Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

EV - електрични возила

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Си има улога и индивдуата дефинитивно. Ама и во тој случај процентуално ќе се зголемат и другите вредности.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Би било добро да не се мешаат „удобност и комфор“ со работи како „слобода на движење“.
Мислењето е автоматски споено:

Нели напишав што ми смета?
Но еве пак, по редослед на важност (за мене):
  • тоа што не сакам да бидам ограничен во слободата на движење (ако преферирам класично возило, и не сакам да плаќам рекет за ЕВ)
  • безбедноста
  • неможноста за реосигурување после судари кои за класично возило не би биле тоталка
  • работниот век на возилото
  • цената на возилото, која е многукратно поскапа
  • цената на користење, која е многу поголема (дури и со сегашните „бесплатни“ полначи кои во иднина нема да ги има)
  • малиот радиус на движење пред потреба од повторно полнење
  • времето на недостапност на возилото (времето за полнење на батериите)

Инаку под цената на користење, ги подразбирам вкупните трошоци во периодот на користење: трошоци за регистрација и осигурување, трошоците за сервисирање, трошоци за менување батерии, итн.
Легитимни се овие работи. Тогаш зошто си против развојот на технологијата што работи на отстранување на повеќето од нив?

На почетокот автомобилите имале речиси идентични недостатоци. Првите неколку децении само богатите можеле да си приуштат да купат кола. Па се унапредувала технологијата, растело производство, се подобрувала инфраструктурата и дојдено е до тоа да многу повеќе луѓе можат да си дозволат кола, па макар и стар дизел. Имај предвид дека неколку милијарди жители и тој дизел не можат да си го дозволат. За нив и сегашнава технологија ги има истите мани.

Само една точка не ми е јасна, како тоа ти е ограничена слободата со постоењето на електричните возила?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
Легитимни се овие работи. Тогаш зошто си против развојот на технологијата што работи на отстранување на повеќето од нив?

На почетокот автомобилите имале речиси идентични недостатоци. Првите неколку децении само богатите можеле да си приуштат да купат кола. Па се унапредувала технологијата, растело производство...

Само една точка не ми е јасна, како тоа ти е ограничена слободата со постоењето на електричните возила?
Мене па не ми е јасно како може на било кој да не му е јасно тоа подвлеченото. Ајде вака...
Кога се појавиле автомобилите, никој не ги забранил коњите, ниту почнал да прави филмови дека коњите се „нееколошки“ и мора да се даночат многу повеќе. Едноставно автомобилите се покажале за попрактични, и спонтано се случила промена на парадигма. За разлика од сега кога повеќето сакаат да останат на старото ама државите го форсираат новото (од политички причини и на штета на граѓаните).
Тоа само за почеток, колку да видиш дека паралелата не ти е добра.

Понатаму... Не сум против технологијата сама по себе, туку против фактот дека алтернативата (возилата со мотори на фосилни горива) можеби не дејуре ама дефакто полека се забрануваат. Во ЕУ нема да се произведуваат за некоја година. Не им даваат да ги возат во центрите на градовите. Итн.
Да никој нема да ти го земе возилото, ама ќе треба да плаќаш некои нереални еколошки даноци за да го возиш. Прво ќе забранат да возиш (такви аута) во центар, а потоа и општо во град. Бензински пумпи ќе има се помалку и помалку, ќе има помалку конкуренција и цените на горивата ќе скокаат. Како ќе се смалува бројот на корисниците на такви возила, така државата ќе има помалку отпор да става уште поголеми ограничувања и уште поголеми даноци и на возењето и на горивата. Итн, итн...
На крај реално ќе можеш само да си го гледаш паркирано возилото во двор/гаража.

Како ќе биде ограничена слободата?
Па ќе мораш да купиш електрично возило, а тоа по дифолт е ограничено во радиус на движење и бара солиден даунтајм за полнење. А кога си на пат тој даунтајм е голем хендикеп, реално ќе треба да планираш патувања на кратки етапи и извесно можеби и со смештај на секоја пауза ако сакаш времето да го искористиш барем да се одмориш.

Штом е извесна целата таа серија на потези со ограничувања и понатамошни ограничивања, секако нема да биде ни нереално ни дистопично да очекуваме и некаков систем на „социјален кредит за енергија“. Пошто електрична енергија ниту инфраструктура за полнење ни најразвиените држави немаат ни за неколку проценти од сегашните возачи - да возат ЕВ. А класични аута веќе не произведуваат, и ќе ги даночат со изгор давачки за увоз и возење.

Кој ќе вози ауто, а кој ќе иде со јавен превоз? Епа ете го „решението“ во некаков систем на социјален кредит, тие што се „заслужни“ (или само богати). Што друго? Секако само мал дел ќе можат да возат сопствено електрично ауто.
 
Последна промена:

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Дали некогаш сте чуле за празен МекДоналдс. Пријателот партува од Копенхаген за Ница. На бензинска пумпа во Франција, застануваат со кола и има 5-60 полначи за баберии, сите полни нема слободен, се паркираат на страна и со децата да појдат до Мек да утепаат време. И оно во Мек нема ништо ни бургери, ни сладолед, ни салати ништо. Ке седиш внатре и ке се ладиш. После оваа случка си лета со авион и изнајмува рентакар, а колата си ја вози локално во Данска.
Гледав мала кола на струја кај нас кошта преку 20к еура. ноу ноу ноу за помалку од 200км домет нееее до Охрид не може да стигнеш, да не зборам за грција ...
Ја кога бев дете мислевме дека во 2024 колите ке летаат и ке се тепаме со терминатори.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Што кола има пријателот?

Зошто земал таква нелогична кола, во таа земја на изобилие?
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.288
5.265
Скопје
hackitfree.github.io

Абе има нешто интересно знам сакаш да кажеш во мислењево ама некако ми е тешко да го докучам , дали некој скриен сарказам дали одредена доза на анегдотен хумор - сепак треба малку да ги истакнеш поважните делови - еден вид акцент да удриш - нели :p...
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Абе у реду е све тоа, ама шо ако сакам јас со мое возило да си одам? Не сакам билет да резервирам, не сакам саат време да чекам и не сакам да делам кабина/купе/седиште со некого?
Дај не си прајте филмови колите да се забранат за сите со возови/автобуси/тролејбуси да се возиме.
Ова во некоја подалечна иднина е можно како сценарио кај нас, но на други места порано. На пример Париз има предлог за доста повисока сума за паркирање за СУВ.

Да ти одговорам на прашањето, се ќе може, но ќе чини повеќе.
 
Последна промена:

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Што кола има пријателот?

Зошто земал таква нелогична кола, во таа земја на изобилие?
Mercedes SUV не го знам точниот модел. Ке иде и ке застанува на секоја бензинска за види дали има слободен полнач. Патув асо фамилија, мали деца вози.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ова во некоја подалечна иднина е можно како сценарио кај нас, но на други места порано. На пример Париз има предлог за доста повисока сума за паркирање за СУВ.

Да ти одговорам на прашањето, се ќе може, но ќе чини повеќе.
Они може предлог да дадат во Париз во сред центар и да не дишат ваздух веќе ако сакаат, до толку забегаа. Ама не, колата дека ќе ја ограничат за јас со автобус/воз или не знам што да се возам зошо било поекономично или што ти знам јас тој филм не го гледаат.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
Они може предлог да дадат во Париз во сред центар и да не дишат ваздух веќе ако сакаат, до толку забегаа. Ама не, колата дека ќе ја ограничат за јас со автобус/воз или не знам што да се возам зошо било поекономично или што ти знам јас тој филм не го гледаат.
Тој филм веќе почнува да игра во кината во ЕУ. А пошто ние овде сме познати по имплементирање на се што е срање (и ништо што е добро) во ЕУ, сметај дека само прашање на време е кога ќе го гледаш (гледаме) и ние тој филм.

Не знам кога и не знам како (кога/како ќе успеат да го имплементираат овде), ама дефинитивно натаму одат работите. Дел од причините е и неразбирањето што всушност се случува, од обичните луѓе. Сето ова во основа не е поврзано толку со „економичност“ колку што е политичка одлука.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Нека си го играат бе, нивна работа. Тоа дека јас ќе се возам со тоа што они ми предлагаат, нема грешка. Нека постои како избор и треба да има добар јавен превоз, дефинитивно е убаво ама дека они ќе ми кажат со какво возило ќе се возам по градот тоа мало сутра.
 
18 август 2019
1.214
1.187

Не знам како ќе се одвиваат работите. Не можат да ти кажат со какво возило ќе се возиш по градот, ама можат да ти кажат со какво нема да се возиш.
Цените на горивото ќе ги дигнат до небо, регистрацијата исто така, Ќе воведат данок (исто голем) за поседување на возило со СУС мотор... Самиот ќе се откажеш.
Во краен случај ќе забранат употреба на такви возила во градот.
 
Фино. Ќе забранат движење на било какви автомобили во градот. Тепат кој нејќе.
Ова колку ќе ги направат цените на горивата и регистрација се само твои претпоставки.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
Никој (нормален) не го сака тоа. Ама дека натаму идат работите тоа веќе можеме да го видиме во ЕУ.
 
18 август 2019
1.214
1.187
Фино. Ќе забранат движење на било какви автомобили во градот. Тепат кој нејќе.
Ова колку ќе ги направат цените на горивата и регистрација се само твои претпоставки.
Точно е дека ова се само мои претпоставки. Ти давам пример како можат да те натераат сам да се откажеш. Ако така одлучат, немоќен си.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.710
15.805
youtu.be
Ако не се лажам во Лондон во централно градско подрачје може да се вози само со посебна дозвола која што мора претходно да се плати (со висока цена) дополнително, во спротивно е забрането возењето.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.034
7.705

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Фино. Ќе забранат движење на било какви автомобили во градот. Тепат кој нејќе.
Ова колку ќе ги направат цените на горивата и регистрација се само твои претпоставки.
Со оглед на тоа што сите одат во WC со кола наместо со мотор/скутер/тротинет/точак потегот е неизбежен.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Се сложувам јас со многу работи овде. И дека одиме со коли секаде и дека гужви правиме и дека треба да се тргаат автомобилите од центар на град.
Како најсвеж пример ќе ја земам Љубљана најзелениот град во ЕУ, престојував лани во најстрог центар буквално. Во центарот скоро и да нема автомобили ама не ми беше забрането да се движам со автомобилот по улиците.
Скап си беше паркингот си платив и си заминав после.
Охрид на пример е 30 денари од саат да си паркиран долу на пристаниште место да е 300 денари саат и сите лешпери и богато и сиромао си се паркираат таму пошто е ефтин паркингот.
Во Љубљана чак и 5е од саат ми бараа само за паркингот на еден замок на кој се плаќаше мислам 13е од човек за влез.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Мене па не ми е јасно како може на било кој да не му е јасно тоа подвлеченото. Ајде вака...
Кога се појавиле автомобилите, никој не ги забранил коњите, ниту почнал да прави филмови дека коњите се „нееколошки“ и мора да се даночат многу повеќе. Едноставно автомобилите се покажале за попрактични, и спонтано се случила промена на парадигма. За разлика од сега кога повеќето сакаат да останат на старото ама државите го форсираат новото (од политички причини и на штета на граѓаните).
Тоа само за почеток, колку да видиш дека паралелата не ти е добра.

Понатаму... Не сум против технологијата сама по себе, туку против фактот дека алтернативата (возилата со мотори на фосилни горива) можеби не дејуре ама дефакто полека се забрануваат. Во ЕУ нема да се произведуваат за некоја година. Не им даваат да ги возат во центрите на градовите. Итн.
Да никој нема да ти го земе возилото, ама ќе треба да плаќаш некои нереални еколошки даноци за да го возиш. Прво ќе забранат да возиш (такви аута) во центар, а потоа и општо во град. Бензински пумпи ќе има се помалку и помалку, ќе има помалку конкуренција и цените на горивата ќе скокаат. Како ќе се смалува бројот на корисниците на такви возила, така државата ќе има помалку отпор да става уште поголеми ограничувања и уште поголеми даноци и на возењето и на горивата. Итн, итн...
На крај реално ќе можеш само да си го гледаш паркирано возилото во двор/гаража.

Како ќе биде ограничена слободата?
Па ќе мораш да купиш електрично возило, а тоа по дифолт е ограничено во радиус на движење и бара солиден даунтајм за полнење. А кога си на пат тој даунтајм е голем хендикеп, реално ќе треба да планираш патувања на кратки етапи и извесно можеби и со смештај на секоја пауза ако сакаш времето да го искористиш барем да се одмориш.

Штом е извесна целата таа серија на потези со ограничувања и понатамошни ограничивања, секако нема да биде ни нереално ни дистопично да очекуваме и некаков систем на „социјален кредит за енергија“. Пошто електрична енергија ниту инфраструктура за полнење ни најразвиените држави немаат ни за неколку проценти од сегашните возачи - да возат ЕВ. А класични аута веќе не произведуваат, и ќе ги даночат со изгор давачки за увоз и возење.

Кој ќе вози ауто, а кој ќе иде со јавен превоз? Епа ете го „решението“ во некаков систем на социјален кредит, тие што се „заслужни“ (или само богати). Што друго? Секако само мал дел ќе можат да возат сопствено електрично ауто.
Поаѓаш од погрешна претпоставка дека сите фактори што имаат учество во исплатливоста на користењето на возилата и во иднина ќе останат исти како што се сега. Затоа ти се погрешни и заклучоците и тезите што ги изведуваш од нив.
Цената на нафтата е во постојан пораст, нема да остане на денешниве цени колку и сега да ни се чинат високи. А цената и испораката ја диктираат неколку држави. Тоа е само еден фактор.

Од друга страна дометот, времето на полнење и ефикасноста на електричните возила се подобрува со секоја генерација. Ене, новиот Макан што го промовираа пред некој ден, се полни до 80% за десетина минути, со едно полнење поминува 600-700 км, а троши околу 20 kWh на 100 км. Што е колку, 150-200 денари? Колку ќе поминеш со два-три литра дизел?
Реалните бројки и да се 50% полоши од овие рекламните, пак се сосема доволни за секојдневно патување. А ќе продолжат да се подобруваат. Да, денеска нема такви полначи насекаде, но не значи дека ќе ги нема и во иднина. Види како е моментално во Шангај напр. И бензински пумпи немало никаде. Имало штали со сено и овес.

Но, електричните возила секако не се единствена причина за најразличните ограничувања што се воведуваат.
Еве, да се задржиме локално. Спореди на пример колку време требало со кола да се стигне од Ново Лисиче до Карпош пред 20-30 години, а колку треба сега. Со пошироки улици и побрзи коли. Порано во центар во кое било време можеше бесплатно да се паркира каде било, a платените паркинзи беа скоро бадијала. Сега и со цени од 50-100+ денари од час едвај ќе најдеш слободно место.

Има сѐ повеќе коли, а сѐ помалку место. Кога има побарувачка, а нема понуда, цената расте, добива тој што ќе плати (повеќе). Ако нема доволно може да се воведат рестрикции, за да има за сите по малку, не само за тие со многу пари. Џабе ти се бензински на секој чекор ако снема бензин додека стигнеш на ред.

За да спречи сообраќаен колапс, Лондон уште пред 20-тина години воведе наплата за влез со возило во централното подрачје. За да овозможи слободно, непречено и безбедно движење за сите, а не за да го спречи. Она што не го разбирам е зошто слободата на движење ја поистоветувате со автомобил? За каква слобода на движење правиме муабет кога си еден саат заглавен во гужва? И за тоа време колку гориво се троши непотребно?

Разни градови на различни начини се справуваат со овој проблем. Некои даваат резултат, некои можеби не. Амстердам и други холандски градови децении наназад стимулираат велосипедизам и друг вид на сообраќај наместо автомобилскиот. На Менхетен паркингот веќе се наплаќа на минути, не на часови. А од цената ќе ти се крене косата.
Но, со намалување на бројот на возила, ќе се намалува и проблемот.

Како што може видиш, сево ова нема никаква врска со погонот на возилата.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.227
2.657
не се возилата проблем, да беа проблем ќе ги забранеа. Целта е само да се молзи народот од давачки, на секој чекор некој сака да ти ги земе парите, дали паркингот или бензинска. Државите живеат од акцизи. И немој да мисли некој дека ќе пуните електрични цел живот по ефтини цени. Одма бислимчо или некој сличен ќе рече толку ќе биде акциза за чарџери домашни, толку за други полначи.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно