InSides
lurker
- 21 февруари 2009
- 779
- 2.090
Многу е јако дека се удира по самарот а не по магарето.
Постојано. Иако е пишувано на темава многупати, низ различни сегменти на форумот.
DHL/TNT/FedEx/UPS се франшизи. Тоа се локални фирми кои имаат дозволи за работа во Македонија. Франшизата е дадена од франшизерот (DHL/TNT/FedEx/UPS), а локалната дозвола за работа е дадена од локалните власти.
Согласно со тоа, секоја од тие франшизи мора да работи согласно правилата на македонските царински власти, а тие велат (парафразирам):
Значи:
Ако пратката ви стигнува преку обична пошта:

- Секоја пратка која влегува во државата подлежи на царински преглед;
- Додека да дојде на ред за царински преглед, пратката седи во царински склад, каде престојот чини пари;
- Царинскиот преглед го врши царинска служба, а пакетот го поднесува службата за пратки во име на примачот;
- Поднесувањето на документи кон царинска служба чини пари (шпедиција);
- Царинската служба одлучува дали го ослободува пакетот од царински давачки или наплаќа согласно тарифникот;
- Примачот на пакетот е обврзан да ги плати царинските давачки.
- За пратки преку Македонски Пошти не се плаќаат шпедитерски трошоци затоа што пошта е субвенционирана и има интегрирана царинска испостава;
- За пратки преку Македонски Пошти не се плаќаат (најчесто) трошоци за лежарина затоа што пошта е субвенционирана и има интегриран царински склад/магацин;
- Пратки со вредност над 800 евра МОРААТ да одат преку шпедиција, дури и да се работи за пошта, затоа што царинскиот правилник вели дека физичко лице не може индивидуално да поднесе предмет за царина на своја рака, ако е предметот со вредност над 800 евра;
- DHL/TNT/FedEx/UPS не се субвенционирани (се работи за приватни фирми) кои имаат (1) трошоци за преземање документи и (2) имаат трошоци за складирање на пратките додека се чека царина.
Значи:
Ако пратката ви стигнува преку обична пошта:
- За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте само царински давачки и ништо повеќе;
- За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од 3,000 денари + царински давачки;
- Ако не добиете барање за царински давачки, тоа само значи дека сте исклучок, а не правило.
- За пратки од 22 до 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~2,000 денари + царински давачки;
- За пратки над 800 евра, секогаш очекувајте шпедитерски трошок од ~3,000 денари + царински давачки;
- Ако не добиете барање за царински давачки, тоа само значи дека сте исклучок, а не правило.