Технологија што штеди време и пари: Зошто e-Ink етикетите се иднината? ⋆ IT.mk
Во динамичниот свет на современата трговија и управување со залихи, брзината, точноста и ефикасноста се клучни фактори за успех. Традиционалните методи на
Да се надоврзам на оваа статија, ова е дефинитивно технологијата што се' почесто ќе ја гледаме низ нашите продавници.
Бидејќи збориме за е-инк технологија, одлично е тоа што овие дисплеи ја користат својата батерија само кога има промена на екранот,
кога стои во idle не троши батерија и така може да издржи до 5-6 години.
Со извадена или потрошена батерија исто така екранот останува, значи нема да има прекин на приказот само што нема да може да го контролирате уредот.
За сметка на тоа дека не збориме за ЛЦД или слична технологија, екраните кај е-инк дисплеите можат да прикажуваат само неколку бои.
Најчесто ги има во 3 бои, ЦРНА/БЕЛА/ЦРВЕНА или 4 ЦРНА/БЕЛА/ЦРВЕНА/ЖОЛТА.
НО да нагласиме дека за намената која ја имаат ова е и повеќе од доволно.
Постојат етикети кои се наменети и за минусни температури (фрижидери и сл) кои прикажуваат само 2 бои ЦРНА/БЕЛА.
Се контролираат преку веб апликација која во себе има дизајнер на етикети, листа од уреди, приказ на статусот на батерија и слично, мало ЕРП решение.
Самата апликација има свое АПИ преку кое што можете вашиот софтвер да го поврзете со истото и да менувате содржина само на едно место.
Во кругот каде се поставени етикетите треба да има IoT рутер кој преку MQTT протокол комуницира со контролната апликација и преку bluetooth локално ги менува дисплеите.
Цените на овие уреди во зависност од големината и моделот се движи од околу 380мкд до 9700мкд по парче за најмалиот 1.54 инчи и најголемиот 11.6 дисплеј.
Бидејќи мојата фирма стои зад објавата погоре, за членови на форумот ќе пресметаме 5% попуст.