Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
САД се пример за корпорациска клептократија, вледеена од наследна олигархја која ги поседува корпорациите и имотот и која им ги бира политичарите и власта. И да, дел од затворскиот ситем е приватизиран, плус судиите се во играта па често постои пракса за драконски казни за мали прекршоци (за да има повеќе затвореници, кои потоа се робови во приватниот затворски систем).

Таа калакypница што се дешава во САД не треба ја мешаме со муабетов. Јас зборував за сценарија како она опишаното - морон на кој му земале дозвола заради поминување на црвено, па овој реагира со продолжување да вози и со дивеење на улици. Апсолутно би го ставил во затвор, ете на пар месеци да се запознае со затворски живот и со претстојната иднина ако не му дојде паметот. Па после ако истиот морон направи double down со нови глупости, после иде тешка робија. Воопшто не ми е грижа ако истиот се дорасипе како карактер, пошто во тој случај воопшто не треба да се врати во општеството. Слободно нека го изгние преостанатиот дел од животот на робија.

Зошто вака размислувам?
Затоа што таквите често се одговорни за повреди и убивање на недолжни луѓе. Инвалидитети и смрт, трагедии на потенцијално повеќе семејства... Дали вреди тоа да се спаси по цена на еден морон? За мене апсолутно вреди и веднаш би гласал за такви промени.

Дали притоа сакам да се приватизира затворскиот систем и дали поддржувам корупција? Се разбира дека не, но мене ионака не ме слушаат ни за едното ни за другото.

Останува на нас сите да бидеме посвесни кога иде денот на избори, и за кој гласаме за што гласаме... Ова го кажувам со целосна свесност дека демократијата е само фарса, но од некаде мора да се почне. Кој е другиот избор, постои нешто друго? Времето на народни револуции заврши, сега за жал истите не се можни.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Не само темава, и надвор од неа, луѓе мислат дека ако возиш 100 на партизанска и бидеш казнет, тоа е затоа што државава сака да го полни буџетот, а не дека возачот е казнет поради преголема брзина од пропишаната. И како да разговараш со вакви луѓе?

Имаш знак 50, возиш 100, умираат луѓе, секоја недела има апели, резулати 0. - Се ставаат камери со казни, прв одговор: Државата го осиромашува народот со тоа што ќе го казнува.

Па идиоту еден, имаш знакови, почитувај ги, нема да бидеш казнет, просто е. Не пратам вести, не гледам ни МК телевизии, имало во последен период згазен пешак? споделете ако има некоја вест со пешаци на булевари каде што имало сообраќајки и претходно.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.672
3.757
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Не само темава, и надвор од неа, луѓе мислат дека ако возиш 100 на партизанска и бидеш казнет, тоа е затоа што државава сака да го полни буџетот, а не дека возачот е казнет поради преголема брзина од пропишаната. И како да разговараш со вакви луѓе?

Имаш знак 50, возиш 100, умираат луѓе, секоја недела има апели, резулати 0. - Се ставаат камери со казни, прв одговор: Државата го осиромашува народот со тоа што ќе го казнува.

Па идиоту еден, имаш знакови, почитувај ги, нема да бидеш казнет, просто е. Не пратам вести, не гледам ни МК телевизии, имало во последен период згазен пешак? споделете ако има некоја вест со пешаци на булевари каде што имало сообраќајки и претходно.
И уште ќе речат..Све е средено во државава па уште ова фалеше :))))
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Принципот на good faith (совесност или добронамерност?) се изгуби. Неопходен е во сите договори па и во општествените. Треба „јас ќе направам максимално добро“ а имаме „не ме гледајте мене ама видете го оној“. Тоа е коренот на општествената катастрофа што ни се случува.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
И уште ќе речат..Све е средено во државава па уште ова фалеше :))))
Што е најтрагично блиски луѓе вака размислуваат. Кога ќе им вратам „вози по пропис нема да бидеш казнет“ те гледаат како да се чукнати во глава. Ние сме како кучињана, ако ги пуштиш трчаат, не можеш да ги контролираш, па ги ставаш на синџир, што е жално. Замисли држава каде што до скоро секој еден возеше од кафана до дома пијан. Па тоа да се случи во некоја нормална држава ќе те пратат на психијатар и возачка ќе ти земат, ама тука било „за полнење на буџетот“. Само дизгини за овој народ неедуциран.
 
crossfire_hurricane

hello world
20 ноември 2020
88
75
Затоа за да не одат по институции, ќе ја земат во предвид мојата идеја, ќе ги синхорнизираат датабазите и секоја казна инстантно ќе се наплаќа од сметка. Ем нема да се замараш по институции, ем сметката полесна за неколку илјади денари.. Нема нешто поубаво од тоа, нели?

Брзо ги заборавивте ромите од Битола (или кај и да беа) кај што им беа одземени возилата. И за тоа има лек.

За се има лек, ама нема лек за да почнеме правилно да се понашаме во сообраќај.
па лично имам одбегнато неколку казни со празна сметка, затоа го спомнав тоа ама можда едниот коментар си го сретнал само. На Бајро не им треба многу многу сметка на Ромите. И онака занатџиски дејности тераат.

Ќе си пазарат коњи и ќе собираш лепешки низ Битола пак. Децата ќе им видат дека нема аир од поштен леб бркање, ќе отидат во криминал. Веќе има голем проблем со наркотици Баир. Зимоска уште помалку можности за огревни дрва, повеќе лакирани даски во огнот. Не му најдоја лек на брачедата, си отиде на 30г. од рак, ама не е само РЕКо.

Вака за до следен мандат ги решаваме проблемите овде, затоа сме така сјајни.
Мислењето е автоматски споено:

Значи ти си припадник на средната класа, казните ти се прифатливи, но се грижиш за сиромаштијата. Мошне племенито. Во ред, не сме се разбрале.
Ајде да пробам да се ставам во позиција на тој секој петти сиромашен Македонец кој некако за чудо има кола. Гледам кои се казните, сум полагал испит возачки испит и знам кои се сообраќајните правила, но сепак проаѓам на црвено, возам над дозволеното, возам нерегистриран, ги доведувам другите учесници во сообраќајот во опасност. Навистина жално.
кола не мора да поседува за да работи со кола, не? Не мора ни да ја плати, братучедот скапаниот стојадин може да му го даде да си го чачка. Ама ако се адаптираат за него ќе треба и за Мијалков нагоре соодветно, е за тоа не сме спремни.
Мислењето е автоматски споено:

Јас па на потези со double down кон криминал, би претпочитал пристап со double down кон казни. Ако се понаша како диво животно, баш така треба и општеството да се понаша со него. Поточно, ако некој на сите понуди и обиди да му помогнат за реинтеграција во општеството - реагира со повеќе криминал - би претпочитал да го остранат од опшеството, не да го реинтегрираат. Тешка робија, работа за плаќање на трошпоците окулу неговото чување и социјализација со сродните нему.
Во спротивно, повеќе припадници мнозинството чесни, страдаат од поединци со погрешно поврзани неуронски патишта во мозокот.

Општо зборуваме, не за сејф сити казнување. Ама за одредени делови (за инает ќе возеле без возачка), скроз може да се однесува и за сејф сити и општо за одржување ред во сообраќај.
веќе имаме прилично строга казнена политика за повторени дела затоа шо сме усогласени со европската регулатива. Затоа слушаме секакви прозаични прикаски за затворски казни за ќебапи и слично од луѓе кои не го познаваат случајот.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Кога ќе ги снема оние „повторувачи“ со десетици казни и одземени дозволи, како газат луѓе, тогаш можеби ќе поверувам во тоа дека сме имале „строга казнена политика“. Штом моронот не е на робија, ако со одземена дозвола, трет пат е фатен како вози над лимит - тогаш немаме никаква казнена политика. Едноставно чекаме моронот да убие некој па да го затвориме на неколку години па после е пак надвор. Дури ни доживотно одземање дозвола не постои како казна.
 
fcwizard

hello world
26 март 2018
62
69

Ви порачувам на сите барем еднаш површно да го прочитате кривичниот закон, апла е направен за минимална или скоро никаква казнивост. По читањето запрашајте се со која цел е составен на таков начин(партиските ботчиња ќе ви кажат за усогласување со европски регулативи).
А да не правиме па муабет што каков и да е, ниту го познаваат, ниту знаат да го имплементираат истите ботови вработени по државни институции.
Балканов е дечки дивиот запад или санаториум за секој со барем 3 чисти.
 
crossfire_hurricane

hello world
20 ноември 2020
88
75
Глеав најавувале и Тошко и Филков кривични па дури и дела против јавна безбедност Capture.JPG ама измените се скоро ексклузивно од кога ќе се случи сообраќајка па околностите, а превентивните се очигледно формални или технички. Можат да предложат дополнителни измени до собрание во секое време. Дури прекршочните се построги за потешките дела од измените на КЗ. Пример, може до 12 саата да те трезнат у станица ако потврди лабораторија а и:
screenshot_20-5-2026_175611_portal-mdt-gov-mk-jpeg.161775
децата и внуците им јурат со по 300км/ч. Коа ќе се смени власт потешко ќе ги вадат од ситуации као тој со дрога на грчка граница шо го фатија, со фикснин парични немаат гајле
 
Атачменти

  • Screenshot_20-5-2026_175611_portal.mdt.gov.mk.jpeg
    Screenshot_20-5-2026_175611_portal.mdt.gov.mk.jpeg
    39,8 KB · Прегледи: 252

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Fun fact 2: Блискиот надземен пешачки премин е затворен затоа што... Немало рампа за инвалиди.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
На овие све нешто не им е погодено,те пешачки те полагање,те протестираа на пластичарска за фискализација,па протести против ставање струјомери...аздисаа
 
FikanA

hello world
3 април 2025
194
244
Средe никаде...
Секоја (не)чест на Општина Центар и на ЈП Улици и Патишта. На улица Питу Гули се поставени ШЕСТ легнати полицајци коишто не би можеле да се понеквалитетно изработени а уште полошо испланирани. Можеби биле час практична настава за уцениците од локалното основно, па затоа така испаднале. Макар, и деца подобро би ги направиле. По таа улица практично не може да се вози освен ако немаш кола 1 метар крената во воздух.
1779522752693.png
 
PeroLozac

hello world
11 јули 2018
195
225
Отиди во Петровец, некаде пред Ржаничино, неосветлен лежечи, онаков издигнат асфалт во должина на цела кола, нокно време го приметуваш точно пред 1 метар кога си пред него, макар возел и 40.

И тоа буквално денес нема, утре поминуваш има тупнато лежечи, онака шлапнат асфалт по цела улица, како што вели човекот од Битола, крпејнци

Ама пред неколку месеци бев нападнат кога посочив дека во оваа држава сообраќајните инжењери се све, само не сообраќајни инжењери.

Али во ред, кој како сака, нека верува дека во оваа земја има инжењери.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.344

Тој таков лежечи може да е направен и од локалците на своја рака.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
757
1.171
Не знам дали си поминал низ железара, ама и таму има такви "долги" лежечи, покриени (или направени) со асфалт.
Првиот пат, полетав со колата. Нозе ми се пресекоа.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Сејф сити по селата, кога? И ако има, ќе помогнат ли против тротинети?

kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Отиди во Петровец, некаде пред Ржаничино, неосветлен лежечи, онаков издигнат асфалт во должина на цела кола, нокно време го приметуваш точно пред 1 метар кога си пред него, макар возел и 40.

И тоа буквално денес нема, утре поминуваш има тупнато лежечи, онака шлапнат асфалт по цела улица, како што вели човекот од Битола, крпејнци

Ама пред неколку месеци бев нападнат кога посочив дека во оваа држава сообраќајните инжењери се све, само не сообраќајни инжењери.

Али во ред, кој како сака, нека верува дека во оваа земја има инжењери.
Ако нема сообраќајни знаци, тоа значи дека месното население се самоорганизирало. Како низ селата во тетовско, гостиварско... (не викам дека се добри инжинерите енивеј)
 
FikanA

hello world
3 април 2025
194
244
Средe никаде...
Отиди во Петровец, некаде пред Ржаничино, неосветлен лежечи, онаков издигнат асфалт во должина на цела кола, нокно време го приметуваш точно пред 1 метар кога си пред него, макар возел и 40.

И тоа буквално денес нема, утре поминуваш има тупнато лежечи, онака шлапнат асфалт по цела улица, како што вели човекот од Битола, крпејнци

Ама пред неколку месеци бев нападнат кога посочив дека во оваа држава сообраќајните инжењери се све, само не сообраќајни инжењери.

Али во ред, кој како сака, нека верува дека во оваа земја има инжењери.
Па мислам дека сообраќајно инженерство имаме само при Ноне Тереза и Технички Факултет Битола... па види ти..
Тој таков лежечи може да е направен и од локалците на своја рака.
Ја првично мислев дека се од „локалците“ али ми кажа татко ми видел од Патишта комбиња паркирани ги фарбале дента откога биле ставени.
Не знам дали си поминал низ железара, ама и таму има такви "долги" лежечи, покриени (или направени) со асфалт.
Првиот пат, полетав со колата. Нозе ми се пресекоа.
Не сум ги загледал таму, овие бидејќи ми се на daily route ептен ме изнервираа :/
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.526
Skopje
www.wemaxa.com
Секоја (не)чест на Општина Центар и на ЈП Улици и Патишта. На улица Питу Гули се поставени ШЕСТ легнати полицајци коишто не би можеле да се понеквалитетно изработени а уште полошо испланирани. Можеби биле час практична настава за уцениците од локалното основно, па затоа така испаднале. Макар, и деца подобро би ги направиле. По таа улица практично не може да се вози освен ако немаш кола 1 метар крената во воздух.
Погледнете го атачментот 161837

Истурен е асфалт и префарбан е со мрсна жолта боја. Се претвараме полека во Индиско село. Популизам да се задоволат бабите од фејсбук.
 
PeroLozac

hello world
11 јули 2018
195
225
Дали е од локалци, дали е од сообраќајни инженери, дали е од градоначалник или од ЈПДП, треба некој да одговара за такво шлапнување на асфалт бидејки и со 5 км/ч да ги поминуваш, колата толку удира на подвозје, кола кршам заради неспособни неандерталци што ако прават нешто, не знаат да го прават, ниту пак да го обележат како што треба да е воочливо на 1 км растојание, а не на 1 метро пред да си до таа крпценица од лежечи полицаец.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
702
1.000
Батина , секоја година менувам цела предница - пон-пет низ Прилеп…. Нема нормална улица. Кој кај стасал пресекол асфалт. За Битола се вози по селски миниран пат. Ова ни било ни ќе биди.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно