Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Benq BL3201PT 4К - краток осврт

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.085
14.191
Имав можност да се подружам со Benq BL3201PT и сакав на кратко да споделам импресии.

1442309388.jpg


Нема да се задржувам на општи детали кои може да се најдат на многу страни со рецензии. Исто неможам да поставам оригинални фотографии зашто не направив додека го имав кај мене.

Овој монитор сеуште се наоѓа во продажба но веќе е заменет со друг модел односно PD3200U кој најверојатно го има истиот панел со надворешни визуелни подобрувања, КВМ свич и HDMI 2.0 порт.

На кратко станува збор за можеби и најефтиниот (од реномиран производител) 32 инчен UHD монитор со 4К резолуција односно масимални 3840x2160 пиксели на 60 херци преку дисплеј порт. Има само HDMI 1.4 порт што за некого ќе биде дил брејкер.

Моето мислење е дека оваа големина на екран е минимум за некаква работа со текст и карактери на 4К. Човек се навикнува лесно и само при листање на веб содржини кои имаат многу ситен текст има потреба од CTRL +.

Дисплејот му е IPS и е 10 битен (8 бита + FRC). Ова е потврдено преку драјверите. Станува збор за панел на AUO модел M320QAN01.0. Според спецификација има максимум осветлување од 350 кандели и статичен контраст од 1000:1. sRGB просторот го покрива 100%. Ова го прави одличен за мултимедија а потенцијално и за работа со фотографија.

Докажано нема PWM односно фликер и со тоа нема никогаш да создаде главоболка или други последици од подолготрајно работење.

Иако не е никаде наведено освен на некои сајтови за продажба и при преземање на драјверите од Benq сепак овој монитор поддржува Freesync што пријатно ме изненади. По дефаулт Freesync работи во опсегот помеѓу 48-60 херци. Го пробав демото со ветерницата на АМД и функционираше беспрекорно. Мазно како путер.

Според производителот риспонс тајмот при највисок овердрајв е 4 милисекунди GTG. Измерени се во просек 9.2 милисекунди лег и 6-12 милисекунди риспонс тајм според една рецензија. Не знам колу точно може да се верува а јас лично немам технологија за да измерам. Но мислам дека дури и 15-20 милисекунди апсолутно не се страшни нити забележливи за нормален корисник. Јас не можев да забележам проблем нити сериозен овершот или гоустинг.

Eве неколку резултати од мерење и калибрација:

Точно како што тврди производителот sRGB го покрива 100% што е и за очекување во оваа ценовна категорија.

sRGB coverage Spyder.jpg

Adobe RGB е покриен со 82% а NTSC со 80%.

AdobeRGB coversage Spyder.jpg

При калибрација даде мошне задоволителни резултати. Највисоко измерено осветлување беше 368.3 кандели што е и над спецификацијата. На 100 кандели беше пријатен во не толку светла просторија и имаше најниска црна од 0.18 кандели.

При осветлување од 120 кандели црната точка беше 0.22 со таргет од топлина од 6400.

Максималниот измерен контраст беше 650:1 што е далеку од спецификацијата но сепак е за очекување и сосем солидно за ваков панел. Во просек по калибрација гравитираше околу 550:1 но апсолутно не го најдов проблем во текст, игри или графика.

Заради длабоките рамки (безели) и немањето отсјај остава впечаток на длабока црна боја. Фолијата е мошне тенка и пријатна. Не создава валкан екран како што е случај со постари ИПС.

Боите беа сосема прецизни за намената односно CAD дизајн. Лагом тестовите ги помина со многу мал напор и со тоа докажа дека одлично ќе ги покрие потребите.

Во поглед на прецизноста на боите исто така ги задоволи најголемиот број од критериумите. Се зачудив со резултатот од DeltaE кој беше помал од 2 со фабричките сетинзи а со калибрација дојде и до 0.71 што е импресивно.

benq.jpg

Сепак морам да кажам дека иако покажа фантастична еластичност и прецизност сепак во поглед на боите не треба да се очекува исто ниво на прецизност како и кај мониторите наменети за обработка на фотографија. На ова треба да се додаде дека тестот за униформост беше просечен со разлики до 18% во десниот ќош со тоа што скоро десната страна сепак имаше девијација односно беше малку потемна:

uniformity.jpg

Направив и второ мерење со малку пооптимистички пристап избегнувајќи ги левиот и десен крај односно со мерење поблиску до центарот и се покажа подобар резултат:

uniformity 2.jpg

Сакам да напоменам дека ваквите проблеми или карактеристики зависат од панел до панел. Ако купите може да добиете подобар или полош примерок како и кај сите монитори до овој ценовен ранг.

Има контролер за менито кој може се приклучи по желба. Јас го најдов многу полезен за менување на поставки зашто нема потреба да виси раката како што е случај кога се работи со менито преку копчињата на мониторот. Не ми се допадна тоа што кликот звучи премногу пластично, како играчка. Но сепак брка работа.

1442309135.jpg


Во долниот дел на екранот има вградени сензори и тоа Еко сензор кој чувстува дали има корисник пред екранот и може да активира функции за намалување на потрошувачка на електрична енергија. Потоа има сензор за заштита на очите кој ја одредува оддалеченоста на корисникот со цел да го оптимизира осветлувањето соодветно. Исто така мониторот има сензор за детекција на близина на раката кога се движи кон копчињата од менито и истите засветлуваат во тој момент.

Во менито се наоѓа таканаречениот reading mode кој ја оптимизира сликата за послесно читање со намалување на фреквенциите од сината боја. Јас него го најдов како најсоодветен за работа и прелистување на интернет содржини. Истиот е покорисен за очите од другите модови.


Доаѓа со звучници кои се релативно детални во репрезентацијата на повисоките тонови но апсолутно не задираат во ниските фреквенции и според мене се подпросечни. Тивки се и не може да се очекува нешто посебно но сепак ги има и се добредојдени за некој на кого не му е значаен звукот и сака да се спаси од гужва на бирото.

Се на се мислам дека за парите е добра зделка. Во странство во просек се наоѓа за 800 долари (без даноци и шипинг) а кај нас цената е дури и пониска од Грција каде на пример се продава за 1000 евра.

Може да се купи во ДДКОМ и Анхоч. Мислам дека сега на залиха го има само кај првите но сигурно може да се нарача и во Анхоч.
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.505
31.946
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Фантастично, одамна немаме im depth аназлиза на монитор - калибрација, и мене лично ме изненади одличната прецизност делта <0.2, и најискрено малце ми е претерано добро ова, па погрешното мерење од калибраторот не би го исклучил целосно.

120cd/m е исто така ептен sweet spot за секојдневна употреба. Исто така, ептен ме интересира гама таргеот на калибрацијата или крајнот добиен резултат, незнам дали го пропуштив ова или во финалниот резултат не е наведено?

Фала ти за одличниот напис, иде важна!
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.085
14.191
Фантастично, одамна немаме im depth аназлиза на монитор - калибрација, и мене лично ме изненади одличната прецизност делта <0.2, и најискрено малце ми е претерано добро ова, па погрешното мерење од калибраторот не би го исклучил целосно.

120cd/m е исто така ептен sweet spot за секојдневна употреба. Исто така, ептен ме интересира гама таргеот на калибрацијата или крајнот добиен резултат, незнам дали го пропуштив ова или во финалниот резултат не е наведено?

Фала ти за одличниот напис, иде важна!

Благодарам. Направив неколку мерења при што резултатите беа конзистентни. Имам повеќе извештаи на различни сетинзи и секаде генерално се покажа одлично. Но во право си, сепак калибраторите знаат да имаат варијации од парче до парче. Посебно спајдерите.

Во право си, потполно заборавив за гамата. Таргет е 2.2 и е прилично конзистентна во употребливите граници на мониторот:

gamma 2 benq.jpg
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно