Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Царина и данок за пратка преку ДХЛ?

InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
Многу е јако дека се удира по самарот а не по магарето.

Постојано. Иако е пишувано на темава многупати, низ различни сегменти на форумот.

DHL/TNT/FedEx/UPS се франшизи. Тоа се локални фирми кои имаат дозволи за работа во Македонија. Франшизата е дадена од франшизерот (DHL/TNT/FedEx/UPS), а локалната дозвола за работа е дадена од локалните власти.

Согласно со тоа, секоја од тие франшизи мора да работи согласно правилата на македонските царински власти, а тие велат (парафразирам):
  1. Секоја пратка која влегува во државата подлежи на царински преглед;
  2. Додека да дојде на ред за царински преглед, пратката седи во царински склад, каде престојот чини пари;
  3. Царинскиот преглед го врши царинска служба, а пакетот го поднесува службата за пратки во име на примачот;
  4. Поднесувањето на документи кон царинска служба чини пари (шпедиција);
  5. Царинската служба одлучува дали го ослободува пакетот од царински давачки или наплаќа согласно тарифникот;
  6. Примачот на пакетот е обврзан да ги плати царинските давачки.
Е сега:
  1. За пратки преку Македонски Пошти не се плаќаат шпедитерски трошоци затоа што пошта е субвенционирана и има интегрирана царинска испостава;
  2. За пратки преку Македонски Пошти не се плаќаат (најчесто) трошоци за лежарина затоа што пошта е субвенционирана и има интегриран царински склад/магацин;
  3. Пратки со вредност над 800 евра МОРААТ да одат преку шпедиција, дури и да се работи за пошта, затоа што царинскиот правилник вели дека физичко лице не може индивидуално да поднесе предмет за царина на своја рака, ако е предметот со вредност над 800 евра;
  4. DHL/TNT/FedEx/UPS не се субвенционирани (се работи за приватни фирми) кои имаат (1) трошоци за преземање документи и (2) имаат трошоци за складирање на пратките додека се чека царина.
Толку е едноставно (иако по бројот на точки погоре делува дека не е).

Значи:

Ако пратката ви стигнува преку обична пошта:
  1. За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте само царински давачки и ништо повеќе;
  2. За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од 3,000 денари + царински давачки;
  3. Ако не добиете барање за царински давачки, тоа само значи дека сте исклучок, а не правило.
Ако пратката ви стигнува преку DHL/TNT/FedEx/UPS:
  1. За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~2,000 денари + царински давачки;
  2. За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~3,000 денари + царински давачки;

Повторно, се работи за локална регулатива, а не "кражба" од страна на DHL/TNT/FedEx/UPS.
 
Excalibur

lurker
18 октомври 2019
965
508

Има една стара вистина, Македонецот се разбира во се. Кога ќе зезне нешто вика мајстор и му кажува како треба да се работи. Кога мајсторот ќе му каже цена за оригиналниот дефект плус она што го заебал, го псуе мајсторот.
Нешто слично и овде се случува. :)
 
vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Многу е јако дека се удира по самарот а не по магарето.

Постојано. Иако е пишувано на темава многупати, низ различни сегменти на форумот.

DHL/TNT/FedEx/UPS се франшизи. Тоа се локални фирми кои имаат дозволи за работа во Македонија. Франшизата е дадена од франшизерот (DHL/TNT/FedEx/UPS), а локалната дозвола за работа е дадена од локалните власти.

Согласно со тоа, секоја од тие франшизи мора да работи согласно правилата на македонските царински власти, а тие велат (парафразирам):
  1. Секоја пратка која влегува во државата подлежи на царински преглед;
  2. Додека да дојде на ред за царински преглед, пратката седи во царински склад, каде престојот чини пари;
  3. Царинскиот преглед го врши царинска служба, а пакетот го поднесува службата за пратки во име на примачот;
  4. Поднесувањето на документи кон царинска служба чини пари (шпедиција);
  5. Царинската служба одлучува дали го ослободува пакетот од царински давачки или наплаќа согласно тарифникот;
  6. Примачот на пакетот е обврзан да ги плати царинските давачки.
Е сега:
  1. За пратки преку Македонски Пошти не се плаќаат шпедитерски трошоци затоа што пошта е субвенционирана и има интегрирана царинска испостава;
  2. За пратки преку Македонски Пошти не се плаќаат (најчесто) трошоци за лежарина затоа што пошта е субвенционирана и има интегриран царински склад/магацин;
  3. Пратки со вредност над 800 евра МОРААТ да одат преку шпедиција, дури и да се работи за пошта, затоа што царинскиот правилник вели дека физичко лице не може индивидуално да поднесе предмет за царина на своја рака, ако е предметот со вредност над 800 евра;
  4. DHL/TNT/FedEx/UPS не се субвенционирани (се работи за приватни фирми) кои имаат (1) трошоци за преземање документи и (2) имаат трошоци за складирање на пратките додека се чека царина.
Толку е едноставно (иако по бројот на точки погоре делува дека не е).

Значи:

Ако пратката ви стигнува преку обична пошта:
  1. За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте само царински давачки и ништо повеќе;
  2. За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од 3,000 денари + царински давачки;
  3. Ако не добиете барање за царински давачки, тоа само значи дека сте исклучок, а не правило.
Ако пратката ви стигнува преку DHL/TNT/FedEx/UPS:
  1. За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~2,000 денари + царински давачки;
  2. За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~3,000 денари + царински давачки;
  3. Ако не добиете барање за царински давачки, тоа само значи дека сте исклучок, а не правило.
Повторно, се работи за локална регулатива, а не "кражба" од страна на DHL/TNT/FedEx/UPS.

Ако ова е оправдување и начин да се помириме океј, за да спијам полесно навечер.
Зошто трошоциве ги нема коа нарачувам пратка од USA до De имам неколку алати нарачани, уште на нарачка има vat i tax и тотална сума си платеш и ти стига до врата. И не во таа сума од VAT и TAX нема откуп на документи, лежарина, шпедитерски трошкови.
Или кај нас ако се поставиле така експресниве пошти да не бричат на суво во ред е нека биде.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ако споредуваш на тој начин, еве конкретно на страната од која јас нарачував во Германија стои дека DHL Paket за испорака во земји членки на Европска Унија е бесплатен, а конкретно зa Македонија е 25 EU. Дали ова значи дека Германците од DHL не дерат?
Не зборувам во конкретниов случај за DHL Express.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.769
15.851
youtu.be
Ако пратката ви стигнува преку обична пошта:
  1. За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте само царински давачки и ништо повеќе;
  2. За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од 3,000 денари + царински давачки;
Пљус на сето тоа данок. :cool:
Ако пратката ви стигнува преку DHL/TNT/FedEx/UPS:
  1. За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~2,000 денари + царински давачки;
  2. За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~3,000 денари + царински давачки;
Пљус на сето тоа данок. :cool:

Морав да дополнам :), инаку се сложувам со сето напишано погоре.
 
toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Многу е јако дека се удира по самарот а не по магарето.

Постојано. Иако е пишувано на темава многупати, низ различни сегменти на форумот.

DHL/TNT/FedEx/UPS се франшизи. Тоа се локални фирми кои имаат дозволи за работа во Македонија. Франшизата е дадена од франшизерот (DHL/TNT/FedEx/UPS), а локалната дозвола за работа е дадена од локалните власти.

Согласно со тоа, секоја од тие франшизи мора да работи согласно правилата на македонските царински власти, а тие велат (парафразирам):
  1. Секоја пратка која влегува во државата подлежи на царински преглед;
  2. Додека да дојде на ред за царински преглед, пратката седи во царински склад, каде престојот чини пари;
  3. Царинскиот преглед го врши царинска служба, а пакетот го поднесува службата за пратки во име на примачот;
  4. Поднесувањето на документи кон царинска служба чини пари (шпедиција);
  5. Царинската служба одлучува дали го ослободува пакетот од царински давачки или наплаќа согласно тарифникот;
  6. Примачот на пакетот е обврзан да ги плати царинските давачки.
Е сега:
  1. За пратки преку Македонски Пошти не се плаќаат шпедитерски трошоци затоа што пошта е субвенционирана и има интегрирана царинска испостава;
  2. За пратки преку Македонски Пошти не се плаќаат (најчесто) трошоци за лежарина затоа што пошта е субвенционирана и има интегриран царински склад/магацин;
  3. Пратки со вредност над 800 евра МОРААТ да одат преку шпедиција, дури и да се работи за пошта, затоа што царинскиот правилник вели дека физичко лице не може индивидуално да поднесе предмет за царина на своја рака, ако е предметот со вредност над 800 евра;
  4. DHL/TNT/FedEx/UPS не се субвенционирани (се работи за приватни фирми) кои имаат (1) трошоци за преземање документи и (2) имаат трошоци за складирање на пратките додека се чека царина.
Толку е едноставно (иако по бројот на точки погоре делува дека не е).

Значи:

Ако пратката ви стигнува преку обична пошта:
  1. За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте само царински давачки и ништо повеќе;
  2. За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од 3,000 денари + царински давачки;
  3. Ако не добиете барање за царински давачки, тоа само значи дека сте исклучок, а не правило.
Ако пратката ви стигнува преку DHL/TNT/FedEx/UPS:
  1. За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~2,000 денари + царински давачки;
  2. За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~3,000 денари + царински давачки;
  3. Ако не добиете барање за царински давачки, тоа само значи дека сте исклучок, а не правило.
Повторно, се работи за локална регулатива, а не "кражба" од страна на DHL/TNT/FedEx/UPS.
Се сложувам за сѐ ова што го кажа, но го испушти фактот дека јас не добив никаков документ или фискална сметка дека сите тие работи се платени. Добив само А4 формат, без никаков печат кај што пишува дека DHL ми посредувале на царински терминал и дека платиле данок зошто не требаше царина. Нели, ако посредуваат во мое име треба да си ги добијам соодветните документи зошто тие се мои документи и јас сум платил за нив.

И да надополнам, за пратки од 22 до 90 евра не се плаќа царина, само данок.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
Пљус на сето тоа данок. :cool:

Mea culpa, благодарам на појаснувањето.

Во мојата порака, под "царински давачки" подразбирам (1) царински трошок ако е апликативен, (2) даночни обврски ако се апликативни и (3) трошок за инспекција/отварање на пратка. Требаше да бидам појасен.

Ако ова е оправдување и начин да се помириме океј, за да спијам полесно навечер.

Она што го напишав јас е со цел информирање, а не оправдување. Немам комерцијална корист од било кој од франшизерите па да ги бранам и да ги оправдувам.

Но премногу работи во оваквите теми се последица на неинформираност.

Ќе повторам - ако не добиете барање за наплата на царински давачки, или пратката ви е со вкупна вредност под 22 евра, или сте исклучок од правилото.

Зошто трошоциве ги нема коа нарачувам пратка од USA до De имам неколку алати нарачани, уште на нарачка има vat i tax и тотална сума си платеш и ти стига до врата. И не во таа сума од VAT и TAX нема откуп на документи, лежарина, шпедитерски трошкови.

Па мислам дека е очигледно зошто.

De (претпоставувам Германија) не е Македонија. Таа држава е дел од ЕЕЗ и има склучен договор за меѓународна трговија со САД што овозможува продавачите да пресметуваат трошоци однапред.

Или кај нас ако се поставиле така експресниве пошти да не бричат на суво во ред е нека биде.

Ако имаш време, прочитај ја повторно мојата порака.

Експресните пошти не се поставуваат "да не бричат на суво". Локалната царинска регулатива на државата во која живееме поставила правила да се извршуваат активности кои чинат пари.

Ако повторно е нејасно, зошто обичната пошта нема такви трошоци за пратки под 800 евра, ќе одговорам повторно - "затоа што обичната пошта е субвенционирана од државата - тоа значи дека тие трошоци што експресните пошти ги наплаќаат од примачите, обичната пошта ги наплаќа транспаретно од буџетот, односно од даночните придонеси на сите нас".

Се сложувам за сѐ ова што го кажа, но го испушти фактот дека јас не добив никаков документ или фискална сметка дека сите тие работи се платени.

Не се референцирав на тој случај специфично.

Но ќе го речам ова - шпедитерот МОРА да издаде фактура врз основа на која наплаќа. Барем во случајот со FedEx (ПНЛ Транслог е франшизерот), издаваат фактура во која има поединечни ставки за секој трошок што го направиле во име на примачот на пратката.

Па откако ќе се плати фактурата, се испорачува пратката.

Со пратката се испорачуваат и сите царински декларации и оригинална копија од фактурата за шпедитирање.

Било која форма на испорака која не ги вклучува овие елементи не е во согласност со законската рамка.
 
Последна промена:

никола

read-only
9 декември 2020
9
15
Аха важи, само во друг универзум. Пратката ти стигнала во мк, ако ја вратиш преку нив ќе ти пресметаат транспорт од мк до ге, кој одприлика ќе ти биде 9000 ден.

Ова не ти проаѓа...
Друг пат не мора да се инатиш кога некој ти објаснува дека знае каква е работата :) Ти кажав дека ке причекам ама еве денес добив refund(full refund) :) Џабе „си потрошил 50 илјади евра“ по производи кога изгледа не знаеш како одат работите, реакцијата можда ми беше пребрза и не беше океј према вработените но дека ДХЛ ми може нешто, не ми може ништо, во прилог како што ветив еве screenshot.

Среќна нова и среќни празници, на сите Ви посакувам долго здравје и „среќни завршетоци“ како мојот со ДХЛ.
 
Атачменти

  • refund.png
    refund.png
    119,5 KB · Прегледи: 112

JezuzNoChil

read-only
9 јануари 2019
47
30
Само да кажам за тие што ги браните ДХЛ. Никој нема да се буни и нема да има никакви конфузии и нервози ако кога го нарачуваш производот ти пишува ДХЛ шипинг 50евра + тие нормални давачки што си ги има и во обична пошта за царински давачки. Проблемот е што намерно си имаат скриени трошоци што ти наплаќаат 20 евра шипинг и после ќе дојде тука и испаѓа не може ти фали уплатница. Најкласичен bait and switch.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
Само да кажам за тие што ги браните ДХЛ.

Еве ме, се разбудив.

Најкласичен bait and switch.

Не.

Повторно, проблемот не е во франшизерите (брзите пошти) туку во поставеноста на македонските царински власти, и правилата на промет на стока по кои мораат да се водат. Брзите пошти би пропаднале за една недела, ако основниот модел на работа им е "ќе ги мамиме клиентите".

Кај нас се слави како успех ако се успее да се "зае*е" царина и да се протне пратка без давачки (царина + шпедиција + данок). Тоа не е оддржлив модел за никого на долг рок - но кога ние сме ја гледале големата слика.

Се сложувам, би било многу добро продавачите да предупредуваат, но единствен начин да го направат тоа е да водат база на прописи за секоја земја, и да испраќаат предупредувања согласно земјата на транспорт која е избрана. Но повторно, тоа не е на нивни товар, туку на купувачот.

Единствена компанија со која сум имал искуство и знам дека предупредува е Juno. Ако порачаш малку поголема количина на плочи, и ја испратиш преку FedEx, од Juno стигнува порака која вели, парафразирам "дали сте свесни дека оваков пакет подложи на дополнителни трошоци кај вас - пратката нема да ви ја пратиме додека не потврдите дека ги прифаќате овие услови".

И ова Juno не го прави дека е фер, туку дека имале голем број на повратни пратки, па на овој начин се перат предвремено.
 
JezuzNoChil

read-only
9 јануари 2019
47
30
Нема потреба од никаква база на податоци зошто го правиш дека е посложено од што е?

Ако е над 22 евра тие трошоци за лежарина и шпедиција си се фиксни и млра да ги има во првата пресметка што ти ја дава ДХЛ.

Исто така мора да го олеснат плаќањето поготово сега со короната, а не да ги маткаат луѓето по шалтери како да сме во 2003та.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
Ако е над 22 евра тие трошоци за лежарина и шпедиција си се фиксни и млра да ги има во првата пресметка што ти ја дава ДХЛ.

Мешаш.

Во пораката горе велиш:

нема да има никакви конфузии и нервози ако кога го нарачуваш производот "ти пишува" ДХЛ шипинг 50евра + тие нормални давачки што си ги има и во обична пошта за царински давачки

Како да знае DHL од каде и што нарачуваш за да ја добиеш информацијата колку треба да платиш?

Единствено продавачот може да ти ја даде таа информација. Hence - (1) база на прописи, или, многу полесно (2) предупредување дека може да ти стегнат и екстра трошоци.

За жал, несериозни продавачи не го ставаат предупредувањето. Не ми е познато од кои причини, па не би шпекулирал.
 
JezuzNoChil

read-only
9 јануари 2019
47
30
Сеедно е од каде нарачуваш и што нарачуваш. Кога нарачуваш по ДХЛ фикс земаат лежарина и шпедитерски услуги. Нека си го вклучат тоа во шипинг цената.

Прелесно е да се додаде.

ДХЛ ги лаже и продавалчот и купувачот кога ќе дојде пратката тука и бараат 3500 денари за 1500 денари производи.

PS. Кога нарачав преку ТНТ во Грција ми земаа 50 евра отприлика за комплет достава до пред врата на 100 кила пратка ама тука нашиве земаат 3000 евра плата па мораат да наплатат 1500 денари што потрошиле 10 секунди на складирање на едно мало пакетче што не го ни доставуваат.
 
Изменето од модератор:

InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
Еве уште еден пат. Го пишувам истото, но во нешто изменета форма.

Сеедно е од каде нарачуваш и што нарачуваш. Кога нарачуваш по ДХЛ фикс земаат лежарина и шпедитерски услуги. Нека си го вклучат тоа во шипинг цената.

Не, не е сеедно. Во Србија, на пример, имаат и различни стапки на давачките, и различни степени на ослободување, и различна брокерска такса. Повторно, продавачот мора да води сметка која е сумата во секоја земја и да го менува трошокот.

Прелесно е да се додаде.

Не. Навистина не е. Побарува познавање на царинските прописи и стапки за секоја држава. И дури и да го направат тоа, некој мора да ја оддржува базата, затоа што ако згрешат некаде, подложни се на исплата на штета ако се буни купувачот.

Оваква опција е возможна само помеѓу територии со регулирани единствени стапки или ослободувања (читај ЕЕЗ).

За сите други е маааааааалку посложено.

Да илустрирам попластично.
  1. Порачувам 3 плочи, со вкупна сума од 65 евра;
  2. Ставам за испорака Македонија, и системот на Juno ми дава финална сума од 65 евра + 2,000 денари (шпедиција) + 1,100 денари (ДДВ);
  3. Додавам уште 2 плочи, и сумата станува 95 евра, и системот на Juno ми дава финална сума од 95 евра + 2,000 денари (шпедиција) + 880 денари (царина) + 1,580 денари (ДДВ);
  4. Е сега, менувам испорака во Србија;
  5. Системот на Juno ми вели 95 евра + 2,400 денари (шпедиција) + 580 денари (царина) + 1,780 денари (ДДВ).
И ова се само две држави, и една компликација на нарачка. Шознам, некако не ми делува едноставно, ама може и само јас да не можам да ја сварам сложеноста.

ДХЛ ги лаже и продавалчот и купувачот кога ќе дојде пратката тука и бараат 3500 денари за 1500 денари производи.

Не. Навистина не е така.

Сите меѓународни транспортни опции се со завршеток на рута при влез во државата (или територијата), а не со крајната дестинација.

Во спротивно, DHL ќе требаше да се расправа со групна тужба многупати досега.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.433
5.590
Познавањето на локалните царински прописи е обврска на купувачот, не на продавачот. Купувачот треба да се информира за сите можни трошоци што може да се јават при купување на стока од странство. Трошоците на ДХЛ воопшто не се скриени, напротив, објавени се на нивната веб страница.
ДХЛ и останатите брзи пошти само доследно се придржуваат до прописите. Тоа што сме ние навикнати на пратките што доаѓаат преку обична пошта најчесто да им се „прогледа низ прсти“ од страна на царина, а тие што се царинат да имаат многу помали додатни давачки отколку преку експрс поштите, не значи дека тие нѐ крадат.
И мене не ми се допаѓа што е така, но тоа е. Прашајте ги британците како им е со нарачките преку интернет после нова година.

А непознавањето на законите и прописите не ослободува од одговорноста што произлегува од нив.
 
JezuzNoChil

read-only
9 јануари 2019
47
30
Не е едноставно дека го комплицираш со царина и ддв. Не треба Juno воопшто да се замара со познавање на законите на било која држава туку едноставно кога ќе оди на ДХЛ страната и ќе внесе димензии и тежина да не го лажат дека е 20 евра достава кога е 50 евра доставата БЕЗ ДАВАЧКИТЕ КОН ДРЖАВАТА.

ДХЛ ЈАСНО И ГЛАСНО ДА СИ ГИ ПИШУВА НИВНИТЕ ДАВАЧКИ И ДА НЕ ГИ ЛАЖАТ ПРОДАВАЧИТЕ И ДА НЕ ГИ ЛАЖАТ КУПУВАЧИТЕ.

Во спротивно, DHL ќе требаше да се расправа со групна тужба многупати досега.

Ако нешто е технички негално не значи дека е правилно.

450 денари да стави пратка на полица ебате лоповите шо ги браниш.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
Не е едноставно дека го комплицираш со царина и ддв.

Ми се чини дека интензивно не сакаш да ме разбереш. Очигледно читаш селективно, инаку ќе ме разбереше. Еве повторно:

Во Србија, на пример, имаат и различни стапки на давачките, и различни степени на ослободување, и различна брокерска такса.

Слободно отстрани ги царинските трошоци и данокот од равенката.

450 денари да стави пратка на полица ебате лоповите шо ги браниш.

Трошокот за царински склад? Складирање на пратка се плаќа за секоја пратка, за секој купувач.

Ќе се запрашаш - а зошто "обична" пошта не ми зема пари? Многу едноставно - еве од пред некое време:

Ако повторно е нејасно, зошто обичната пошта нема такви трошоци за пратки под 800 евра, ќе одговорам повторно - "затоа што обичната пошта е субвенционирана од државата - тоа значи дека тие трошоци што експресните пошти ги наплаќаат од примачите, обичната пошта ги наплаќа транспаретно од буџетот, односно од даночните придонеси на сите нас".

И таму се наплаќа складирање, ама трошокот Пошта го наплаќа од буџетот, значи и јас со моите давачки индиректно учествувам во плаќање на лежарина за твојата пратка. И обратното секако важи, за моја пратка. :)
Мислењето е автоматски споено:

Има голема разлика од "лопови" до "не си ги знам обврските, за кои сум и должен да се информирам", како што напиша и @moongose погоре.

Впрочем, штом се продаде Пошта (ако се случи тоа), кажете збогум на бесплатна шпедиција и бесплатно складирање.
 
JezuzNoChil

read-only
9 јануари 2019
47
30
Па ионака има различен шипинг за секоја држава нема проблем ДХЛ Македонија да ги додаде нивните трошоци во пресметката само не им одговара така дека никој нема да ги користи.

Како слеп за стап си се фатил дека обична пошта е субвенционирана. Како може 15 секунди работа да кошта 450 денари.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.433
5.590
Па ионака има различен шипинг за секоја држава нема проблем ДХЛ Македонија да ги додаде нивните трошоци во пресметката само не им одговара така дека никој нема да ги користи.
Кој очекуваш да ги додаде, продавачот? На секој сајт со меѓународна испорака јасно пишува дека се можни царински, даночни и останати локални давачки и дека се тие на товар на купувачот.

Не може никој однапред точно да ги пресмета сите трошоци за сите можни комбинации што ќе се јават при царинска постапка.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
779
2.090
Па ионака има различен шипинг за секоја држава нема проблем ДХЛ Македонија да ги додаде нивните трошоци во пресметката само не им одговара така дека никој нема да ги користи.

Не баш. Големите продавачи имаат flat rate испорака по глобални зони. Гајле им е ним за трошоците на DHL кои се на товар на купувачот.

Како може 15 секунди работа да кошта 450 денари.

"15 секунди" работа треба да вклучат:
  1. Прием на пратка;
  2. Сортирање на пратка;
  3. Препраќање кон царинска испостава;
  4. Преземање од царинска испостава;
  5. Изготвување на документи;
  6. Испорака кон купувачот.
Настрана тоа, поважното прашање е - каде е таа полица на која го ставаат пакетот?

Во царински склад. За кој:
  1. Се плаќа кирија;
  2. Се плаќаат режиски трошоци;
  3. Се плаќаат вработени.
Како слеп за стап си се фатил дека обична пошта е субвенционирана.

Карактерна мана, што да се прави. Но не го менува фактот дека целта ми е да информирам, не да опонирам.

Тоа е и целта на форумите, не?
 
JezuzNoChil

read-only
9 јануари 2019
47
30
Како кинески да зборам. Нормално ДХЛ да ги додаде. Зошто да лажат дека ке земат 30 фунти кога сакаат да земат 60 фунти. Една компанија е нека се усогласат сами со себе.

1610202757606.png
 
JezuzNoChil

read-only
9 јануари 2019
47
30
Не баш. Големите продавачи имаат flat rate испорака по глобални зони. Гајле им е ним за трошоците на DHL кои се на товар на купувачот.

"15 секунди" работа треба да вклучат:
  1. Прием на пратка;
  2. Сортирање на пратка;
  3. Препраќање кон царинска испостава;
  4. Преземање од царинска испостава;
  5. Изготвување на документи;
  6. Испорака кон купувачот.

450 денари е лежарината и сум работел во магацин знам колку време треба да се истовари пратка и да се складира. Другите точки ти се за шпедитерските услуги што се 1500 денари што пак е претерано скапо.

Ајде да споредиме. Можеш да одиш во тинекс кај што плаќаат кирија, режиски трошоци и вработени и да им речеш да ти направат кафе што ќе потрошат време струја вода материјал послужавник маса чаши милион работи и ќе платиш 50 денари. А магацинот таму од ДХЛ работат само научници што земаат 7000 евра месечно и плаќаат ќирија на сред плоштад од 50.000 евра месечно па затоа мора да земат 2000 денари за 5 минути работа.

Не знам дали е ваш ДХЛ па толку го браните или имате некој фетиш за шетање по шалтери губење време и фрлање пари.
Мислењето е автоматски споено:

Напротив. Мислам дека недоразбирањето е што не дочитуваме - еве пример:

Не, не е една компанија. :)

Сеедно како сакаш наречи го заедно работат и 5 минути работа е да се додадат нивните глупи трошкови на глобалниот калкулатор.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.769
15.851
youtu.be
Го заборавате фактот дека со DHL нарачките ги добивате за неколку дена без разлика од каде се нарачани.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно