Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

kirev

senior
31 мај 2010
9.046
7.722
Чек, па клима на греење пак мора да се гаси самата додека загрева. Инаку дува ладно
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Чек, па клима на греење пак мора да се гаси самата додека загрева. Инаку дува ладно

Инвертерот ја намалува снагата како што ја постигнува температурата. Фигуративно - почнува со врел воздух за понатаму да дува млак.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Во теорија разликата до инвертер е голема затоа што ладни денови под -10 се максимум 2 недели. Во пракса инвертерот троши помалку затоа што ја намалува снагата како што ја постигнува температурата. Кај обичната клима има чести прекинувања и падови на температурата. Инвертерот има мотори на права струја кои се контролираат со електроника и тоа синхронизирано со внатрешната единица. Многу слична контрола како PWM кај компјутерските вентилатори.

Истото важи и за ладење. Деновите со 50 степени се 5-6 во годината. Со 40 се 15, а над 30 се 4 месеци. (Или ако гледате според прогноза, нема ни еден ден над 40 - што е нели смешки)

А сакаш да држиш некои 25 степени во станот - што е само 10 степени разлика од надвор. Нема потреба да корне климата со сета сила. Само да си пирка надворешната единица во апсолутна тишина.

LEtG3BT.png

Особено е важно да има инвертер во соби во кои се спие или се работи некоја седечка работа. Зголемена тишина и мали варијации во температура си носат поголем спокој и намалени болки во зглобовите и помалку укочувања.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Истото важи и за ладење. Деновите со 50 степени се 5-6 во годината. Со 40 се 15, а над 30 се 4 месеци. (Или ако гледате според прогноза, нема ни еден ден над 40 - што е нели смешки)
Не се смешки, точни се мерењата. Не ги гледај оние што мерат со термометар оставен на сонце или на асфалт.
Најголема температура летно време што ја измерив, беше прелани 41 степен. Тие 15-тина дена се кога температурата е околу 35 степени. И тоа се максималните температури, значи од пладне до кај три часот, останатиот дел од денот се за некој степен пониски.
Така да на климата и е многу полесно да ја симне температурата за 10-15 степени во однос на надворешната, отколку зима да ја качи за 25-30.
 
Milos007

hello world
1 август 2012
60
21
http://www.elipso.hr/rashladni-uredaji/stacionarni-klima-uredaji/VIVAX-ACP_12CH35GEE/

Би сакал да ве замолам за мислење, доста луѓе ми го препорачаа овој модел на Vivax инвертер климатизер бидејќи не е многу скап, а одлично брка работа. Користи GREE компресор (од најновата G10 технологија). Иначе ми треба за просторија од 40м2. Ви благодарам.
 
creator

hello world
26 јануари 2009
89
67
Здраво, би сакал да замолам за мислење за клима уредот:

DAEWOO DSB-F1273LH

Доколку некој има искуство со оваа клима би бил благодарен доколку го сподели. Првичната намена на уредот би била да лади 35тина квадрати, а греењето не е толку важно. Би греела пред да почне и откога ќе заврши грејната сезона.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
совет:
ако ви е само за ладење гледајте земете ја најефтината клима која има поголема гаранција.
инаку сите се толку слични(да не речам исти) што не вреди да се збори поединечно модел за модел :)
 
mickeymkd

hello world
7 јануари 2009
418
78
Vivax ACP-12CH35GEK или SAMSUNG AQ12TSBNCEE?

Самсунгот е за 1000 поскап од Виваксот.
 
Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.073
Скопје, Македонија
Vivax ACP-12CH35GEK или SAMSUNG AQ12TSBNCEE?

Самсунгот е за 1000 поскап од Виваксот.
SAMSUNG-от... Не знам за VIVAX-от, ама SAMSUNG-от нема кит за монтажа, па и монтажата му е малку поскапа... Во која продавница ги гледаше...?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Не знам за сега но пред 3 години кога местев кај татко ми BEKO дојде со кит од бакарни цевки.
Моја понатамошна препорака е климата да ви ја мести искључиво овластен сервис заради тоа што и за најмал дефект нема да ви ја признаат гаранцијата (дефект за кој не е кривец монтажата на пр.)

Во Скопје има повеќе овластени монтери за одреден бренд и распрашајте се за педантен мајстор кој нема да ви одвали еден квадрат од малтерот со глупата хилта или после монтажа „ќе заборави“ за испушти воздух од системот.
Огромно внимание да се обрати на падот на цевките односно на дренажното црево за кондензат за да не заостанува вода и на крај да доаѓа до смрдење или уште полошо - водата да тече по внатрешниот ѕид. Е, поправањето на ваков пропуст е невиден секс....
 
mickeymkd

hello world
7 јануари 2009
418
78
Самсунгот го има во Сетек. А има ли некој да препорача педантен монтер?
 
omegaRED

Adeptus Astartes
13 септември 2011
2.520
3.525
Скопје
omegaRED's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7800X3D + Arctic Freezer III 360 ARGB
Motherboard
ASUS Rog Strix X670E-F
Storage
2TB Samsung 970 EVO Plus, 1TB Silicon Power P34A80, 6TB WD Red + 2TB Toshiba
PSU
CoolerMaster Vanguard V1000
RAM
2 x 16GB Kingston HyperX @ 6000 MHz
Video card
MSI RTX4090 Suprim X
Case
NZXT H9 Flow
Mouse
Logitech G903 Lightspeed
Keyboard
Keychron Q3
Audio
SteelSeries Arctis Pro Wireless & Logitech X540
Monitor
LG UltraWide 38WN95C-W
OS
Windows 10 x64 Pro

yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје
Едно прашање за12CH35GEK ... на сликите што ги има по интернет, на надворешната единица има лепенка DC Inverter, ама ни по цена, ни по карактеристики не личи на инвертер... некој лаже или јас погрешни слики гледам?
 
vane44

Баниран/a
26 ноември 2010
1.419
809
Гевгелија

не е инвертер обична е и јас се мислам да ја земам другиот месец
колку е кај вас во скопје тука кај мене без монтажа е 16К
 
yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје

artweb

user
5 март 2012
1.428
709
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Инвертерот ја намалува снагата како што ја постигнува температурата. Фигуративно - почнува со врел воздух за понатаму да дува млак.

Инверторот користи фреон за ладење или само го врти воздухот?
 
vane44

Баниран/a
26 ноември 2010
1.419
809
Гевгелија

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.700
12.555
Skopje
www.wemaxa.com
Да не отварам нова тема ме интересира следново:

- Имам некоја нонејм клима во соба (Fairland), класичен тип, си работи океј но сакам да ја заменам со инвертер. Режимот на работа (и благодетите) од инвертер ги видов лани лето на одмор посебно фактот што многу подобро ја контролира температурата, нема пали-гаси и нагло оптеретување на напонот и е едноставно елегантно решение во поглед бучава и сл.

Прашањето е, дали е можно да се искористи постоечката инсталација, односно да се тргнат внатрешната и надворешната единица од постоечката клима и да се заменат со соодветни од инвертер уред. Според мене, доколку се користи иста големина на бакарни цефки, не би требало да има проблем, односно надворешната и внатрепшната единица ги врзуваат 2 бакарни цефки и еден напонски кабел (кој останува).

Фала на одговорите.
 
Ако климите користат ист фреон (тип) - може.

Затоа што маслото во фреонот не смее да се меша. Прави штетни соединенија (за моторот)
Истото важи ако се преминува од R22 на R410 и обратно. Инвертерите работат на поголем притисок.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.700
12.555
Skopje
www.wemaxa.com
Веза неам што фреон користи, монтирана е 2012-та мислам, се работи за Fairland S-12H-C. На гугл не најдов инфо. Фирмата наводно користи oд новиот тип фреон, R410A па не би требало да има проблем. Не можам да се сетам на дечките што го местеа како им се викаше фирмата.

Ако климите користат ист фреон (тип) - може.

Затоа што маслото во фреонот не смее да се меша. Прави штетни соединенија (за моторот)
Истото важи ако се преминува од R22 на R410 и обратно. Инвертерите работат на поголем притисок.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Веза неам што фреон користи, монтирана е 2012-та мислам, се работи за Fairland S-12H. На гугл не најдов инфо. Фирмата наводно користи oд новиот тип фреон, R410A па не би требало да има проблем. Не можам да се сетам на дечките што го местеа како им се викаше фирмата.

Ако ти е да заштедиш за бакарни цевки (или од практични причини, ваљда) мој совет ти е да си ставиш нови затоа што е прашање на среќа дали мајсторот ќе биде нежен при демонтирање на внатрешната единица. Мислата ми е дека ризикуваш да се појават микро пукнатини кои подло ќе ти губат фреон и ќе се нервираш ( + многу тешко се открива)

Нови цевки + педантно мотање од „онаквото“ + давање на добар пад на дренажното црево = мир. Гледај новата клима да има режим на сушење пред да престане да дува за да ја издува влагата (кога лади)
На ваков начин никогаш нема да просмрди и да се накалеми мувла. Многу битно за мали деца.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно