Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Анхоч - Генерална дискусија, информации и искуства

Генерално кое е вашето мислење за Анхоч?

  • Позитивно

    Гласови: 388 81,9%
  • Негативно

    Гласови: 43 9,1%
  • Немам никакво мислење

    Гласови: 43 9,1%

  • Вкупно гласале
    474

ivoDON

read-only
13 февруари 2012
2
148
Skopje
Најдобар збор за дефинирање на Анхоч е ,,стерилни" нема некако хемија нити во салоните нити во ,,робата''.
Моментално ја имаат најглупавата кампања во историјата ,,Гаранција од пад на цена 100 дена".
Ставиле 52.000 цена на 5060ti Windforce и гарантираат дека цената нема да падне туку ќе расте во иднина. :)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.156
14.369
Требало да ти излезат во пресрет и да го средат проблемот?

И јас прво помислив на ова. Но на втор пат ми текна дека после лемење порт на матична најверојатно се губи гаранција кај дистрибутерот од каде земаат делови. Па ако во иднина искрсне нешто со матичната треба тој што ја лемел да си плати замена.

Како што кажа и ти. Ова е ептен „не ти бил к'сметот“ работа. Едноставно продавачот никако не може да биде сигурен дека не е во прашање корисничка грешка. Баш е жалосно.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.723
3.334

Требало да известат дека поради механички оштетувања, гаранцијата на матичната не важи.
Можат да сервисираат за толку и толку. Во случајов дури и гратис требало со оглед дека сервисот би бил рутински за дел купен кај нив (во цела конфигурација).
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.156
14.369
Требало да известат дека поради механички оштетувања, гаранцијата на матичната не важи.
Можат да сервисираат за толку и толку. Во случајов дури и гратис требало со оглед дека сервисот би бил рутински за дел купен кај нив (во цела конфигурација).

Да ама во систем гаранцијата е на цела конфигурација. И плус јас немам впечаток дека купувачот ќе се сложи да изгуби гаранција зашто тврди дека не е негова грешка. Комплицирана е ситуацијава.
 
Jedah

user
6 ноември 2007
1.340
2.339
Jedah's setup  
Processor & Cooler
CPU AMD Ryzen 5 5500 6-Core 3.6GHz (4.2Ghz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
G.SKILL Ripjaws V Series F4-3200C15D-16GVR 16 GB (8 GB x 2) DDR4 3200 MHz CL15
Video card
ZOTAC GAMING GeForce RTX 3060 12GB GDDR6
Case
XIGMATEK MOON KNIGHT 4XRGB FAN MID-TOWER
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
E-YOOSO M-11 60% mechanical
Audio
Logitech S-220 2.1
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
Имам искусено ситуации каде ти носат лаптоп со образложение - Не пали! Сам од себе прекина да полни и не дава слика.
Го отвараш и почиња да капе од сите страни течност од него за на корисникот ко ќе му се јавиш или дојде да ти се прави на удрен и да негира, и уште да те прави неспсобен....

Така да, муабетот, "Купецот е секогаш во право дури и кога греши" ептен сериозно сте го сфатиле
Можда после оставени 500-600-700еура во салон треба да има право и да им се сере над глава...
 
maksimmo

read-only
30 ноември 2017
17
10
[IMG alt="JasSum"]https://forum.it.mk/data/avatars/m/0/344.jpg?1332091977[/IMG]

JasSum​

poweruser​

Тие Петко и Станко имаат лиценци за овластени сервисери и нема да се бламираат за една плоча. Ако немаат, тогаш ќе се бламираат.
Фабрички лем слаб, нема теорија. Не го леми Петко и Станко туку машина. Потоа поминува на QC. Шансата да си добил половна матична е можна. Но шансата да да имало уштекан кабел и да бил набиен со притискање на куќиште према ѕид се огромни. А мене баш на тоа ми личи......

Да сигурно се лиценцирани за магацин за друго незнам, разговарјки деновиве по луѓе еден куп работи други излегоа да не пишувам овде глупости да се замараме не е целта ништо да се руга оти незнаеме.
Зошто мислиш дека компјутерот не е одма однесен , 2 недела откако е купен тогаш е приметено оти почна да сецка повеќе, касно е по тебе неразбирам? Не е ова 4-12 месеци сум го користел па сум го однел. Ова извини ама како од вработен од Анхоч да го слушам.

Не се секјавам беше ден пред викенд Четврок го приметив , однесов наредната недела Среда кога имав време пред работа. Да седам дома можеби утредента ке го однесев.

Искрено никој не правел проблеми да бара лабави порти инспекции одма, донесен од продавница 4 дена во кутија стоеше оти немав усб за линукс да ставам.

Како е оштетен и кога незнам компјутерот не е шутиран по дома ниту кабел до зид притискан( и да е така донеси кабел да видиме дали ке се скине вака), пола од времето беше приклучен директно на хдми од графиката од Четвртокот до денот кога го однесов и портата работеше тоа стои НЕ беше расипана и во приемницата за сервис си стои. Ако сакаме да си пишуваме теории и да бараме одговори, нема да најдеме.

По мене ова е најлошо искуство кое сум го имал , од разговорот до процесот како се одвиваше постапката ( некој да ти вика не ти кажуваме каде ти е компјутерот ке видиме ,а ти си го оставил во сервис, во сервис ти го нема крај). Па се до набедуањето и уцената со купување нова плоча кај нив оти ниту еден дел нема да ти има гаранција е врв. Приказна само за некоја Баба.

Ке завршам овде, ова ме потсеќа на Веро , храната што ке остане пред да истече рокот се готви и се продава како храна . Пикаш внатре оти тешко се докажува што нечини ако тргне наопаку , а гарантираш само за вкусот не за состојките.
 
Последна промена:

Измеша многу баби и жаби.
Ајде од крај.
Веро продава храна. Храна пред истек на рок ја готви и ја продава како зготвена храна. Ти на ова имаш замерка? Не знам каков ти е проблемот, ама не готви храна со поминат рок туку храна во рок за употреба. Ништо спорно.
Е сега да те подучам уште нешто. 95% од производите во веро, не се на веро. Веро е платформа што продава твои производи и ти ги плаќа кога ќе ги продаде, но не порано од 60 дена. Плаќаш за да ти ги стават на рафт. Плаќаш за позиција на рафт. Веро прави пари и кога не работи. Производите што ги користи пред истек на рок може да е услуга кон добавувачот што инаку ќе треба да ја повлече робата или да ја шкартира. И повторно, што е лошо во тоа што користи храна во рок?
Ама ова многу кажува за твојата идеологија.

Ајде сега за компјутерот. Си платил 2500 евра (во секоја смисла тоа се баеги пари за хардвер). Земаш машината дома и неколку дена не ја користиш. Ок. Ајде да веруваме. Ја користиш некое време и приметуваш дека има лабава порта? Прво што правиш е да се јавиш и да пријавиш проблем. Не си во можност да го однесеш во сервис, тоа е ок, ама дека не си пријавил проблем на нов хардвер, тоа е твој пропуст, ако може да ти се верува дека така било во старт.
И не можам да разберам како си прифатил да имаш гаранција на конфигурација ако сам си ги склопувал деловите. Ако купуваш конфигурација, добиваш гаранција на конфигурација. Во спротивно, добвиаш гаранција на делови. Секогаш и секаде.
Барај си гаранција на деловите и треба да ја добиеш. И кутиите требало да си ги бараш.
А за тоа колку луѓе се прават удрени затоа што таму некоја фирма ќе подмири негови грешки... Тоа не иде баш така.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
377
204

Фабрички лем слаб, нема теорија.
Ако ја платиш ти сумата од 15000 или колку и да беше.
И да, со безоловниов калај може да има и фабрички слаби лемови, затоа новиве лаптопи побрзо "проштуцуваат". ;)
 
PandaBomber

hello world
13 јуни 2012
491
672
Мене еден Џој Кон ми се расипа недела-две после купување, пропадна тоа thumbstick-от, очигледен дефект ако го фатиш во рака. Им го оставам најкултурно прашав дали има чаре некое да си ја пробам среќата со гаранција, го примија, ги немаше едно 2 недели.

Се јавувам ми викаат не можеме да го тестираме донеси ни ја цела конзола. Викам абе детево дома игра, мој акаунт на конзолата дајте повеќе информации кај да ја однесам, колку време ќе ја немам, „еее тоа не знаеме, значи одбивате да ја донесете?“ Викам да, и ми го затвори случајот со причина корисникот одбива да.. бла бла бла.

Осетив дека тоа било планот цело време, било кој полу упатен ќе го видеше дефектот при прво фаќање.
Не е тешко да се избегаваат освен ако неќеш Netac nvme али неќеш.
Мислењето е автоматски споено:

Измеша многу баби и жаби.
Ајде од крај.
Веро продава храна. Храна пред истек на рок ја готви и ја продава како зготвена храна. Ти на ова имаш замерка? Не знам каков ти е проблемот, ама не готви храна со поминат рок туку храна во рок за употреба. Ништо спорно.
Е сега да те подучам уште нешто. 95% од производите во веро, не се на веро. Веро е платформа што продава твои производи и ти ги плаќа кога ќе ги продаде, но не порано од 60 дена. Плаќаш за да ти ги стават на рафт. Плаќаш за позиција на рафт. Веро прави пари и кога не работи. Производите што ги користи пред истек на рок може да е услуга кон добавувачот што инаку ќе треба да ја повлече робата или да ја шкартира. И повторно, што е лошо во тоа што користи храна во рок?
Ама ова многу кажува за твојата идеологија.

Ајде сега за компјутерот. Си платил 2500 евра (во секоја смисла тоа се баеги пари за хардвер). Земаш машината дома и неколку дена не ја користиш. Ок. Ајде да веруваме. Ја користиш некое време и приметуваш дека има лабава порта? Прво што правиш е да се јавиш и да пријавиш проблем. Не си во можност да го однесеш во сервис, тоа е ок, ама дека не си пријавил проблем на нов хардвер, тоа е твој пропуст, ако може да ти се верува дека така било во старт.
И не можам да разберам како си прифатил да имаш гаранција на конфигурација ако сам си ги склопувал деловите. Ако купуваш конфигурација, добиваш гаранција на конфигурација. Во спротивно, добвиаш гаранција на делови. Секогаш и секаде.
Барај си гаранција на деловите и треба да ја добиеш. И кутиите требало да си ги бараш.
А за тоа колку луѓе се прават удрени затоа што таму некоја фирма ќе подмири негови грешки... Тоа не иде баш така.
Браво друже се надевам ќе добиеш некој Gembird аксесоар за трудов, под нивни услови е купен компјутерот.
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.723
3.334
Браво друже се надевам ќе добиеш некој Gembird аксесоар за трудов, под нивни услови е купен компјутерот.
Пробував да те разберам погоре, ама тешко. Еве да ти појаснам. Анхоч освен што продаваат делови, продаваат и цели конфигурации. Тие не ги склопуваат туку ги даваат како цели и гаранцијата им е за како цели. Ако си купил таков, тогаш условите се различни од тоа сам да си склопиш конфигурација.

Мене еден Џој Кон ми се расипа недела-две после купување, пропадна тоа thumbstick-от, очигледен дефект ако го фатиш во рака. Им го оставам најкултурно прашав дали има чаре некое да си ја пробам среќата со гаранција, го примија, ги немаше едно 2 недели.
Си скршил ти или детето. Да си ја пробаш среќата со гаранцијата? :)
Абе од ситни преваранти со идеологоија, абе шо им е гајле на тие у сервис, нека пуштат едно делче, ко нивна да е фирмата...
 
maksimmo

read-only
30 ноември 2017
17
10
Мене еден Џој Кон ми се расипа недела-две после купување, пропадна тоа thumbstick-от, очигледен дефект ако го фатиш во рака. Им го оставам најкултурно прашав дали има чаре некое да си ја пробам среќата со гаранција, го примија, ги немаше едно 2 недели.

Се јавувам ми викаат не можеме да го тестираме донеси ни ја цела конзола. Викам абе детево дома игра, мој акаунт на конзолата дајте повеќе информации кај да ја однесам, колку време ќе ја немам, „еее тоа не знаеме, значи одбивате да ја донесете?“ Викам да, и ми го затвори случајот со причина корисникот одбива да.. бла бла бла.

Осетив дека тоа било планот цело време, било кој полу упатен ќе го видеше дефектот при прво фаќање.
Не е тешко да се избегаваат освен ако неќеш Netac nvme али неќеш.
Мислењето е автоматски споено:

Браво друже се надевам ќе добиеш некој Gembird аксесоар за трудов, под нивни услови е купен компјутерот.
Навистина ми е жал мислам дека повеке неправда отколку во мојот случај, бидејки е со намера. Ретко тажна приказна, реквизит за дете.
 
Titanium

hello world
1 март 2024
377
204
Навистина ми е жал мислам дека повеке неправда отколку во мојот случај, бидејки е со намера. Ретко тажна приказна, реквизит за дете.
Се помири со судбината или реши да бараш помош на друга инстанца?
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно