Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Негативно искуство - Сетек

  • Ја почнал/а темата Nik
  • Време на почнување

HEKOJ

read-only
20 декември 2016
15
5
Купен хдд од сајтот, се расипа, не сакаа да ми го земат во салонот во Велес оти не бил купен преку салонот во Велес туку преку сајтот. Вев во главниот салон во Ск. Од главниот салон ме праќаат во сервис, од сервис во магацин, од магацин назад во сервис, па од сервис пак во магацин за да ми го заменат хддто.

Требаше гаранција да ми дадат за новиот ХДД што го заменија. За да не одам до Лисиче ми рекоа ќе го пратат во салонот во Велес. Отидов во салонот во Велес и немаше ништо. Оставив број и не ми се јавија веќе 1 година :D

Рандом инфо: додека чекав (околу пола саат) во сервисот, еден пред мене однел лаптоп за поправка и МУ ВРАТИЛЕ ТОТАЛНО ДРУГ ЛАПТОП НА ДРУГ КОРИСНИК НАМЕСТО НЕГОВИОТ. Затоа пазете какви податоци оставате пред да носите во сервис на сетек.

За споредба - купен телефон од сајтот на анхоч, се расипа, без прашања го земаа телефонот во салонот во Велес и добив поправен назад за една недела.

Кога му реков
"па вие треба ова да си го средите што има ние да бараме сервиси"
ми вика
"еее тоа ти е кога не читате на гаранциите"
бара на гаранцијата негде каде што пишува дека треба сам да се акам по сервиси - не најде
"абе овдеее треба да пишувааа, треба на македонски да има"
си замина демек има работа

тажно е ова што ни се случува
 
Mr.Jack

lurker
9 февруари 2008
761
503
Кога му реков
"па вие треба ова да си го средите што има ние да бараме сервиси"
ми вика
"еее тоа ти е кога не читате на гаранциите"
бара на гаранцијата негде каде што пишува дека треба сам да се акам по сервиси - не најде
"абе овдеее треба да пишувааа, треба на македонски да има"
си замина демек има работа

тажно е ова што ни се случува
Сами сме си криви, не требало ни да помислиме да купиме нешто од сетек уште у старт. Глеј колку теми има за негативни искуства со сетек по форумов и јасно ќе ти биде :D

Ако имаш живци и време да се замараш со АЕК, нека те советуваат другиве членови
 
HEKOJ

read-only
20 декември 2016
15
5
Сами сме си криви, не требало ни да помислиме да купиме нешто од сетек уште у старт. Глеј колку теми има за негативни искуства со сетек по форумов и јасно ќе ти биде :D

Ако имаш живци и време да се замараш со АЕК, нека те советуваат другиве членови

За ова не вреди сигурно, се надевам со сервисот ќе биде се во ред иако ми е сомнително дека можат дубари да прават бидејќи моторот на правосмукалката на високи обртаи тропа и мириса на изгорено, но дефинитивно имаат голем минус после ова, па ќе размислам за нареден производ од каде ќе купам.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
"салониве" изгледа го допреа дното. Се расипа Горење производ, одам во салон ме препраќаат во сервис за кој што и самите не се сигурни каде е пикнат. Тие немале ништо со останатите сервиси, биле овластени само за СТ.

Одам во сервисот затворен, работи кога ќе му текни...

Некои совети?

Дали и вас ви се има случено вакво нешто да ве распраќаат, дали имаат право да ги тераат купувачите да трошат време и пари да ги бараат сервисите и што да се превземи?

Скоро истиот проблем го имав со Анхоч, ме тераа јас да се бркам со овластениот сервисер (ИТД во случајов). Нема ти што да губиш време по сервиси. Ти си го купил производот од Сетек, фискалната ти е од Сетек, и со Сетек си имаш работа. Нивна должност е да го носат на сервис и се останато, некој плата зема за тоа.
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
"салониве" изгледа го допреа дното. Се расипа Горење производ, одам во салон ме препраќаат во сервис за кој што и самите не се сигурни каде е пикнат. Тие немале ништо со останатите сервиси, биле овластени само за СТ.

Одам во сервисот затворен, работи кога ќе му текни...

Некои совети?

Дали и вас ви се има случено вакво нешто да ве распраќаат, дали имаат право да ги тераат купувачите да трошат време и пари да ги бараат сервисите и што да се превземи?
Они имаат право да ги тераат купувачите, ама купувачите исто имаат право да се бунат да не не прават овци.
Од продавница си купил. Таму треба да го оставиш со запиц на ливче каков е кварот и друго е нивна обврска - праќање на сервис, јавување до тебе дека е поправен да си го земеш.

Сето ова е одраз на нашиот искомплексиран менталитет да се биде со наведната глава. А природна психологија е, кога покажуваш слабост другиот сака да те јаде. Така се поставуваме.
Имам на темата веке пишано, ама пак на кратко: За дефектен телефон уште вториот ден одам и го покажувам, и сакаат да го прачат на сервис, јас се бунам дека ме следува ноб или парите назад, тие упорно дури со зборови дека можам да се жалам кај агенција за заштита на потрошувачи (е тука сакаат да ти ја свиткат кичмата. И покрај тоа шо и кажуваш дека ги знаеш законите они ти викаат оди слободни жали се)
ама откако и сржав едно 2-3 мин, да видеш како инстантно враќаат пари.
 
Изменето од модератор:

Која е таа агенција? АЕК како што гледам е за електронски комуникации, претпоставувам се замара со телеком, вип и слични услуги, не ми се верува да ја интересираат правосмукалки.
Друго што најдов ОПМ организација за потрошувачи но ми делува како советник и ништо повеќе.

До сега сум немал вакви глупости, обично секогаш прифаќале сервис.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Која е таа агенција? АЕК како што гледам е за електронски комуникации, претпоставувам се замара со телеком, вип и слични услуги, не ми се верува да ја интересираат правосмукалки.
Друго што најдов ОПМ организација за потрошувачи но ми делува како советник и ништо повеќе.

До сега сум немал вакви глупости, обично секогаш прифаќале сервис.

Она што го бараш е пазарна инспекција, како и законот за заштита на потрошувачи. Јас да сум на твое место, ќе одам пак во најблискиот Сетек и ќе им кажам дека производот е купен од кај нив, и дека кај нив го враќам со проблем. Ако те одбијат, кажи им дека наредниот пат ќе се вратиш со пазарен инспектор. И јави се во пазарна инспекција ако имаш проблеми, треба да се на твоја страна, затоа што како што кажав, фискалната ти е од Сетек, не од сервисот.
 
Да ама како шо е кажано од член погоре веќе го допираат дното или врвот, како сакаме.
И покрај споменување инспекција они ти викаат слободно оди. Значи едино решење останува р'жење, покажување заби. И разбира се веке никогаш во таа јебана фирма.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Да ама како шо е кажано од член погоре веќе го допираат дното или врвот, како сакаме.
И покрај споменување инспекција они ти викаат слободно оди. Значи едино решење останува р'жење, покажување заби. И разбира се веке никогаш во таа јебана фирма.

И мене од Анхоч ми рекоа "Јави се, во право сме", ама кога им кажав дека се консултирав со пазарен инспектор "магично" ми се јавија истиот ден и добив "Ќе ти бидат вратени парите".

Фирмиве кај нас се научени на 'ржење на празно. Затоа и реков, ако те одбијат, правец пазарен инспекторат.
 
HEKOJ

read-only
20 декември 2016
15
5
"салониве" изгледа го допреа дното. Се расипа Горење производ, одам во салон ме препраќаат во сервис за кој што и самите не се сигурни каде е пикнат. Тие немале ништо со останатите сервиси, биле овластени само за СТ.

Одам во сервисот затворен, работи кога ќе му текни...

Некои совети?

Дали и вас ви се има случено вакво нешто да ве распраќаат, дали имаат право да ги тераат купувачите да трошат време и пари да ги бараат сервисите и што да се превземи?

Part 2

сервис Прилеп и сервис Скопје (Горење) се скарани, па така не сакаат да комуницираат за проблемот и мора јас како стручно лице да се јавувам, да објаснувам модели и проблеми за да ми донесат дел. Уште ако ме натераат и сам да си го сменам ќе се пријавам на наредниот оглас за сервисер.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Пријателски совет ти давам, не им ја бркај работата - плата земаат вработените за тоа што ти се јавуваш и се бркаш. Ако го остави на сервис, единствен контакт со нив треба да ти е кога ќе е готово, поправен производот или не. Не ти се јавија во рок од 30 дена? Пазарна инспекција, парите назад, решен проблем. Не им оди по газот, се малтретираш за нешто што треба сами да си го завршат.
 
Сервисот и Сетек се два независни субјекти.
Никој не потпишува дека го зел производот.
Ти викаат ова е Македонија, така работиме овде.
Сервисот е просторија од 6(шест) ебени квадрати во кои што немаше место игла да фрлиш и ти викаат дека нема место ќе го остават надвор.
Кога никој не потпишува ништо никако не можиш да се докажиш ни дека поминале 3 ни 30 денови.
Политиката му била таква за мали апарати, на мене било дали сакам или не да си ја завршам работата.
Се обидов секако но видов дека е џабе и само ќе си трошам пари беспотреба, ќе изнајдат некои договори нивни, а и за апарат од 6000 денари моментално немам ни време ни нерви да се расправам.

Ќе остани само фрустрацијата и негативниот однос кој што на овој или оној начин ќе дознаат многу луѓе, па можеби во иднина ќе се запрашаат од каде да го купат следниот производ.
 
Nikola G

hello world
18 септември 2017
108
93
Да ама како шо е кажано од член погоре веќе го допираат дното или врвот, како сакаме.
И покрај споменување инспекција они ти викаат слободно оди. Значи едино решење останува р'жење, покажување заби. И разбира се веке никогаш во таа јебана фирма.
Сетек мува не ги лази. Што сакате викнете им. На фејсбук си бришат коментари и одма те блокираат да не можеш да пишуваш.
И другар го вртеа така за еден полнач за лаптоп кој пазете му го продадоа како за 19.5 волти а на инструмент покажуваше 18.5в
Отиде во салон во Гтц и вика дечко ќе те претрпатиме во сервис рузвелтова. Во сервис му го проверија и му викаат полначот е комплетно исправен, а тој еден волт помалку не му пречи. Бидејќи лаптопот беше прилично нов само они имаа полнач. И им вели полначот вака не е исправен, бидејќи не е тоа што пишува. Им вели одете горе до салон и донесете ми полнач. Ако имате со 19.5 ќе го земам и готово.
А не не. Неможеме да земеме од горниот салон. Ќе мора повторно да одите во Гтц и од таму да земете па да го провериме. Мада и овој што сме ви го продале е исправен.
Другаров. Извини тебе те мрзи го горе да се качиш и да донесеш полнач, а јас да ти се маткам пак до Гтц и назад и пак да ме заебавате. Ништо вратете ми ги парите.
А Сетек а не дечко ќе морате да се вратите во Гтц. Виде не виде другаров го зема полначот го однесе во Гтц, му вратија пари и си рече више безпари да ми даваат не влегувам.

Сетек ги третира луѓето како малоумни што купуваат од кај нив, што и навистина се, ако еднаш зезнати купуваат повторно
 
TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.149
3.023
Ќе млатат пари уште некое време, кога ќе им се случи АМЦ ќе се чудат.

Колку ли само лаици зезнале, а не знаат. (Јас да купував полнач немаше да приметам дали е 18 или 19в)
 
Nikola G

hello world
18 септември 2017
108
93
Ќе млатат пари уште некое време, кога ќе им се случи АМЦ ќе се чудат.

Колку ли само лаици зезнале, а не знаат. (Јас да купував полнач немаше да приметам дали е 18 или 19в)
Лошото е што пишува 19.5в и изгледа како оригинал со хп налепници се.

Да бевме друга држава ќе леташе таква казна за измама на потрошувачи и за продавање фалц роба, што сетек не ќе можеше да се освести. Ама јбг во ваков параспур од држава единствена паметна работа е воопшто да не се влегува во салон.
 
deki1

hello world
20 јули 2011
168
63
И јас лошо искуство со Сет, телефон Zte blade, го сервисираа едно три пати повеќе на сервис од колку во употреба беше едно 2 месеци, за на крај да кажат дека е матичната затоа што телефонот примил влага, вода и дека поправката ќе е на мој трошок односно треба да се замене плочата, се откажав од понатамошно докажување иако телефонот никогаш не бил во контакт со вода и си земав нов од Ледиком.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.762
2.776
Еве ви уште едно негативно искуство од Сетек. Ова е прв-пат да ме изиритира нивни вработен.

Вработениот во нивниот салон во ГТЦ (малиот) беше крајно нељубезен и арагонтен. Иако со case fans-овите кои ги купив има две години гаранција (CoolerMaster Masterfan SF120R ARGB), а и на страната на Сетек го пишува тоа. Типот не сакаше да ми ја даде и ми рече со неогви зборови "Друже, ова ти се вентилатори, ако си запознаен за нив не постои гаранција" иако претходно ми кажа дека имаат гаранција. Претпоставувам бидејќи му беше пред крај на работно време, па не сакаше да се замара.

Untitled-1.png
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.179
16.273
За тоа се лета од работа дури и кај тупи фирми, тоа е кршење на закон што момакот го прави, казна за продавачот и казна за одговорното лице.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.962
6.054
Skopje
Еве ви уште едно негативно искуство од Сетек. Ова е прв-пат да ме изиритира нивни вработен.

Вработениот во нивниот салон во ГТЦ (малиот) беше крајно нељубезен и арагонтен. Иако со case fans-овите кои ги купив има две години гаранција (CoolerMaster Masterfan SF120R ARGB), а и на страната на Сетек го пишува тоа. Типот не сакаше да ми ја даде и ми рече со неогви зборови "Друже, ова ти се вентилатори, ако си запознаен за нив не постои гаранција"
Не си требал да ги земеш воопшто ако не сакал да ти даде гаранција.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно