Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
Некој искуство со купување на клима уред од Техномаркет? На сајтот гледам пишува гаранција само 12 месеци.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Во реалност олку долги гаранции не функционираат.
Мене ме интересира колку години редовна гаранција давате.
Како мислиш редовна, гаранцијата е 10години на целиот уред, единствен услов е редовен годишен сервис кој треба да се практикува и на клима БЕЗ никаква гаранција. Ако на некој му е скапо и не сака да ја одржува климата како што треба може после 3-4-5 година едноставено да се откаже. Но клима која не се одржува губи од својот капацитет. После година дена има МНОГУ ѓубре во саќето кое влијае на перформансите и со тоа на долговечноста на уредот. Не само кај Грее туку кај било која клима безралзика дали е под гаранција или не.
Препорачливо е барем еднаш годишно да се чисти саќе на внатрешна и по потреба и надворешна единица, да се провери ниво на фреон и генерално состојба на самиот уред. Тоа ти доаѓа исто како менување на улје на кола, или како чистење на печка/шпорет фарбање на солинари, чистење на оџак и слично.
Дополнително оние филтерите кој стојат треба да се перат еднаш на 2-3 месеци ( зависно од користење и нечистотии во околината каде е поставена ).

Инаку постојат уреди со lifetime waranty па сум искористил замена на компјутерски компонент со дефект после 7 години :), малце имаше натегање ама после 7 години сигурно нема со еден збор било кој да ти замена цел уред без сервис. Башак ако имаш валидна заверена гаранција и имаш дефект имаш милион правни аспекти кој може да те заштитат како потрошувач ако во случај не се испочитува она што ти е понудено. Тука барем на форумот има милион совети и искуства споделно.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Рипнала цената на Vivax на klimi.mk

Којзнае зошто.
Рипна цената на некој модели на VIVAX климите секаде не само на klimi.mk одлуката е од самиот VIVAX.
Веке подолго време цените на клима уредите во светот имаат тренд на зголемување не само кај VIVAX.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Како мислиш редовна, гаранцијата е 10години на целиот уред, единствен услов е редовен годишен сервис кој треба да се практикува и на клима БЕЗ никаква гаранција.
Така фино. Редовна гаранција без условување за редовно сервисирање. На пример VIVAX имаше клими со 2+3 години (или обратно беше, не е битно)
Посетата на сервисер се наплаќа за тоа редовно проверување и истото не очекувам да биде под 800 денари.

И на крај, ова може да ти го потврди секој, статистиката вели дека ако уредот не се расипе во првата година на користење нема да се расипе во следните 5.

Замисли да се досети некој вакво нешто да нуди за лаптопи. Еднаш годишно чистење од прашина со задолжителна проверка на SMART..
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
За клими треба да постои гаранција едно 2-3 години без никакво условување.
Тоа на страна, и кај други производи постои задолжителен редовен сервис (автомобили). Не дека и тоа е во ред.

Инаку колку кошта тој условениот годишен сервис кај Гри, знае некој?
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола

Во Тоа ако не се расипи за една нема да се расипи за 5 год би важело ако правилно е димензионирана климата за просторот инаку ако е премала за просторот брзо ке ги фрли патиките компресорот.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
За клими треба да постои гаранција едно 2-3 години без никакво условување.
Тоа на страна, и кај други производи постои задолжителен редовен сервис (автомобили). Не дека и тоа е во ред.

Инаку колку кошта тој условениот годишен сервис кај Гри, знае некој?
Не знам за Gree ама кај братот, пред две-три години, местевме VIVAX со 2+3 години, и во разговор со сервисерите дознав дека тие проверки се сведуваат на проверка на притисок/фреон и мавање на печат во сервисната книшка.
Јас лично досега сум сретнал само еден случај на прегорен компресор заради лоша монтажа (немаше oil trap) но затоа сум сретнал „квичечки“ внатрешни вентилатори кај Panasonic, расипани моторчиња за клапни, р'ѓосани надворешни единици...

Значи фино е оној фантомот кој се претстави дека е застапник за Gree да каже кои се условите на гаранцијата од 10 години и што не опфаќа истата.

Toyota и останатата далекуисточна екипа дава 5 години гаранција ама збирот на сумите од сервисите за тие 5 години надминуваат 2500 евра.

Сепак останувам на мнение дека иницијалната монтажа треба да ја врши овластен сервисер затоа што исправната монтажа е гарант за долготрајното функционирање.
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Така фино. Редовна гаранција без условување за редовно сервисирање. На пример VIVAX имаше клими со 2+3 години (или обратно беше, не е битно)
Посетата на сервисер се наплаќа за тоа редовно проверување и истото не очекувам да биде под 800 денари.

И на крај, ова може да ти го потврди секој, статистиката вели дека ако уредот не се расипе во првата година на користење нема да се расипе во следните 5.

Замисли да се досети некој вакво нешто да нуди за лаптопи. Еднаш годишно чистење од прашина со задолжителна проверка на SMART..
За лаптоп постои вакво нешто, мораш да го носиш Делл лаптопот во ИТД инаку не ти важи гаранцијата ако не е однесен на чистење после првата година.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Toyota и останатата далекуисточна екипа дава 5 години гаранција ама збирот на сумите од сервисите за тие 5 години надминуваат 2500 евра.

Сепак останувам на мнение дека иницијалната монтажа треба да ја врши овластен сервисер затоа што исправната монтажа е гарант за долготрајното функционирање.

Сосема се согласувам, но што правиме со нашиве продавачи?
Јас имам Тошиба клима (помеѓу другите), и ја купив од продавница специјализирана за фриготехника токму заради искуството на нејзиниот интерен сервис. Токму и во претходен разговор прашав и ми беше потврдно одговорено дека нивниот сервис ги врши монтажите. Знаеш колку се изнервирав кога на денот на монтажата ми пратија некој рандом надворешен сервис да ја монтира климата?

Се разбира, најисправно беше да ја одбијам монтажата и да си ги барам парите назад. Но грејната сезона беше почната, другите две алтернативи не ми беа достапни, а за Тошибата добив попуст... И ја голтнав кнедлата. Нормално, кога проверив следниот ден струјната инсталација беше аматерски изведена со непотребно оставени должини од соголени жици, и лошо прицврстени. Јас како аматер тоа го поправив неспоредливо подобро.
За Енергија станува збор инаку, чисто за целосно да го споделам искуството. Вработениот во дуќанот им беше и љубезен и едуциран за HVAC, од почетниот однос сум задоволен ама на план на реализација извесно потфрлаат.

Потоа од муабети разбрав дека доста од инсталациите им се од надворешни сервиси. Ако е за добивање на услуга од такви рандом но-нејм сервиси, тогаш може да пазарам клима и од Непун, Техномаркет, или рандом супермаркет - нема причина да плаќам повеќе за да имам работа со продавница специјализирана за фриготехника.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Така фино. Редовна гаранција без условување за редовно сервисирање. На пример VIVAX имаше клими со 2+3 години (или обратно беше, не е битно)
Посетата на сервисер се наплаќа за тоа редовно проверување и истото не очекувам да биде под 800 денари.

И на крај, ова може да ти го потврди секој, статистиката вели дека ако уредот не се расипе во првата година на користење нема да се расипе во следните 5.

Замисли да се досети некој вакво нешто да нуди за лаптопи. Еднаш годишно чистење од прашина со задолжителна проверка на SMART..
VIVAX одсекогаш имал условна гаранција секоја година редовен сервис гаранцијата им е 3 години и е во формат 1+1+1 не е 2+3 ( тага испаѓа 5год ). Воедно никој не нуди гаранција подолга од 3години без услов. Најчесто се 1-2 години гаранциите, единствено најскапите брендови како даикин, митсубиши и слично нудат 3г без некој строг услов но на 60 000 клима да ти се расипе во првите 3 години е срамота и да не ја одржуваш.

Секоја клима која не се одржува и се намалува животен век каква и да е.И на даикин ако треба да те служи 30 години ке те служи 10 години ако не ја одржуваш. Но не само животниот век ако не е одржувана И СЕ НАМАЛУВА ЕФЕКТИВНОСТА што е исто многу битен елемент. Под сервисот се подразбира и чистење на уредот и останати проверки не само да помине некој да ти земе 800 ден и да си замине. Такво поминување не треба да чини повеќе од 300-500 денари ( зависи од патни трошоци ) бидејќи проверка на фреон најчесто е 5-10мин работа.

Инаку колку кошта тој условениот годишен сервис кај Гри, знае некој?
Цената треба да се движи од 700-1000 ден цената ја одредува монтерот сервисерот колку што знам, ама пак за тоа имаш листа од десетици кој се овластени и можеш да се информираш кај секој за цена, во превод не е монополски поставено од ГРЕЕ да мора да е 1500 ден на пример.

Сосема се согласувам, но што правиме со нашиве продавачи?
Јас имам Тошиба клима (помеѓу другите), и ја купив од продавница специјализирана за фриготехника токму заради искуството на нејзиниот интерен сервис. Токму и во претходен разговор прашав и ми беше потврдно одговорено дека нивниот сервис ги врши монтажите. Знаеш колку се изнервирав кога на денот на монтажата ми пратија некој рандом надворешен сервис да ја монтира климата?

Се разбира, најисправно беше да ја одбијам монтажата и да си ги барам парите назад. Но грејната сезона беше почната, другите две алтернативи не ми беа достапни, а за Тошибата добив попуст... И ја голтнав кнедлата. Нормално, кога проверив следниот ден струјната инсталација беше аматерски изведена со непотребно оставени должини од соголени жици, и лошо прицврстени. Јас како аматер тоа го поправив неспоредливо подобро.
За Енергија станува збор инаку, чисто за целосно да го споделам искуството. Вработениот во дуќанот им беше и љубезен и едуциран за HVAC, од почетниот однос сум задоволен ама на план на реализација извесно потфрлаат.

Потоа од муабети разбрав дека доста од инсталациите им се од надворешни сервиси. Ако е за добивање на услуга од такви рандом но-нејм сервиси, тогаш може да пазарам клима и од Непун, Техномаркет, или рандом супермаркет - нема причина да плаќам повеќе за да имам работа со продавница специјализирана за фриготехника.
Види ако е ова пракса редовна тогаш не е во ред сепак си очекувал едно си добил друго како искуство зборам, но сепак разбирам дека МОЖЕ да се случи вакво нешто бидејќи токму денес ни се случи на нас. Договорена монтажа на 3 клими во СК од нас утрово главниот мајстор има смртен случај во фамилија, иако не бега од одговорност и прифаќа да работи сабота кога и е закопот сепак не е човечки и моравме да ангажираме друг надворешен сервис ( во кој имаме доверба и немаме поплака за соработка до сега ) за да не се избрукаме пред клиент. Но ова е исклучок а не пракса, сакам да дадам пример и од другата страна што се може да се случи која клиентот не ја гледа зошто бил пратен друг сервисер/монтажер.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Но ова е исклучок а не пракса, сакам да дадам пример и од другата страна што се може да се случи која клиентот не ја гледа зошто бил пратен друг сервисер/монтажер.
Сакаш да кажеш дека откако специфично се нафативте дека вашиот сервис ќе ја работи монтажата, потоа без барем телефонски да ја објасните ситуацијата - го оставивте клиентот на денот на монтажата да се соочи со фактот дека друг сервис ќе ја изврши монтажата? Без воопшто да понудите алтернативна дата на монтажата од вашиот сервис, како што бил договорот?

Да, непредведени ситуации се случуваат. Но како што кажа тоа (треба да) се исклучоци, а не пракса. Разликата помеѓу разните фирми, е ваљда како истите се справуваат со таквите непредведени ситуации и каков однос имаат кон клиентите.
 
kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
Да, непредведени ситуации се случуваат. Но како што кажа тоа (треба да) се исклучоци, а не пракса.
Смртен случај имал монтерот еееј ало читаш ли ти нешто освен себе ?
Упорно делкаш едно исто дрвце од причина што не ги познаваш гаранциите на другите и ги споредуваш со твоето лично и единствено искуство....еве да ти кажам која е разликата, си имал искуство со една фирма кај кои незнам како е наведено во гаранцијата и кој е овластен, но пример тие што увезуваат Митсу немаат ни една фирма за монтажа наведена како овластена во гаранцијата....на Гарантниот лист за кој ти зборува @sumi има па сигурно едно 10фирми наведени како овластени фирми за монтажа. Па ако монтерот имал "непредвидена ситуација" на денот кога била закажана монтажата има кој да го замени и да не монтира било кој туку пак некој кој е овластен според гаранцијата.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Смртен случај имал монтерот еееј ало читаш ли ти нешто освен себе ?
Колку и да сочуствувам на човечко ниво, како клиент очекувам исполнување на договореното и одредено ниво на однос, објаснување за ситуацијата и нудење алтернативи на договореното.

Таквите работи како смртни случаи во фамилиите на вработените се секојдневен дел од животот, но тоа не значи дека фирмата ќе се затвори заради тоа. Ниту е можно во сервисот да има само еден вработен, ниту е реално дека во некој од наредните денови или наредната недела на клиентот да не е можно да му исполнат договорените обврски.
На страна тој случај на Суми, јас го наведов мојот случај каде за моите пари едно ми се вети - ама друго ми се испорача.

Искрено се надевам дека Суми го известил клиентот за ситуацијата, и понудил додатна алтернатива освен монтажа од трет сервис. Клиентот треба да се праша и треба да може самиот да одбере дали ќе прифати монтажа од друг сервис, или ќе почека колку треба за монтажа од сервисот на продавницата.

Види @kooks eдна од причините заради која ние информираните избегнуваме да купуваме фриготехника од супермаркет продавници како Нептун/Техномаркет, е токму разликата во квалитетот меѓу сервисот на некој рандом сервис со име како Зврле2000 - и квалитетот на сервисот на продавница специјализирана за фриготехника.
Кога плаќам повеќе и купувам клима уред од продавница специјализирана за фриготехника, плаќам за монтажа од нивниот внатрешен сервис. А кога плаќам за нешто - очекувам и да го добијам, па макар и на покасен датум (ако ете се случило нешто како наведеното).
 
kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
Ама свати дека има сезона и несезона за монтажи....ако је купиш климата во сезона кога имаат и се бараат многу монтажи дневно а се едвај 2-3јца запослени како сервисери праксата е дека климата ке ти ја намонтира некој позајмен монтер. Вон сезона тие монтери немаат ни една монтажа дневно и заради тоа ретко кој ги прима на работа и фиксна плата. Реалноста е...монтерите кај нас се фриленсери кои монтираат секакви клими и не се врзани за една марка. Твојата си ја купил во сезона и ти нашле заменски монтер со кој соработуваат бидејки нивните запослени неможеле да постигнат as simple as that. Ако во гаранцијата си стои дека и тој некој трет монтер/фирма е овластена тогаш негледам проблем, проблемот е ако во гаранцискиот лист не е наведена таа фирма/монтер да ја врши монтажата а монтерот/фирмата ти се појавува дома на денот на монтажата.
При дефект на климата во ваква ситуација со монтажа од монтер/фирма која не е наведена во гарантниот лист фирмата продавач може да се повика на дефект заради неправилна монтажа!
Монтажерот треба да стави печат и потпис на гарантниот лист за да гаранцијата биде валидна односно тој треба да биде овластен за монтажата, тое е моментот кој е најбитен во целава прикаска.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Патем мора да приметам една за мене чудна работа, а тоа се негативните реакции од рандом ликови кон нечие споделување на лично искуство (и незадоволство) со одредена фирма. Ова го гледам на повеќе одделни дискусии овде, ама и на други форуми.

Нели форумите служат за споделување на личните искуства?

Ама свати дека има сезона и несезона за монтажи... ...монтерите кај нас се фриленсери...си ја купил во сезона и ти нашле заменски монтер со кој соработуваат бидејки нивните запослени неможеле да постигнат as simple as that.
...негледам проблем
Па не, не е „така едноставно“.
Јас кога се договаравме специфично прашав дали нивниот сервис ќе ми ја монтира климата. Ај сега уште еднаш - прашав дали нивниот сервис ќе ми ја монтира климата. Треба можеби уште еднаш да повториме дека... ПРАШАВ ДАЛИ НИВНИОТ СЕРВИС ЌЕ ЈА МОНТИРА КЛИМАТА?

Мене како клиент не ме интересира дали е сезона, колку работа има продавницата, или детална анализа на пазарот на труд во областа на монтажата на клима уреди. Идам во продавница, прашувам за цена и прашувам дали нивниот сервис ќе ми ја монтира климата. Ако добијам потврден одговор тогаш очекувам да се исполни договореното.

Во реалниот свет ако ти се ветува едно а ти се испорача друго, тогаш тоа е превара - as simple as that.
 
kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
As simple as that....НЕ ни треба да ги прашуваш кој ке монтира!
претпоставувам дека и во твојата гаранција ја пишува истата реченица како што ја пишува во една моја гаранција а тоа е оваа реченица:
"Гаранцијата нема да важи ако монтажата е извршена од неовластен монтер-сервис"
Guess what....ниедна фирма не беше наведена како овластена во гаранцијата и монтерот ми беше посочен на обично ливче....а не е наведена овластена фирма-монтер зашто немаат вработено ниеден монтер на фиксна плата!
Имаат свој сервис и вработен сервисер, но не и монтери.
 
Последна промена:

drownz

Master
8 март 2007
1.454
202
Куманово
iwmnetwork.com

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
...немаат вработено ниеден монтер на фиксна плата!
Имаат свој сервис и вработен сервисер, но не и монтери.
Ако е вистина тоа што го кажуваш - тогаш зошто ми беше одговорено дека климата ќе ми ја монтира нивниот интерен сервис??
Ова повеќе пати ти го повторив, ама некако не ти се чита тој дел. Мене ме обвинуваш дека „упорно делкам едно исто дрвце“, ама извесно ти си тој што упорно го игнорираш овој момент.

As simple as that....НЕ ни треба да ги прашуваш кој ке монтира!
Нешто овде чудно ми замирисува... ;)
Тогаш зошто да купувам клима од фирма како Енергија. Зошто да купувам клима од било која друга продавница која е специјализирана за фриготехника ако секако добивам монтажа од некој рандом нонејм сервис?

Зошто да не купам за поевтино од било кој супермаркет за техника?
Или зошто да не си увезам една клима од Грција?

Тоа се три опции.
Примети како се секоја последователна опција цената ми станува поевтина. Во последната најевтина опција дури можам да си го повикам мојот монтер/сервисер во кој имам доверба и кој знам дека саглам ќе си заврши работа со сите поединости кои јас како клиент ги барам (а кои рандом монтери од нонејм сервиси или не ги знаат или не сакаат да се замараат со нив).

Пораката која се гледа меѓу редовите од ова што го пишуваш е дека нема никаква предност да пазариме клима уреди во продавници специјализирани за фриготехника. А никако не би требало да биде така.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Штета што не спаѓа детално чистење во годишниот сервис. Баш би било добро да е така. Барем да има некаква логика.

И онака треба детално да се чисти секоја година и надворешната и внатрешната единица.

Ама само на печат изгледа се сведува, како и кај сите продолжени гаранции.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
После сезоната на греење, саќето (хитсинкот) од надворешната единица е чист како од фабрика кога излегол. Нормално после сите дефрост циклуси во зимата. Дури и надворешната единица да е прљава од х причини, може едноставно само да се издува со компресор или во краен случај - црево со вода (исклучена од струјна конекција, и потоа да се остави неколку дена целосно да се исуши).

Проблем е внатрешната единица, која за време на зимската сезона може и да се запуши од прашина (како ладилниците од компјутерите). Во сезоната на ладење внатрешната единица е таа штокондензира, но на многу прашина може да се направи кал наместо да се измие. А ако се дува со компресор внатре лом ќе се направи. Затоа се чисти со средства, ама прво треба да се расклопи пластичното тело (зезнат процес ако точно не се знае што се прави), плус потоа со денови испаруваат хемикалии од средството. Ова пред идење на одмор најдобро...
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Штета што не спаѓа детално чистење во годишниот сервис. Баш би било добро да е така. Барем да има некаква логика.

И онака треба детално да се чисти секоја година и надворешната и внатрешната единица.

Ама само на печат изгледа се сведува, како и кај сите продолжени гаранции.
Ако и го фатиш редот со чистење од почеток нема да имаш потреба некој да ја расклопува за да се чисти барем во првите 5~6 години.
Јас на пример пред почеток на сезона на ладење ја чистам со (ова по ред) со:
  1. Усисување колку што ми дозволува просторот
  2. жешка/врела вода со пумпица,
  3. со раствор или не (во зависност од производителот) на средство за дезинфекција (екосал на пример, може да се нанесува на прибор за храна или „ростфрај“) (средства базирани на Хлор во никој случај)
  4. ...чекање да си ја одработи задачата...
  5. Плакнење со врела вода.
Пипаво е ама на крајот ќе биде тип-топ. Затестувањето се случува во лето заради кондензатот и нередовното чистење на филтрите.
Кај мене климите се како првиот ден.
Климата не е set & forget.

За надворешната употребувам црево со вода од перката према надвор (назад). Нема потреба да се силува и да се инсистира на клиничка чистота кај надворешната.
Никој да не помислил да употреби Aris / Grily и останати средства за одмастување затоа што се агресивни на метал и гумени делови и затоа што тешко се плакнат. Згора на се, претерано се штетни за дишни патишта.
Ако веќе се работи за масни наслаги најдобро е да се употреби обичен Шпиритус од 70+ % па потоа плакнење со вода и оставање добро да се исуши.
Уште еднаш напомнувам дека нема потреба да се инсистира на клиничка чистота.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв