Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Аплицирање на амбилајт на регуларен ТВ

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Ме полаковте да с*бете векот :D Ја редекорирам собата, полиците сакам да ги прераспределам па ќе ми се отвори ѕидот позади мониторот. Лемач имам :) @Rikimaru ако склопиш некое елегантно решение, скоцкај еден туторијал, од тие твоите ;)
Како сум со време да ти кажам право, тоцку ми фали да порачам еден од овие готовиве наместо да склопувам:

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Првичната намена за ваков продукт ми е олабавување на очите малку. Поминувам (морам да поминувам) доста време пред монитор, па ambientlight би требало помалку да ги уморува очите.
Исто така, контрастот на екранот е „позаприметлив“. Сега, лесно се прави обичен ambilight -- имам дома ленти и контролер уклучувам во струја и тоа е се. Но, си реков да не изгледа „кул“ и помага со имерзијата за содржината на екранот ако имам ваков Sync-able Responsive Ambilight. Читам, гледам на интернет, со разно-разни Arduino или R-Pi изведби, или па готови kits од Aliexpress, но, сакам да се осигурам дека ќе го изберам правото решение да не губам џабе време, а и да е решение што ќе можам да го направам се разбира.

Aха 100% ќе се релаксираш со амбилајт. Пушти Thor Ragnarok кога ќе почнат да фрштат бои по цел стан ако не те болело глава 100% ќе те заболи хаха.

Барем со на филипс амбилајтот, сетиран на dynamic или vivid брзо, дури и пребрзо фрчат бои, особено на акции.

Пазете луѓе со епилепсија, may induce seizures.

Пример

View: https://www.youtube.com/watch?v=mUf0eIFbL3U
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Претпоставувам има можност да се сетираат, и интезитетот на светлото, и аголот на светлината да осветлува само помал дел од ѕидот позади - не целата соба. Барем кај DIY варијантите ова се работи кои можат да се направат по желба.
 
G4M3R

user
26 јуни 2012
1.082
1.380
Еве како што ветив, некои фотки и видеа како работи. За жал само неколку слики најдов кога сум го склопувал но ете...
Сега кога ги прегледав ми текна што мака имав поради текстурата на пластиката, едвај се залепи лентата. На некои места мораше и нов дуплофан :mad:. БТЊ големкото ардуино беше само за тест, инаку си е со оригиналот нано како во проектот.

View: https://imgur.com/a/ZfaMS6F

10rMMB1.jpg

fu97iwL.jpg

Еве и две видеа со Сајберпанк како се понаша.

Навистина на игрите и филмовите им дава плус шмек, и кога и да е изгасено одма приметувам дека нешто не ми штима :ROFLMAO:. Мене искрено воопшто не ме заморува, и упалено е цело време. Инаку да, има доста опции што може да се нагодат околу светлината.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Претпоставувам има можност да се сетираат, и интезитетот на светлото, и аголот на светлината да осветлува само помал дел од ѕидот позади - не целата соба. Барем кај DIY варијантите ова се работи кои можат да се направат по желба.

На старите филипс немаше опција за интензитет, имаше модови. Vivid, Dynamic, Relax, IMMERSIVE ffs итн. Понежно мењаше бои ама интензитетот е ист. Нормално ако упалиш светло нема да ти смета.

Еее тој ТВ го купив од estore продавниците што пропаднаа ако ти текнува. Кај трготекстил. Сензација беше ама после месец дена го изгасив амбилајтот и ретко кога го палев.

После имав уште еден Филипс 4к со амбилајт и тој богами фрштеше. кога се тепаа во star wars сцената со high ground како red light district ми изгледаше дневната.

1608466655993.png
 
G4M3R

user
26 јуни 2012
1.082
1.380
Значи DIY е подобро од оригиналот, кул. :D
Дефинитивно, се сложувам и јас со ова. А не е нешто прекомплицирано или пак скапо да се изведе. Можеби само дека е така DIY looking, и не е интегрирано со телевизорот/мониторот.

Исто познаник зема филипс телевизор(не знам точно модел) со амбилајт, и воопшто не беше како што очекував. Удираше некои средишни бои преку целата лента, така... колку да се рече дека има. Опции исто слабо, ептен млитаво личеше за нешто што е вградено во телевизор. И колку што се сеќавам мислам и мал број на лед беа, нема тука споредба со DIY и лента од 140 лед на метар.
 
Последниот филипс што го имав PUS6002 мислам беше со ленти од две страни, немаше врска амбилајтот со тој предходно што имаше од сите страни. Ни по бои ни по интензитет, сатурација итн. Најверојатно штедат. Иако РГБ лентите се поефтини сега него било кога.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Дефинитивно, се сложувам и јас со ова. А не е нешто прекомплицирано или пак скапо да се изведе. Можеби само дека е така DIY looking, и не е интегрирано со телевизорот/мониторот.

...нема тука споредба со DIY и лента од 140 лед на метар.
Мислам дека и резолуцијата - ама и брзината на процесирање играат голема улога.
Филипс веројатно има некое решение со анализа/capture на видео сигналот ама со некој евтин SoC или специјализиран чип кој повеќе од сигурно анализата интерно ја прави на ниска резолуција, и споро... И затоа толкави разлики со DIY, каде истото се работи со брз процесор и на нативна резолуција, лентата е со повеќе ледови, итн.

Последниот филипс што го имав PUS6002 мислам беше со ленти од две страни, немаше врска амбилајтот со тој предходно што имаше од сите страни. Ни по бои ни по интензитет, сатурација итн. Најверојатно штедат. Иако РГБ лентите се поефтини сега него било кога.
На милиони и милиони парчиња и еден цент не е мала пара. :)
А повеќе пари се од еден цент па дури и за толкав volume од нарачки каков што има Филипс. Не толку за лентите/ледовите колку за електрониката, сепак задачата не е толку тривијална како што гледаме и од упростувањата во подоцнежните модели (сигурно имаат заштеда, штом го прават тоа што го прават).
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв