1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Царина и данок за пратка преку ДХЛ?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од cipiripi, 17 ноември 2015.

  1. cipiripi

    cipiripi
    Gaining Experience

    289
    316
    7 Септември 2010
    Дечки ми треба брза информација (на работа сум и не можам да листам по темиве баш).

    Ми стигна информација од ДХЛ дека има пратка за мене, поточно се работи за ССД диск во вредност од 130 евра. Таа е сумата што ја платив сосе поштарината од EBAY.

    1.Сега ме интересира што би требало да платам, царина (ваљда е 5%), данок и колку би биле точно?

    2.Дали е подобро да се ме застапува ДХЛ или сам да одам да си ја завршам работата во царина?

    Однапред Благодарам
     
  2. xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,526
    15 Јануари 2011
    Машко
    1520 денари за DHL трошоци доколку они ти ја водат постапката. Потребно: копија од лична карта, изјава дека сакаш они да те застапуваат во царинска постапка, испринтан скриншот од Пејпел каде се гледа цената на производот и описот. Сите овие работи може да ги добиеш во објектот на DHL карши влада.
    +5% давачки т.е. околу 500 денари за дискот

    или доколку сам сакаш да си бркаш работа ќе те чини:
    1070 денари за криминалците DHL да ти ги "ослободат" документите, т.е. лежарина и останати глупости +5%

    они ако ти бркаат работа 2000 денари
    сам ако си бркаш работа 1520 денари

    Ако сам си бркаш работа ќе потрошиш повеќе пари и време за бензин затоа што треба до фершпед т.е. царински терминал 1010 да одиш кај поранешен авто пазар, па пак назад до DHL, па ќе чекаш, па ќе ти затворат, па ќе се враќаш пак, па ќе заборавиш нешто, па некој цариник може тој ден да реши комплекси да лечи врз тебе итн.

    Избегнувајте брзи пошти, DHL, TNT, FedEX, UPS. Криминална багра, ем си плаќаш солено за транспорт, ем 100% сите пратки завршуваат на царина тука и без 1500 денари само за брзиве криминалци не си. Згора на тие 1500/2000 денари за криминалците имаш и давачки кон држава, т.е. 5%, или 5+14%, или 14%+18% зависно од производот т.е. зависно како цариникот го гледа производот односно го запишува.
     
    На n1kola18, Krkac, noc32 и уште 11 други им се допаѓа ова.
  3. cipiripi

    cipiripi
    Gaining Experience

    289
    316
    7 Септември 2010
    Sega razgovarav so decko od DHL, i mi kaza deka deka ce treba samo 5% danok da platam t.e. okolo 400 denari, plus za skladisnina 1000 denari (sto vo sekoj slucaj treba da ja platam) i 593 denari za nivna usluga.
    Taka da, zemajci vo obzir deka sum od Kumanovo, daleko poekonomicno ce mi e oni da mi zavrsat rabota.
    Spremam poteebni dokumenti, pa ce pisam sto ce bide i kako.
    Fala za Xenon, Gjokica
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  4. STEALTH

    STEALTH
    Баниран/a

    477
    558
    22 Февруари 2015
    Машко
    Xenon ја утна цената за 7 денари :eek::eek::eek::eek::eek:
    Браво еј
     
    На PandaBomber и xenon им се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Мене не треба да ми благодариш зашто за малку ќе те дезинформирав околу трошоците па го избришав постот.

    Се надевам дека ти се исплати SSD. Јас се изгорев со DHL еднаш и никад више. Само регуларна поштенска пратка му е мајката.
     
    На dzunko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    317
    246
    26 Септември 2007
    Машко
    И јас еднаш убаво пред некоја година се изгорив со тие од ДХЛ , како што пишува @xenon : ИЗБЕГАВАЈТЕ ЈА таа Криминална багра : DHL, TNT, FedEX, UPS.!!!!! Зошто не прочита по форумот прво , сепак со здравје работи си го ССД-то .
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,064
    25,347
    4 Септември 2008
    Имаат нови сервиси DHL/Fedex кои доставуваат малце побрзо од стандардните пошти, а најчесто се ослободени од царина и данок,

    Тоа се

    DHL/Fedex Global

    Или Economy.
     
  8. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Искуство со овие сервиси?
     
  9. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,933
    2,857
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Се е точно, само да не идеме во заблуда, DHL, TNT, FedEX се ептен брзи пошти и сигурни и добри, и слободно нарачувајте од нив само гледајте сумата да е на пакетот под 22 eur. Тогаш ем брза пратка, ем сигурна ем ништо за плаќање.
     
  10. xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,526
    15 Јануари 2011
    Машко
    Што до 22 евра, мастики? И не се теши со тие 22 евра, во 80% од случаевите ќе заврши за царинење, па ти објасни се дали биле 22 евра..
     
    На kirev и dzunko им се допаѓа ова.
  11. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,933
    2,857
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Твој избор што ќе бидат, дали мастики, дали патики дали делови за пц. До 22 eur 90% од пратките нема да завршат на царин. DHL од УСА, Германија, Англија па и Чајна, пред превзимање на пратка за шипинг бараат Ф-ра за цената, за реалната вредност, моментот коа добијат Ф-ра кај нас DHL знаат дали ќе иде кај домакинот или ќе се царини.
    Проверено со држачи за корсаир кулер по цена од 18 eur.
     
  12. Can4sta

    Can4sta
    Gaining Experience

    312
    337
    19 Јануари 2008
    Се на се според моја математика ССД-то излегува некаде 170е, со се трошоци, за што ССД се работи и дали вредеше?!
     
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,064
    25,347
    4 Септември 2008
    Искуство од iherb - 0 давачки, пратки по 50-60$ просек, до сега 5 пратки.
     
  14. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Мене ми стигна пратка од Кина. Преку нормална пошта.
    Порачав фарови со ЛЕД за колата, пакетот тежеше околу 4kg, габаритен беше колку два пакета за млеко (колку за ориентација).
    Ми стигна ливче од царина за да им испратам фактура и опис на пратката. Фино им испратив се што побараа за да после недела дена нема никакво инфо од нивна страна. Им се јавив и наводно ми била одбиена документацијата со образложение дека не било читко и немало валидна фактура.
    На тоа им објаснив дека мора да е грешка бидејќи има и извод од банка за плаќањето, има слики и опис на пратката и има комплетно како се платени фаровите.
    Направија проверка додека бевме на телефон, и се извинија, пошто за 15 секунди го најдоа и мејлот и документите и пакетот, и истиот ден го препратија пакетот во мојата пошта (Ѓорче Петров).
    За вредност на фаровите со поштарина, значи платени 8032 денари, ми ставија царина од 8% и данок од 18%, односно 2205 денари, за да на оваа сума Македонска Пошта ми стави уште 405 денари за поштарина.
    Вкупно 2610 денари.

    Чисто колку да споделам искуство.
    Не оставајте нештата спонтано да се случувааат.
    Бркајте си ги сами работите колку можете повеќе.

    Има и број на нарачки, не се толку мутави...
    Ако осетат такво нешто, ке царинат по нивни царински тефтери, а тоа може да биде страшно скапо.
    Да не си фаќаш работа со државни институции.
    :)
     
    Изменето од модератор: 18 ноември 2015
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Xtreem

    Xtreem
    Intern

    38
    12
    27 Август 2008
    Машко
    Aj да ја разбудам темата малку.

    Значи сакам да порачам нешто од www.bike24.de, така подебело од 200€+, па како што гледам а и на други германски страни за велосипеди сите испраќаат преку ДХЛ, односно ако не се лажам ДХЛ им е национална пошта.

    Е сега ако порачам нешто дали пратката ја презема Македонски пошти или иди во ДХЛ македонија па тие ме режат до коска?
     
  16. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,193
    3,499
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    И мене ме интересира, ако дознаеш нешто пиши. Може и еден повик до ДХЛ ќе заврши работа, ама јас се немам јавено искрено.
     
  17. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,604
    1,361
    27 Јануари 2011
    Машко
    Ако се праќа преку ДХЛ, ке биде кај нив у магацин и они ке те глобат.
     
  18. Piwcho

    Piwcho
    Gaining Experience

    397
    256
    13 Јули 2015
    Машко
    Види дaли тo шo сaкaш дa гo пoрaчaш гo имa нa bikediscount.de
    26bikes.com Нa 26bikes пoштaринaтa е фикснa, 29 еврa преку EMS. Истo види дaли гo имa и нa chainreactioncycles.com
    Акo не е тaјнa шo плaнирaш дa пoрaчaш? Имa пoќе веб прoдaвници низ Еврoпa штo пуштaaт зa МК?

    ПС пoвеќетo гермaнски сaјтoви не нaплaќaaт, или нaплaќaaт мнoгу мaлa сумa зa прaткa преку DHL

    Sent from my LG-D855 using Tapatalk
     
  19. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,764
    5,731
    7 oктомври 2011
    kalfa
    1. доколу дхл ти заврши комплет процедура
    ДХЛ околу 3500-4500 ден, документација, лежарина, шпедиција, и на ова + царина и данок по тарифиник
    2. Доколку сакаш сам плаќаш околу 2000 ден лежарина и приемен документ некој а ан царина плаќаш околу 30% од вредноста
    3. ако од дхл сакаш друг шпедитер да ти води процедура исто плаќаш 2000 ден и околи 1500-3500 кај другиот шпедитер + царина и данок по тарифник
     
    Последна промена: 13 Април 2016
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    822
    765
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Што точно ќе нарачуваш?
    Види си прво на chainreactioncycles дали го има, цените им се добри и праќаат преку royal mail од англија, што значи ќе ти стаса најкасно за две недели.
     
    На ileste му/ѝ се допаѓа ова.
  21. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,016
    1,140
    11 Март 2011
    @Xtreem

    Зависи, точно дека Германската пошта е купена од ДХЛ, и самиот ДХЛ во името за нас е малку збунувачки.

    Ако од Германија испраќаат преку обична пошта, т.е. преку Deutsche Post DHL Group ќе стигне во нормална пошта, т.е. кај железничка кај нас и потенцијално ќе имаш помалку давачки.

    Ако испраќаат преку DHL express, ќе стигне во DHL претставништвото во МК со многу веројатно повеќе давачки.

    Прочитај внимателно преку кој DHL е шипингот.
     
    Luidgi, Krkac и на Xtreem им се допаѓа ова.
  22. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,933
    2,857
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Ај вака дечиња мои, DHL e Deutsche post, ќе ја добиеш пратката преку нашата национална пошта. А DHL express е онаа од која сите бегаме и се плашиме.
    Ај сеа по 100 eur за доверливите информации.

    Tapatalk
    edit: Туу @bxxxn ме престаса ај сеа на него и мене по 50 еур.
     
    На Krkac, Xtreem, bxxxn и уште 2 други им се допаѓа ова.
  23. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,841
    3,922
    5 Јули 2013
    Проверено точно. Само за конфирмација, ако некој сеуште се двоумеше. Нарачано од Германија, стигна преку DHL стандардна интернационална, за 1- 1.5 недела. Стигна во Пошта, си платив царина данок и нешто ситно. Баш како што кажа лавот. Влавот де. :)
     
    Krkac, Xtreem и на vlavot им се допаѓа ова.
  24. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,933
    2,857
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Еии, лавот.
    Да ти кажам виц за лавови.
    Излегува докторот од интензивна нега, и ја затвара вратата и им вика на пациентите, добра ви вечер лавови мои.
    Го глеа техничарот, оти бе докторе лавови?
    Докторот вика, абе, нема нема ќе рикне некој :)

    Tapatalk
     
    На Costigan_Jr и smole им се допаѓа ова.
  25. Xtreem

    Xtreem
    Intern

    38
    12
    27 Август 2008
    Машко
    Фала на сите, некои (сите) работи веќе станаа јасни.

    Значи сакам да земам рамка за точак Dartmoor, и само кај нив има по цена што ми одговара, само тоа ми треба и најверојатно пренос, останато што ми треба најверојатно од chainreaction ќе си го земам, имам пазарено од кај нив и сум задоволен.

    Значи имало ДХЛ експресс и ДХЛ регулар што јас ова не го знаев, меѓутоа прочитав и ревјуа на фејзбук и гледам дека навистина ги пуштаат пратките по ДХЛ обична пошта, па дури најдов и незадоволен муштерија што воопшто не ни нуделе опција по ДХЛ експресс.

    Мене сега мирна глаата. :carefree:

    Благодарам многу.

    2 по пеесе евра за @bxxxn и @vlavot
    [​IMG]
     
    Последна промена: 13 Април 2016
    На Krkac и bxxxn им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...