1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Негативно искуство - Сетек

Дискусија во форумот 'Сетек' започната од Nick192, 20 Мај 2019.

  1. HEKOJ

    HEKOJ
    Intern

    8
    4
    20 Декември 2016
    Машко
    Кога му реков
    "па вие треба ова да си го средите што има ние да бараме сервиси"
    ми вика
    "еее тоа ти е кога не читате на гаранциите"
    бара на гаранцијата негде каде што пишува дека треба сам да се акам по сервиси - не најде
    "абе овдеее треба да пишувааа, треба на македонски да има"
    си замина демек има работа

    тажно е ова што ни се случува
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    605
    330
    9 Февруари 2008
    Сами сме си криви, не требало ни да помислиме да купиме нешто од сетек уште у старт. Глеј колку теми има за негативни искуства со сетек по форумов и јасно ќе ти биде :D

    Ако имаш живци и време да се замараш со АЕК, нека те советуваат другиве членови
     
    На Rukfash и HEKOJ им се допаѓа ова.
  3. HEKOJ

    HEKOJ
    Intern

    8
    4
    20 Декември 2016
    Машко
    За ова не вреди сигурно, се надевам со сервисот ќе биде се во ред иако ми е сомнително дека можат дубари да прават бидејќи моторот на правосмукалката на високи обртаи тропа и мириса на изгорено, но дефинитивно имаат голем минус после ова, па ќе размислам за нареден производ од каде ќе купам.
     
  4. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    883
    1,309
    13 Јануари 2014
    Машко
    Скоро истиот проблем го имав со Анхоч, ме тераа јас да се бркам со овластениот сервисер (ИТД во случајов). Нема ти што да губиш време по сервиси. Ти си го купил производот од Сетек, фискалната ти е од Сетек, и со Сетек си имаш работа. Нивна должност е да го носат на сервис и се останато, некој плата зема за тоа.
     
    gOJDO, Speedster и на Rukfash им се допаѓа ова.
  5. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    338
    169
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Они имаат право да ги тераат купувачите, ама купувачите исто имаат право да се бунат да не не прават овци.
    Од продавница си купил. Таму треба да го оставиш со запиц на ливче каков е кварот и друго е нивна обврска - праќање на сервис, јавување до тебе дека е поправен да си го земеш.

    Сето ова е одраз на нашиот искомплексиран менталитет да се биде со наведната глава. А природна психологија е, кога покажуваш слабост другиот сака да те јаде. Така се поставуваме.
    Имам на темата веке пишано, ама пак на кратко: За дефектен телефон уште вториот ден одам и го покажувам, и сакаат да го прачат на сервис, јас се бунам дека ме следува ноб или парите назад, тие упорно дури со зборови дека можам да се жалам кај агенција за заштита на потрошувачи (е тука сакаат да ти ја свиткат кичмата. И покрај тоа шо и кажуваш дека ги знаеш законите они ти викаат оди слободни жали се)
    ама откако и сржав едно 2-3 мин, да видеш како инстантно враќаат пари.
     
    Изменето од модератор: 25 Јуни 2019
  6. HEKOJ

    HEKOJ
    Intern

    8
    4
    20 Декември 2016
    Машко
    Која е таа агенција? АЕК како што гледам е за електронски комуникации, претпоставувам се замара со телеком, вип и слични услуги, не ми се верува да ја интересираат правосмукалки.
    Друго што најдов ОПМ организација за потрошувачи но ми делува како советник и ништо повеќе.

    До сега сум немал вакви глупости, обично секогаш прифаќале сервис.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    883
    1,309
    13 Јануари 2014
    Машко
    Она што го бараш е пазарна инспекција, како и законот за заштита на потрошувачи. Јас да сум на твое место, ќе одам пак во најблискиот Сетек и ќе им кажам дека производот е купен од кај нив, и дека кај нив го враќам со проблем. Ако те одбијат, кажи им дека наредниот пат ќе се вратиш со пазарен инспектор. И јави се во пазарна инспекција ако имаш проблеми, треба да се на твоја страна, затоа што како што кажав, фискалната ти е од Сетек, не од сервисот.
     
    На Rukfash и HEKOJ им се допаѓа ова.
  8. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    338
    169
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Да ама како шо е кажано од член погоре веќе го допираат дното или врвот, како сакаме.
    И покрај споменување инспекција они ти викаат слободно оди. Значи едино решење останува р'жење, покажување заби. И разбира се веке никогаш во таа јебана фирма.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    883
    1,309
    13 Јануари 2014
    Машко
    И мене од Анхоч ми рекоа "Јави се, во право сме", ама кога им кажав дека се консултирав со пазарен инспектор "магично" ми се јавија истиот ден и добив "Ќе ти бидат вратени парите".

    Фирмиве кај нас се научени на 'ржење на празно. Затоа и реков, ако те одбијат, правец пазарен инспекторат.
     
  10. HEKOJ

    HEKOJ
    Intern

    8
    4
    20 Декември 2016
    Машко
    Part 2

    сервис Прилеп и сервис Скопје (Горење) се скарани, па така не сакаат да комуницираат за проблемот и мора јас како стручно лице да се јавувам, да објаснувам модели и проблеми за да ми донесат дел. Уште ако ме натераат и сам да си го сменам ќе се пријавам на наредниот оглас за сервисер.
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    883
    1,309
    13 Јануари 2014
    Машко
    Пријателски совет ти давам, не им ја бркај работата - плата земаат вработените за тоа што ти се јавуваш и се бркаш. Ако го остави на сервис, единствен контакт со нив треба да ти е кога ќе е готово, поправен производот или не. Не ти се јавија во рок од 30 дена? Пазарна инспекција, парите назад, решен проблем. Не им оди по газот, се малтретираш за нешто што треба сами да си го завршат.
     
    На Speedster, Astro, Rukfash и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. HEKOJ

    HEKOJ
    Intern

    8
    4
    20 Декември 2016
    Машко
    Сервисот и Сетек се два независни субјекти.
    Никој не потпишува дека го зел производот.
    Ти викаат ова е Македонија, така работиме овде.
    Сервисот е просторија од 6(шест) ебени квадрати во кои што немаше место игла да фрлиш и ти викаат дека нема место ќе го остават надвор.
    Кога никој не потпишува ништо никако не можиш да се докажиш ни дека поминале 3 ни 30 денови.
    Политиката му била таква за мали апарати, на мене било дали сакам или не да си ја завршам работата.
    Се обидов секако но видов дека е џабе и само ќе си трошам пари беспотреба, ќе изнајдат некои договори нивни, а и за апарат од 6000 денари моментално немам ни време ни нерви да се расправам.

    Ќе остани само фрустрацијата и негативниот однос кој што на овој или оној начин ќе дознаат многу луѓе, па можеби во иднина ќе се запрашаат од каде да го купат следниот производ.
     
  13. Nikola G

    Nikola G
    Intern

    50
    42
    18 Септември 2017
    Машко
    Сетек мува не ги лази. Што сакате викнете им. На фејсбук си бришат коментари и одма те блокираат да не можеш да пишуваш.
    И другар го вртеа така за еден полнач за лаптоп кој пазете му го продадоа како за 19.5 волти а на инструмент покажуваше 18.5в
    Отиде во салон во Гтц и вика дечко ќе те претрпатиме во сервис рузвелтова. Во сервис му го проверија и му викаат полначот е комплетно исправен, а тој еден волт помалку не му пречи. Бидејќи лаптопот беше прилично нов само они имаа полнач. И им вели полначот вака не е исправен, бидејќи не е тоа што пишува. Им вели одете горе до салон и донесете ми полнач. Ако имате со 19.5 ќе го земам и готово.
    А не не. Неможеме да земеме од горниот салон. Ќе мора повторно да одите во Гтц и од таму да земете па да го провериме. Мада и овој што сме ви го продале е исправен.
    Другаров. Извини тебе те мрзи го горе да се качиш и да донесеш полнач, а јас да ти се маткам пак до Гтц и назад и пак да ме заебавате. Ништо вратете ми ги парите.
    А Сетек а не дечко ќе морате да се вратите во Гтц. Виде не виде другаров го зема полначот го однесе во Гтц, му вратија пари и си рече више безпари да ми даваат не влегувам.

    Сетек ги третира луѓето како малоумни што купуваат од кај нив, што и навистина се, ако еднаш зезнати купуваат повторно
     
  14. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    618
    713
    2 Март 2011
    Машко
    Ова е дно дна ако е вистина.
     
  15. Astro

    Astro
    Guru

    5,996
    8,117
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Вистина е. Еднаш реков ај ќе пратам другарче да ми купи од Сет, ама се откажав.
     
  16. Nick192

    Nick192
    Intern

    48
    33
    4 Април 2018
    Машко
    Немаш забележано??
    Па на ниеден пост немаат негативен коментар, и кога има реакции за висока цена пак бришат...мизерија

    Испратено од SM-G950U1 преку IT.mk форум апликација
     
  17. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    158
    121
    20 Јуни 2009
    Ако на 100-тици негативни искуства споделени на форумот сеуште влегувате во сетек тогаш навистина сте малоумни :)
     
    Rukfash, goce03, Nikola G и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,314
    1,432
    25 Март 2013
    Машко
    Ќе млатат пари уште некое време, кога ќе им се случи АМЦ ќе се чудат.

    Колку ли само лаици зезнале, а не знаат. (Јас да купував полнач немаше да приметам дали е 18 или 19в)
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nikola G

    Nikola G
    Intern

    50
    42
    18 Септември 2017
    Машко
    Лошото е што пишува 19.5в и изгледа како оригинал со хп налепници се.

    Да бевме друга држава ќе леташе таква казна за измама на потрошувачи и за продавање фалц роба, што сетек не ќе можеше да се освести. Ама јбг во ваков параспур од држава единствена паметна работа е воопшто да не се влегува во салон.
     
    Rukfash, Tenny и на ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  20. Astro

    Astro
    Guru

    5,996
    8,117
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Moze treba da e 18.5, sho znaes
     
  21. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    154
    53
    20 Јули 2011
    И јас лошо искуство со Сет, телефон Zte blade, го сервисираа едно три пати повеќе на сервис од колку во употреба беше едно 2 месеци, за на крај да кажат дека е матичната затоа што телефонот примил влага, вода и дека поправката ќе е на мој трошок односно треба да се замене плочата, се откажав од понатамошно докажување иако телефонот никогаш не бил во контакт со вода и си земав нов од Ледиком.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...