Немај гајле, воопшто не прават проблем, порано кога беа пријавите физички, мораше да ги одобрат шефовите или не знам кои, сега бидејќи се е дигитално, битно им е само да е пријавено во систем.
thank you!!И јас минатата година прилив пријавив после 5-6 месеци имав заборавено, никому ништо, почекав неколку дена, ми издадоа уплатница, си ја платив, си ја евидентираа и толку. Во годишната проверив пишуваше дека е платена и толку.
nacionalno.mk
Јасно ми е затоа и кажав, ама не е рамноправно спрема нас што плаќаме кога гледаш дека куп бизнис се врти на сиво, можат со една прошетка да ги фатат како работат на диво, а никој не се замара.Ова е најлесно за проверка. Буквално зимаш пари на сметка од странство и не пријавуваш. Со неколку клика ги откриваш. За мајсторите треба малку посложена акција.
Мене па поентата ми беше дека толку се спори од УЈП што дури и лесно воочлив прекршок им е потребно 5 години да го санкционираат и за тоа да пратат соопштение до јавноста. А како што разбрав не ни има казни туку само треба да се плати данокот што не е платен.Јасно ми е затоа и кажав, ама не е рамноправно спрема нас што плаќаме кога гледаш дека куп бизнис се врти на сиво, можат со една прошетка да ги фатат како работат на диво, а никој не се замара.
Затоа и кажувам, и самите новинари креваат многу фама за тоа приход од странство а знаеме дека сигурно 50% од приходот во државава не се оданочува.
Мислиш дека ќе ти ги вратат ако сега ги уплатиш? Или да чекаш опомена. Избери си ти. Ама за 11,11% данок јас не би се мислелЗдраво дечки. Ми треба помош и совет од вас (баш за овие чешлачите), бидејки повеќе имате искуство во ова. Јас лани почнав да работам као фриленс но таа кариера брзо заврши. Имав 3 плати земено во средина на 2024 година и толку бидна приказната со таа фирма. Мислејки дека ке продолжам да работам и као ќе ги плаќав данок, ама на крај и ги изумив скроз оти други проблеми ми виснаа над главата.
Дали можам сега да платам данок за тие три "плати" преку веб сајтот на ујп? Видов дека во делот Нова Ставка, кога пополнуваш колку си добил, вид на доход итн итн има опција Датум на исплата... Дали таму да ги пишам датумите кога ми се исплатени тие плати (секоја плата како посебна ставка) и да ги платам или како е попаметно?
Не не јас секако дека ке ги уплатам сега само не ми е јасно дали да ја внесам датата кога ми се примени тие пари во 2024 или да ја внесам денешната дата ?Мислиш дека ќе ти ги вратат ако сега ги уплатиш? Или да чекаш опомена. Избери си ти. Ама за 11,11% данок јас не би се мислел
Абе ова 11.11% данок уназад со години го спомнуваш, не ти е точна информацијата. Во Македонија данок на личен доход изнесува рамно 10% од приходот, не знам од каде ги вадиш тие 11.11 % данок.Мислиш дека ќе ти ги вратат ако сега ги уплатиш? Или да чекаш опомена. Избери си ти. Ама за 11,11% данок јас не би се мислел
Во МК од 2018-та ако не се лажам добија пристап до девизните сметки со извештаи на месечно ниво, така да не е ништо ново ова, со години си функционира само што сега добиле инструкција да извршат проверки бидејќи е празен буџетот и се собираат пари од сите страни.Значи, како во Србија? Не знам каков е исходот таму, си плаќаа, така? Или и во затвор завршија многу?
Инаку, ако имам работено во 2020 онлајн, рецимо, и не сум платил данок: како сега јас да се сетам на тоа и да го платам? Преку извод од банка ли? Стварно ништо не ми е јасно.
Што мислите за оваа новост?
И јас.Aј може некој да ми образложи како го добивате 11.11% кога јас СЕКОГАШ сум плаќал 10% персонален данок (не ДДВ) на приходи од странство.
Значи не 11.11% туку 10%.
Пробува да го пресмета данокот при што за основа ја зима нето сумата наместо бруто сумата.Aј може некој да ми образложи како го добивате 11.11% кога јас СЕКОГАШ сум плаќал 10% персонален данок (не ДДВ) на приходи од странство.
Значи не 11.11% туку 10%.
А 18% ДДВ како ќе пресметаш ако вака сметаш на 1.000 денари? 180 денари е ДДВ? Е не е. Туку е 152,5.Значи добивам денес 1000 евра на сметка. Отварам НБРМ курсна и гледам дека денес (пример) 1000 евра се 61,635.00 денари.
Мојот персонален данок на оваа сума е 6,164 дена (6,163.50, но не ја пишувам децималата туку ставам +1 денар).
Значи не е 6,848 денари (или 11.11%).
Ова барем ми било кажано од човек кој ја знае тематиката, освен ако тој и јас грешиме.
Ти си примил 168512 денари, 10% на таа сума е 16851 денари, тебе ти останува 151661 денари.Пријавена сума колку што е примено на девизна сметка - 2739 евра (остварениот доход испаѓа дека е пресметан по курс 61.51), платено 10%. Или можеби 11.1%?
Погледнете го атачментот 156244
ДДВ се додава на сумата, ПДД се одбива од сумата.А 18% ДДВ како ќе пресметаш ако вака сметаш на 1.000 денари? 180 денари е ДДВ? Е не е. Туку е 152,5.
Значи основицата ја множам со 1,111111 и добивам 1.000 денари. Значи основицата е 900 денари по 1,111111 и добивам 1.000 денари. Основицата 900 и данокот 100.
Прашањето е зошто викаат 18% ДДВ а „10%“ ППД??? Зошто еднаш се смета од бруто а еднаш од нето. Има ли некој умен да објасни? Или ќе си остане по мое зашто сите други даноци и давачки и царини и акцизи и сл. се сметаат според основицата а САМО ППД на бруто...
LED ROAD SIGNAL LIGHT RED EXTRALINK
730,00 ден
SSD M.2 2TB TEAM GROUP MP33 NVMe, TM8FP6002T0C101
16.360,00 ден
MONITOR STAND GEMBIRD, 2 MONITOR, 17"-32", VESA 100/75mm, Vertical, Tilt, 2x8kg, MA-DA2-02
3.230,00 ден
CPU AMD RYZEN 7 9850X3D, Octa Core, 5.6GHz 96MB s.AM5 TRAY 100-000001973
29.990,00 ден
PASTE THERMAL ARCTIC MX-7 (4g) + МX Cleaner Wipes, TC: 4.2 W / mk ACTCP00092A
560,00 ден
PROJECTOR LASER LED EXTRALINK ASTRONAUT - GWIAZD 03
890,00 ден