Нема потреба од линкови.. BTC е само уште еден начин на плаќање во тие продавници. Google ги има другите информации (пр. "microsoft bitcoin").Линкови? И колкав е прометот? Вкупниот. Тоа ми е поважно![]()
Прометот е минијатурен во споредба со традиционалните платежни средства. Повеќето сервиси кои нудат примање на криптовалути како платежно средство се фокусирани на Bitcoin (како најстара и најпозната мрежа), кој во сегашната форма не е подготвен да се користи како вистинска валута.
Сеуште сме неколку години далеку од моментот кога некоја криптовалута ќе ги задоволи петте главни критериуми - голем проток на податоци, низок трошок за трансакции, брзо извршување на трансакциите, анонимност на трансакциите, и сето тоа без да се загрози децентрализираната природа на системот.