Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

IT.mk Огласник [change log, информации, забелешки]

Magical

hello world
15 август 2008
434
453
Чисто информативно како функционира реклама5, една од најголемите платформи за тргување во Македонија. Симболични 116 денари за цела година! И по 116 денари да ви уплатат сите корисници на форум што сакаат да огласуваат вие сте на коњ.

А тоа 1 оглас во месец е понижување. Тргнете ја таа опција да не постои, сите ке си платиме по 100-150 денари за цела година да можеме да си огласуваме и решен проблем.

Цитирам:

Верификацијата на профилот е задолжителна. Цената за верификацијта е 98 ден + ддв (116 ден.) за 1 година (12 месеци), Сите не верифицирани профили ќе бидат избришани.


Ве молиме верифицирајте го вашиот профил, откако ќе го верифицирате, *можете 1 година бесплатно да внесувате огласи исто така бесплатно да ги менувате вашите огласи. Вкупно можете да управувате до 100 огласи на годишно ниво. Цената за верификацијта е 98 ден + ддв (116 ден.) за 1 година
(12 месеци, од денот на уплатата). Обновување на огласи дополнително се наплатува.
 
Последна промена:

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Арогантен пристап веќе со месеци и од админи и од модератори, со некаков полу-обид за полу-начин на заработка.

Наредниот forum.gsm.mk е на повидок.

Жал ни е што гледаш арогантност во одлуката да ограничиме и монетизираме огласи.
 

Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Жал ни е што гледаш арогантност во одлуката да ограничиме и монетизираме огласи.

Гледам многу работи во таа одлука, не само арогантност.
Ваша одлука - ваш пат кон пропаста.

P.S Ова го пишувам како член што отворил 5 теми во подфорумот Продавам (од кои само 2 се реализирани) за 3 години.
Немам никаква корист и да се дозволи 100 огласи/месечно.
 
Последна промена:

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Гледам многу работи во таа одлука, не само арогантност.
Ваша одлука - ваш пат кон пропаста.


fetchimage
 

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Многу „сериозен“ пост како за будучи бизнис-форум :)

Па нели нема будучност?

Btw, не знам што очекувате, да се расправаме, да ви викаме да така е... едноставно е, пробуваме нешто ново и сакаме да ги видиме резултатите од тоа.

Кажав два пати дали ке работи или не ке заклучиме за некој месец и ке пресечеме. Не сметаме дека е до толку апокалиптична одлука, сепак имаат тие што огласуваат по 1 оглас на месец - иницијална анализа вика дека е тоа доволно за човек кој не тера бизниси. Тој што сака повеќе од 1оглас месечно, нека си плати.
 

StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Just my 2 cents...

Сметам дека цената од 3.000 денари е висока за членство, со оглед на тоа што реално немаш некои придобивки. Јас купив leet чисто како сапорт на форумот и поради оние порачки за Black Friday. Реално, имаше добри цени таму. Од тогаш, маркетот нема производи што ке те привлечат, барем како што гледам...
Гледам во премиум содржина нема нешто што може да ме привлече или нешто што не е достапно за секого на интернет.
Факт е дека форумов пред некоја година беше многу поактивен, членови дискусии помош и слично, сега тоа јок.
Ако јас лично се прашувам која е таа симболична цена за сапорт на форумов, тоа би било 10 евра годишно.

Кај огласите, доколку се лимитира за стандарден јузер (non leet и верифициран огласувач) ако веќе се ограничува тогаш нека биде 10 месечно, еден е исто како нитуеден.
 

Magical

hello world
15 август 2008
434
453
Да не се заборави дека живееме во Македонија, btw голем дел активиравме YouTube Premium на Аргентина или Индија за багатела цена од по 80 па до 300 денари месечно, а тука зборуваме за претплати од над 500-600 денари месечно... nonsense
 
Последна промена:

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.573
Која е таа цена според тебе и како доаѓаш до неа?
Да го заборавиме моментот со лојални членови и да бидеме реални, премиум претплатата не вреди да ја врзуваш со огласите и цената е висока. Сите убаво знаеме како сите огласи на форумите се почнати, овој форум никогаш не бил за огласите, и ова сега што е достигнато ниво е затоа што ентузијастите и лојалните членови го направиле. Јас сум огласувал и тоа никогаш не било оти сум имал бизнис со продажба на работи, моментално не огласувам и незнам дали ќе огласувам, а се бунам затоа што имам чувство како да не „подјебавате“.

Види го Фејсбук и бесплатни огласувања, види ги Реклама5 со 220 денари годишно и 30 огласи месечно, од тие два примера донесете го заклучокот колку реално корисник треба да плати претплата само за „ниче“ огласник.


Посимболична цена од кафе и сок месечно ко шо рече /ping D user тој и тој ... здравје.

За некого симболична за некого мало богатство, попогрешно размислување од ова неможе да има, па уште споредба со кафе и сок у кафич.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Да го заборавиме моментот со лојални членови и да бидеме реални, премиум претплатата не вреди да ја врзуваш со огласите и цената е висока. Сите убаво знаеме како сите огласи на форумите се почнати, овој форум никогаш не бил за огласите, и ова сега што е достигнато ниво е затоа што ентузијастите и лојалните членови го направиле. Јас сум огласувал и тоа никогаш не било оти сум имал бизнис со продажба на работи, моментално не огласувам и незнам дали ќе огласувам, а се бунам затоа што имам чувство како да не „подјебавате“.

Види го Фејсбук и бесплатни огласувања, види ги Реклама5 со 220 денари годишно и 30 огласи месечно, од тие два примера донесете го заклучокот колку реално корисник треба да плати претплата само за „ниче“ огласник.




За некого симболична за некого мало богатство, попогрешно размислување од ова неможе да има, па уште споредба со кафе и сок у кафич.
Прав си, не требаше да се мешам бидејќи премиум членството не го гледам од страна на огласување/купување (еднаш годишно ги користам) туку како подршка на форумот.
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.295
11.827
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Според некое мое скромно мислење, форумов одамна е уништен со секцијата огласи, а во исто време, само тие и го туркаат напред, ја разбирам администрацијата, но треба и администрација да ги разбере членовите и да преиспита во кој правец оди сето ова. Мене лично не ми требаат огласи, имам други медиуми преку кои вршам такви дејанија, тука доаѓам чисто да прочитам нешто интересно, да напишам нешто понекогаш доколку ме заинтересира нешто, а се помалку и помалку има содржина која е интересна, па веќе и не чувствувам потреба да партиципирам во некоја дискусија, а камо ли да плаќам премиум членство кое нема апсолутен никаков бенефит за мене. Маици си купувам од продавница, хардвер исто од продавница и тоа ретко кога имам потреба, статиите на порталот не ги сметам за интересни дури и кога беа бесплатни не па да плаќам за нив, не огласувам скоро ништо, и кога го правам тоа гледам да подарам нешто. Не тврдам дека сите корисници го делат моето мислење и ги имаат истите потреби како јас, но еве изанализирајте ја и оваа моја перспектива, споредете ја со актуелната ситуација и типот на членовите кои фигурираат на форумов како и дискусиите кои ги водат, па можеби и ќе донесете некоја добра одлука, или лоша јебем ли га, зависи од вас. :)
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.231
Еден оглас месечно е криминално малку.

Падобранци кои би веднаш да продаваат треба да бидат дочекани со бизнис моделот од реклама5. "Толку и толку денари за толку огласи. Ако сакаш хајлајт на оглас [толку]"

Долгогодишни членови кои коски оставиле [толку] огласи неделно/месечно/годишно. Долгогодишни членови кои имаст потреба од повеќе од толку огласи треба да си онадат [толку]
Специјален попуст и придобивки за проверени огласувачи.

Врти-сучи, еден оглас месечно е срамота па вие како сакате.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Мојте два динари и зошто платив членство:

Огласував на Реклама5 скапа плоча ми се јавуваат 5 незналици од кои 3ца швајцарци и велат:

„Друже зошто плочата толку скапа на старо, ќе си купам јас за 2000 денари.“
„Ама ова плочата тера CallODuty?"
„Да ти дадам крава/жена/телефон за плочава, а?“
„Нема да ја продадеш за тие пари вервај дај ми ја упола.“

Овде лепо си огласувам и секој е писмен, знае што се продава и колку навистина вреди, плус брзо се продава/купува бидејќи цените се паднати за форумџии и можеш да рачунаш дека секоја продажба ќе поминe како што треба.

Со тоа на ум, делот „огласи“ е многу важен бидејќи не врзува и прави посилни како заедница. Знаеш дека добиваш квалитетна роба и дека се е како што е огласено за многу, многу добри цени. Плус, чувано, со гаранција и оригинално пакување.

Па, платив членство за да не ми седи хардвер низ дома и да најдам баш она што ми треба, бидејќи не сум нашол подобро место за продавање и купување. Валјда и оригиналната цел на „огласи“ беше за лесна рециклажа на хардвер.
 
Последна промена:

Magical

hello world
15 август 2008
434
453
Ова баш и не е аргумент за фалење...Иако кажува многу за нашиот менталитет.
Тоа е сурова реалност, е сега дали е за фалење или не... не навлегувам.

Не е до менталитет, до финансиска состојба е.

ps Технологија влада, сиромаштија страда, затоа снајди се па живи.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.060
14.153
Форумов е уникатно место за огласување на хардвер. За разлика од било кој друг огласник овде луѓето се знаат а оние кои долго време се на форумот уживаат привилегија и доверба од купувачите, независно дали имаат беџ на проверен продавач. Ова е бенефит за двете страни. Најатрактивно е тоа што има фантастични зделики понекогаш како на никој друг огласник.

Другата острица на ножот е таа што лимит на огласи доведува до помала понуда. Па со тек на време да губи од тој аспект. Посета за да огласи значи и можност да прочита што се продава.
 

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Се извинувам, форумов и it.mk не вреди ни за претплатата од 99 денари што беше понудена. Не вреди ни за 10 денари/годишно.

Во тој случај, не знам зошто си трошиш свое лично време на таков сајт што не вреди ни 10 ден/год. Има покорисни работи на интернет што можеш да ги правиш. Не сте на линија со корпоративен оддел за поддршка кај што треба да глумиме љубезност дур некој те омаловажува, туку со луѓе што 15+ години инвестираат свое време, труд и љубов и се обидуваат да направат нешто од IT.mk - каков и да е... искрено не знам како очекувате да реагираме на вакви изјави. Ако не ти одговара, иди на други форуми, ако ги нема, ете ти почни, има open source и бесплатни платформи колку сакаш.

Ако се продолжи со оваа ароганција (прикриена како „начин на заработка“) - наредниот forum.gsm.mk е на повидок.

Пак ќе повторам дека нема ароганција, бизнис одлука e. Како ќе влијае, ќе видиме... би ни било жал ако форумов дочека иста судбина ко forum.gsm.mk, меѓутоа и без ова за да опстане форумот треба промени.

Со тоа на ум, делот „огласи“ е многу важен бидејќи не врзува и прави посилни како заедница. Знаеш дека добиваш квалитетна роба и дека се е како што е огласено за многу, многу добри цени. Плус, чувано, со гаранција и оригинално пакување.

Никој не го трга делот огласи. Воведуваме лимит на месечно ниво или плаќање за тие што сакаат повеќе од 1 оглас месечно.

Инаку повеќето од вас кои што на премиум членство гледате како на некоја услуга што ја купувате и не добивате бенефит, очигледно не рационализирате дека премиум членството е само давање поддршка на IT.mk. И за тоа да не биде донација, бидејќи не ни се допаѓа тој збор, особено на комерцијален проект, нудиме нешто екстра за тоа како месечни giveaways, премиум содржина итн итн. Ако не согледувате вредност во тоа, ОК, кажете си го мислењето и move on без емоционално да навлагате и предвидувате апокалипси.

Секако дека на секое поле може да се подобруваме, меѓутоа за тоа си треба ресурси, за да има ресурси треба средства.
Темава ја направивте "нема правда" фазон и се испомешаа баби и жаби и се предвидоа апокалиптични сценарија.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Не знам зошто сум позван, не ја напаѓав промената, си платив поштено да добијам дадена услуга. Немам никаков проблем со тоа. Напротив кажав што ми се допаѓа. Xd
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Не знам зошто сум позван, не ја напаѓав промената, си платив поштено да добијам дадена услуга. Немам никаков проблем со тоа. Напротив кажав што ми се допаѓа. Xd
Мада што е за право никој што сме платиле, не сме ја добиле рекламираната услуга целосно. И се сведува на еве не донација, ама поддршка ќе да е.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Не знам зошто сум позван, не ја напаѓав промената, си платив поштено да добијам дадена услуга. Немам никаков проблем со тоа. Напротив кажав што ми се допаѓа. Xd

All good, само го искористив твоето да појаснам дека сепак не е одлуката да тргнеме скроз огласи. :)
 

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно