digingbil
read-only
- 5 ноември 2013
- 18
- 27
Здраво пријатели,
Во последно време размислувам за напуштање на вообичаената работа како (senior) web developer на која сум веќе прилично долго време - скоро 13-тина години. Работам со PHP/MySql/JS/Vue.js и еден куп други веб технологиги, кои како што знаете мора да ги познавате денес. И да, понешто и Python, најчесто scraping итн. Но тоа е секогаш 100% работа за други клиенти.
Како и да е, имам некои (мислам) добри идеи за софтвер и идејата ми е комплетно да се посветам на нивно развивање и поддршка и секако нивна продажба.
Меѓутоа претходниве години не најдов воопшто време да одвојам за истражување на можностите за payment processor-и за МК.
Секако имам Paypal веќе од 2014 но само personal. како што официјално знаеме ПП се уште не дозволува отворање бизнис сметка. На дупеглавците во Влада/НБРМ изгледа тоа никако не им одговара...
Гедам дека се користат и солуции од casys меѓутоа не знам која е постапката за за отварање сметка таму и поврзување со ваша банка. Некој линк можеби?
Конкретно имам:
Ви благодарам за секое споделено искуство од некој кој веќе go работи ова или е упатен во овие работи!

- Своја компанија ДООЕЛ
- Единствена (девизна + денарска) сметка во Охридска банка (каде официјално немаат опција за онлајн продажба)
- За наплата за мојата работа секогаш испраќам фактури кои ми ги исплаќаат преку банкарски трансфери на компаниска сметка
- Не би требало да имам проблем да отворам сметки и во други МК банки.
- Интеграција на payment processor кој ќе биде поврзан со моја сметка во МК банка (како компанија)
- Тој процесор треба да поддржува примање на плаќања од странство (поддршка на наплата од странски кредитни картички (US/UK/EUR најчесто), како и домашни)
- Опција за subscription (на пр. секој месец наплаќате од картичка на клиент одредена сума)
- 100% легално
- Може и плагин ако има за /Woo/Joomla/PHP etc, а и ако нема, битни ми се само параметрите а потоа јас ќе ги интегрирам сам.
- Мислење за административните глупости кои мора да се поминат