Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.700
12.555
Skopje
www.wemaxa.com
Не ми е да штедам на бакар туку инсталацијата беше премногу комплексна. Има некои салонитни плочки над фасадата на зградите па за да не се кршат се искористи мал простор во аголот. Потоа над цефките има ставено стиропор и е кречено, односно повторна монтажа би значела многу работа и заебанции за кои немам време.

За внатрешната единица има простор да маневрира 10-15цм десно доколку се изгуби дел од должината при сечење/демонтажа.

Доколку е комплицирано да не се замарам и да не трошам време на монтери и сл. кои евентуално би се пишманиле од ваков потег.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232

Мораш да бараш совет од мајстор кој ќе гледа на лице место. Траума е местењето на клима, те разбирам :)
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
Да не отварам нова тема ме интересира следново:

- Имам некоја нонејм клима во соба (Fairland), класичен тип, си работи океј но сакам да ја заменам со инвертер. Режимот на работа (и благодетите) од инвертер ги видов лани лето на одмор посебно фактот што многу подобро ја контролира температурата, нема пали-гаси и нагло оптеретување на напонот и е едноставно елегантно решение во поглед бучава и сл.

Прашањето е, дали е можно да се искористи постоечката инсталација, односно да се тргнат внатрешната и надворешната единица од постоечката клима и да се заменат со соодветни од инвертер уред. Според мене, доколку се користи иста големина на бакарни цефки, не би требало да има проблем, односно надворешната и внатрепшната единица ги врзуваат 2 бакарни цефки и еден напонски кабел (кој останува).

Фала на одговорите.

негледам зошто да не може.уљето си е во моторот а во цевките поминувал фреонот.тоа што користел еден тип на фреон и сега треба да користи друг,нема да има штетни влијанија на моторот.или како опција да се проверат цевките со вакумерка пред да се монтира.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Маслото, и во најмали количини, ако се помеша со несоодветно прави соединенија кои се штетни за компресорот. Нема да прегори во 5 минути ама на подолг рок прави беља.
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Најважно е да пасуваат цевките во димензија. Другото се е многу малку важно, односно тоа што флегма го кажа во цевките е парафин. А ако почне да истекува масло од моторот и да се меша со фреонот не е добро.
Инаку ако е ист фреонот нема да имаш никаков проблем. Ако сакаш ке ти дадам бројче од луѓе што работат и ке ти завршат работа.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.700
12.555
Skopje
www.wemaxa.com
Да Сале пиши бројче од некој флексибилен и снаодлив монтер, можно е рокада да направам, односно постоечкава клима да ја префрлам во друга соба а тука да оди нов инвертер сплит. Ќе мора и држач да се изработи најверојатно
 
1234jaja

read-only
29 април 2014
1
0
Dali nekoj ima iskustvo so klimi MAX, 3.5ki? Gi davaat u Agrotehna za 17.000denari, vo koja sto cena se vkluceni i kitot, i montazata!?

Pozdrav
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
во целост го пастирам текстот од некој си владе,и јас имам исто мислење,а мислам дека и некаде пишав како да се продолжи работата кога зимно време има голема влага во воздухот и кога за кратко време климата оди во дифрост.вака само ќе се продолжи работата,ќе биде поефикасна и ќе го забави одењето во дифрост.
цитат:
Пошто не ми се интересни климите( сега засега) но колку што сум во тек и колку што читам тука на форумот испаѓа дека секоја клима и онаа најобичната може да загрева се додека надворешната температура е над нулата, а дека и најскапите клими тука на пазарот на - 15 степени веќе им паѓа искористеноста. Сега да не навлегуваме во детали и разни типови на клими и разменувачи на топлина, ке заклучиме дека најбитен фактор од сето ова е температурата на воздухот околу надоврешната единица или испарувачот. Колку е таа поголема толку климата ке има подобра искористеност или подобро би топлела. И сега прашањето од милион долари е зошто наместо да давате по 1000 и кусур евра за некоја фенси клима која ке можи да загрева и на -20 степени, не вложите 1000 денари и не го стоплите воздухот околу климата на некоја пристојна температура. И под топлење не мислам на да се лажи термостатот со греач или таму некој финти туку едноставно да се зголеми температурата околу самата клима. Теоретски не гледам причина зошто не би функционирало. И не немислам да се загрева воздухот со греач туку со најобичен соларен загревач на воздух или како ли се вика. Имам постирано тука начин на изработка но секако на нет ке се најди, не е ништо посебно да се направи. Убавото во сето тоа е што треба температурата да се доведе до некој 7-8 степени ( а не до 24 ). Сега како тоа би се извело, дали топлиот воздух да се дува во самиот разменувач на надворешната единица или надворешната единица да биде ставена како во некое звоно или што знам јас смислете сами. Ако ништо друго вреди да се проба, не е којзнае колкава инвестиција или нешто што неможе да се направи дома.

извор
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Не гледам логика да вложувам топлина за да добијам поголема искористеност на пониски температури односно кога има магла и времето е превлажно???
Еве, како да го згрееш просторот околу климата кога има магла? Која сончева енергија ке ја имаш? На магла?
Значи треба да ставиш греалка од 2 киловати да дува безвезе у воздух за да ја зголемиш ефикасноста на климата?
:)
Во тој случај ке си ја ставам греалката наместо у ветер да ми дува у соба, барем ке видам некој ќар од тоа...
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
немора да го загрееш местото,доволно е да се направи надворешната единица да е затворена во некој простор.да нема допир со ладниот воздух.
пример што ми текнува,релативно голема(2-3 пати поголема од климата) кутија од плексиглас или направена од плех.(како под стаклено звоно) :) да нема влез на влажен воздух.
така што мразот мислам дека би се таложил на плехот :) односно на кутијата.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511

Клима уредот работи на принцип на префрлање на топлината од едно на друго место. Значи одзема топлина од воздухот надвор и ја додава во воздухот во просторијата. Ако ја затвориш во кутија, за многу кратко време тој воздух во кутијата ќе стане поладен од надворешниот и ќе нема веќе од каде да зема топлина. Да го грееш тој воздух е апсурдно. Поголем ефект ќе имаш ако со таа енергија го грееш воздухот во собата.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993

Многу едноставно.

Важно е добро да се разбере принципот на работа на уредот, пред да се врши негова модификација.
 
Oва твоево објаснување е подобро од перпетумобиле :)
Можеш климата да ја ставиш во подрум или пак на таван. Тие системи донекаде функционираат.
Но што ке се случи летно време? Ако надворешната единица ти е на таван? Пекол + ке прегрее нешто.
ЗИмно време може и ке тера до некаде...
Освен да ја направиш надворешната единица мобилна па да си ја мењаш по потреба дали е за лето или за зима.
Или па да има големо проветрување...ама...
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Ако ја ставиш во подрум, ќе ја пренесе целата топлина на подрумот во твојот стан. Подрумот ќе стане толку ладен што ќе дојде под точката на кондензација, ќе почне да кондензира влагата по ѕидовите и ќе се добие ефект на фриз (ладниот дел на фрижидерот). Односно ќе се појави снег.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
Многу едноставно.

Важно е добро да се разбере принципот на работа на уредот, пред да се врши негова модификација.

Клима уредот работи на принцип на префрлање на топлината од едно на друго место. Значи одзема топлина од воздухот надвор и ја додава во воздухот во просторијата. Ако ја затвориш во кутија, за многу кратко време тој воздух во кутијата ќе стане поладен од надворешниот и ќе нема веќе од каде да зема топлина. Да го грееш тој воздух е апсурдно. Поголем ефект ќе имаш ако со таа енергија го грееш воздухот во собата.

знам добро како работи климата.
според тоа што си пишал...зимно време,кога климата дува топло.која температура ја зема од надвор и ми ја испорачува внатре???
зар надвор во зима е 40 сепени?
летно време, од каде зема ладно кога надвор е топло за да внатре да ми дува ладно?
не пишувај глупости кој си ги слушнал а не си ги разбрал.

за сите кој сте во заблуда околу работата на климите,фрижидерите:
топлината/ладењето го прави насоката на движењето на фреонот во системот, потпомогнат од надворешната температура.

идејата ми е не да ја грејам просторијата каде што ќе ја затворам надворешната единица,туку да ја изолирам до некаде(да не речам херметички)за да остане воздухот што помалку влажен.бидејќи пример маглата би била по влажна него ли заробениот воздух внатре во кутијата во која би била надворешната единица.
значи идејата ми е да се продолжи работата на обичната клима(не инвертер) со правење “идеална’’ средина за работа.што помалку да оди во дифрост.
ова ми дојде на идеја бидејќи оваа зима беше многу со магловити влажни денови.
значи може да е
1.ладен воздух -10степени со 50% влажност и
2.ладен воздух -10степени со 99% влажност
исто е ама има разлика
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Клима уредот ја зема топлината на топлиот воздух кој е на -10 степени и испушта поладен воздух кој е околу -13 степени зимно време.

Секоја температура содржи енергија во себе, поубаво видливо на келвиновата скала. 263 степени келвинови (-10 целзиусови) има приближно исто енергија (малку помалку) од 293 степени келвинови (+20 целзиусови). На келвиновата скала се гледа колку се всушност блиски тие температури.

Доколку надворешната единица зимно време ја ставиш во херметичка кутија, а надворешната температура е -10 степени, тогаш температурата во кутијата ќе почне да паѓа на -11, па за некое време на -12, по еден час на -15 и така натаму се додека не се исклучи надворешната единица.

Клима уредот одзема топлинска енергија од надворешниот воздух кој е на температура од -10 степени. Иако тоа за човекот е ладно, тоа е многу висока апсолутна температура која содржи многу енергија во себе.

Принципот на работа на клима уредот е тој. Ја одзема енергијата од воздухот надвор, и ја префрлува внатре. И обратно летно време. Се надевам дека е малку појасно сега како работи еден клима уред. Важно е да се разбере принципот на работа пред да се модификува некој уред.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
пак ја заборави најбитната работа а тоа е насоката-правецот на движењето на фреонот.
ај пушти ја климата да ти работи зимно време на мод ладно и чекај да ти ја одземе енергијата од надвор за да почне да ти дува топло.
mdeni земи прочитај убаво за принцип и работа на клима.прашај мајстор како работи моторот,во која насока го букта фреонот зимно и летно време.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.700
12.555
Skopje
www.wemaxa.com
Најверојатн членот погоре мислеше инсталација на соларен панел кој ќе грее одредена количина вода, која таа потоа ќе циркулира и ќе ја подгрева надворешната единица. Ова е изводливо со соларен панел, инсталација од бакарни цефки на потребните места, една водна пумпа и толку. Истава ќе биде исклучена летно време. Сепак ова е трошок, односно барем 150 евра. Во идеални услови ова би функционирало, во пракса незнам. Потребно е барем 1*1м соларен панел кој треба на некој начин да се монтира, па инсталации и чуда...
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.060
5.993
Круцијално е да се знае принципот на работа на клима уредот. Не е комплицирано. Еве видео објаснување.

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Најидеално е да се постави во подрум. Ама не во смешка подрум од 5 квадрати. По мене е многу бедасто да инвестираш во "апаратура" која троши струја за да и овозможи на климата непречено функционирање. Скопските магли ги фрлаат на колена сите клими веќе на плус 7-10. Наместо греач пуштете ја на ладење едно 5 минути .. има да се направи барут. Во меѓу време побегнете некаде :D
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
знам добро како работи климата.
според тоа што си пишал...зимно време,кога климата дува топло.која температура ја зема од надвор и ми ја испорачува внатре???
зар надвор во зима е 40 сепени?
летно време, од каде зема ладно кога надвор е топло за да внатре да ми дува ладно?
не пишувај глупости кој си ги слушнал а не си ги разбрал.

за сите кој сте во заблуда околу работата на климите,фрижидерите:
топлината/ладењето го прави насоката на движењето на фреонот во системот, потпомогнат од надворешната температура.

Насоката на движење на фреонот одредува дали климата ќе лади или ќе грее. А лади или грее со одземање на топлинска енергија од на едната страна и префрлање на другата. Види го видеото mdeni што го постираше.
А ако планираш да ја изолираш надворешната единица од околината, со среќа, па следната пролет сподели го искуството.
пак ја заборави најбитната работа а тоа е насоката-правецот на движењето на фреонот.
ај пушти ја климата да ти работи зимно време на мод ладно и чекај да ти ја одземе енергијата од надвор за да почне да ти дува топло..
Зошто би дувала топло ако ја пуштиш да дува на мод ладно?
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
затоа што ти рече дека ќе одзема топлина од една страна и ќе дава на друга.топлината од надвор само помага за поголема ефикасност,главна улога насоката на движењето на фреонот во системот.
 
yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје
Ај вака... сите клими, и т.н. инвертори и т.н. обични работат на ист принцип, т.н. топлинска пумпа, т.е. пумпање на топлината од внатрешната единица кон надворешната или обратно, зависно од насоката во која пумпата (компресорот) го движи фреонот... Кога на пр. внатрешната единица го грее внатрешниот воздух, надворешната го лади надворешниот (и обратно, нели), па затоа нема никаква смисла затварање на надворешната единица и нејзино топлотно изолирање, било за греење или за ладење...
Уште повеќе, надворешната единица има толкав вентилатор баш со цел за да ја изедначи температурата на испарувачот надвор со онаа на околниот воздух, и да оддаде (или исцрпи) топлинска енергија од него која ќе ја „испумпа“ од/кон внатре...
 
bobipp

hello world
13 ноември 2009
451
298
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Што ќе препорачате од инвертер климите за простор од 35-40 кв. пред се за загревање во зимска сезона...
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв