Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

fcwizard

hello world
26 март 2018
62
69
Екипо, ајде предлог:

На горен спрат кај мене ќе правам купатило, конечно после 30 години.
Е сеа, малку е одделено од другите соби и моментално не е изводливо да врзам и таму мало радијаторче бидејќи е комплицирано за изведба.

Што би ми предложиле за греење, ама константно 24/7? Некој вид панелка? Малку ми е ризик да не стане нешто бидејќи сакаме константно греење.
Ќе биде некои 7 - 8 квадрати.

Tnx.

1-1.jpg
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Фала. Изгледа интересно, иако соленко е малку.
Прифаќам и други предлози, сепак има време додека стигнеме до ова.
се прави истото со регистар за парно плус грејач (продаваат ваквиве фирми) .. сеа исрено незнам колку е разлика во термостатите контролата
инаку +1 за ова од мене, јас користам дома само атлантис ил како беше француската фирма. За разлика од овие со обичен грејач/термостат .. кај мене има некој екстра функции контролата у стил да грее макс 2 саати секој 24 часа (пример ако се бањаш во исти термини секој ден). Или опција за сушење пешкири, што исто појачува 2 саати греење па си се враќа на регулација по термостат.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Екипо, ајде предлог:

На горен спрат кај мене ќе правам купатило, конечно после 30 години.
Е сеа, малку е одделено од другите соби и моментално не е изводливо да врзам и таму мало радијаторче бидејќи е комплицирано за изведба.

Што би ми предложиле за греење, ама константно 24/7? Некој вид панелка? Малку ми е ризик да не стане нешто бидејќи сакаме константно греење.
Ќе биде некои 7 - 8 квадрати.

Tnx.
А подно греење на струја би ти вршело работа ако не е поставена плочката сеуште?
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино

Би вршело работа, ама неколку мајстори ми рекоа дека не било изводливо и убаво подно греење во купатило. Причина.. Не знам.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Би вршело работа, ама неколку мајстори ми рекоа дека не било изводливо и убаво подно греење во купатило. Причина.. Не знам.
Поима немам зошто, можеби бидејќи нема логика да сушиш пешкири на под, ако имаш таква потреба?
Овде во станов каде што сум под кирија моментално во Виена има подно греење во купатилото и има големо огледало кое исто така е греено. И тоа зрачи топлина и на растојанија до метро ипол и плус не се замаглува воопшто, ама тоа е за к/ташак правено, кој знае колку е скупо. Али подното греење е фантастична работа, многу е пријатно.
 
Krk198

hello world
14 септември 2016
339
306
Krk198's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 - Wraith Stealth Cooler
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE AM4
Storage
Gigabyte SSD 256GB / WD HDD 2TB
PSU
550W Deepcool DN550 80Plus Black
RAM
8GB DDR4 3200Mhz Kingston CL16 HyperX Fury Black x 2
Video card
XFX GTS XXX Edition RX 580 4GB OC+
Каде можам да најдам филтер за Blueair Blue 511i Max прочистувачот?
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
757
1.171
Чим правиш купатило, обавезно стави вентилатор за да исфрла нанадвор. Ние се каеме што заборавивме.
 
15 септември 2012
1.157
1.299
Екипо, ајде предлог:

На горен спрат кај мене ќе правам купатило, конечно после 30 години.
Е сеа, малку е одделено од другите соби и моментално не е изводливо да врзам и таму мало радијаторче бидејќи е комплицирано за изведба.

Што би ми предложиле за греење, ама константно 24/7? Некој вид панелка? Малку ми е ризик да не стане нешто бидејќи сакаме константно греење.
Ќе биде некои 7 - 8 квадрати.

Tnx.

Најди мајстор што ќе го направи тоа „неизводливо“-то и „комплицирано за изведба“.
Во градежништво нема ништо неизводливо, само прашање на пари е колку сакаш да платиш.
Ако имаш постојно топловодно греење, глупост е да правиш втор, паралелен систем. Глупост и скапо. Скапо и непотребно.
Позиционирај го новото купатило вертикално над постојното и тоа ти е наједноставно. Довод, одвод, вода, канализација, електротехника, топловодно греење, изолација, одржување...
 
Довод и одвод се извадени. Не е скроз над постоечкото, туку некаде на средина.
За греењето не е проблем и ова погоре да го земам, иако е 10000 ден, после ќе го извадам и ќе го ставам во долното купатило бидејќи таму нема никакво греење (не сакаат да стават, а има потреба).

За парно, моментално е преслаба печката или нешто друго е проблем, не можам да откријам.

Значи, моментално надвор е -1, дома едвај стига 20 степени, 3 соби по 15 квадрати, 3 радијатори по 160цм. Немаат ѕидовите изолација.
Алфа плам печка на дрва, термостат наместен на некои 58 - 60 степени. Не знам дали треба да се намести на повеќе или на помалку.
И лани вака беше со греењето, пуштавме и клима по малку за да стигне 23 - 24 степени. Сега па и со бебе, ич не сакам да го мрзнам.

Ако додадам дополнителни бакарни цевки, треба да одат преку уште една доградба која се планира, па да се стигне до купатилото. Сега за сега за жал ова не е изводливо.

Ќе се распрашам пак и за подното.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK

Без навреда ама подно греење во тоалет мислам дека ти е последен проблем за решавање.

Проблемов ти е за онаа темата за греење/клими ама накратко:
  • имаш големи топлотни загуби
  • печката или не чини или не ја гориш 24/7 (класично сценарио, бара посветен ложач на пр. дедо без обврски)
  • со мало дете ти треба константна температура, ама со печка (и со големи топлотни загуби) имаш големи скокови од „не се седи од топло“ до „ладно упм, стави дрва во ќумбето, упс се изгасило ај пали го од нула“

Ако имаш клими, греење со нив секако ти е поевтино и покомфорно (а сите што ќе кажат „поинаква е топлината, итн“ слободно нека се онадат со ужарено железо, пошто веројано друг им ја палел/ложел/чистел печката и друг им сече/реди дрва, и друг им кречи дома, итн).

Генерално ти требаат барем 2 клими, една просечна инвертор клима за две од трите соби: дневната + една понебитна соба каде ќе држиш отворена врата 24/7. И ти треба една (поквалитетна) клима со ниска модулација за спалната или детската соба (таму каде е детето). Да може да симнува до ~200 киловати потрошувачка, и да не прави пали гаси и бука со непотребни дифрост циклуси.
Климите како се користат? Ги пушташ да греат наесен и не ги исклучуваш до пролет. Еднаш месечно треба тие тенките филтрите да ги истушираш со млака вода. Толку имаш од работа (освен ако си педантен па си наоѓаш работа еднаш годишно да ги чистиш хитсинковите/саќето од внатрешната единица, што е пола час работа по клима и паметна пракса).
Тоа ти е за помала/најмала инвестиција со функционално решение. За поголема инвестиција има муабет да се прави до следната година .

П.С. до модератор(и): Ова е за преместување во темата за греење, каде би се добиле повеќе и подобри одговори.
 
со печката не се разбравте малце изглеа, печка за парно има со термостат наместен на температура за водата .. на парно се грее не треба да има такви варијации ко што викаш ко за со печка на дрва во соба
 
15 септември 2012
1.157
1.299
За парно, моментално е преслаба печката или нешто друго е проблем, не можам да откријам.

Значи, моментално надвор е -1, дома едвај стига 20 степени, 3 соби по 15 квадрати, 3 радијатори по 160цм. Немаат ѕидовите изолација.
Одговорот ти е во последната реченица. Ја губиш топлината низ ѕидовите.
Од моите скромни познавања и од информации од парнаџии, радијатор до 20 ребра (до 110 cm) грее добро. Над тоа нема ефект. Дури некои кажуваат дека прави проблем голем радијатор.
Алфа плам печка на дрва, термостат наместен на некои 58 - 60 степени. Не знам дали треба да се намести на повеќе или на помалку.
Ангажирај некој што знае да ти го наштелува системот. Џабе да не фрлаш пари во огрев.
И лани вака беше со греењето, пуштавме и клима по малку за да стигне 23 - 24 степени. Сега па и со бебе, ич не сакам да го мрзнам.
Но комент
Ако додадам дополнителни бакарни цевки, треба да одат преку уште една доградба која се планира, па да се стигне до купатилото. Сега за сега за жал ова не е изводливо.

Ќе се распрашам пак и за подното.
А пумпа со поголем капацитет кој ќе ти пресмета за дополнителните бакарни цевки? Или „мајсторите“ ќе ти средат...
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Одговорот ти е во последната реченица. Ја губиш топлината низ ѕидовите.
Беше човекот што го местеше парното.
На крај испадна дека татко ми направил утка со дрвата - земал ептен зелени дрва кои едвај горат и не можат да кренат температура.
Пробавме со некои посуви (дрва од пред 2 години) и веднаш крена температура, која треба нонстоп да се оддржува со таа количина на дрва.

Значи не знам дали кажав: Печката на дрва е на долен спрат, од неа има цевки извадени нагоре и одат во 3 радијатори по 120цм.
 
Majestic

hello world
25 јули 2008
199
196
Битола
Препорака за продолжен кабел во котур, за надворешна работа на објект?

На Ананас ги гледам овие на Bylion, некој со искуство/знаење со истите, или општо да кажи некоја мудрост за избор на вакво нешто?
 
boro1

user
13 август 2009
1.816
1.630
Препорака за продолжен кабел во котур, за надворешна работа на објект?

На Ананас ги гледам овие на Bylion, некој со искуство/знаење со истите, или општо да кажи некоја мудрост за избор на вакво нешто?

За надворешна употреба особено за работа на објект - гледај да има барем IP44 (заштита од продирање на страни тела со дијаметар поголем од од 1mm. Заштита од прскање на вода од сите агли.)

Со Bylion немам искуство, имам купено кабел од Wurth но го немаат на залиха моментално.
 
fcwizard

hello world
26 март 2018
62
69
Препорака за продолжен кабел во котур, за надворешна работа на објект?

На Ананас ги гледам овие на Bylion, некој со искуство/знаење со истите, или општо да кажи некоја мудрост за избор на вакво нешто?
Тие што ги гледаш на Ананас се пластични.
Колку/какви машини ќе работиш на него? Ако се до 2 000W и не ги работиш истовремено ти треба 3x1.5, ако се појаки и повеќе тогаш 3x2.5.
Поквалитетен кабел(а и за нијанса поефтин) ќе добиеш ако сам си го споиш, ќе земеш лиснаст гумиран кабел од 3x1.5 или 2.5 x колку метри ти требаат, една макара што одговара на метражата пожелно со повисока IP заштита и гумиран утикач и ќе завршиш работа.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Препорака за Беко перална, 7кг?
Гледавме индесит ама од блиски луѓе беше исхејтана како слаба и неколку души препорачаа да се земе на беко, плус 5 години гаранција.
Буџет околу 22000.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926
Препорака за Беко перална, 7кг?
Гледавме индесит ама од блиски луѓе беше исхејтана како слаба и неколку души препорачаа да се земе на беко, плус 5 години гаранција.
Буџет околу 22000.
За тој буџет земи си LG, има во нептун, а исто така следи ги и на ekupi, таму знаат понекогаш да имаат и дополнителен 5-10% дополнителен попуст (во однос на нептун, иако најверојатно од кај нив ги земаат).
А беко...не знам што ги фалат толку? Веројатно дека се многу присутни, па ако се расипи, мајсториве имаат резервни делој за кратко време. Ова не значи дека се квалитетни.
Индесит перална имав јас, задоволен бев, ја користев 8 години без да се расипи, ама ја продадов, пошто си купив нова (поголема ми притреба, па зедов ЛГ).
TLDR, најдобронамерно: direct drive, inverter motor, turbowash, LG
:)
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.672
3.757
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Препорака за Беко перална, 7кг?
Гледавме индесит ама од блиски луѓе беше исхејтана како слаба и неколку души препорачаа да се земе на беко, плус 5 години гаранција.
Буџет околу 22000.
Дома имаме (ефтина) беко машина стара преку 14 год и уште функционира. Еднаш е сменат моторот и толку. Делови има како што кажа петкотрајко секаде..
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Препорака за Беко перална, 7кг?
Гледавме индесит ама од блиски луѓе беше исхејтана како слаба и неколку души препорачаа да се земе на беко, плус 5 години гаранција.
Буџет околу 22000.

Земи Фаворит одлични се јас го нарачав овој модел од странава носат до дома низ цела Македонија плаќање при достава одличен е овој модел 8 кг 1.400 rpm вртежи презадоволен сум од пералната

CBB_6

BBC
9 декември 2016
349
1.069
Домаќини,

Дали ако земам најевтина кондензациска машина за сушење алишта, и ја клам на обичен отворен балкон, ќе има проблеми во функционирањето во зимскиот период на минусни и темератури околу нулата?
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Домаќини,

Дали ако земам најевтина кондензациска машина за сушење алишта, и ја клам на обичен отворен балкон, ќе има проблеми во функционирањето во зимскиот период на минусни и темератури околу нулата?
Дали кондензациска значи со топлотна пумпа? Не го разбирам поимот, извини.
Ние имаме со топлотна пумпа и е кажано да не се става на место каде што температурата паѓа под 5 степени.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно