Имам расбери пај за кој во последно време се трудам да најдам креативни примени, и една од работите кои веќе некое време сакам да ја имам е следење на потрошувачката на електрична енергија во живо. За жал сите најави дека ЕВН ќе ги поврзе броилата со некој таков онлајн систем се чинат далечни. Па истражував начини за ова да се изведе со Расбери Пај. И мислам дека најдов (но има некои потенцијални проблеми за кои ќе напишам подолу).
Имено броилата на ЕВН имаат диода која трепка 1000 пати на 1 киловат час, односно еднаш на ват час (види слика, сликата е земена од интернет гугл срч):
Ова одлично се вклопува во еден проект од некој од Англија кој направил вакво нешто:
medium.com
И секако ова како proof of concept би можело да се тестира и со помош на батериска диода, не мора да се поврзува на реално броило.
Единствен потенцијален проблем е дали е ова во склад со условите за користење на броилата. Имено и очигледно ова би вклучило прикачување на надворешен уред и покривање на диодите - кои се некој вид на модификација (ко на сликата од туторијалот):
Ако е ова спротивно на правилата на ЕВН тогаш џабе е иако нели не влијае уопште на процесот на мерење и е според сите логики безопасно, неинтрузивно и единствено помага да си следиш потрошувачка во домот.
Е сега можно е да има уреди кои се прикачуваат на влез на таблата со осигурачи кои би трепкале исто вака и ако знаете такви мислам дека тоа би било подобра опција.
Знам дека има уреди ко осигурачи кои мерат потрошувачка и дури може имаат контакти на кои би можело да се поврзе расбери пај, ама тие се скапи:
Споделете ваши мислења и знаења на оваа тема.

Home Power Monitoring using a Raspberry Pi.
Home electricity usage monitoring using a Raspberry Pi. Plus some shaky maths to find out when we left the heater on.