Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

GLEY.mk - Прва македонска национална стриминг платформа

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.495
Скопје
„Добра“ заштита имаат.
Секој можен филм, секоја различна резолуција, секое аудио... сите се енкриптирани со еден ист клуч.
И тоа, тоа е истиот клуч што се користи на Телеком за MAXTVGO за сите канали.
Хахахахаха.
 

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
Ја па мислев решил некој да го искористи leak-от за source кодот на Twitch за да направи македонска верзија.

Се разочарав.
 

100JKO

hello world
27 јуни 2018
427
1.087
Скопје
Можеле подобро име, не баш user friendly interface, ова 400 за Standard пакетот не знам баш дали вреди... И ова 300 не знам баш дали вреди ама ајде. Интересна идеја и концепт ама нажалост лошо направено.
 

Multipass

hello world
1 ноември 2015
216
363
Можеле подобро име, не баш user friendly interface, ова 400 за Standard пакетот не знам баш дали вреди... И ова 300 не знам баш дали вреди ама ајде. Интересна идеја и концепт ама нажалост лошо направено.

Баш напротив името е добро, веднаш го запамтив. UI/UX-от е исто одличен не знам што збориш, истиот го користи и Netflix од кај што го украле/инспирирале и делува доста исполирано. Единствено што не ми се допаѓа е изборот на содржината и цената е прескапа за истата.

И една препорака за pivot ако не им успее проектов што верувам на многу луѓе повеќе би им се допаднала, поготово на овие простори, е да се фокусираат на пиратерија. :D

Сега знам сигурно тропам глупости, гледам регистрирале фирма и све.

Али кога би ја имале содржината од сите стриминг платформи заедно и плус уште дополнителна и таму што ја нема, преведена на мајчин јазик (или српски/хрватски), све склопено фино лепо во ваков убав UI/UX и прикладноста да не мораш да симињаш и да се расправаш со Kodi и слични глупости. Би дал искрено и више од 300 денари месечно и би ја користел редовно не само јас, туку и моите роднини, пријатели кои и не се разбираат баш од технологија и сакаат балкански превод.

Само ќе треба да најдат сервер што нема да му смета пиратерија или да си направат свој, платежен систем што веднаш ќе конвертира на крипто пошто нели нема легален да биде бизнисов во тој случај и тоа е тоа. You can do it.

Тропам глупости. :D

Како и да е, убаво е да се видат нови стартапи на нашиве простори, им посакувам многу среќа и успех. Ме интересира и каков techstack користеле, ако има некој што е во проектов на форумов да сподели.

Поздрав.
 
Последна промена:

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.559
3.197
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Кој е таргетот? Пензионери над 70 години? Дали имаат доволно пари пензионерите за да си приуштат вакво нешто? Како ќе гледаат на ТВ (или мислат да развијат апликација за ТВ)? Не сакам да демотивирам и поддржувам се што е македонско ( :) ) ама не гледам како ова би функционирало во смисла да биде профитабилно. Можеби подобро би било да се изнајмува содржината...
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.806
10.120
Изборов е некако како МТВ програма од 2000-ти, истите филмови што ги вртеле со години. Искрено не знам дали има случај за регионални успешни копии на Нетфликс некаде низ светот?
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.559
3.197
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Не. Нетфликс отвара регионални подружници, инвестира во турски, француски, германски филмови и серии баш од тие причини. А да не правиме муабет за американска блокбастери. Не знам како може некој да им парира. Можеби во некоја поголема земја ама во помала нема шанси...освен како што кажав да го изменат моделот на наплата, можеби рентање или не знам.
 

M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
565
На сите кога ќе се спомне ваков тип платгорма за гледање серии и филмови одма во глава ни е Netflix и Netflix ни е репер за квалитетна содржајна платформа.
Исто како што за ресторан за брза храна на многумина кога ќе се спомне им е McDonalds но треба да гледаме и малку реално дека овој проект е наменет само за регионов Екс Ју државиве и 90 % наменет за да нудат содржина продукција филмови и серии од Екс Ју државиве и малце пошироко.

Ова е добро за македонската и српска продукција серии и филмови и мотив за они да прават повеќе серии и филмови. Пеце Талевски од ОХО продукцијата на серијата Преспав во едно интервју кажа дека наредна година ќе снимаат уште една серија и таа плаанираат да биде на оваа платформа.

Јас не можам да пишам за околу цените тоа и многу не се разбирам дали се реални или не. Но ете српскиот филм Тома или Јужни Ветар е 150 денари карта во кино.

Она што забележав апликацијата на телефон е засега од сам старт целосно бесплатна . Се регистрирав потоа ја инсталирав апликацијата од Google play на неа се логирав и не ми побара да одберам пакет ниту картичка да пишам, одма автоматски ме имаше вклучено на Family пакетот.
 
Последна промена:

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.383
5.521
„Добра“ заштита имаат.
Секој можен филм, секоја различна резолуција, секое аудио... сите се енкриптирани со еден ист клуч.
И тоа, тоа е истиот клуч што се користи на Телеком за MAXTVGO за сите канали.
Хахахахаха.
И што е реперкусијата од ова? Со акаунтот на макств можеш да се најавиш и тука или како? Затоа што не сум чул дека некој успеал да ја разбие енкрипцијата на макств или не сум во тек?
Како ќе гледаат на ТВ (или мислат да развијат апликација за ТВ)?
Има апликации за LG и Samsung телевизори, како и за андроид, со што се покриени сите телевизори со интернет пристап.
Она што забележав апликацијата на телефон е засега од сам старт целосно бесплатна . Се регистрирав потоа ја инсталирав апликацијата од Google play на неа се логирав и не ми побара да одберам пакет ниту картичка да пишам, одма автоматски ме имаше вклучено на Family пакетот.
Тоа е сигурно 30-дневниот пробен период. После тоа ќе ти бара уплата за да продолжиш да ја гледаш. Елегантно решение со оглед на тоа дека многу луѓе веднаш би се откажале ако на самиот почеток им побара податоци од картичка. Вака ќе гледаш без никаква обврска, па можеби ќе се навлечеш и после еден месец ќе се претплатиш.
 

M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
565
Фалат многу опции

Нема Cast или било каква опција за да може да ја пуштиш содржината видео на телевизор/ android box уред.

Нема опција за намалување или зголемување квалитет на сликата а е потребно тоа доколку имаш слаб интернет или не сакаш да троошиш премногу интернет.

Нема опција за зголемување на титлот.

Нема превод на други јазици освен албански и македонски а воопшто превод нема на македонската продукција.

Нема ни да се смени друг јазик освен англиски, албански и македонски на целата апликација/сајт.Ако сакаат да се пробиваат и надвор од Македонија на тоа треба да размислат во иднина барем додатно српски, хрватски, босански и англиски да има превод на содржините и на целата апликација/сајт.
 
Последна промена:

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.495
Скопје
И што е реперкусијата од ова? Со акаунтот на макств можеш да се најавиш и тука или како? Затоа што не сум чул дека некој успеал да ја разбие енкрипцијата на макств или не сум во тек?
Не си баш у тек :D

MAXTVGO користи Widevine заштита. Widevine заштита користат огромен број на онлајн платформи за стримање. Widevine е на Google. Widevine има 3 нивоа на заштита. L1 е хардверска енкрипција и можат да ја пробијат само мал број на индивидуи, претежно scene release групите. L2 ретко се користи и е нешто измеѓу, а L3 најчесто се користи у browser-и и е software based енкрипција и не е баш безбедна и подлежи на бројни видови напади.
Во кратки црти, кога гледаш видео/аудио што е заштитено со Widevine, на почетокот прелистувачот контактира сервер на Widevine, Widevine враќа назад клуч кој секако е obfuscated и не можеш да го пресретнеш. Има еден адд он кој ја напаѓа оваа размена на податоци помеѓу Widevine и прелистувачот, и може да го фати/погоди клучот. Со тој клуч после можеш да ги декриптираш видеото и аудиото со една програма, кои претходно си ги симнал со друга програма, и на крај да ги споиш со ffmpeg.

Сите посериозни и помалку сериозни онлајн стриминг сервиси што користат Widevine, користат различни клучеви за различни видеа, па дури и за различни резолуции од исто видео, различни клучеви за аудио... тоа го препорачуваат и самите од Widevine.

Овие овде, изглеа истите луѓе што го имплементирале Widevine во MAXTVGO го имплементирале и тука, ама истиот клуч да се користи, уште па за сите филмови и серии е малку така троа трагично.

Реперкусија е, имаш помалку замарање ако сакаш да рипнеш контент од таму, а со акаунтот од MAXTVGO не можеш да се најавиш, нема врска во тој контекст едно со друго.

Дополнителна реперкусија е што Widevine за 10 дена ќе напраат апдејт каде што веќе таа екстензија што го погаѓа/фаќа клучот нема да функционира. Но бидејќи останува истиот клуч, пак ќе можеш да декриптираш...
 
Последна промена:

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.559
3.197
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Има апликации за LG и Samsung телевизори, како и за андроид, со што се покриени сите телевизори со интернет пристап.

Зборев за апликации на самите телевизори.
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.719
3.390
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Филмската индустрија ни е мртва, се надевам дека овие имаат барем малку буџет и да потпомогнат како што е во Србија во моментов кај што одат над 5 нови серии, буквално штанцаат серии како што штанцаат песни од тоа грандот.

Да не се споредуваме со Netflix, доволно е да биде мотивација ова за некоја ептен јака мк/ексју серија што ќе може да се гледа исклучиво на ова, е тука гледам успех и профит кој ако добро се распореди ќе донесе повеќе нови серии.
 

M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
565
Не си баш у тек :D

MAXTVGO користи Widevine заштита. Widevine заштита користат огромен број на онлајн платформи за стримање. Widevine е на Google. Widevine има 3 нивоа на заштита. L1 е хардверска енкрипција и можат да ја пробијат само мал број на индивидуи, претежно scene release групите. L2 ретко се користи и е нешто измеѓу, а L3 најчесто се користи у browser-и и е software based енкрипција и не е баш безбедна и подлежи на бројни видови напади.
Во кратки црти, кога гледаш видео/аудио што е заштитено со Widevine, на почетокот прелистувачот контактира сервер на Widevine, Widevine враќа назад клуч кој секако е obfuscated и не можеш да го пресретнеш. Има еден адд он кој ја напаѓа оваа размена на податоци помеѓу Widevine и прелистувачот, и може да го фати/погоди клучот. Со тој клуч после можеш да ги декриптираш видеото и аудиото со една програма, кои претходно си ги симнал со друга програма, и на крај да ги споиш со ffmpeg.

Сите посериозни и помалку сериозни онлајн стриминг сервиси што користат Widevine, користат различни клучеви за различни видеа, па дури и за различни резолуции од исто видео, различни клучеви за аудио... тоа го препорачуваат и самите од Widevine.

Овие овде, изглеа истите луѓе што го имплементирале Widevine во MAXTVGO го имплементирале и тука, ама истиот клуч да се користи, уште па за сите филмови и серии е малку така троа трагично.

Реперкусија е, имаш помалку замарање ако сакаш да рипнеш контент од таму, а со акаунтот од MAXTVGO не можеш да се најавиш, нема врска во тој контекст едно со друго.

Дополнителна реперкусија е што Widevine за 10 дена ќе напраат апдејт каде што веќе таа екстензија што го погаѓа/фаќа клучот нема да функционира. Но бидејќи останува истиот клуч, пак ќе можеш да декриптираш...
Каква и да има заштита човек ќе најде начин да го извади филмот или епизоди од серија од таму.

Сум го правел тоа буквално наоѓаш софтвер програма за снимање декстоп и содржината ќе ја снимиш, снимениот материјал ќе го средиш ако треба во друга програма за видео обработка и после дели го на сајтови за пиратерија. Така плус и преводот ќе го имаш.

Сепак исто добра опција е да имаат и watermark лого проѕирно на самото видео во некое ќоше ставено кое нема да смета при гледање но ќе биде еден вид заштитување од пиратерија.
Мислењето е автоматски споено:

Филмската индустрија ни е мртва, се надевам дека овие имаат барем малку буџет и да потпомогнат како што е во Србија во моментов кај што одат над 5 нови серии, буквално штанцаат серии како што штанцаат песни од тоа грандот.

Да не се споредуваме со Netflix, доволно е да биде мотивација ова за некоја ептен јака мк/ексју серија што ќе може да се гледа исклучиво на ова, е тука гледам успех и профит кој ако добро се распореди ќе донесе повеќе нови серии.
Тоа и јас го мислев предходен еден пост.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно