Astro
sensei
- 20 јуни 2012
- 10.149
- 16.235
Јас би рекол многу повеќе е тоа индивидуална работа отколку што е до возилото.Тоа само го потврдува погоре кажаното.
Јас би рекол многу повеќе е тоа индивидуална работа отколку што е до возилото.Тоа само го потврдува погоре кажаното.
Легитимни се овие работи. Тогаш зошто си против развојот на технологијата што работи на отстранување на повеќето од нив?Би било добро да не се мешаат „удобност и комфор“ со работи како „слобода на движење“.
Мислењето е автоматски споено:
Нели напишав што ми смета?
Но еве пак, по редослед на важност (за мене):
- тоа што не сакам да бидам ограничен во слободата на движење (ако преферирам класично возило, и не сакам да плаќам рекет за ЕВ)
- безбедноста
- неможноста за реосигурување после судари кои за класично возило не би биле тоталка
- работниот век на возилото
- цената на возилото, која е многукратно поскапа
- цената на користење, која е многу поголема (дури и со сегашните „бесплатни“ полначи кои во иднина нема да ги има)
- малиот радиус на движење пред потреба од повторно полнење
- времето на недостапност на возилото (времето за полнење на батериите)
Инаку под цената на користење, ги подразбирам вкупните трошоци во периодот на користење: трошоци за регистрација и осигурување, трошоците за сервисирање, трошоци за менување батерии, итн.
Мене па не ми е јасно како може на било кој да не му е јасно тоа подвлеченото. Ајде вака...Легитимни се овие работи. Тогаш зошто си против развојот на технологијата што работи на отстранување на повеќето од нив?
На почетокот автомобилите имале речиси идентични недостатоци. Првите неколку децении само богатите можеле да си приуштат да купат кола. Па се унапредувала технологијата, растело производство...
Само една точка не ми е јасна, како тоа ти е ограничена слободата со постоењето на електричните возила?
Абе има нешто интересно знам сакаш да кажеш во мислењево ама некако ми е тешко да го докучам , дали некој скриен сарказам дали одредена доза на анегдотен хумор - сепак треба малку да ги истакнеш поважните делови - еден вид акцент да удриш - нелиДали некогаш сте чуле за празен МекДоналдс. Пријателот партува од Копенхаген за Ница. На бензинска пумпа во Франција, застануваат со кола и има 5-60 полначи за баберии, сите полни нема слободен, се паркираат на страна и со децата да појдат до Мек да утепаат време. И оно во Мек нема ништо ни бургери, ни сладолед, ни салати ништо. Ке седиш внатре и ке се ладиш. После оваа случка си лета со авион и изнајмува рентакар, а колата си ја вози локално во Данска.
Гледав мала кола на струја кај нас кошта преку 20к еура. ноу ноу ноу за помалку од 200км домет нееее до Охрид не може да стигнеш, да не зборам за грција ...
Ја кога бев дете мислевме дека во 2024 колите ке летаат и ке се тепаме со терминатори.
Ова во некоја подалечна иднина е можно како сценарио кај нас, но на други места порано. На пример Париз има предлог за доста повисока сума за паркирање за СУВ.Абе у реду е све тоа, ама шо ако сакам јас со мое возило да си одам? Не сакам билет да резервирам, не сакам саат време да чекам и не сакам да делам кабина/купе/седиште со некого?
Дај не си прајте филмови колите да се забранат за сите со возови/автобуси/тролејбуси да се возиме.
Mercedes SUV не го знам точниот модел. Ке иде и ке застанува на секоја бензинска за види дали има слободен полнач. Патув асо фамилија, мали деца вози.Што кола има пријателот?
Зошто земал таква нелогична кола, во таа земја на изобилие?
Они може предлог да дадат во Париз во сред центар и да не дишат ваздух веќе ако сакаат, до толку забегаа. Ама не, колата дека ќе ја ограничат за јас со автобус/воз или не знам што да се возам зошо било поекономично или што ти знам јас тој филм не го гледаат.Ова во некоја подалечна иднина е можно како сценарио кај нас, но на други места порано. На пример Париз има предлог за доста повисока сума за паркирање за СУВ.
Да ти одговорам на прашањето, се ќе може, но ќе чини повеќе.
Тој филм веќе почнува да игра во кината во ЕУ. А пошто ние овде сме познати по имплементирање на се што е срање (и ништо што е добро) во ЕУ, сметај дека само прашање на време е кога ќе го гледаш (гледаме) и ние тој филм.Они може предлог да дадат во Париз во сред центар и да не дишат ваздух веќе ако сакаат, до толку забегаа. Ама не, колата дека ќе ја ограничат за јас со автобус/воз или не знам што да се возам зошо било поекономично или што ти знам јас тој филм не го гледаат.
Не знам како ќе се одвиваат работите. Не можат да ти кажат со какво возило ќе се возиш по градот, ама можат да ти кажат со какво нема да се возиш.Нека си го играат бе, нивна работа. Тоа дека јас ќе се возам со тоа што они ми предлагаат, нема грешка. Нека постои како избор и треба да има добар јавен превоз, дефинитивно е убаво ама дека они ќе ми кажат со какво возило ќе се возам по градот тоа мало сутра.
Фино. Ќе забранат движење на било какви автомобили во градот. Тепат кој нејќе.Не знам како ќе се одвиваат работите. Не можат да ти кажат со какво возило ќе се возиш по градот, ама можат да ти кажат со какво нема да се возиш.
Цените на горивото ќе ги дигнат до небо, регистрацијата исто така, Ќе воведат данок (исто голем) за поседување на возило со СУС мотор... Самиот ќе се откажеш.
Во краен случај ќе забранат употреба на такви возила во градот.
Точно е дека ова се само мои претпоставки. Ти давам пример како можат да те натераат сам да се откажеш. Ако така одлучат, немоќен си.Фино. Ќе забранат движење на било какви автомобили во градот. Тепат кој нејќе.
Ова колку ќе ги направат цените на горивата и регистрација се само твои претпоставки.
Ако не се лажам во Лондон во централно градско подрачје може да се вози само со посебна дозвола која што мора претходно да се плати (со висока цена) дополнително, во спротивно е забрането возењето.
Со оглед на тоа што сите одат во WC со кола наместо со мотор/скутер/тротинет/точак потегот е неизбежен.Фино. Ќе забранат движење на било какви автомобили во градот. Тепат кој нејќе.
Ова колку ќе ги направат цените на горивата и регистрација се само твои претпоставки.
Одлични цени налупале.![]()
London congestion charge - Wikipedia
en.wikipedia.org
Поаѓаш од погрешна претпоставка дека сите фактори што имаат учество во исплатливоста на користењето на возилата и во иднина ќе останат исти како што се сега. Затоа ти се погрешни и заклучоците и тезите што ги изведуваш од нив.Мене па не ми е јасно како може на било кој да не му е јасно тоа подвлеченото. Ајде вака...
Кога се појавиле автомобилите, никој не ги забранил коњите, ниту почнал да прави филмови дека коњите се „нееколошки“ и мора да се даночат многу повеќе. Едноставно автомобилите се покажале за попрактични, и спонтано се случила промена на парадигма. За разлика од сега кога повеќето сакаат да останат на старото ама државите го форсираат новото (од политички причини и на штета на граѓаните).
Тоа само за почеток, колку да видиш дека паралелата не ти е добра.
Понатаму... Не сум против технологијата сама по себе, туку против фактот дека алтернативата (возилата со мотори на фосилни горива) можеби не дејуре ама дефакто полека се забрануваат. Во ЕУ нема да се произведуваат за некоја година. Не им даваат да ги возат во центрите на градовите. Итн.
Да никој нема да ти го земе возилото, ама ќе треба да плаќаш некои нереални еколошки даноци за да го возиш. Прво ќе забранат да возиш (такви аута) во центар, а потоа и општо во град. Бензински пумпи ќе има се помалку и помалку, ќе има помалку конкуренција и цените на горивата ќе скокаат. Како ќе се смалува бројот на корисниците на такви возила, така државата ќе има помалку отпор да става уште поголеми ограничувања и уште поголеми даноци и на возењето и на горивата. Итн, итн...
На крај реално ќе можеш само да си го гледаш паркирано возилото во двор/гаража.
Како ќе биде ограничена слободата?
Па ќе мораш да купиш електрично возило, а тоа по дифолт е ограничено во радиус на движење и бара солиден даунтајм за полнење. А кога си на пат тој даунтајм е голем хендикеп, реално ќе треба да планираш патувања на кратки етапи и извесно можеби и со смештај на секоја пауза ако сакаш времето да го искористиш барем да се одмориш.
Штом е извесна целата таа серија на потези со ограничувања и понатамошни ограничивања, секако нема да биде ни нереално ни дистопично да очекуваме и некаков систем на „социјален кредит за енергија“. Пошто електрична енергија ниту инфраструктура за полнење ни најразвиените држави немаат ни за неколку проценти од сегашните возачи - да возат ЕВ. А класични аута веќе не произведуваат, и ќе ги даночат со изгор давачки за увоз и возење.
Кој ќе вози ауто, а кој ќе иде со јавен превоз? Епа ете го „решението“ во некаков систем на социјален кредит, тие што се „заслужни“ (или само богати). Што друго? Секако само мал дел ќе можат да возат сопствено електрично ауто.
CASE CORSAIR FRAME 3200D RS, White, CC-9011345-WW
6.130,00 ден
COMBO KEYBOARD MOUSE AND MOUSEPAD WIRED GEMBIRD RGB, Black, KBS-UML-01
1.000,00 ден
MONITOR 24" SAMSUNG LS24F320GAUXEN, IPS Panel, 1920x1080, 120Hz, VGA,2xHDMI, 5ms, LS24F320GAUXEN
5.770,00 ден
PASTE THERMAL ARCTIC MX-7 (4g) + МX Cleaner Wipes, TC: 4.2 W / mk ACTCP00092A
560,00 ден
MOUSE WIRELESS CORSAIR SABRE V2 PRO RGB, Ultralight Gaming Mouse, 36g, MARKSMAN S 33000 DPI, 2.4Ghz/Bluetooth, White, CH-931G001-WW
6.750,00 ден
GAME PLAYSTATION 5 DUALSENSE WIRELESS CONTROLLER Nova Pink
4.890,00 ден