Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Жалби од Повик за модератори 2019

Статус
Затворена за нови мислења.
S

Sukhoi

Гостин
Сеуште сум. Само тоа е друга сорта на форум. На еден конструктивен член доаѓаат мин. 20 тролови.
Безмилосни сме со казнувањето. Дури и модовите понекогаш добиваат привремени банови за непочитување на правилата.
За разлика од овде таму многу често се користи дугмето "пријави" па кога ќе се логирам ме дочекуваат стотици пријави по кои мора да се постапи.
Со други зборови таму врие од Авиди, Локвани...

Меѓутоа, ова е покомпактен форум односно заедница која содржински можеби е посиромашна но народот е далеку поразбран и поконструктивен во дискусиите и има далеку помала стапка на меѓусебни навреди.

На страна што се измотавам но навостина немам ни време ни трпение да бидам модератор уште еднаш.
Чекај сакаш да кажеш дека нашиот форум генерално гледано е подобар во споредба со хрватскиот? Не сум имал прилика да читам околни форуми, освен англиски и нашиот немам појма како е кај останатите.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Чекај сакаш да кажеш дека нашиот форум генерално гледано е подобар во споредба со хрватскиот?
Во некои делови, да. Содржински овој форум е посирамашен ама некако овдека сме „покомпактни“ и попријателски настроени меѓу себе особено кон луѓе кои не се разбираат.

Нивниот форум односно дискусиите се тесно поврзани со објавите на порталот а на порталот во последниве 3-4 години почнаа да објавуваат „вести“ поврзани со медицина, космос, општество, и сето тоа, као фол, зад маската на поврзаноста на IT технологијата со случувањето во секојдневниот живот.

Има претерано многу испади на национална основа (не им е надминато тоа) им смета се што не е хрватско па така само јас имам доделено над 150 перма банови за тоа што им сметаше што сум македонец :)

Иначе админи, модератори и супер модератори се прекрасни луѓе. Самите новинари, уредници и надворешни соработници. Луѓе вработени во компании како DELL, IBM, Cisco...
И кога ќе напишат тема, напишано е.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Секогаш кога ќе видам пост на Флегма одма читам меѓу редови за да си го најдам никот. Во секој трет пост што се вели си го наоаѓам.
И во тој момент добивам некое мало чувство на еуфорија.
Како прав, вистински трол, гладен за внимание, со успешно завршена мисија.
 
Изменето од модератор:

Uber-

hello world
23 август 2017
200
211
Скопје
Те читам и се прашувам што всушност ти сакаш?
1. Да бидеш модератор и да бидеш строг и непристрасен и да казнуваш за се и сешто бидејќи ти така се изјаснуваш во своите ставови
2. Да бидеш Q/A Тестер? Пошо си се пријавил да тестираш некои шеми или незнам што

Ако воошто не си сакал да бидеш модератор незнам која ти е потребата да правиш галама. Секаде во светот има поделеност, едни добиваат, други губат, едни се жалат, други си гледаат работа.

А тоа што викаш има членови што никој не ги знае, немаат мислења итн, еве јас сум еден од тие “интровертни“ членови зачленет во август 2017, си гледам работата и го користам форумов како средство за информации за што и е наменет овој форум. Не значи дека луѓето како мене немаат право на глас, нели тоа наликува на дискриминација?

Според мене требаше да се укине регистрација на нови членови во периодот на гласање и гласањето да трае не повеќе од 3 дена и сите членови(или сите што имале барем едно мислење во последниве 15-20-30- х денови) да добијат нотификација за изборот а другите ако го видат - го видат, секој што го користи форумов барем на 10 минути дневно го отвара. Јас го видов пред 5 дена и си гласав за тројца - Шифти, Корун, и за тебе Костиган. Нит ве знам, нит ме знаете, ниту пак ќе се запознаеме со било кој од вас или било кој друг од форум освен секција огласи поради неопходна тет-а-тет комуникација.

Како и да е, и да беше тоа направено, ако некој сака да намести избор (не зборам за администрација) може да зборува со било кој член и да го замоли да гласа за него нели? А веќе кога станува збор за местење од страна на администрацијата, реално даваат модераторство што е волонтерска работа, не даваат плата или субвенции, бонови, ваучери или незнам ти што друго, не верувам дека би се замарале, сепак не е ова детски форум, форум од посериозен карактер е нели?

Честито до новите заштитни лица на ИТ форумот, со среќа!:hay:
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Секогаш кога ќе видам пост на Флегма одма читам меѓу редови за да си го најдам никот. Во секој трет пост што се вели си го наоаѓам.
И во тој момент добивам некое мало чувство на еуфорија.
Како прав, вистински трол, гладен за внимание, со успешно заршена мисија.
Твојот и аватарот од Локван ги имам како позадина.
Ако ти е утеха ти си ми баш онака.. симпатичен трол.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Можело да се гласа за модератор? Каде тоа? Зошто јас не забележав анкета?
 

goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Можело да се гласа за модератор? Каде тоа? Зошто јас не забележав анкета?
LOL, јас пак се прашував зошто не си се кандидирал за модератот, освен ако не тролаш, а ти си бил во подрум.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
LOL, јас пак се прашував зошто не си се кандидирал за модератот, освен ако не тролаш, а ти си бил во подрум.

Помислив да се кандидирам, ја отворив формата и почнав да ја пополнувам. Кога требаше да напишам зошто би сакал да с екандидирам се сетив дека уствари ќе немам доволно време. Сето време кое го имам го трошам на она што најдобро го знам, па сфатив дека не би бил погоден како модератор at this time. Можеби некогаш во иднина. Сум модератор на други форуми и веќе мислам да ја отстапам таа улога на некој друг, поради немање време и веројатно неисполнување на очекувањата за расположливост во текот на денот од претпоставените.

Не, немој Астро... зезаш!?

Не зезам брат. Не ми е лесно периодов.

Трае ли уште гласањето? Можам ли да гласам? Не знам ни кој се имаТ пријавено.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Трае ли уште гласањето? Можам ли да гласам? Не знам ни кој се имаТ пријавено.
Се е завршено освен плачењето на Костиган (чекај да го тагнам, вика се плашат луѓето од тагови, им збореле зад грб @costigan_j е не работи нешто тагов на едит може затоа што сум преку тимвјуер некогаш вака ме зеза @Costigan_Jr а еве го се појави нешто се багнуваат поддршкиве за пишување кога си преку тимвјуер и на вибер праи проблеми исто има некое багче малку да не отидов од темава океј?„?„?!!?!?), прочитај ги ако сакаш двеве теми... оваа во која што си сега и оваа
Нови модератори 2019 [Завршено]
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Да сме живи и здрави, честитки до @shifty и @M.Pix

Ме чуди како е можно да не ја видам темата освен ако од некоја причина е сокриена од мене? А да ти кажам право, имам чувство дека не ги гледам сите теми на форумов.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
@Fatal1ty_ бидејќи на форумов малку се изместени дефинициите, новиве двајца во суштина се супер модератори, односно може да бришат, едитираат итн. на сите теми во сите под-форуми на форумов, така?
Да сме живи и здрави, честитки до @shifty и @M.Pix

Ме чуди како е можно да не ја видам темата освен ако од некоја причина е сокриена од мене? А да ти кажам право, имам чувство дека не ги гледам сите теми на форумов.
И јас имам некое такво чувство, лесно се пропушта некогаш од десна страна тоа, како да има некое багче...
Но мислам дека така се погаѓа, некогаш има многу нови мислења (а и теми), и ако го отвориш само 2 пати форумов во текот на денот, може да не ти се појави од десна страна..
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Честито до двајцата нови модератори. Сега кога заврши јас ќе кажам дека гласав за @shifty , @JunkieMKD и место korun стиснав на steff ама и двајцата се ок така да нема грешка.

@M.Pix не сум го приметил како активен член, ама сеедно можда не гледаме исти теми. Со лесно да е. Честито и на @Sharlovski за колективната работа на табу подфорумот со @Metuzalem (јака ви душа, искрено).

И мислам то, @Costigan_Jr не верувам дека некој мешал прсти и правел заговори (особено за неплатена работа на ИТ форум), тоа е мое мислење. И секако ова не би бил нашиот ИТ.мк ако немаше драма, така да све је исто ко и пре.
 

gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
Што треба да направам за да на следните избори и јас бидам модератор?
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.786
33.902
roka.mk
Бидејќи авторот нема време да не одостои со негов финален одговор, или можеби само нема аргуемени па се плаши.
Темата иде под клуч.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно