Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Hyper-V Replication

cakii

hello world
23 февруари 2011
397
731
Здраво на сите!

Мислам дека не е проблем да се изведе следното сценарио, но сепак да прашам за секој случај ако има некој повеќе искуство или можеби веќе го извел истото.

Имам 2 Hyper-V nodes кои што имаат по 15-тина виртуелки на нив.

Е сега, поради Disaster Recovery сакам да овозможам Replication помеѓу нив, па ме интересира дали е можно следното сценарио.

Да го направам Hyper-V Host 1 да биде Replication server кој што ќе чека Replication од Hyper-V Host 2 и обратно Hyper-V Host 2 кон Hyper-V Host 1.
На овој начин да ги задржам постоечките виртуелки со цел да ја поделам работата помеѓу 2-та Hyper-V nodes.

Дали е ова можно или морам да ги префрлам сите виртуелки на еден Hyper-V host и да овозможам Replication со другиот Hyper-V host кој што ќе нема виртуелки на него.

Поради тоа што двата nodes ќе бидат Replica Servers, што ќе се се случи кога ќе направам Planned Failover и кога синхронизацијата ќе треба да тргне во другиот правец? Дали тоа ќе што двата сервери се Replica Servers ќе направи некаков проблем (Не би требало, но сепак да прашам)?

Напомена: За жал Failover Clustering не е можно да се изведе во ова сценарио поради постоечката инфраструктура кај клиентите, па затоа ме интересира ова решение.

Поздрав на сите !
 
martin17

hello world
2 септември 2013
93
82
Да, ова го имам видено во една фирма и функционира (го немам јас конфигурирано). Предуслов е да имаш доволно ресурси на хостовите во случај на испад да може еден хост да ги издржи сите виртуелки. Секако, зависи и од ред други работи како на пример дали хостовите користат SAN или сопствени дискови.

Мора да напоменам дека како Disaster recovery ова е прилично лошо решение (претпоставувам дека хостовите се наоѓаат во ист датацентар). Пожелно е да имате Hyper-V околина на DR локација, или барем cold backup.
 
Еве само што завршив со тестирање и се работи како што треба.
Можеби ќе ја има некој истата дилема, па чисто да знае.

Инаку да, хостовите имаат доволно ресурси да издржат се.

Проектот што го работам кај клиентите не е DR, меѓутоа нема да имаат Failover Cluster, па сакаа на некаков начин да се заштитени со помош на Hyper-V replication во случај 1 хост да падне. Во таа смисла реков DR, може погрешно се изразив.
Нормално дека посебна DR локација е пожелна, меѓутоа ја немаат сеуште и не планираа да ова да биде DR проект. Чисто сакаа да имаат каква таква сигурност бидејќи ги имаат ресурсите преку Hyper-V Replication.

Фала ти многу !
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно