1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Intel vs AMD

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од tomi, 19 Април 2012.

Кога би купиле процесор, би зеле

Анкета затворена (на) 26 Февруари 2018.
  1. Intel

    38.4%
  2. AMD

    50.7%
  3. Intel само ради игрите

    9.4%
  4. AMD само ради игрите

    1.4%
  1. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,002
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не е официјално од Intel, туку е шпекулација. Како и да е, не верувам дека Intel ќе седи со скрстени раце залгавен на 14nm до 2022 година, колку тоа и да звучи добро за нас крајните корисници, т.е. за конкурентноста на пазарот на процесори.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,030
    8,164
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Се разбира дека не е официјално од Интел :)

    Sent from my Redmi Note 6 Pro using Tapatalk
     
    На ChemicalAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,332
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    ^ ^ Види официјално никој нема да признае вакво нешто. Ниедна компанија нема да признае во било кој момент дека нема план или дека нема одговор на конкуренцијата.

    Од друга страна, тоа што немале план да извадат 7нм процесори не значи дека не можат. Интел може планирал да молзи уште некоја година ама сега мора да ги извади сите џокери на маса, а верувам дека ги има.

    Истотака не е исклучена можноста Интел со 10нм чип (го едитирав претходниот пост, 10нм ќе излезе следно) да биде побрз од АМД со 7нм. Останува да видиме.
     
  4. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,833
    6,416
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Абе ок тоа е роадмап. Кога планирале дека АМД ќе извади булдожер 2 најверојатно го правеле.

    Инаку има интел 10нм направено, Cannon Lake. Проблемот е што најверојатно уште работат на 7нм архитектурата (нова, а не рифреш). Време ги гази.
     
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,002
    23 Јануари 2008
    Манга
  6. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
  7. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    948
    582
    28 ноември 2015
    Машко
    For laptops first, then desktop.
     
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,002
    23 Јануари 2008
    Манга
    Могуче...ама останува да видиме. Битно во 2021 ќе вадат (нивни) 7nm. Тој процес треба да е многу подобар и поефикасен од TSMC/GloFo 5nm ++.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  9. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    На aleksnako и Vlecka им се допаѓа ова.
  10. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    537
    738
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Барем во ПЦ индустријата, Процесорите и Софтверот напредуваат паралелно, за разлика од мобилнава каде зверски СоЦ не можат да искористат ни пола потенцијал, ни во игри ни во апликации. Се радувам за напредоков, 7нм амд, па догодина 2.5д стакинг, па 3д стакинг, и интеловиве 10нм со 3д стакинг, но освен во enthusiast маркетот, не верувам дека во скоро време, ќе добиеме бенефит од девелоперите.
    Ко за пример хајпертрединг на и7ците до 7ма генерација беа тотално безкорисни во игри, до пред некое време. Исто и за повеќе јадрени процесори. Тек сега се гледа разлика во игри помеѓу пример и5ка сенди, ајви бриџ и и7ка од иста архитектура. Истото важи и за енџините.
    unreal engine 2012,
    source 2, 2015,
    creation engine 2011,
    anvilNext 2013
     
    На Sukhoi, AndrejFerdzo, gOJDO и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,002
    23 Јануари 2008
    Манга
    Со ова не се согласувам. Софтверите секогаш каснат со генерации зад процесорите. Токму затоа е практично залудно на десктоп компјутер денес да се има повеќе од
    8 јадра. Денес ретко кој софтвер го ползува потенцијалот на 4 јадрените процесори.
     
    Последна промена: 9 Мај 2019
    На Sludge.Factory му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    361
    184
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Конверторите откако ке снимаш видео игра, па ке ја конвертираш у нормалјен фајл, па на 4 јадра или трида 4 видеа, на 8 трида 8 видеа ке конвертира од едншка :p
     
  13. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,332
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    Згора на досега споментатото, Moore's law is dead (на YT) зборуваше дека АМД а најверојатно и Интел спремаат процесорите за 3-4 години да имаат и до 4 threads по јадро. Што ќе биде тоа?

    Купуваш премиум процесор со 24 јадра и 96 threads :eek:
    Ракета ли ќе лансираме од дома?
     
  14. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    361
    184
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    За 100 години ке дојдеме до степен да ги поврзуваме мозоците со екрани и така ке имаме SUPER GOD Computer со безброј јадра и тридови и нема да ни требаа веќе storage и никаков хардвер, се ке иде со телепатски вифи :)
     
  15. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    867
    2,202
    12 oктомври 2014
    Машко
    Страшна работа...

    Sent from my SM-G955F using Tapatalk
     
    На causevd, Скоти, Grimriper и уште 3 други им се допаѓа ова.
  16. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    R.I.P Intel

    upload_2019-5-27_5-48-39.png

    upload_2019-5-27_5-55-53.png
     
    Последна промена: 27 Мај 2019
    На Darko Veleski, stefan166, RagingDemon и уште 3 други им се допаѓа ова.
  17. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    361
    184
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
     
    На Mkdsime му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    717
    801
    2 Март 2011
    Машко
    Многу е битно што Windows-от ги искористува па можеш да работиш мултитаскинг многу апликации. Или 100 таба на Chrome. Секако само со SSD.
     
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,002
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ова е се само не е RIP....
    Едноставно со 14 години закаснение AMD не може да го престигне Intel. Како и до сега така и понатаму AMD на декстоп ќе биде само послаба алтернатива на Intel за малку помалку пари. Единствено што е предност во случајов е само потрошувачката на енергија која ќе биде значително помала но за која обичните корисници воошто не се замараат, а ентузијастите уште помалку кога се перфрорманси во прашање.

    Согласно спецификациите, 3800X е поспор од 9900/9900K. Ќе се клока на 4.3~4.4GHz во просек на сите јадра што не е ни приближно доволно за да може да се споредува со 9900/9900K. За парите е fail бидејќи за 10% повеќе пари има 10% побрз процесор на Intel i9 9900: http://https://www.intel.com/content/www/us/en/products/processors/core/i9-processors/i9-9900.html. i9 9900 меѓудругото има и интегрирана графика, па така на оние на кои им треба за работа, а не за гејминг ќе им биде во секој можен поглед поефтина алтернатива во споредба со поспориот 3800X плус графичка картичка.

    3600 е исто така неинтересен за тие пари. За гејминг ќе биде fail бидејќи 9500F ќе биде значително побрз. За мноштво софтвери кои ги користат обичните корисници, а кои се оптимизирани најчесто за 4 јадра, 9500F ќе биде подобар избор од 3600. Единствено за многу малку мулти-тридинг оптимизирани софтвери како рендер 3600 ќе биде подобар избор. Истово важи и за 3600X спореден со 10% поефтиниот 9600, кој меѓудругото има и графика. Oва уште повеќе важи за 3700X спореден со 9700F. 9700F ќе биде подобар избор од 3700X и 3800X во најголем број на декстоп апликации, односно скоро во сите најкористени десктоп апликации. Исто така 9700/9700F ќе бидат најдобар избор за игри како и до сега.

    Што се однесува до 3900X тоа е процесор наменет за помалку од 1% купувачи од чии 12 јадра бенефит можат да имаат само оние кои работат рендер и слично. За игри не е, со оглед на тоа што е составен од 2 CCX-а на различни чипови така што комуникацијата меѓу јадрата од едниот и другиот CCX ќе биде со голема латенција. Практично ова е ThreadRipper на десктоп, а знаеме каков е ThreadRipper за гејминг. За брзо по неговото излегување на пазар Intel ќе одговори со 10 јадрен Commet Lake-S кој верувам дека ќе биде најмалку подеднакво брз колку 3900X во multi-threaded апликации и секако побрз во single-thread апликации.

    Можеме да се лажеме и да си раскажуваме приказни, ама AMD на desktop не ги испорача ни приближно очекувањата на кои онанираа голем дел од ентузијастите(вклучително и ти), а тоа се 16 јадра/32 трида на 5.1GHz и слично. Уште помалку за сумата на пари по кои се споменуваа(8 јадра/16 трида на 4.8GHz за $219). Ќе биде поефтино решение за надградба на оние со AM4 платформи. За нов систем ќе биде дискутабилно колку ќе биде посакуван, но верувам дека многу повеќе отколку што Ryzen 1000/2000 беше во однос на intel 8000/9000.

    Се на се, јас гледам на Zen2 како голем успех за AMD бидејќи подобрувањата кои ги носи со себе се значителни и конечно после двоцифрен број години ќе успее повторно да може да оди рамо до рамо со Intel во desktop сегментот и најверојатно, и многу побитно, после двоцифрен број години, повторно да го престигне и претрка Intel во server/workstation. Со оглед на ресурсите со кои располагаат двете компании ова кое го постигна AMD е фасцинантно, иако за истото многу голема(да не речам поголема) заслуга има Intel кој се улежа и успа додека AMD напорно работеше. Како ентузијаст јас секако ќе си купам еден 8 јадрен 3800X, а можеби и 12 јадрен 3900X. Зависи какви desktop перформанси ќе има 3900X, т.е. зависно од тоа колку 3900X ќе пати од болештините на ThreadRipper.

    Да живее конкуренцијата! :D
     
    Последна промена: 27 Мај 2019
    На Grimriper, dzunko, boro1 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  20. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    Со тоа дека повеќе очекувавме се слагам, со другото ќе почекаме бенчмарци да видиме. И тоа дека АМД доцни не е толку црно на бело приказна, пошо Интел цело време со подли финти ги клоцаше 14 години. И покрај тоа успеаја да му врзат добри шамари на Интел, да се вратат у игра и сеа да ја диктираат играта.

    Клучни зборови тука се дека АМД го усовршуваат процесот дури интел уште нема ни абер од 10нм за десктоп.

    Секако дека не очекувам интел да пропадне, ама очекувам дека АМД имаат моментално подобар процесор у сите аспекти.

    Гигахерците не се едино мерило тука пошо у моментов АМД имаат повисок IPC. Плус шо макс бустот кој го промовира интел на своите процесори е синг кор, а АМД се на сите јадра тие 4.5 за 3800 икс. Според ова у сите сценарија 3800X кажуваат дека веројатно ќе биде ист или малку подобар од 9900К.

    Како и да е, ќе видиме бенчмарци, тестови у игри и оверклокинг како ќе иде, ама според првичните најави подобро ќе се клокало од 2000 серијата.

    И да те потсетам дека ти велеше дека за тебе не е битно бренд и цена се дури го добиеш максимумот у перформанси. Епа у моментов тоа ќе е валјда 3900X така шо очекувам да сам споделиш импресии коа ќе го имаш евентуално.

    Јас лично се радувам на Р5 серијата која за парите нуди многу повеќе од било шо шо има интел за обичните смртници.

    А за интегрирани графики немој такви шеги те молам :)) За 1000 денари графика шо ќе купиш ќе е подобра од таа на интел интегрираната.

    Никој шо ќе купи 9900 процесор нема да го вози на интегрирана лол.

    p.s


    View: https://youtu.be/v7hofCnniJE
     
    Последна промена: 27 Мај 2019
    На Скоти, DelphiUser, gOJDO и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,002
    23 Јануари 2008
    Манга
    Какви подли финти жити очи??? Погледни го Buldozzer и неговите деривати каква мизерија се...Благодарение на нив Intel си накриви капа и почна да испорачува по 5% подобрувања на 2 години.

    Светолсни години далеку од тоа дека ја диктираат играта. Едноставно сега само се вратени во игра.

    AMD немаат никаков процес, ниту пак нешто усовршуваат. Процесорите ги штанцаат кај трети производители, во случајов кај TSMC. За разлика од нив Intel има свои производствени капацитети и до сега со децении беше лидер на тоа поле. Fail-от на 10nm скапо ги чини и допрва уште повеќе ќе ги чини. Сепак имаат ресурси, екипа и капацитет за брзо да се вратат и со нивниот 7nm повторно да бидат на врвот без никаква конкуренција.

    После спецификацииве кои ги видовме малку е детинесто да имаш вакво очекување.

    Не знам како дојде до ваков заклучок, кога ниту сме виделе бенчмарци ниту пак споредби на иста фрекфенција.

    Ова не е точно. Кај Intel 9 gen boostot e на 2 јадра(кај 9900K SE е на сите 8). Кај AMD останува да видиме, но верувам дека е на 1 јадро од секој CCX исто како кај Ryzen 1000/2000.
    [​IMG]
    https://techreport.com/review/33719/amd-ryzen-7-2700-cpu-reviewed

    Според графиците на AMD каде тие 3800X го изедначуваат(1-2% побрз во cinebench) со 9900K верувам дека 3800X ќе биде за 5-10% поспор од 9900K во просек.
    [​IMG]
    AMD Ryzen 3000 Announced: Five CPUs, 12 Cores for $499, Up to 4.6 GHz, PCIe 4.0, Coming 7/7
    Како и Ryzen 1000/2000 верувам дека и овој 3000 ќе биде избинуван до крај така што практично ќе нема простор за оверклок.

    Со тие клокови не верувам дека тоа ќе биде 3900X. 12 јадра за она за што го користам се оверкил. Практично и 8 јадра се оверкил. Како што имам изјавено за декстоп за мене се релевантни перформансите на 8 јадра од еден CCX.

    Не се согласувам баш. Зависи за која намена ќе се користи PC-то. За гејминг и те како потфрла Ryzen 5. Според најавите на AMD новиве Zen2 ќе бидат драматично подобри за гејминг, така што можеби ќе имаме нов буџет гејминг крал од процесор.

    Те молам отвори ги ценовниците на странските и нашите фирми и посочи една графичка картичка за 1000 денари....

    Зашто не? Има луѓе на кои не им е потребна графичка картичка. Не играат игри. До сега имам продадено два такви системи од вкупно 10-12 со 9900K.
     
    Последна промена: 27 Мај 2019
  22. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,542
    20 Јануари 2015
    Машко
    Благо разочарување имам во однос на бројот на јадра/нитки за Ryzen 3.
    Ако Ryzen 5 има 6/12, најверојатно ryzen 3 ќе бидат (останат) на 4/8, што е спотивно на шпекулациите ама па од друга страна 6 јадра 12 нитки за 100$ (Ryzen 3300) беше предобро за да биде вистинито.
     
    На Скоти, Grimriper, DelphiUser и уште 4 други им се допаѓа ова.
  23. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    Види го видеото на Линус. И он вика толкава масовна поддршка од партнери со High End плочи дека е показател. Плус шо вика дека според роадмапот на интел дури 2020 и тоа со големо АКО ако извадат нешто да парира. Плус и он вика дека колку шо он имал инфо изгледа дека АМД се подобри у моментов и у сингл кор и у мултикор од Интел у секој ранг. (негови зборови не само мои)

    Плус шо 16 јадрени процесори ќе вадат (сите тек-тубери тоа го викаат пошо производителите на матични збореле дека матичните ќе ги подржуваат 16 јадрените).

    Подлите финти се тоа шо интел со децении подли тактики користи за да прави нефер конкуренција со АМД, со тужбите и се тоа (гледај видеото на Adored TV за Intel Anti-competitive практики)...

    За другово на веб сајтот на интел пишува дека гигахерците се макс за едно јадро кои се означени.

    upload_2019-5-27_10-3-14.png

    Значи не водам инает у работиве само велам дека ми изгледа ко да интел се у моментов комплетно под палецот на АМД за прв пат од 2000та година некаде.

    И тоа е добра ствар.

    А за графика од 1000 денари се наоѓа на старо де.

    А да не збориме дека, пак ко шо вика Линус, ова не е удар само на десктоп сегментот туку уште поголем е на СЕРВЕРСКИОТ пазар пошо у одредени ситуации таму ДУПЛО подобар е ЕПИК од најдоброто шо го има Интел.

    А и у мобилниот (лаптоп) пазар почнуваат да нагризуваат.

    Сево ова ќе нагризе многу од профитот на интел у следниве година две, и тоа може многу да смени.

    П.П.С - а да не збориме (пак ќе го цитирам Линус) дека со технологија (PCIe 4.0 со дупло повеќе бендвид, Corsair SSD пример на PCIe 4.0 веќе е објавено со проток од 5 гигабајти на секунда!) се исто пред интел моментално на пазар.

    И да не заборавиме на тоа дека не се подложни на спектре, мелтдаун и сите други пропусти кои интел сеа ако ги пачира ќе загуби многу перформанси.

    Едниот пропуст дури зборат дека за да се избегне мора да се исклучи хајпертрединг. Имаше видео на јутуб баш од Hardware Unboxed мислам за тоа какви се перформансите на интел без хајпертрединг (ако сакаш да си заштитен од пропусти).

    How Screwed is Intel without Hyper-Threading?


    View: https://www.youtube.com/watch?v=O9t7u5pM1cE&t=860s
     
    Последна промена: 27 Мај 2019
    На Скоти, DelphiUser, gOJDO и уште 2 други им се допаѓа ова.
  24. Arkturus

    Arkturus
    Gaining Experience

    222
    101
    17 Јануари 2013
    Машко
    Која е разликата меѓу 3800Х и 3700Х освен речиси двојно поголемата потрошувачка. Некако овој 3800Х ми се чини непотребен.

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    537
    738
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Чекајте другари, нели зголемувањето на ИПЦ е право пропорционално со зголемување на фрекфенција? Ако зголемениот ипц на 3700х е 15 проценти, наспроти 2700х, според него можеме да пресметаме дека 3700х на 4.4 гхз турбо фрекфенција, е исто како 2700х на 4.4 х 115%, т.е рајзен 3000 на 4.4гига = рајзен 2000 на 5.02гхз. Затоа и имаше појаки сингл кор перформанси од 9700к.

    Тоа што сите го очекуваа беше 4.8-5гхз на 8/16 рајзен. Па луѓе тоа е 40% зголемени перформанси од една генерација 2700x на 3700х
     
    На Tomashevski.Aleksandar, farkizz, ТАТА_МАТА и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...