Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Оптички интернет во Македонија

18 септември 2020
964
919
Македонија
Здраво на сите,
сакам да ве прашам како сте задоволни од оптичкиот интернет кој го нудат нашите интернет провајдери како Телеком, Телекабел, Неотел и А1. Дали операторот ви ја испорачува пропишаната брзина со пакетот и дали некогаш си го надминале лимитот вклучен во пакетот?
За жал, во поголем дел од Македонија уште не му е покриен со оптика и најшироко се распространети поранешните ДСЛ кабли кои се ставени уште од минатиот век и доста луѓе имаат проблем при користење на овој тип на интернет.
Доколку оној што сака да потпише договор во некој од операторите побара да му се наместе оптика а во неговиот регион нема оптика, дали може некако со молба до АЕК да побара во неговиот регион да биде наместена оптика и тој да ужива во благодетите на светлосната брзина која ја нуди оптиката?
Најмаксималната брзина на оптиката во Македонија е 1Gbps и ова брзина ја нудат само Телеком и Телекабел, а во светот некаде нудат и 10Gbps.
 
Атачменти

  • a1 mk.PNG
    a1 mk.PNG
    38,8 KB · Прегледи: 148
  • neotel mk.PNG
    neotel mk.PNG
    31,5 KB · Прегледи: 154
  • telekom giga.PNG
    telekom giga.PNG
    142,4 KB · Прегледи: 137
  • телекабел.PNG
    телекабел.PNG
    164,4 KB · Прегледи: 138

DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.631
Скопје / Автокоманда
За да ти донесат оптика кај тебе во реонот нема никој да ти помогне освен кога телеком или било која компанија ќе добие дозвола за копање и други работи.
Државата и АЕК нема да направи ништо во врска тоа дека ти сакаш оптика и они да ги натераат да ти донесат во населбата.
Инвестиции големи се и плус има мрднати луге во нашава држава им сметаат кабли им смета што се живи на нив ама тоа е.
Воедно лимитот нормално дека ќе го надминеш ако дудлаш на интернет уплоад довнлоад и нормално нетфликс и други работи ако гледаш цело време.
Брзините на оптиката се симетрични и стабилни и кога би користел кабел од рутерот до пцто и ако пцто ти е топ стално ќе ја добиваш брзината спрема пакетот, али ова ти го кажувам за неотел или телеком , а телекабел има да јаде ФУРНИ уште 20 години дур го стигне телеком и да има таква мрежа како телеком оптичка.
Неотел си имаат на некои места нивна подземна оптичка мрежа и во зградата твоја ако го има тоа си имаат посебни сандачиња.
Некаде неотел го користат оптичкито кабел на телеком.
А1 исто го користи оптичкиот кабел на телеком
А1 исто така го користи и VDSL АДСЛ бакарот на телеком.
ВОЕДНО НАУЧЕТЕ ДЕКА БЕЗ ТЕЛЕКОМ ЃАВОЛОТ НЕМА ДА ИМАТЕ НИШТО.
Сите земаат од телеком THE END.
Во светот не гледај што нудат ти не си во светот ти си во едно парче земја каде што живеат говеда овци крави кози се повеќе и повеќе ,а луѓе се помалце и помалце.
Јас сум на неотел и линијата ми е 300/300 и лета стално, освен што мора на 12 саати да направи ресет да смени ип адреса.
Повеќе инфо од мене можам да ти кажам ако си од скопје само и да ти кажам кога на кој реон може да очекуваш од прилика оптика , и воедно пак може ќе те излажам али ако знам дека во близина има оптика на тој реон некаде околу можно и кај тебе за брзо да стигне.
 
Julian

lurker
20 август 2016
527
362
Веќе 4 месеци користам оптика од телеком заедно со макств. Имам стабилна брзина од 100/100 каде што дури и на вифи ми вади над 90/90. Никогаш до сега не сум имал проблем. Лимитот од 6тб никогаш не би можел да го потрошам. Презадоволен сум и од макств, најмногу го земав заради лига шампиони, куп уефа, англиско, шпанско и италјанско првенство.
Воедно зедов и иптв од али. Го користам преку лан, многу стабилно е.
Сето тоа го земав преку агент за 1499 ден со попуст. (без иптв нормално, тоа го зедов 22 евра годишно)
Исклучив кабелска која ја плаќав 450 ден без фудбал.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
а телекабел има да јаде ФУРНИ уште 20 години дур го стигне телеком и да има таква мрежа како телеком оптичка.

Скоро две години користам оптика од Телекабел и многу ретко сум имал проблеми. Го имам 40/40 пакетот моментално, брзината и пингот се секогаш феноменални. Е сега, дали има Packet Loss, тоа долго време немам измерено.

Од друга страна па, колку и да им е лоша мрежата, они се единствениот оператор што нудат оптика и на помалку населени мести. Да не зборувам дека и се единствен опреатор (покрај Interspace) што нудат оптика кај мене на улица...

А1 исто го користи оптичкиот кабел на телеком

А1 си има и нивна оптичка мрежа на одредени подрачја во државата. Ама па и они ја заобиколија мојата улица. :confused: Така да, само они ми се алтернатива.
 
И

Избришан член 18474

Гостин
Здраво на сите,
сакам да ве прашам како сте задоволни од оптичкиот интернет кој го нудат нашите интернет провајдери како Телеком, Телекабел, Неотел и А1. Дали операторот ви ја испорачува пропишаната брзина со пакетот и дали некогаш си го надминале лимитот вклучен во пакетот?
За жал, во поголем дел од Македонија уште не му е покриен со оптика и најшироко се распространети поранешните ДСЛ кабли кои се ставени уште од минатиот век и доста луѓе имаат проблем при користење на овој тип на интернет.
Доколку оној што сака да потпише договор во некој од операторите побара да му се наместе оптика а во неговиот регион нема оптика, дали може некако со молба до АЕК да побара во неговиот регион да биде наместена оптика и тој да ужива во благодетите на светлосната брзина која ја нуди оптиката?
Најмаксималната брзина на оптиката во Македонија е 1Gbps и ова брзина ја нудат само Телеком и Телекабел, а во светот некаде нудат и 10Gbps.
Не си живеел Германија, 10 мбс интернет 30-50€
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Телеком ми накачи (домашен) трансфер од 5ТБ на 6ТБ и со 6ТБ се живее асално. Моментално ми е сметката 1800 ден, (+ТВ со спортски) и истечен договор, планирам така да остане на неопределено. Тоест не потпишувам нов. Фиксен не ни имам откако ми се скрши телефонот пред некоја година немам ставено друг пошто никој не ме бара на него, а телеком неможе да ме добие да ми досаѓа за договори :)

Мобилниот едниот ми е службен од фирма, другиот на А1 така да ни таму ме нема. Се што можат е флаери во сандаче да ми стават.

Задоволен сум 99.98%, колку што им е и аптајмот. Стабилен и со ветената брзина.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.672
1.834
По мене стабилноста и брзината на Оптичкиот интернет се во ред, повеќе ми пречи тоа што нема конзистентост со цена во споредба со другите технологии, на пример Неотел оптика е 800 денари, а Вдсл е 1100 денари, а тоа е полоша инфраструктура и е со не конзистентна брзина. На тој начин ги дискриминираат луѓето кои немаат оптика, не по нивен избор секако.
 
toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
И кај нас има брзини до 10Gbps од Interspace, но не за приватни лица туку за фирми. Од Телекабел бев најнезадоволен. Со еден збор: непрофесионални. Во цели четири месеци што го имав само првата недела беше стабилен. После тоа нон-стоп имав латенции, џитер и загубени пакети. Не знам што е со нив, дали имаат лоша инфраструктура или софтверски не можат да ги решат работиве. И на повеќе луѓе што ги знам истиот проблем го имаат/имале.

Моментално сум на оператор што зема услуги од мрежата на Неотел и сум генерално задоволен. Телеком е исто така одличен и сум имал прилика да го користам, но за жал мрежата им е неразвиена во голем дел од државава. Претежно го има на мал радиус од нивната зграда во скоро секој помал град.

Никоја институција не може да обврзи оператор да влечат кабли за приватно лице, освен доколку не сакаш да ставиш на фирма. Барај кај некои локални оператори аку имаш во регионот можда така ќе добиеш. Или повеќе луѓе од исто место.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
И кај нас има брзини до 10Gbps од Interspace, но не за приватни лица туку за фирми.

Не бе, може да се земе и како приватно лице, али кога ќе ти ја кажат цената ќе те здоболи глава. :sneaky:

Ако не се лажам, понудата за 20/20 што ми ја испратија беше накај 50тина евра месечно.
 
toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Не бе, може да се земе и како приватно лице, али кога ќе ти ја кажат цената ќе те здоболи глава. :sneaky:

Ако не се лажам, понудата за 20/20 што ми ја испратија беше накај 50тина евра месечно.
Нудат само ако им е во прилог да го направат тоа, а и за голем дел приватни лица тоа е overkill од финансиски аспект. Се исплаќа за лица што работат од дома и зависат од стабилен интернет.

Патем, зад тие 50 евра стојат со стручен тим и професионален кадар 24/7 во текот на цела година. Користат P2P конекција за разлика од класична делба на оптички „влакна“ и има целосно неограничен интернет сообраќај. Јас би платил 50€ за 20/20Mbps со таков квалитет, отколку 20€ за 40/40Mbps со константни проблеми. Повеќе се плаќа техничкиот аспект од услугата отколку самиот интернет проток и брзини.

Ништо не е бесплатно, затоа преферираат да работат со бизнис корисници на кои им треба стабилност и квалитет на услуга. :)
 
causevd

hello world
4 октомври 2011
472
422
causevd's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4790K 4.0GHz Quad-Core Processor
Motherboard
Asus Z97-DELUXE(NFC&WLC) ATX LGA1150 Motherboard
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB 3.5" 7200RPM & Corsair Force LE 240GB 2.5" SSD
PSU
Cooler Master 650W 80+ Gold Certified Fully-Modular ATX Power Supply
RAM
G.Skill Sniper Series 16GB (2 x 8GB) DDR3-2400
Video card
Asus GeForce GTX 980 Ti 6GB STRIX Video Card
Case
Fractal Design Define R5 (White) ATX Mid Tower Case
Mouse
MSI Clutch GM50
Keyboard
G Skill KM570X
Monitor
IIyama G-master GB2488HSU-B3
OS
Windows 10 Pro
И кај нас има брзини до 10Gbps од Interspace, но не за приватни лица туку за фирми. Од Телекабел бев најнезадоволен. Со еден збор: непрофесионални. Во цели четири месеци што го имав само првата недела беше стабилен. После тоа нон-стоп имав латенции, џитер и загубени пакети. Не знам што е со нив, дали имаат лоша инфраструктура или софтверски не можат да ги решат работиве. И на повеќе луѓе што ги знам истиот проблем го имаат/имале.

Моментално сум на оператор што зема услуги од мрежата на Неотел и сум генерално задоволен. Телеком е исто така одличен и сум имал прилика да го користам, но за жал мрежата им е неразвиена во голем дел од државава. Претежно го има на мал радиус од нивната зграда во скоро секој помал град.

Никоја институција не може да обврзи оператор да влечат кабли за приватно лице, освен доколку не сакаш да ставиш на фирма. Барај кај некои локални оператори аку имаш во регионот можда така ќе добиеш. Или повеќе луѓе од исто место.

Да не знаеш кои се цените на Interspace за фирми?

НВМ..

Ги најдов овде Interspace
 
Последна промена:

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.865
6.450
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
Телеком оптика користам од Јануари 2011та година. На една локација до 2018, по 2018 на друга локација. Во 10 години, максимум 10тина пати сум имал проблем. Брзината отсекогаш била фул што сум ја плаќал и сум немал никакви проблеми.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
Нудат само ако им е во прилог да го направат тоа, а и за голем дел приватни лица тоа е overkill од финансиски аспект. Се исплаќа за лица што работат од дома и зависат од стабилен интернет.

Патем, зад тие 50 евра стојат со стручен тим и професионален кадар 24/7 во текот на цела година. Користат P2P конекција за разлика од класична делба на оптички „влакна“ и има целосно неограничен интернет сообраќај. Јас би платил 50€ за 20/20Mbps со таков квалитет, отколку 20€ за 40/40Mbps со константни проблеми. Повеќе се плаќа техничкиот аспект од услугата отколку самиот интернет проток и брзини.

Ништо не е бесплатно, затоа преферираат да работат со бизнис корисници на кои им треба стабилност и квалитет на услуга. :)

Апсолутно се согласувам. Добро е што кај мене во населба, сеуште нема многу корисници на Телекабел оптика, па доста ми е стабилна врската. Во споретива, Interspace ќе ми биде единственото решение.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.910
4.591
Телеком 100/100 и 300/300 - одличен.

Телекабел 40/40 исто супер, реееетко паѓа, цената е иста небитно е дали за физичко или правно лице.

Неотел најсрање од сите - double nat (таа у салон пред да потпишам тврдеше дека може да се отстрани - лажеше) и одредени тракери не ми ги отвораше, се жалев проблемот не ми го решија и ги откачив.
 
Torlakian

hello world
21 октомври 2014
325
372
Куманово
шо е ова дабл нат, дали треба да земам да се упуцам одма хахахахах?
Дали затоа не сакаат торенти да се сидаат од моја страна, аплоад спид во килобајти комај ич? Дали е ова причина што не можам да се поврзам со други во GameRanger?
 
mitakc

read-only
20 декември 2017
22
22
Имав оптички на T-home во зграда 100/100 и идеше стварно супер. Се преселив во куќа и на 2 метри од куќата имаше оптички кабел. Закажав префрлување, при што некојси техничар дојде да гледа дали е можно приклучување на оптиката, за да ми каже дека уствари тој кабел веќе бил планиран и неможело да се поврзе до мојата куќа и не постоело техничко решение.
Како ви стои ова работа? Ме дупат во мозок нешто?
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.356
5.391
Скопје
hackitfree.github.io

Можеби тој кабел нема опција да се разграни на повеке корисници (или може ама не сакаат да инсталираат таков уред само за еден корисник -тебе).Само они можат да ти објаснат тоа - намам поим како иде.. Знам само дека кај мене (куќа со два стана) , комшијата е приклучен на оптика а јас не - а оптички кабел има инсталирано кај мене до врата. Можно е инфраструктурата да им е предвидена однапред и нема опција за менување
 
GunnerMkd

hello world
29 ноември 2017
85
120
Скопје
телекабел кај мене у аеродром е топ ,20/20 брзината не паѓа ,нетот е стабилен дали еднаш месечно знае да падне ама со рестарт на рутерот се оправа

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.356
5.391
Скопје
hackitfree.github.io
телекабел кај мене у аеродром е топ ,20/20 брзината не паѓа ,нетот е стабилен дали еднаш месечно знае да падне ама со рестарт на рутерот се оправа

Телекабел и кај мене во Центар е 30/1 5мс преку цел ден (кабелски -требало уште 4 души да побараме за оптички да уклучат баш во овој реон) - може да падне само преку ден до 25/0.9 10мс - ама дефекти ретко (за 10 год два - и тоа се поправени во рок од 24ч). Неограничено интернет за 500ден.Со пинг у игри - нема проблем - само уплоад што е 1МБ е лошо (скока пингот кога некој користи Вибер итн)
П.С. Што е ова кај тебе -оптички а 58пинг - кај мене на кабелски максимум е 20 )
 
кабелскиот кај мене порано беше ок ,сега дека се испоградија многу згради почна да паѓа да снемува да има со намалена брзина итн ,али оптиката е топ ,повисоките пингови се затоа што мерев брзина на други европски и светски сервери ,иначе пингот е 0-1мс ако мериш у близина на некој сервер
 
Dimitar535

hello world
16 јули 2016
56
55
Дома
Dimitar535's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 5600X, Arctic Freezer 34 duo
Motherboard
Gigabyte b450 aorus elite
Storage
Seagate 2TB, WD blue 1TB, 500GB NVMe
PSU
Cooler Master V1000
RAM
32GB
Video card
GTX 1080 Xtreme Gaming
Case
Genesis Irid 300
Keyboard
Genesys RX85
Audio
Traktor Audio 10
Monitor
Dell S2719DGF, SE2719HR
OS
Win 10
После долги молења со Телеком и комшии на кои како што кажа DemoUser им смета што се живи (одбиваа да се постават кабли и/или ги оштетуваа кога беа поставени, во зграда сум, што да се прави), конечно се префрлив на оптички пакет 100/100 и досега сум презадоволен. Нема испади, брзината е секогаш стабилна и нема лаг. Единствена маана е што му треба малку повеќе време да смени ИП адреса во споредба со стариот што беше на бакар ама не е ни тоа страшно со оглед на тоа што порано едвај имав 8Mbps down и up колку да се каже дека има...
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.427
1.655

Телекабел оптика, Аеродром.
Плаќам 20/20 пакет, кога и да мерам не е никогаш испод 40/40.
У месец дена само еднаш падна да нема цела (покасна) ноќ, сабајлето го рестартираа од нивна страна.
Ова е до серверот на Телеком.
До New York има 50/90Mbps со 60ms ping.
 
Miroslav Ilic

hello world
18 ноември 2012
216
60
Има ли некој успешно со молба добиено оптички кабел до место каде што немало претходно? Од Трубарево сум и нема покриеност овде од било кој оператор. Имам огромна потреба од оптика поради уплоад на поголеми видео фајлови секојдневно. Имате ли предлог што да правам, дали воопшто да се молам во телеком или останативе? 50/3 не ми врши работа моментално воопшто.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно