Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Дигитални крипто-валути: совети - подесувања (забранета трговија ако сте без права на огласување!)

M.Marlon

hello world
12 мај 2017
171
286
Биткоинот и пар други крипто, меѓу другото, деновиве служи на милијарди народ да си примат парите пратени од нивните блиски во странство на печалба.
Давачките се ниски, трансакциите во споредба со SWIFT многупати побрзи, примачот прима SMS, се јавува во локален OTC дуќан/човек и си прима ситната пара.
Не му треба банкарска сметка. Не ни знае како се пратени, не го ни интересира.

Ова да се овозможи легално кај нас би било успех според мене, ќе си земе малку од данок, малку од лиценца државата. Плус бонус, ќе гледа кој колку земал.
Но во секој случај повеќе одошто да се забрани комплет, како што е сега.
Постоечките менувачници, од друга страна, ако е BTC валута можат и да ја тргуваат, не гледам зошто не.

Забраната е многу невешта мерка во случајов, а регулацијата итра.
 
Последна промена:

M.Marlon

hello world
12 мај 2017
171
286
"Валутата" треба да биде многу постабилна пред да биде прифатена за широка употреба.
Затоа ли златото не е прифатено, зошто пред година беше по волатилно од биткоинот? Oh wait...
Биткоинот е постабилен од многу светски прифатени валути.
 

goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Затоа ли златото не е прифатено, зошто пред година беше по волатилно од биткоинот? Oh wait...
Биткоинот е постабилен од многу светски прифатени валути.
Златото има поголеми осцилации у цена од биткоинот? Не ја пратам баш цената на златото али чисто сумљам дека е така.
Еве сега видов цената на usd/oz последнава година се движела од 1150usd до 1350usd и ова ти озбилно го споредуваш со цената на бтц?
Gold Price
 
Последна промена:

M.Marlon

hello world
12 мај 2017
171
286
Златото има поголеми осцилации у цена од биткоинот? Не ја пратам баш цената на златото али чисто сумљам дека е така.
Паметам кога златото, нафтата, сребро, летаа како партал па никому ништо.
Боливар, Зимбабве долар итн...
Ајде на пример една од најаките, фунтата, според Блумберг:
9fcfdd847a080df2ceeecefff4f3d4c7.png
Волатилноста/стабилноста не е мерило да биде валута. Инфлација, дефлација, не убија со нив, не сотреа валутиве јаки. Принтаат пари ко луди.

Едит: Во право си на подолг рок Биткоинот е поволатилен од главните валути, кај што инфлација/дефлација е успешно регулирана, под контрола.
Но сметам за општо прифаќање, волатилноста не значи многу, па динарот стар имаше инфлација од епски размери, и пак си беше прифатен. Немаше биткоин тогаш, но имаше марки и чекови за спас.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.732
Па ете ти кажа дека не е незаконски, така да ако може некој да ме упати ако знае :)
Ете. Значи ако нешто не е регулирано со закон, не значи дека е незаконски. На пр., летањето на Месечината кај нас не е регулирано со закон за безбедност во сообраќајот. А не е противзаконско.

(Препрочитај ја темата и прашувај конкретно. Ништо не правиш ако сам не си се заинтересирал што да правиш и како... „Само една ствар расте у туѓи раце“ рекол некој паметен ;)
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.727
12.656
Skopje
www.wemaxa.com
Доколку на пример утре, доларот девалвира односно изгуби од вредност/куповна моќ и се потребни $100 да се купи 1 векна леб наместо $1 за истото претходниот ден, Америка ќе се соочи со масовни штрајкови, народ на улици, глад, крах на општество, војна итн. За да не дојде до тоа, постојат куп механизми, реални или виртуелни, што се поврзани со економијата, стопанството, извозот, меѓународна политика вклучително и тоа како америка рчка мечка у п*чка каде и да стигне подбуцнувајќи војни и контролирајки марионетски влади.. Доларот е исто поврзан со одредени договори за истиот да е екслузивна валута при купопродажба на нафтени деривати т.е. арапските земји се условени да го користат како главно платежно средство кога продаваат нафта. (петро долар). Апропо на тоа, ако доларот утре девалвира, ќе има хаос во цел свет. Затоа се држи одреден курс, со циклуси од 10 години во кој доларот е висок или низок во однос на другите валути, зависно од тоа дали Америка сака да увезува или да извезува добра/стоки/услуги. Тоа што се принтаат пари е небитно, се додека Америка ја тера оваа политика и е тоа што е, Америка макроекономски може да оди во бескраен долг, тоа е факт :)

Доколку утре, биткоинот вреди $0, освен еден куп попарени рудари, нема да крахне ниедна светска економија, нема да се деси ништо битно, освен тие што го организираат ова лудило што ќе се опарат дебело и ќе ги снема, како во секој добар грабеж/пирамида/измама. Позади биткоин не стои ниеден гарант, ниедна земја, ниедна економија, ниеден ентитет против кој може да биде насочен гнев/револуција. Ниеден политичар и ниедна влада не паѓа ако падне биткоинот. Никој нема да знае каде џаде да фати ако крахира биткоинот, кај класична валута, ако на долги стази валутата не функционира и наместо таа валута во земјата се користат странски валути (како што беше хиперинфлацијата кај нас пред 20тина години) тогаш тоа е добар индикатор за нестабилност и една од главните причини за миграција на населението кон подобри пасишта.

Анонимноста на биткоинот е тешка фикција, доколку истиот или сличен метод на дигитална валута биде прифатен, очекувајте стапката на сиромаштија да порасне драстично во многу земји, каде голем дел од економијата е сива, т.е. услугите се неоданочени, па така следниот пат кога ќе ви дојде мајстор по дома: гипсар, молер, водоводџија, електричар, паркетар, замастен сервисер за возила итн, цените кои ќе ги нудат ќе бидат ХХ% повисоки, затоа што овојпат тој ќе мора да биде комплетно регулиран и да функционира во рамки на системот.

Рапидниот техничко технолошки развој последниве 70 години предизвика тешки општествени осцилации на пазар на трудот. На светот не му е најбитна блок-мок-дикчејн или кокринг валута, потребен му е нов метод на брза адаптација кон нови трендови, нови економски гранки и насоки и рапидно рециклирање на трудот и диригирање на истиот. Ова се прави преку кревање на свеста, промени во системот и структурата на образование, а не преку кукање зашто биле затворени фабрики и молење Тито или некој како него да воскресне што ќе се позајмува од надвор и на крај 3-4 пати ќе му опростуваат долгови на земјата (СФРЈ). Многу работни места се автоматизираат, роботи се главна работна сила во цели фабрики и погони, тие луѓе што се заменуваат со поефикасна работна сила треба да бидат соодветно насочени и интегрирани.

А Биткоин пирамидата почна да се руши. Нели беа 21,000,000 коини. Од каде е тој број, арбитрарно од нечиј газ? За кој к*р се сега форкови? Бидете реални, кажете ова е коцка, има пари, играме со она што може да изгубиме. Кој се офајдил алал да му е, кој не нека му биде криво и тоа е тоа. Народна валута, банките биле расипани, немало провизии и глупости, ма дај, логика за предшколска возраст.
 

M.Marlon

hello world
12 мај 2017
171
286
Одличен пост, само би сменил дека биткоинот не е анонимен од страна на сметка, т.е. е итекако јавен и непроменлив, секој може да го прегледа и види.
Малку тешко е да се утврди кој е позади која сметка, но се работи на случајот.
Биткоинот не го диктира никој дали ќе биде дефлација или инфлација, освен законите на математиката и пазарот, затоа многу бараат спас во него.
Кај него нема централен контролор (засега). Нема добра или лоша трансакција.
Учесниците во трансакцијата можат да бидат човек, софтвер, дете, стар, дури и IT, него не го интересира. Нема банка да ти дојде да ти каже не си платил 20 денари водење, ти блокиравме сите сметки.

Шиткоини имало, има и ќе има колку сакаш, но само биткоин ќе остане, надграден и усовршен со финтиве од шиткоините што ги развиле.
На него работат многу од најдобрите светски програмери. Све друго мислам дека е scam, вози додека можеш, и ќе вреди нула.
Тој реално е ок сега засега, работите ќе биднат малку тешки кога сите земји ќе се префрлат на дигитални валути и ќе се свртат против него заедно, едноставно бидејќи не е регулиран од нив, па пречи. Ќе пројде некоја година, но не е далеку.

И во право си, та не сме ние попалени многу Че Гевара стил да го буткаме светиБитКоин (освен пар почитувани исклучоци), туку намирисавме малку паричка, па дај да фатиме ако може малку од балонов. Пукне ли утре, пукне ли за 500 години, што е битно, да си земеме кој колку среќа имал. :) (шала, јас верувам во блокчејн, но мислам е сеуште рано за ова)

21 милион максимум е фиксиран во кодот и неможе да се зголеми тукутака без добар дел да се преправи. И тогаш нема да биде истиот. Најголемиот % се во оптек, нешто малку остана да се ископа и толку. Голем % е изгубен неповратно, не сум сигурен колку всушност се реално во оптек.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.179
До сега бевме навикнати некој да ни каже кое ќе биде нашето средство за размена. До сега бевме навикнати државата постојано да ги контролира парите.

Биткоинот носи новости тука.

А успехот му се должи најмногу на тоа што многу силни групации наоѓаат интерес. Па дури и државни органи на силни земји кога треба да протнат нешто што не треба да е до толку очигледно. Федералното биро на САД прво запленува биткоини од нелегални зделки ама потоа ги пушта пак во оптек и ги продава на лицитација.

Голем број фирми веќе официјално прифаќаат биткоин. Најчесто онлајн продавачи. Значи биткоинот веќе и се оданочува на некој начин.

Вредноста на биткоинот не е нерегулирана. Истата ја регулира пазарот. Се додека вкупниот број на биткоини не се менува ќе има баланс. Овде се вклопува постот на Ксенон. Ако некој реши да ја промени вкупната бројка може да има проблеми. Но некој игра паметно и чека омасовување до степен кога биткоинот ќе обезбеди голема зависност. За потоа да може да се обогати уште повеќе.

Моето предвидување е дека биткоинот ќе зема се поголем замав во наредниот период.
 

M.Marlon

hello world
12 мај 2017
171
286
Руската федерација направи чекор кон позитивна регулација на криптовалутите.
Малку доцна зошто UK и други веќе го собраа кремот, но ќе видиме, има доста струја што треба да се троши и пари да се даночат.
Перечень поручений по итогам совещания по вопросу использования цифровых технологий в финансовой сфере • Президент России
October 21, 2017 4pm Contains 5 orders
 

Dekoo

read-only
7 февруари 2008
28
10
Здраво Луѓе,

Да не ја спамам темава за криптовалути (етериум, трејдање со истиот и како напаметно да се игра на берза) дали некој од вас со поголемо искуство би имал 5минути да му пишам неколку прашања во ПП па кога ќе може да ми врати? :)
 

M.Marlon

hello world
12 мај 2017
171
286
Едно нагло паѓање кај БТЦ до околу 5.000 и ситно, па катапулт нагоре убаво би дошло.
Ниво на отпор е тоа 5.100, под него 3.700 и најдолу 5% шанса до 1.300.
1.300 според Тоне Вејс е итекако реално се додека БТЦ не се устоличи подолго време на ниво над 10.000.

Алткоините во глобала, иако убаво пораснаа, сеуште се зијан и bearish тренд.
Шпекулантите стално бараат нешто ново, а старите се оставаат да умрат пополека.
Ги кратам кај мене од 15% на 10% портфолио.

Ова е мое мислење и во никој случај не е инвестициски совет.
 
Последна промена:

krema

OG
24 јуни 2009
15.726
15.818
youtu.be
да му пишам неколку прашања во ПП па кога ќе може да ми врати
Чекај, форумот е баш за тоа, јавно да се дебатира, ако е нешто мнооогу тајно тогаш тоа е друг муабет!
Можеби одговорот на твоето прашање ќе му помогне и на некој друг овде!
 

Dekoo

read-only
7 февруари 2008
28
10
Епа вака:

1. Моментално користам 2 рига што вадат околу 330MH/s и планирам да накалемам неколку етериума па да почнам со трејдање - Ме интересираат неколку работи:

1. Користам Exodus.io што не поддржува баш се од паричките, па ме интересира дали мислите дека треба да сменам на некој друг паричник? Овој е Оффлајн паричник па демек побезбеден е.

2. Како е најпаметно да се тргува со валутите? Ако има некој поискусен да каже - би му бил преблагодарен - КОга се купува, кога се продава (да не се сфатиме погрешно, знам ека е ова ризична работа и дека не секогаш се добива а многу често и се губи ама сепак ...секој совет е добредојден)

3. Како да се извадат средствата? Банкомат/нешто?

4. Дали мислите дека треба да се менува во Биткоин етериумот? (Знам дека е лично мислење но сепак - рецимо ако правам по 1.5/2 етериума на месец, дали е паметно да сменам пола во БТЦ? или да чекам да падне БТЦ-то па да мењам?)

Фала!
 

M.Marlon

hello world
12 мај 2017
171
286
Околу копањево, техниката, паричнициве мислам дека сум најслаб на форумов, друг ќе помогне а и читај наназад и собирај знење, кажано е веќе.

Околу тргување и штедење мислам во тешко време си влезен.
Се што не е БТЦ, генерално паѓа подолго време. И најверојатно ќе паѓа уште. Кога ќе престане да паѓа, ќе биде рамно долго, а потоа не знаеме, може уште 2 години да паѓа.
БТЦ се мери кон долар, а алткоините кон БТЦ.
Ако веќе мора крипто, БТЦ е кај што би сакал да бидеш во моментов, но малку, чувај USD.
Треба да извадиш инвестицијата, нели?
Ете тоа нека биде изговор, чувај кеш, бар минимум 50% и чекај да падне убаво, ако треба и година две.
Читај, гледај youtube околу трејдањето и биди сигурен дека мангите на маркет не снимаат youtube, туку живи луѓе јадат секој ден.

Паѓање е кога има lower highs и lower lows, и тоа се случува кај алт, не би сакал да трејдаш на таков маркет.
Кога веќе мора да се купува, препорачувам од 9-11 Москва време, пред Лондон да се разбуди, русите само продаваат и цената е пониска. Тоа е на дневна, на неделна база петок е понизок. На месечна може нешто да се мацне при прва објава на тикер на маркет, како вчера TIX на Bittrex, но ете и тоа умре.

Значи, мислам вади си инвестицијата чувај USD, земи малку БТЦ да не кажеш те заебав ако отиде на миљон долари и прати ситуација, па за месец два, ти ќе ни делиш совети овде.
 
Последна промена:
W

Whisky Vishera

Гостин
@Dekoo ако сакаш брзи пари, залепи се на листата на Топ10 најтргувани на bittrex, стави го графиконот на 1 минута и забавувај се. тука се се сведува на тоа кога ќе го повлечеш чкрапалото да излезеш или да влезеш.

ако ова го правиш на долгорочен план, тогаш чувај си ги валутите во exodus и не му мисли многу на цената :)
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно