејонир веројатно, АТМ трансакцијата.
Најубаво ти е како ти легнуваат парите на Пејонир, да ги пријавуваш на епдд со извод од трансакцијата и после даги вадиш со картичка.

П.С. Кога веќе пријавуваш, повлечи си ги на сметка во банка,провизијата е 2% или 15$ фиксно,на банкомат дупло поголема провизија плаќаш.
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.646
6.932
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
П.С. Кога веќе пријавуваш, повлечи си ги на сметка во банка,провизијата е 2% или 15$ фиксно,на банкомат дупло поголема провизија плаќаш.
Да не рачунам сега пак, ама мислам дека дојдовме до заклучок дека за суми под 1000 долари не се исплати да повлекуваш директ во банка? Поправи ме ако грешам.

Дечки ја прочитав целата тема но не најдов одговор на прашањево:

Ако подигам пари преку картичка како Payoneer и сакам да го пријавам тој приход, што внесувам под "Доказ за остварен приход во странство"? Овде не може, како во банка, да внесеш screenshot од приливот.
Напишано е мислам во темата за Payoneer ова. Имаш на сајтот опција да ти експортира PDF од трансакциите, имаш и филтри можеш поединечна трансакција а можеш и за цел месец извод. Не сум во можност сега да проверам како точно се правеше а не знам на памет, ама прочепкај тамо во Settings или нешто така, мислам дека ќе најдеш.
 

NENO19

hello world
30 јануари 2011
163
131
Да не рачунам сега пак, ама мислам дека дојдовме до заклучок дека за суми под 1000 долари не се исплати да повлекуваш директ во банка? Поправи ме ако грешам.
2% или $15, што е повисоко. Минимумот што ќе плати е секако $15. Ако $15 е 2%, значи од $750 па нагоре се исплати. А банкоматите не се добра опција, $3.15 за секое повлекување + отприлика 2% провизија, зависи од банката.

Инаку во однос на претходниот мој пост погоре, сега како Налогодавач кога за прв пат се појави моето име наместо Payoneer inc (така наместено од Payoneer), од НЛБ ми кажаа треба да се користи шифра 691 во Овластувањето, да приложам ПДФ-то од трансакцијата превземена од Payoneer профилот, но и скриншот од делот на вашиот Payoneer профил каде јасно се гледа вашето име и презиме, и адреса. Доколку како Налогодавач се појави Payoneer inc, тогаш можам шифра 250 (во мојот конкретен случај) и само уште ПДФ-то од трансакцијата да бидат пратени на fovlastuvanje[at]nlb.mk .
Сега не знам за на Е-ПДД... :/ Налогодавачот сум јас (факт, сам на себе си праќам) ама досега беше Payoneer и држава USA. А сега... валјда МК.
 

petartod

read-only
13 ноември 2016
12
16
Моѓе ли да ми кажеш колку време трае процедурата за отварање фирма во ус, колку кошта тоа и месечни трошоци дали имам?

Дали откако ќе отворам фирма можам да направам УС пејпал и да отворам сметки во банки во УС?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Недела дена за отворање и 3 месеци за ЕИН број.
Пејпал немам зашто ме лоцира во Македонија. Имам сметка во Mercury и Stripe. Покрај нив, не ми треба Пејпал.
Сметка во банка можеш да отвориш, но треба да отпатуваш таму заради АМЛ регулативата. Од тука можеш да отвориш сметка во необанка (финтек), како Mercury, Novo, Relay Finance.
Мислењето е автоматски споено:

Дали ја пријави фирмата во Централен Регистар како инвестиција на резидент во странство? Имам јас Англиско LLP ама пошто нема минимален основачки влог, се карав и се докажвав сто пати со Централниот Регистар дека имам фирма само нема минимален основачки влог (бараат доказ колку си уплатил на сметка на фирмата а јас немам воопшто уплатено пошто нели, нема потреба).

Како шо прашав и на банка ќе ми треба потврдата од Регистарот дека имам инвестиција кога ќе си префрлам пари од сметката на фирмата на мојата физичка сметка на НЛБ тука, како доказ од каде се парите. Дали ја регистрира ти фирмата во ЦР и ако не дали ти напраја проблем на банка?
Не ми е пријавена, не успеав да се објаснам ни јас. Ми немаат направено проблем во банка.
 

metahuman

hello world
23 септември 2019
111
82
Недела дена за отворање и 3 месеци за ЕИН број.
Пејпал немам зашто ме лоцира во Македонија. Имам сметка во Mercury и Stripe. Покрај нив, не ми треба Пејпал.
Сметка во банка можеш да отвориш, но треба да отпатуваш таму заради АМЛ регулативата. Од тука можеш да отвориш сметка во необанка (финтек), како Mercury, Novo, Relay Finance.
Мислењето е автоматски споено:


Не ми е пријавена, не успеав да се објаснам ни јас. Ми немаат направено проблем во банка.
Колку те кошта отворањето и одржувањето на US сметката?
 

dimitar92

read-only
11 август 2012
30
27
Незнам дали за тука е прашањево но ме интересира дали му се има на некој случено да чека подолго време за одобрување на проверка? Уште во петокот го пријавив данокот и уште од тогаш ми стои во статус: За проверка.

Претходниот пат кога пријавував данок ми беше одобрен уште наредната ден.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.113
7.801
Готов си. Се зезам, на никој у фамилија му нема стигнато и кога прашав ми одговорија: „Во тек е процедурата на генерирање на ГДП“
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.646
6.932
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Незнам дали за тука е прашањево но ме интересира дали му се има на некој случено да чека подолго време за одобрување на проверка? Уште во петокот го пријавив данокот и уште од тогаш ми стои во статус: За проверка.

Претходниот пат кога пријавував данок ми беше одобрен уште наредната ден.
Нема врска тоа, мене ми се има десено, некој вработен ќе го чепне утре-задутре и ќе се смени во „Неплатена“.
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.646
6.932
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Пазете какви муабети правите :D
 

NENO19

hello world
30 јануари 2011
163
131
Дечки, не знам зошто никој друг не го пријавува истото. За разлика од претходни трансфери, овој пат банката што ја користат Payoneer ги пратила парите на таков начин што кај НЛБ кај Налогодавач е наведено моето име и адреса, наместо Payoneer Inc. Погледнете скриншот од нлбклик:

payoprob.png

До сега на Е-ПДД можев да внесам USA за тоа каде е резидент испраќачот, ама овој пат бидејќи јас сум наведен самиот како испраќач... веќе не можам ни T1 S1.5. да одберам ако си ја одберам сопствената држава јер таму сум резидент. Во ред би било да одберам USA и со тоа да потврдам дека приходот е остварен во странство ? Прашав и во НЛБ и во консалтинг фирма, првиве немаа што да кажат освен дека така ги добиле податоците (и дека во таков случај морам шифра 691 наместо 250), а вториве ми рекоа подобро да си терам по старо, едноставно битно е да биде платен данокот. Ама па, USA...

Ваш совет молам ? На никој друг не му се случило ова за трансфер во последниве 2 недели ?
 
Последна промена:

StefanPetrov

lurker
5 април 2016
527
939
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Дечки, не знам зошто никој друг не го пријавува истото. За разлика од претходни трансфери, овој пат банката што ја користат Payoneer ги пратила парите на таков начин што кај НЛБ кај Налогодавач е наведено моето име и адреса, наместо Payoneer Inc. Погледнете скриншот од нлбклик:

Погледнете го атачментот 113165

До сега на Е-ПДД можев да внесам USA за тоа каде е резидент испраќачот, ама овој пат бидејќи јас сум наведен самиот како испраќач... веќе не можам ни T1 S1.5. да одберам ако си ја одберам сопствената држава јер таму сум резидент. Во ред би било да одберам USA и со тоа да потврдам дека приходот е остварен во странство ? Прашав и во НЛБ и во консалтинг фирма, првиве немаа што да кажат освен дека така ги добиле податоците (и дека во таков случај морам шифра 691 наместо 250), а вториве ми рекоа подобро да си терам по старо, едноставно битно е да биде платен данокот. Ама па, USA...

Ваш совет молам ? На никој друг не му се случило ова за трансфер во последниве 2 недели ?
Плаќај си данок и не се замарај многу. Не е битно која шифра ќе ја пишиш искрено. Еден член на форумот дури кажа дека самата банка му препорача како надомест за медицинско лице да пиши за да избегни данок LOL.

Јас сакав да е се легално пред да отворам Англиска фирма, ама после советвање со едно 10 адвокати (не, најсериозно), 3 сметководители, 2 посети до УЈП и 3 до ЦРМ а ни еден одговор, си отворив и едноставно си префрлам и си плаќам данок со 691 шифра. Имаш доказ за потекло, чисти ти се оти си плати личен, така да не му ја мисли многу оти мене веќе ми паѓа косата од премногу мислење.
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.646
6.932
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Дечки, не знам зошто никој друг не го пријавува истото. За разлика од претходни трансфери, овој пат банката што ја користат Payoneer ги пратила парите на таков начин што кај НЛБ кај Налогодавач е наведено моето име и адреса, наместо Payoneer Inc. Погледнете скриншот од нлбклик:

Погледнете го атачментот 113165

До сега на Е-ПДД можев да внесам USA за тоа каде е резидент испраќачот, ама овој пат бидејќи јас сум наведен самиот како испраќач... веќе не можам ни T1 S1.5. да одберам ако си ја одберам сопствената држава јер таму сум резидент. Во ред би било да одберам USA и со тоа да потврдам дека приходот е остварен во странство ? Прашав и во НЛБ и во консалтинг фирма, првиве немаа што да кажат освен дека така ги добиле податоците (и дека во таков случај морам шифра 691 наместо 250), а вториве ми рекоа подобро да си терам по старо, едноставно битно е да биде платен данокот. Ама па, USA...

Ваш совет молам ? На никој друг не му се случило ова за трансфер во последниве 2 недели ?

Не се замарај, нема никаква врска ова.
 

petartod

read-only
13 ноември 2016
12
16
Не сметката во банка, се збунив, мислев колку те кошта отворањето и одржувањето на US фирмата?
400 долари основање + 150 долари годишно за одржување.
Ако имаш поголем број на трансакции и или покомплексен бизнис, паметно е да платиш некого за обрасците до ИРС, што може да чини 100-200 долари само за да ги среди, до многу повеќе за редовно да ти води сметководство (само шпекулирам, тоа зависи од видов и обемот на трансакциите).
 

dimitar92

read-only
11 август 2012
30
27
Пријавување на данок е најкасно до 10ти а плаќање до 15ти. Што ако ми легнат парите на 11ти? Има ли некоја врска или само да си пријавам, да прикачам документ тоа што треба и кога ке го одобрат да се плати?
 

goce03

user
20 јануари 2015
1.600
3.212
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Пријавување на данок е најкасно до 10ти а плаќање до 15ти. Што ако ми легнат парите на 11ти? Има ли некоја врска или само да си пријавам, да прикачам документ тоа што треба и кога ке го одобрат да се плати?
10-ти во тековен месец е за пријавување за приходи од минат месец.
Ако имаш приходи на 11 во тековен месец (пример јуни) ќе ги пријавиш во Јули.
 

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.574
Рано е, читај од каде е информацијата дека ќе има.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно