Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.832
4.554
Неготино
Ауу што направи со купатилата ,ако главното купатило е 2x1.55 , колку е гостинското :sneaky:
Гостинското е 155 на 90.
Големото е 2.55 х 1.7, моја грешка. Внатре ќе има само шоља, лавабо, огледало и бања (параван). Нема да има бојлери, перални и такви работи таму, ама како и да е, не е тоа прашањето, нема да седиме внатре и да гледаме филмови.
 
Mar tiN

lurker
2 јануари 2014
923
679
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-12400F
Motherboard
ASUS PRIME B660M-A D4
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus M.2 + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston HyperX FURY™ 64GB
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
OS
Windows 11 Pro x64
Гостинското е 155 на 90.
Големото е 2.55 х 1.7, моја грешка. Внатре ќе има само шоља, лавабо, огледало и бања (параван). Нема да има бојлери, перални и такви работи таму, ама како и да е, не е тоа прашањето, нема да седиме внатре и да гледаме филмови.
Грејач и Радијатор , разгледај ја и оваа опција .
 
FikanA

hello world
3 април 2025
358
500
Средe никаде...
Гостинското е 155 на 90.
Големото е 2.55 х 1.7, моја грешка. Внатре ќе има само шоља, лавабо, огледало и бања (параван). Нема да има бојлери, перални и такви работи таму, ама како и да е, не е тоа прашањето, нема да седиме внатре и да гледаме филмови.
За гостинското мислам дека нема потреба да се каже, али нема потреба да се грее.
Дури тие што имаат премногу пари, не трошат пари на греење на гостинско вц.

За големото земи си некое поголемо регистерче, и некое малце појако грејаче. 600W може да е малце во завист од како го користите, ако ставате многу пешкири на регистарот или ако има голем прозор, на север итн.
Грејач и Радијатор , разгледај ја и оваа опција .
Ајде кај и да е ќе ставиме екрани и на тушевите да ни чита притисок температура на вода и дали добро сме се замиле под мишка..
 
На југ е, а пешкири нема да се сушат на него. Ќе разгледам бидејќи не се разбирам во овие работи, фала.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.263
5.613
Скопје
Дечки, прашав одамна предлог за константно греење во купатило, ми беше препорачано едно ко радијаторче од 10000 мкд.

Оттогаш помина доста време и еве сега почна да се прави, па на крај излезе да се прават две, едно гостинско мало и едно купатило, кое ќе биде 2м х 1.55м.
Дали истото се препорачува за КОНСТАНТНО греење во зима или да одиме со нешто друго? Tnx.
Земи еден регистер за таа површина и мислам дека ќе ти биде доволно.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.435
1.663
Некој да сподели искуства со вградени фрижидери?
Дали имаат проблеми со ладење (поточно прегревање, поради тоа што се затворени), некој конкретен модел да сте задоволни?
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.668
3.236
Некој да сподели икуства со вградени фрижидери?
Дали имаат проблеми со ладење (поточно прегревање, поради тоа што се затворени), некој конкретен модел да сте задоволни?
Интересно прашање, посебно ако се гледа низ призмата на значењето во твоето фриготехничко име на форумов :)

Ок, онтопик: добро си го лоцирал потенцијалниот проблем.
Обично, при монтирање/вградување на таков фрижидер, потребно е да има простор за природна вентилација и проток на воздухот, за да се одведува топлината што настанува при нормална работа на фрижидерот.
Имам таков фрижидер, и сега-за-сега, не појавил проблем, ама релативно кратко време го имам.

Едит: исправка на печат(е)ни грешки.
 
Последна промена:

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.041
1.851
Скопје
Некој да сподели искуства со вградени фрижидери?
Дали имаат проблеми со ладење (поточно прегревање, поради тоа што се затворени), некој конкретен модел да сте задоволни?
си идат овие со упатство за монтирање (ок сите идат де и обичните) .. така да дур столарот/мајстрите го зимаат тоа во предвид нема проблем. Обично си идат и маски/решетки (за горе/доле) каде би требало да има луфта повеќе простор за да може да струи воздух.
И тоа провери си дал ти се уклапа во дизајнот пример, неможе да го затвориш скроз, ил треба да има некаква луфта ако имаш маска напред и сл.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.435
1.663
да, разгледав дека мора да има простор над/под/позади него.. така да дефинитивно со столарот ќе биде испланирано да има добар проток на воздух.

Она што повеќе ме секира е квалитет на механизмите за вратите и како би идело кога ќе дојде ред да се сервисира.. изгледа по-комплицирано од standalone фрижидер.

@petkotrajko кој модел на фрижидер имаш ?
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.668
3.236
да, разгледав дека мора да има простор над/под/позади него.. така да дефинитивно со столарот ќе биде испланирано да има добар проток на воздух.

Она што повеќе ме секира е квалитет на механизмите за вратите и како би идело кога ќе дојде ред да се сервисира.. изгледа по-комплицирано од standalone фрижидер.

@petkotrajko кој модел на фрижидер имаш ?
Искрено, не знам кој бренд е (ќе можам да видам за неколку недели ко ќе појдам во тој стан).
Ама брендот веројатно нема да ни биди познат за нас (или барем мене) на ова поднебје, пошто станот е во друга држава.

Во секој случај, сепак би ти препорачал да разгледаш опција за монтирање на „нормален“ фрижидер - пошто кај овој „вградениот“ ќе имаш загуба на корисен волумен, споредено со „нормалниот“.
Има доста интересни бои на фрижидери во денешно време, па ако ептен не е нож до коска да мора да е вграден, и да е со врата како остатоко од кујната - одбери некој од палетата на интересни фрижидери.

И, да не заборавам: каков и да купиш, гледај да е NO FROST технологија.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно