todorovtony
read-only
- 2 ноември 2009
- 7
- 0
Зошто Александрија? претпоставувам секој матурант што планира да продолжи информатика се соочува со овој проблем/дилема. Исто и јас, би ви бил благодарен доколку ми помогнете со ова.
Аналогно на ова, и кој сака професор да ти објаснува, доколку не сакаш да научиш, џабе ти е.Ако си доволно неспособен за да дипломираш на соодветен факултет, тогаш ќе се запишеш на курсеви во некое школиче кое самото си се прогласува за Академија и каде со 100% ќе добиеш парче хартија без разлика дали си научил или не си научил и без разлика дали си способен или не.
Зошто Александрија? претпоставувам секој матурант што планира да продолжи информатика се соочува со овој проблем/дилема. Исто и јас, би ви бил благодарен доколку ми помогнете со ова.
Неколку финални одговори од интервјуата за работа на кои сум бил:
Џонсон Контролс:
„Во ред е тоа што имате завршено во оваа школа тие 2 годишни професионални студии како ги нарекувате вие, меѓутоа кандидатот за работно место во нашата компанија(Систем Администратор) би требало да има завршено високо образование“
Прокредит Банка:
„Ве известуваме дека вашето образование не соодвествува за нашите потреби. Ви благодариме што се пријавивте на изборот(интервју за работно место Систем инженер)“
Да не ги набројувам Македонски телеком, Космофон итн...
Имам завршено во Александрија за Компјутерски мрежи (сертификати MCSE, CCNA/CCNP, Linux+).
Моментално сум запишан вонредно на факултет за информатика баш поради овие одговори од интервјуата.
Александрија е многу добра школа да се заврши после факултет на пример или ако одите на работа во странство.Со дипломата од факс и сертификатите што ќе ги стекнете после Александрија ќе бидете многу поистакнати од другите при интервјуа селекција на кандидати итн. Но најважно е знаењето, нормално.
Dodeka vo cel svet se bara znaenje, kaj nas seuste se bara fakultetska diploma.
хмм не сум сигурен кај нас дека се бара знаење сеуште, кај нас не ни треба да имаш завршено факултет за да работиш на некоја голема позиција, имам повеќе примери некој со завршени два факултета работи во трафика некој во продавница... само ќе кажам џабе ти е факултетот ако немаш јаки врски
Јас до сега сум работел само по приватни фирми. Меѓудругото сум бил присутен и при процес на селекција на кадри. Прв филтер на CV-ата, т.е. потенцијалните кандидати кои ќе бидат викнати на разговор беше според образвоание. Оние кои беа без факултетско образование мандатно завршуваа во канта, останатите се разгледуваа и се вршеше првична селекција на кандидати кои ќе бидат викнати.
изгледа и ова е многу битно :ua:,а ај кажи ми гојдо кој ќе сте викнеле на интервју,човек со средно и со минимум 5 год. искуство во таа област,или човек со фак. и никакво искуствоБи сакал да те прашам, дали се правело и селекција на приватен или државен завршен факултет? (чисто информативно)
Не постои приватен ЕТФ.Би сакал да те прашам, дали се правело и селекција на приватен или државен завршен факултет? (чисто информативно)
Прво зависи какво искуство(растоварање шлепери и проектирање не е исто). А второ зависи за која позиција. За некои позиции се бараа кадри без никакво искуство, што би се рекло не-форматиран хард-дискизгледа и ова е многу битно :ua:,а ај кажи ми гојдо кој ќе сте викнеле на интервју,човек со средно и со минимум 5 год. искуство во таа област,или човек со фак. и никакво искуство
Не постои приватен ЕТФ.
напишав дека ќе има искуство во таа област за која сте барале човек,еве пример систем администраторНе постои приватен ЕТФ.
Прво зависи какво искуство(растоварање шлепери и проектирање не е исто). А второ зависи за која позиција. За некои позиции се бараа кадри без никакво искуство, што би се рекло не-форматиран хард-диск![]()
Еве почуствував дека и јас треба да придонесам на темава.
Прво генерално за Александрија сум чул дека се релативно попрофесионални од другите во МК (а веројатно и најскапи). Се сложувам дека знаењето кое може да се стекне таму може да се стекне бесплатно и на интернет. Разликата сепак е сертификатот кој исто како и факултетската диплома кај апликациите на одредени работни позиции може да создаде предност за кандидатот (на пример фирми за веб дизајн или програмирање). Исто и според мене, генерално тој сертификат не вреди 1000-2000 евра. Ама пак ќе речам може да биде полезен па дури и за луѓе кои сакаат да најдат работа во странство (да послужи како почетен индикатор за кандидатот кај работодавецот или властите за имиграција).
Што се однесува до вработувањето во МК, можам да кажам дека исто сум бил во панел за избор на кандидати во странска организација и во приватна фирма (година дена на позиција асистент за човекови ресурси). Ситуацијата не е оптимистична, посебно кога станува збор за објективен прием на кадри. Порано беше поинаку но денес според мене примарен критериум е препорака односно врски во било кој сегмент од стопанството вклучително и големи интернационални компании. Џонсон контролс и Џонсон мети примаат кадри преку интерни контакти кои често се поврзани со влада. Доколку никој не може да им обезбеди кадар со потребната квалификација, тогаш се обраќаат до познатите посреднички агенции за работна сила како што е Декра (со нив работи Џонсон мети) или HR агенцијата на Сивус и слично и обично таквите кандидати, доколку ги имаат во базата на податоци овие агенции одат на интервју директно независно од задржувањето на формата односно оглас кој најчесто оди про-форма покасно со цел да се исполнат законските обврски. Џонсон мети вработи мој пријател кој се стекна со едукација во САД во одредена област а беше повикан и без да знае дека тие бараат кадар од една посредничка агенција и сега е вработен во оваа компанија (значи објективно вработување силом прилике). Џонсон контролс прими двајца луѓе во сметководство по препорака на луѓе од машински факултет со кој имаат тесна соработка. Команиите секогаш настојуваат да остварат солидна соработка со владата на многу полиња што остава простор за влијание во кадровските решенија.
Банките кои се мошне атрактивни работодавци во МК се разбира вршат прием врз база на неколку критериуми и тоа:
- препораки од комитенти кои имаат големи средства на нивните банкарски сметки (знам за случаи кога голема фирма префрла средства на новоотворена сметка во банка заради вработување по нивна препорака
- платен надомест на раководители и директори од неколку илјади евра за вработување
Многу ретко примаат врз основа на објективни критериуми (не сум чул за нешто такво одамна).
Странските организации многу ретко вршат прием на кадар без препорака од локалниот тим кој веќе добро се укотвени во нивните редови па дури се знаат работи како на пример кое лоби каде влијае. Влашкото лоби е многу силно кај британските организации и проекти, постоечкиот тим на лидери на проекти дава сугестии за вработување на кадар во иституциите и проектите на обединетите нации итн.
Знам за човек кој заврши финансиски менаџмент во банкарскиот сектор во Брисел и не можеше во МК да најде работа скоро 2 години па сега е во странство. Девојка која заврши постдипломски студии на Харвард сега работи во невладина организација за плата од 23000 денари месечно и се вработи преку познат човек неколку месеци по магистрирањето.
Но сепак човек не треба да се откажува и обесхрабрува. Иако нивниот број е многу мал, објективните вработувања сеуште постојат и само тие целосно се базираат на искуство и образование. Секое дополнително знаење стекнато во процесот на образование е добредојдено и може да помогне, посебно доколку е сертифицирано. Кога гледате некој оглас секогаш размислувајте дали знаете некој кој барем може да ве информира за позицијата и работодавецот.