Aztec
read-only
- 7 јуни 2020
- 35
- 71
Точно. Аргументот дека ќе ја разочараат нивната примарна корисничка група или гејмерите со тоа што продаваат на копачи па сега овие ќе бојкотирале, на чипичани ќе преминеле... ЛОЛ. На крајот од денот, пак поголем дел од гејмерите ќе купуваат од нив. Тоа е, дуопол, играш како што ти свират кога изборот и достапноста е никаква. А компанија што очекува интензивирање на побарувачка во наредните години, не ја мачат PR политики (засега). И не, голем дел од PC корисниците нема да преминат на конзоли, а и да се случи тоа, ќе биде привремено до моментот кога би имало некое стабилизирање на цените и повторно сите назад. Тргнувам од самиот себеа зошо да го сопрат. се што ке произведат им е продадено за рекорно брзо време, 100% сигурност дека имаат пласман и дека сите производи им се продадени, 100% чиста заработувачка... и тоа е тоа...
Еве, јас лично не гејмам многу како на времето поради обврски, но и доколу го правев тоа, попрво би го оставил како хоби отколку да преминам на конзола... сентимент кој го делат и голем број други гејмери барем по тоа што сум читал/разговарал, можеби сум грешка, не генерализирам.
Единствено што можи да се надеваме во моментот е:
- По масовни регулации на крипто низ светот доволно за да ги обесхрабрат овие што копаат и тргуваат па конечно да пропадни ова крипто-канцеров
- Nvidia да го интензивира и подобро да го спроведи тој нивни процес за лимитации на графичките (зборувам за LHR и слични чуда)
Со оглед на тоа дека кога ќе крашни некое крипто што користи GPU за валидација и пазарот постепено станува преполн со евтини користени графички, тоа почнува сериозно да им упаѓа во профитабилноста... Нешто што може драстично да го минимизират преку сегментација на корисниците како и што пробуваат сега.
Самите тие имаат огромен интерес да го спроведат ова што побрзо само што сега мислам дека веќе им замина тој воз со ETH па поради тоа во моментот не многу им се мислат на кој ќе продадат што, се додека можат да продадат. Но во иднина, верувам дека очекуваат вакво нешто да се случи повторно и поинтензивно па вероватно ќе го испеглаат подобро овој план. Генерално не баш морален чин од еколошки аспект(што би рекол LTT), но верувам на производителите, гејмерите и останатите корисници нема да им смета (освен на копачите)
tl;dr: Не е на арно