Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Знаете ли како EVN ве краде? Еве како.

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Еве ги пак овие досадниве што критикуваат а не се овластени да коментираат... :rolleyes:

 

kirev

senior
31 мај 2010
9.033
7.705
Ние што сме овластени да коментираме нѐ нервираат сите оние што не се
 

bristlebac

hello world
21 декември 2020
319
839
Skopje
www.youtube.com
Секогаш сум со редовно плаќање 3 или 4к , џабе приговор, викаат се насобрало, како да излезеш на крај незнам. Изгледа плаќаме сметки за други лица....

Screenshot 2025-04-16 001315.png
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507

Joco Ilievski

lurker
24 август 2011
637
621
Тетово
Joco Ilievski's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 5700x3D & Arctic Liquid Freezer III 420
Motherboard
Asus ROG Strix B550-A Gaming
Storage
Samsung 980 PRO NVME m.2 / Samsung EVO 850 250GB / Toshiba 2TB HDD
PSU
Gigabyte P850GM 850W, 80 PLUS GOLD
RAM
Kingston 2x16GB @ 3200Mhz
Video card
Sapphire RX 7700 XT Pure 12GB
Case
Deepcool CH690 Digital
Mouse
Attack Shark X3 Pro
Keyboard
Ajazz AK820 PRO + Pudding Keycaps
Audio
Genius GX SW-G 2.1 1250
Monitor
Benq EX3710Q Mobiuz 165Hz + Dell U2414H 60Hz
OS
Windows 11
Дали имате проблем со плаќање на сметка онлајн?
Втор ден више пробуам да платим ми вика „Неуспешно, 3D-Secure верификација неуспешна“
Мислим дека е од нивна страна проблем, не од страна на банка, т.е. стопанска
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Дали некој ќе ги плати штетите од вчерашните пожари? Голем дел од нив се предизвикани од далноводите.
Ако се утврди дека не биле одржувани како треба или биле нешто неисправни и поради тоа се случило пожар (и тоа требаа да се докаже), може да се тужи Мепсо и да се бара надомест на штета. Инаку потпаѓа под vis major и чорба.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
18 август 2019
1.213
1.184
Ако се утврди дека не биле одржувани како треба или биле нешто неисправни и поради тоа се случило пожар (и тоа требаа да се докаже), може да се тужи Мепсо и да се бара надомест на штета. Инаку потпаѓа под vis major и чорба.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Лесно е дасе утврди дека не се одржувани. До пред двее недели кај мене гранки беа испреплетени со жиците (сега ги очистија). За докажување дека тие се причина ќе биде потешко. Пред неколку години неколкумина сведоци тврдеа дека виделе како жиците фрлаат пламен пред да настапи пожарот, ама на крај конечниот заклучок беше дека нема докази. Врана на врана очи не вади, тука е проблемот.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.684
3.777
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Пак овие Експертиве....
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Пак овие Експертиве....
Јак текст, полн со гаслајтинг и ад хоминем моменти ама со малку суштина.

Остајте ги кои се луѓето, дали имаат политички мотиви, и слично... Тоа е секундарно (или небитно), кога некој критикува со аргументи - треба аргументите да се критикуваат (демантираат со контрааргументи). Не коментаторот да се дискредитира на лична основа додека аргументите им се игнорирани. Тоа е дефиниција на ад хоминем, и смешното е што се дешава јавно и на вака високо ниво.

Сржта на критиката на оваа група е нешто со што сите сме оштетени: Фактот дека ЕВН паушално ни наплаќаат сметки и со тоа нѐ ставаат во повисоки тарифи дури и кога не треба да бидеме таму.

Значи прочитајте ја уште еднаш последната реченица: ЕВН паушално ни наплаќаат сметки и со тоа нѐ ставаат во повисоки тарифи дури и кога не треба да бидеме таму.

На кој нормален човек му одговара да го крадат?
Кој кyp ме боли мене кои се тие луѓе во таа група и какви експерти се или не се. Они не наметнуваат статус, они презентираат јасна теза со јасно посочени аргументи. Главниот аргумент им е дека „законитоста на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија, тврдејќи дека е спротивен на член 185 став (2) од Законот за енергетика.“

Тоа треба да се гледа и да се демантира. Не кои луѓе се во групата, дали имаат политички мотиви и секакви други НЕБИТНИ РАБОТИ кога се дискутира за легалност на акти и оштетување (крадење) на граѓаните. И тоа граѓани кои се оштетуваат и со тоа што плаќаат и за крадците од УЧК села и региони кои до денес сеуште не плаќаат струја ни други режиски трошоци. Сето тоа ние го плаќаме па уште и ЕВН не краде и со незаконски регулативи со кои не бутаат во повисоки тарифи затоа што не читаат бројчаници туку паушално наплаќаат.
Мислењето е автоматски споено:

Овде ние обичните треба да даваме поддршка за работи кои се во наш интерес. Не да потпаѓаме на пропагандни писанија по медиуми. Извинете ме на „францускиот“ ама навистина се нервирам па еве уште еднаш: Кyp не ме боли мене кои се тие луѓе во таа група и какви експерти се или не се, и дали се и во која партија се. Тоа што го буткаат е спречување на ЕВН да нѐ краде нас обичните луѓе. Така да тоа е во наш интерес а ако они во групата имаат некаков друг „ќар“ од истата работа? Сеуште ме боли онаквото. Да си го гледаме нашиот интерес.
 
Последна промена:

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.684
3.777
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

DrMTR

senior
27 март 2014
7.921
8.414
Ем не плаќаат ем се бунат:
Исто како браќата од Арачиново. Тоа е тој ков. Ке плаќа каурот и за нив.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
„Ова е срамота... Мислат дека сме ги тепале или провоцирале. Тоа не е точно.“
Хаха... Кои имбецили. Тие од ЕВН мислеле дека биле тепани ама тоа не било точно. Монти Пајтон гомна да јадат, овие ИРЛ прават скечови. :)

Завчера случајно решив преку обиколница да се вратам дома, да го издувам малку моторот на поголеми РПМ... Не ми беше јасно откаде толкави гужви на раскрсницата со Словенечка, после разбрав дека цел град бил заглавен заради овие мамлази. Уствари добро што оттаму тргнав, да идев по стандардна рута ќе заглавев со часови на пластичарска улица.

Абе ќутек треба, специјалци со транспортери... упс, заборавив дека веќе немаме транспортери (Украина ги користеше цели 5 минути пред бидат уништени)... ОК. Треба специјалци на точаци да дојдат и да ги сотрат од ќутек. Потоа ЕВН да влезат, да наместат сатови надвор И КАМЕРИ да снимаат.

Не да оставаат шака мамлази да го тероризираат цело Скопје.
Исто срање беше со Циганите кај Вардариште. Ненормални работи, и нив ги толерираат наместо да ги решат по (нај)кратка постапка.


Од ЕВН за Канал 5 велат дека не станува збор за намерно исклучување туку за дефект до кој дошло поради долготрајните и неконтролирани кражби на струја од страна на жителите. Од компанијата појаснуваат додека проблеми ќе има додека мрежата целосно не се реконтруира бидејќи нелегално на струја се приклучени 70 проценти од овој регион, а редовно плаќаат само 60% од оние што се легално приклучени.

„Веќе подолг период, жителите на улиците „Исмаил Кадаре” и „Кумбара” го спречуваат проектот за реконструкција на мрежата и дислокација на броилата. На екипите на компанијата постојано им се упатуваат вербални закани, со што во целост им се оневозможува функционирањето. Се додека екипите немаат пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, ќе биде невозможно да се санираат дефектите.“

...


Ние плаќаме струја, а сега има прекин. Не знаеме зошто. Јас сум праведен. Точно е дека нема броила надвор во Серава, дојдоа ЕВН и Директорот за да ги ставаат броилата (саатите) надвор и рековме „ставете ги надвор броилата, но не да ни доаѓа струја по 30.000“ ...Во Швајцарија е 100 евра струјата, 6000 франци платата, а во Севара, во Македонија, 400 евра плата, а 300 евра струја, како да се плати?“
Мислењето е автоматски споено:

Ало... 70 проценти се нелегално приклучени на струја! А од оние што се легално приклучени, плаќаат само 60% !!!

Практично само третина се легално приклучени а и од нив скоро половина не плаќаат. Крајно дали ~15% плаќаат струја (за која нормално ние мнозинството им плаќаме) ... И уште се жалат на услугата и цел град го тероризираат ММЕ.


Абе јас како мечка да раѓам беше голготата со ЕВН за добивање дозвола за приклучок на мрежата (за викендица). Па ме одбиваа, па морав да се жалам до РКЕ, па пак ме дриблаа со немање услови за работа, итн... Години поминаа, милион барања и поплаки, куп контакти и услуги, па додека конечно добив приклучок. ЗА РЕГУЛАРНО ДА ПЛАЌАМ.
Еј а овие крадциве со децении не плаќаат ништо па еве и цел град го тероризираат. Цел град кој факинг плаќа ЗА НИВ.


Не се криви они. НИЕ СМЕ КРИВИ.
Досега требаше спонтано да има собири и бесење за јајца на одговорните. Трпиме и еве што ни се случува како последица.
 
Последна промена:

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.693
3.333
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Од ЕВН не им поправаат намерно дефеци, или ќе им создадат, и после тоа ќе им ги рокнат струјомерите на бандера наместо во домовите :) Паметен потег, и ќе почнат сите да плаќаат.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK

КРАДАТ СТРУЈА, ГО РАСИПАА ТРАНСФОРМАТОРОТ, ПА ПОЧНАА СО БЛОКАДИ! Екипите немаат пристап да ја поправат мрежата, предупредува Електродистрибуција​

Веќе подолг период, жителите на улиците Исмаил Кадаре и Кумбара го спречуваат проектот за реконструкција на мрежата и дислокација на броилата. На екипите на компанијата постојано им се упатуваат вербални закани, со што во целост им се оневозможува функционирањето, велат од Електродистрибуција за Плусинфо.​

Помала група жители на населбата Серава денеска ја блокираа улицата Никола Карев, позната и како Пластичарска улица, затоа што од неделата немаат струја. А немаат, затоа што со години неконролирано крадат струја, па им се расипал преооптоварениот трансформатор.

„Дефектот во населбата Серава настана на 21.12.2025 (недела) како резултат на долготрајните неконтролирани кражби на електрична енергија од страна на жителите, а воедно и континуираните спречувања на екипите на Електродистрибуција во вршењето на работните активности за одржување на мрежата. Веќе подолг период, жителите на улиците Исмаил Кадаре и Кумбара го спречуваат проектот за реконструкција на мрежата и дислокација на броилата. На екипите на компанијата постојано им се упатуваат вербални закани, со што во целост им се оневозможува функционирањето“, велат од Електродистрибуција за Плусинфо.

Сè додека екипите немаат пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, ќе биде невозможно да се санираат дефектите, кои ќе продолжат да се појавуваат и во иднина како резултат на преоптовареноста од нелегалните приклучувања, предупредуваат од Електродистрибуција.

На собирот денеска присутвуваа околу 50 граѓани. Поради блокадата, сообраќајот на булеварот Никола Карев беше целосно пренасочен во двата правци, што предизвика застои и отежнато движење во овој дел од градот.



Мислењето е автоматски споено:

Навистина ненормално е што ова се случува, па уште и се толерира „протестирање“ каде шака крадци цел град го држат заложник затоа што им барале да не крадат.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.033
7.705
Процедурално: БУЛЕВАРОТ НИКОЛА КАРЕВ Е НАЈГОЛЕМИОТ БУЛЕВАР ВО СКОПЈЕ И Е ИМЕНУВАН ПО ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ. И ПРОДОЛЖУВА ВО БУЛЕВАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ.

А НЕ Е ПОЗНАТ КАКО ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА.

(Еб*те уредниците.)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Пластичарска го викаат делот со продавниците (за пластика).
Како и да е и јас сметам дека тоа е недостоен булевар за Карев. Рибар требаше да биде Карев.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.033
7.705
Пластичарска го викаат делот со продавниците (за пластика).
Како и да е и јас сметам дека тоа е недостоен булевар за Карев. Рибар требаше да биде Карев.
Ама не е. Ова е Булевар НИКОЛА КАРЕВ :) Мислам има комисија за именување на улиците на Град Скопје па може новинариве таму да побараат да го сменат името во Пластичарска наместо што лупетаат.
 
18 август 2019
1.213
1.184
Од ЕВН не им поправаат намерно дефеци, или ќе им создадат, и после тоа ќе им ги рокнат струјомерите на бандера наместо во домовите :) Паметен потег, и ќе почнат сите да плаќаат.
И ќе почнат од бандера пак на диво да си приклучуваат. Кога нема мачка (држава) глувците оро играат.
А НЕ Е ПОЗНАТ КАКО ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА.
Кај народот е позната како Пластичарска улица. Без разлика кое е официјалното име.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Ама не е. Ова е Булевар НИКОЛА КАРЕВ :) Мислам има комисија за именување на улиците на Град Скопје па може новинариве таму да побараат да го сменат името во Пластичарска наместо што лупетаат.
Тие лектор немаат на платен список, ти бараш фактички да им се точни имињата на улиците. :-/
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.033
7.705


Кај народот е позната како Пластичарска улица. Без разлика кое е официјалното име.
Тоа е кусо парче од булеварот. И не може цел булевар да се вика како 100 метри. И не може во вести да се користи неофицијално име.

НИКОЛА КАРЕВ. Да се запамти
 
18 август 2019
1.213
1.184
Тоа е кусо парче од булеварот. И не може цел булевар да се вика како 100 метри. И не може во вести да се користи неофицијално име.

НИКОЛА КАРЕВ. Да се запамти
Некој одлучил да се вика НИКОЛА КАРЕВ. Не го прашал народот. Утре друг ќе одлучи да се вика ЗОРАН ЗАЕВ. Пак нема да биде прашан народот. Народното име ќе си остане ПЛАСТИЧАРСКА. Мнозинството го користи тоа име.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.033
7.705
Доволно беше. Според споредбава јасно е нивото - ај што не знаеш кој е Никола Карев ама и не знаеш како функционира општеството…

Патем, не знам дали во Паланка сте имале интернет во 2019г.
 
Последна промена:
18 август 2019
1.213
1.184
Ако знаеш кој е Никола Карев, кажи зошто го нема во химната.

А тоа што некој менува имиња на улици без да го праша народот е сосема друга работа. Никој не ги прашува жителите кои живеат на таа улица.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв