Molec
user
- 18 мај 2011
- 1.434
- 2.246
Некој да ми каже искуство со AIO тип на ладење, совет некој? Планирам да земам од Deepcool па ме интересира дали некој знае како се со квалитет, дали е повеќе или помалку гласен од обичен кулер (ми имаат кажано дека пумпите биле гласни) и дали некој знае каде може да се набави течност за ладење пошто знам на одредено време треба да се смени пошто се собира ѓубре од галванизациска корозија.
Не знам за новиве модели ама праксата покажува дека генеричко AIO на почеток е тивко и по некое време се разбрмчува. Не би ти препорачал Deepcool, туку EKWB...заради квалитет, флексибилност и support.
Бучност: зависи од капацитетот и квалитетот на пумпата и вентилаторите. Основно правило: помалку извори на бучава = помалку бучава. Значи 1 вентилатор ќе биде потивок од 2 или 1 вентилатор и пумпа...но не секогаш бидејки има повеќе фактори меѓу кои квалитетот е најбитен, пример: 3 Noctua вентилатори ќе бидат потивки од 1 просечен вентилатор на иста брзина. Пумпа со поголем капацитет ќе работи на помали обртаи и ќе биде потивка, исто и со вентилаторите пр. 200/180мм > 140mm > 120mm т.е. еден поголем вентилатор/радијатор ќе врти поспоро и ќе лади исто или подобро од 2 или 3 помали.
Течност јас менувам на 6 месеци, дестилирана вода и биоцид, ништо друго.