Скоро сите имаме по некој стар уред што се матка безвезе по фиоки, еве му шанса да добие нов живот.
За почеток резултатот, еве неколку примери како тоа би можело да изгледа:
Мислам дека најидеално место е под монитор, каде што најдобро ќе бидат на дофат ока вредностите кои се мониторираат, но само фантазија е лимит. Дал на држач за телефон/таблет на маса/пц, на држач внатре во пц со шофершајбна, залепен со двострана пенеста трака на стакло или друг дел од пцто со доволно голема површина да го ПРИМИ.
Има можност да се додадат медија контроли, макроа и шорткати до програми или веб страни, па да му дојде нешто налик стрим дек. Клиентот поддржува профили, па може пример да се скоцка еден за сензори, друг за медија контроли и шорткати/макроа, трет за трето итн.
Чекори...
1. Pitikapp server за на ПЦ.
2. Pitikapp client за Андроид или iOS.
3. Поддржува неколку разни апликации од кои ги влече податоците за сензорите, но најрелевантни се MSI Afterburner и HWiNFO. Мојот сетап(првата слика) целосно е конфигуриран преку HWiNFO, со show sensors on startup штиклирана опција во подесувања, за прегледност на сите достапни сензори.
4. Доколку се користи HWiNFO, треба во сетинзите на HWiNFO да му се активира Shared Memory Support за да комуницира со серверот(има 2 локации за сетинзи, потребната е во десен клик на иконата во систем треј па клик на сетингс).
За бесплатни корисници Shared Memory Support функцијата е лимитирана на 12 часа, па дали откако ќе поминат рачно треба пак да се активира или доволно е само да се рестартира незнам пошто ги немам дочекано тие 12 саати. Скоцкав 2 AHK скрипти, едната автоматски го рестартира на секои 11 часа и 58 минути и си работи Shared memory без никаква додатна интеракција. А другата скрипта е со додатни опции како профили, да не седат сите сензори активни и да се ризикува конфлик со друга апликација која има пристап до сензорите на ПЦ-то. Креираш 1 профил со минимум сензори, само тие што се користат во андроид клиентот, а друг со сите сензори, или со друг сет на сензори ради х причини.
github.com
5. Пошто инцијалната идеја е да се даде нов живот на стар уред, батеријата веројатно нема да му држи и ќе треба да е постојано приклучен на кабел. 2 варијанти. На полнач со комуникација со серверот преку вифи, или поврзан на ПЦ со исклучено вифи и вклучена опција USB Tethering за комуникација со серверот на ПЦ-то.
Доколку се оди со втората опција, и понекогаш се одштекува телефонот, во Developer Options има ставка Default USB configuration, преку која може да се подеси при секое приклучување на ПЦ автоматски да се активира USB Tethering.
6. Ако е уред на кој не држи батерија и мора да е постојано вклучен, да се избегне прерано(или колку може да се одложи) подувување на батерија(неубо е да е стално на 100% за батеријата), идеално е да се користи опција за лимитирање на ниво на полнење доколку има таква телефонот.
Доколку нема таква опција уредот, или има но со минимални можности, како алтернатива за рутирани уреди (доколку работи со дадениот модел) може да се користи Advanced Charge Controller апликацијата.
Кај мене на таков стар телефон на кој не држи многу батерија, апликацијава ми ја држи батеријата на комотни за неа номинални 3.8в (околу 40%), и со вклучена Prioritize Battery Idle Mode опција го напојува директно од полнач телефонот.
Исто така добра пракса е да се наместат Power Savings на максимум и Performance на минимум доколку има такви сетинзи и уредот се користи само за дотичнава функција.
7. За телефони со умрена или подуена батерија која е небезбедна за користење, и дечки кои имаат опрема за лемење, има варијанта со извадена батерија да се напојува директно од полнач уредот. Како за старт проба само со извадена батерија што веројатно нема да работи али не е на одмет да се тестира.
Кога ќе се установи дека не работи на начинов погоре, следна варијанта е одлемување на електрониката од батеријата и на конекторите каде што била поврзана батеријата се поврзува напојување со не повеќе од 4.3-4.4в и барем 1А струја, 2А или повеќе е посигурна варијанта во случај да влече повеќе струја при потенцијален максимален терет уредот. Идеално е да се измери колку влече максимум за да точно се знаат потребите на уредот и да се одлучи со кои варијанти може да се оди.
Може да се искористи 5в полнач со USB кабел.
Доколку се поврзува на фаст чарџер препорачливо е да се пресечени дата жичките на кабелот(нема да работи USB Tethering ако се врзува и на ПЦ) да не му текне да договори фаст чарџ несакајќи, и диода за да ја намали волтажата од 5в до тие потребни 4.3-4.4в.
Место диода може да се користи и DC/DC step down converter, со ваква направија волтажата е стабилна и не паѓа при зголемување на струјата како со диода. Ги има по алиекспреесиве за $2-3.
Кај некои телефони(можеби сите понови, не сум сигурен) нивото на батерија не се мери стриктно од волтажата него веројатно според интерни метрики на внесена и потрошена енергија, и покрај поврзано напојување на местото на батеријата со волтажа на ниво на полна батерија, може да покажува дека батеријата се празни и да се угаси чим стигне до 0%. Во тој случај на усб кабелот се леми додатно опавче со микро усб или тајп ц во зависност од уредот, и се поврзува во портот за полненење на телефонот. + од опавчето треба да биде залемен пред диодата, пошто портот за полнење очекува 5в.
Малку е такво Pitikapp програмчево, програмерско, со не баш перфектен интерфејс, ми требаа неколку саати во размак од неколку дена за да сконтам што како функционира и да си дотерам по мерка(примерот на првата слика). Така да ако има некој прашања како да изведе одреден аспект слободно нека праша.
Па ај белким ќе се дрзне некој да го изведе ова и да сподели резултат, да не биде џабе пишувањево, не за друго

GitHub - ReaLx3m/AutoHotKey-Scripts
Contribute to ReaLx3m/AutoHotKey-Scripts development by creating an account on GitHub.

Последна промена: