Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

dLt-Ed

read-only
20 јануари 2012
29
20
Здраво луѓе, ми треба совет и мислење.

Треба да греам соба, 20 квадрати, два надворешни зидови, термопан прозори, без стиропор фасада во Битола. Ова е отприлика поставеноста на климата (како јас мислам дека треба да стои), но дајте ваше мислење. Се мислам меѓу Gree Lomo, Lomo Eco и Vivax AERI.
Што да одберам, од што да бегам и на што да внимавам? И има ли некој од форумов кој може да препорача продавница/сервис асален?

Фала на одвоеното време.

Untitled.jpg
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91

Погледнете го атачментот 57890
Следејки ги двата форума (Жутилото и овој) на кои се разговара на оваа тема и јас дојдов до заклучок дека најдобрите буџет клими (под 30К) се токму овие што ги наброја... нема да згрешиш било кој од наведените да ги земеш. Единствено да се ризикува (или не) да се причека да ги намалат по некоја иљадарка (Ломо регуларот на пр Јануари и Април, се нудеше по акциска цена по 27,000 сега е 30К)... АЕРИ-то беше поевтино пред 5-6 месеци, го поскапива за илјада денари! Дури 4 сома е разлика со 09ка АЕРИ на пример, што мене не ми е многу логично! Инаку дефинитивно двата најдобри модели...овде и сега, се додека не донесе некој посериозно FUJI-tsu на пример, кој во хрватска или Србија буџет модел со нешто подобри карактеристики, се нуди по иста цена со Ломо Регулар (GWH 12QC)... но сепак се работи за јапонски бренд (иако склопен во Кина) ама тоа е друга тема!
 
Последна промена:

elenka

read-only
21 август 2017
29
50
Ми треба совет и предлог за добра марка на клима-инвертер. Буџетот ми е 65 000, ама и уште 10 000 не се проблем. Ми треба како трајно решение, топол дом без мака :)
Сметките за струја после не ми се многу битни, макар биле и по 10000 на месец.

Идејата ми е да земам 2 добри клими, една за дневниот престој каде веќе има печка на пелети, па таа ќе се користи само инцидентно, кога надвор е -20 (или воопшто нема да се користи)
Другата клима за во големата спална каде ќе се употребува само за спиење, додека таа во дневниот престој би греела барем 12 саати, 7 дена во неделата.

Плус прашање. Дали може некако да се греат повеќе простории со тие две клими.
На пример дневен престој, ходник и купатило, што се околу 40м2 сите заедно.
Еве ја квадратурата на собите (малку визуелно прикажано која соба каде се наоѓа)

Имам кат од куќа, 100м2

Дневна соба 25м2 Голема спална 25м2
Дневен престој 20м2 Ходник околу 12.5м2 Купатило околу 7м2
Мала спална 10.5м2
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Секоја чест. Ретко кој се одлучува на вака паметен чекор.

За греење инвертерите поготово во дневна треба да работат цели време па макар и на пониска температура.

Јас би ти рекол FH35VE зошто има фантастичен тајмер. Јас затоа и земав две такви за двата стана. Таа е 60000 една.
Можеш да ставиш за понеделник рецимо сама да оди на 27 степени во 6 сабајле, па да оди на 21 во 7 сабајле, па да оди на 25 степени во 15ч пред да си дојдеш од работа, па да оди на 22 во 23ч. Зависно од станот. :) сето тоа со 510% ефикасност во однос.

Е сега исто мноогу убава опција ти е парапетна клима Грее која е 40000 денари некаде. Така да јас би одел на таква и една најтивка за во спалната од 20-30000 денари.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Lomo Eco 3.5 kw ќе брка работа за греење ладење на 35м2?

Која е таа Gree LCH и дали 3.5 за 30.000 денари е ок цена?
Малку е 3,5 kW за тој простор. Ако ти се трефни влажна зима/време ќе влегува во дефрост и ќе се нервираш.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
3.5kw ломо не е воопшто малку. 3.5kw hansol е бајаги превише за таму. 3.5kw fh35ve е авион за таму....

3.5 ломо еко е кнап за преладни зими.

Сите се 3.5kw. Исто е ама не е исто.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Секоја чест. Ретко кој се одлучува на вака паметен чекор.

За греење инвертерите поготово во дневна треба да работат цели време па макар и на пониска температура.

Јас би ти рекол FH35VE зошто има фантастичен тајмер. Јас затоа и земав две такви за двата стана. Таа е 60000 една.
Можеш да ставиш за понеделник рецимо сама да оди на 27 степени во 6 сабајле, па да оди на 21 во 7 сабајле, па да оди на 25 степени во 15ч пред да си дојдеш од работа, па да оди на 22 во 23ч. Зависно од станот. :) сето тоа со 510% ефикасност во однос.

Е сега исто мноогу убава опција ти е парапетна клима Грее која е 40000 денари некаде. Така да јас би одел на таква и една најтивка за во спалната од 20-30000 денари.
Бидејки си познавач (а неговиот потег ти се допаѓа), одговори му и на ова прашање кое го постави, а кое секако и мене ме интересира (верувам и многумина):
Плус прашање. Дали може некако да се греат повеќе простории со тие две клими.
На пример дневен престој, ходник и купатило, што се околу 40м2 сите заедно.
Еве ја квадратурата на собите (малку визуелно прикажано која соба каде се наоѓа)....
Или остануваш на првичниот одговор да земе три клими?
Значи би го преформурирал прашањето... ако се вратите од две соби да речеме на едно метро оддалеченост, дали би можело со квалитетна клима да се загрее и другата просторија, макар и што велат колку толку до кај 18-20 степени...просторија (соба) која не се користи нон-стоп, може да биде спална на пример во која прочитавме дека со последните истражувања во кои тврдат дека 18 степени е идеална температура за спиење зомно време... или трпезарија на пример: лапни голтни на 18 степени и кидавела у топло на 24*С ... :) (купатило секако дека неможе и не е практично :) но прашањето ми е како реков дали може со добра клима да се загреат две простории со oтворени врати оддалечени една од друга на едно метро...Секако сето под услов површините да се помали од максимумот на препорачаната моќност за греење на климата.
 
elenka

read-only
21 август 2017
29
50
Го цртав планот на спратот, утнав м2, ама тука некаде сум со бројките. И форма утнав, ама јбг, женски мозок. 21013558_10155826449033081_1583339916_n.jpg

Се зачитав во темата, стигнав до 30та страна, и сфатив дека ќе ми треба клима за екстремно ниски температури, затоа што во Малешевијата зимово имавме -30, а се осеќаше -35.
Печката на пелети ја купив 2014, кошташе околу 50 000
Пелетите ми беа ОК, дури не фати поларниот студ. За пелети и струја комбинирано, грејна сезона ме кошташе 40 000 денари (27000 пелети, и 13000 струја, со соларно преку лето и сметка по 700 во просек вон грејна сезона) А асално згреан само дневниот престој. Купатило и мала спална со панели, пуштање по потреба само, плус во најладното догревање на дневниот престој со плус греалка.

Ајде ако сака некој нека ми пише, каде би било најдобро да се постави климата, да ги грее дневниот престој, ходникот, купатилото и малата спална (пример хансол од 50к или 70к)?
Ако не успева хансолот, би зела две, една за во големата спална.
Колку би трошеле во грејна сезона?

Сум спремна да платам и повеќе, само да не ми искрснуваат плус проблеми, мајстори, да помрзне не дај боже. Женска куќа е, па такви нервози не ми требаат.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Бидејки си познавач (а неговиот потег ти се допаѓа), одговори му и на ова прашање кое го постави, а кое секако и мене ме интересира (верувам и многумина):
Плус прашање. Дали може некако да се греат повеќе простории со тие две клими.
На пример дневен престој, ходник и купатило, што се околу 40м2 сите заедно.
Еве ја квадратурата на собите (малку визуелно прикажано која соба каде се наоѓа)....
Или остануваш на првичниот одговор да земе три клими?
Значи би го преформурирал прашањето... ако се вратите од две соби да речеме на едно метро оддалеченост, дали би можело со квалитетна клима да се загрее и другата просторија, макар и што велат колку толку до кај 18-20 степени...просторија (соба) која не се користи нон-стоп, може да биде спална на пример во која прочитавме дека со последните истражувања во кои тврдат дека 18 степени е идеална температура за спиење зомно време... или трпезарија на пример: лапни голтни на 18 степени и кидавела у топло на 24*С ... :) (купатило секако дека неможе и не е практично :) но прашањето ми е како реков дали може со добра клима да се загреат две простории со oтворени врати оддалечени една од друга на едно метро...Секако сето под услов површините да се помали од максимумот на препорачаната моќност за греење на климата.
Што да ти одговорам просторот е преразличен кај сите. Едниот стан ми е со поголеми соби големи пролази 4м тавани изолација и пвц. Со една фх35ве е бања.

Истата клима во другиот стан кој е цел со ходници, со 2.6м плафон со фурија прозори, без изолација палиме уште една клима и панелка во спална.

Неможеш тоа да го одредиш. Од многу фактори зависи.

Инаку во принцип да. Јас така греам. Салон од 45м3 се грее со една клима фх35ве. А од салонот со една врата се влегува во ВЦ, со една во спална, и со една во дртска соба. Се е отворено и се се грее со таа една клима.

Дека може, апсолутно може од прва рака.

И не само од прва. Во куќиве кај што прават екстремни економии ставаат најдоле клима да влече од најдолниот спрат најладен воздух и горе спалните природно да се греат со тоа што топлиот воздух зошто е поррдок оди нагоре. Постигнуваат со тоа климата да влече 19ц воздух и да вади 60ц што поладен воздух влече климата тоа е поефикасна заради разлика на температурата на изменувачот. Потоа го греат најладниот низок дел од куќата каде е уствари ладно и се седи. И спијат во спалните на спрат кои цел ден се грееле од топлиот воздух што се кревал и минимално греење е потррбно во текот на ноќта. Сето тоа со тајмер.
Резултат 140кв куќа со најдобри прозори, со 15цм изолацијана ѕид и 30цм на кров и убав распоред се грее со само една клима ако се отворени сите врати. Ама си зависи од просторот. Неможе секаде така.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Сум спремна да платам и повеќе, само да не ми искрснуваат плус проблеми, мајстори, да помрзне не дај боже. Женска куќа е, па такви нервози не ми требаат.

„Дневна“ и „Дневен престој“ поврзани се?
Тераси има и на кај се свртени? Всушност дневната е на која страна од светот?

Јас би ти предложил да одиш на јака клима (подоцна ќе одредиме брендот) во просторијата каде што најмногу ќе се седи а климите по спалните можат да бидат по-слаби и помалку познат бренд (помалку=VIVAX, GREE а повеќе=Panasonic, Daikin, Mitsubishi..)
 
kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
FH35VE е најмрзливата клима што постои и е предвидена за греење на 25м2 и токму така и е подесена електрониката да работи, со слаб издув во прва-втора брзина и немрда од тоа иако има уште 2 брзини, за 25~30м2 сосем доволно.
Ако некој грее 50м2 тоа го прави со силување т.е мануелно подесен издув во 4та брзина а тој вентилатор има 2год гаранција (нака се и 5 со доплата).
Сум ја имал и знам како е...може да грее и 50м2 ама да ја играш нонстоп треба и да и менуваш брзини на Фан.
За 50м2 имаат друг модел од 5,5кw се вика FH50VE....кој има доволно пари за 50м2 таа е за него.
Нема греачи и секако не е за у Малешевијата....гаранцијата и важи до -15Ц а тие 510% во средна зона важат ако зимата е до -10 и тоа само 1 час во годината.
 
Последна промена:

elenka

read-only
21 август 2017
29
50
„Дневна“ и „Дневен престој“ поврзани се?
Тераси има и на кај се свртени? Всушност дневната е на која страна од светот?

Јас би ти предложил да одиш на јака клима (подоцна ќе одредиме брендот) во просторијата каде што најмногу ќе се седи а климите по спалните можат да бидат по-слаби и помалку познат бренд (помалку=VIVAX, GREE а повеќе=Panasonic, Daikin, Mitsubishi..)

Дневниот престој е всушност кујна со трпезарија, само што наместо трпезариска маса имаме петосед и салон масичка. Се наоѓа на југ, ја грее сонце до 12 на пладне.
Дневната соба е на запад, има тераса со врата и два прозорци, еден голем и еден мал. Не ја користиме, затоа што само 1 особа живее во спратов, па нема потреба и од дневен престој и од дневна соба. Големата спална е на север, таму е најладно. Исти прозорци и врата. Зимно време се помрзнува таму. Табла јајца и 2л млеко во тенџере.
Малата спална е на исток, но бидејќи е мала, мислам дека клима во неа нема потреба да се става. Купатилото е реновирано минатото лето. Само плафонот нема плочки :D
 
Атачменти

  • 21013558_10155826449033081_1583339916_n.jpg
    21013558_10155826449033081_1583339916_n.jpg
    52,3 KB · Прегледи: 39

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Здраво луѓе, ми треба совет и мислење.

Треба да греам соба, 20 квадрати, два надворешни зидови, термопан прозори, без стиропор фасада во Битола. Ова е отприлика поставеноста на климата (како јас мислам дека треба да стои), но дајте ваше мислење. Се мислам меѓу Gree Lomo, Lomo Eco и Vivax AERI.
Што да одберам, од што да бегам и на што да внимавам? И има ли некој од форумов кој може да препорача продавница/сервис асален?

Фала на одвоеното време.

Погледнете го атачментот 57890
За Битола каде е драстично поладно би ти препорачал клима со греачи помеѓу LOMO ECO и VIVAX AERI во случајот би одел на AERI сепак е подобар модел со греачи на надворешна единица. Ако имаш буџет може да ја погледнеш и LOMO LCLH.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Го цртав планот на спратот, утнав м2, ама тука некаде сум со бројките. И форма утнав, ама јбг, женски мозок.Погледнете го атачментот 57893

Се зачитав во темата, стигнав до 30та страна, и сфатив дека ќе ми треба клима за екстремно ниски температури, затоа што во Малешевијата зимово имавме -30, а се осеќаше -35.
Печката на пелети ја купив 2014, кошташе околу 50 000
Пелетите ми беа ОК, дури не фати поларниот студ. За пелети и струја комбинирано, грејна сезона ме кошташе 40 000 денари (27000 пелети, и 13000 струја, со соларно преку лето и сметка по 700 во просек вон грејна сезона) А асално згреан само дневниот престој. Купатило и мала спална со панели, пуштање по потреба само, плус во најладното догревање на дневниот престој со плус греалка.

Ајде ако сака некој нека ми пише, каде би било најдобро да се постави климата, да ги грее дневниот престој, ходникот, купатилото и малата спална (пример хансол од 50к или 70к)?
Ако не успева хансолот, би зела две, една за во големата спална.
Колку би трошеле во грејна сезона?

Сум спремна да платам и повеќе, само да не ми искрснуваат плус проблеми, мајстори, да помрзне не дај боже. Женска куќа е, па такви нервози не ми требаат.

Морате да оделите дека со една клима две простории тешко се греат, исто ти е како и со шпоре на пелети, ако грееш дневна нема да стигне топлина до спалната и да стигне ке биде премалку. Поготово ова важи ако имате претсобје измеѓу.

ПРИМЕР: Летово во канцеларијата ( која е во изработка ) кај мене во едната просторија имавме клима само ( за другата чекам парапетна 5.5Kw од GREE ). Просториите се ДИРЕКНО ( пред претсобје ) сврзани ( 30+30 м2 ) 5.5kW клима што за отворен простор од 60м2 ке биде сосема одлично, Климата дува НАКАЈ ВРАТАТА од другата просторија и се осека ладно ама СЕ ОСЕКА, не успеа да ја излади комплетно втората просторија, првата просторија каде е климата беше ладна.
Е сега рачунајте ова е во МОД на ладење процес кој е полесен од греењето и каде ладниот воздух е ДОЛЕ! Во мод на Греење каде топлиот возудух бега нагоре разликите во Т на просториите би биле МНОГУ поголеми. Ако се стави и претсобје тогаш драстина промена.

Поради тоа и бидејќи имаш солиден буџет НАЈДОБРО решение за женска куќа БЕЗ нервози е во секоја просторија да поставеш клима уред. Немораш од 60К во секоја просторија можеш повеќе но поефтини клима уреди.

Така да мојот предлог би бил вака:

ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ:
GREE GEH12AA-K3DNA1C или ако неможеш парапетна тогаш GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G или VIVAX ACP-12CH35AERI

КУПАТИЛО:
Панелка/греалка, поретко се користи, краток период се задржува а и претпоставувам веќе ги имаш купено така да 0 инвестиција за него

ГОЛЕМА СПАЛНА:
GREE GEH12AA-K3DNA1C или ако неможеш парапетна тогаш GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G или VIVAX ACP-12CH35AERI

МАЛА СПАЛНА:
НЕ сум сигурен тука ако 1 живее на спратов тогаш зошто да се греат две спални ?! Ако нема потреба или инцидентно има потреба од греење бидејќи е за спиење тогаш панелка/греалка би било исто добро решение, во спортивно било која 2.5kW инвертер исто би била добро решение.

Внимавај, Т кај вас се многу ниски, така да климата треба да има греачи на надворешна единица, пример FH35 е стварно добра клима ама нема греачи и искрено не би ја препорачал за кај вас.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.901
4.581
@elenka мислам дека не кажа каква изолација и прозорци има куќата, а тоа е доста битно за пресметките.
 
elenka

read-only
21 август 2017
29
50
Изолација... скоро никаква :blush:
Куќата е од осумдесетите, фасадата знаете каква се правела во тоа време, прозорците дрвени, во план сме наредното лето да ги смениме.

Дали ако земам клима -15 нема да ми помрзне? Или да не грее доволно?

Сепак кај нас и обична зима е доста ладна, да не збориме за зимово кога беше -31
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Изолација... скоро никаква :blush:
Куќата е од осумдесетите, фасадата знаете каква се правела во тоа време, прозорците дрвени, во план сме наредното лето да ги смениме.

Дали ако земам клима -15 нема да ми помрзне? Или да не грее доволно?

Сепак кај нас и обична зима е доста ладна, да не збориме за зимово кога беше -31
Izolacija slaba, ladno e dosta zimno vreme obavezno klima so greaci. Najdobro parapetni modeli
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Здраво на сите , имам прашање за моделот Toshiba Mirai 3.5к сум во план да го земам 40.000 ден е , или да се оди на поефтино нешто кинеска варијанта , модел со слични перформанси ( ако има )
TOSHIBA MIRAI RAS-13BKV-E/RAS-13BAV-E по супер цена од 39.990 ден.
За кинески варијанти не прашувај, со агресивна кампања ќе те бомбардираат со Lomo или Amber... но искрено да ти кажам па каков сака јапонец нека е Toshibata, јас не би одел на модел 12ка кој би требал да грее 30-35м2, а кој има надворешна единица тешка само 22 кила! Јас лично или би одел или на Panasonic или на Mitsubishi Клими - Најголема понуда (кој сепак е 8,500 поскап) но подобар избор од Mirai.... кој не само поради надворешната туку би го заобиколил и поради тоа што е МНОГУ СКАП во Македонија... на пр. во Хрватска е нешто над 4,000 куни (или незначително поскап од GREE Lomo regular LCLH 12 ка)...
 
Последна промена:

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола

За таа цена има топ модел за Битола измислен
GREE HANSOL -30 GWH12TB-S3DBA3E по супер цена од 49.990 ден.
 
goran_bitola

read-only
6 јули 2013
14
5
Bitola
да а? да се присоберат пари , само малку сум скептик со кинезиве иначе топ перформанси ,тоа е исто како со мобилните телефони
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно