• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

UK LLP/LTD + Transferwise + Stripe (дали има некој оформено сличен setup?)

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Skipper8

Intern
4 јануари 2021
2
4
Здраво дечки, ќе пробам во кратки црти да ја објаснам идејата која е. Веќе 6 години работам на UpWork и слични платформи, настрана големите давачки на нив што ми се смачија туку и ќе можам многу повеќе да наплаќам како компанија (и пак да сум испод пазар со конкуренцијата). Не сум заинтересиран за наша компанија бидејќи а) отварање на Stripe, Transferwise и слични сервиси знаеме сите како оди кај нас, а и б) друго е клиент да види компанија од UK а не MK. Околу 80% од клиентите се од US, останатите од UK.

Во однос на Англија, целосно легално е отворање на Limited Liability Partnership (LLP) или па limited company (LTD), со тоа што сакам LLP бидејќи данок плаќаат директно само членовите на партнерството (а бидејќи не сум жител на Англија плаќам данок само на профит од клиенти од Англија.) Од друга страна, LTD плаќа 19% корпорациски данок бидејќи е корпорациско тело и потоа мора исплата на вработените како плата/дивиденти. Значи не ми е целта да избегнам данок кај нас, веќе сум плаќал со години, него прашањето ми е друго.

Дали мора да го пријавам LLP кај нас (тоа е нешто како ДОО ваљда) и како би одело тоа (дали има корпорациски данок или не), или можам едноставно да си префрлам пари од Transferwise директно на наша сметка, и да си плаќам 10% како досега? Логички, според Англиските закони, бидејќи LLP е партнерство парите директно се мои и на останатите партнери (брат ми во случајот) според однапред определениот договор како ќе се дели профитот, и би се одданочувале одма да бев жител во Англија. Така да, кај нас ако си ги ипсратам, заработени ми се целосно и немам потреба да ги исплаќам како дивиденти (не ни можам бидејќи нема shares во LLP). Се консултирав и со сметководител и со еден наш што има LTD, сите викаат дека си плаќаат само 10% годишно без проблем, меѓутоа препорача сметководителот да ја регистрирам како странска инвестиција во Централен Регистар компанијата (трговското друштво).

Целта ми е значи долгорочно да си ја водам компанијата, со тоа што евентуално би отворил кај нас компанија за да вработам тука луѓе ако не можам да престигнам сам.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,524
Мислења
845,952
Членови
29,325
Најнов член
VirtualMechanic
На врв Дно