1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аплицирање на амбилајт на регуларен ТВ

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од skullmonkey, 4 Јануари 2020.

  1. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,108
    3,250
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Го најдов на редито постов. Наводно е DIY но уште нема пуштено гајд и објаснување.

    Има некој идеја како би се извело ова?


    Hi Everyone, I am happy to share, that ambilight modding is possible on non Philips Ambilight Android tvs. Apart from aerial TV and Netflix, so far everything is working as expected. The total conversation costed me around £35,and half of my day, but it worth every single penny. Enjoy :) : AndroidTV
     
    farkizz, Banjifiko и на Taurus им се допаѓа ова.
  2. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,236
    1,283
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
  3. krema

    krema
    Professor

    10,126
    9,737
    24 Јуни 2009
    Машко
    @Pulse
    Таман мислев да кажам со РГБ лента и некое ардуино, ама ме претрка, имало готово решение.
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  4. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,374
    19 Јули 2013
    Ама ова работи само на содржини од пуштани од компјутер?
     
  5. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,108
    3,250
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Ова е на усб. По некоја логика треба да влече хдми и да е сплитер само по себе.
     
  6. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,330
    4,531
    18 Септември 2013
    Машко
    HUE 2 Ambient V2 RGB Lighting Kit | NZXT

    има и Raspberry Pi DIY решенија од пред неколку години, ама ова ти е најлесното решение и го има во Нексио.
     
    На G4M3R му/ѝ се допаѓа ова.
  7. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    549
    504
    26 Јуни 2012
    Машко
    Го имам истово направено ама на PC/монитор, константно зима инпут преку усб. На ТВ е малку потешко за DIY, но не е неизводливо. Бара сплитер за HDMI, да го подели влезот еден према телевизорот и друг дел за потребниот screen capture... На монитор е многу полесно бидејќи софтверот се инсталира во два клика и целата работа се олеснува, без сплитери-чуда.

    Еве други линкови за амбилајт на ТВ
    Part 1 – DIY breath-taking Ambilight for your own TV – Raspberry Pi 2 Tutorial – AwesomePi
    TUTORIAL - Raspberry Pi 3 Mediacenter + Hyperion Ambilight + NO soldering
     
  8. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,374
    19 Јули 2013
    Од каде би земало хдми кога има само усб?
     
  9. acekorg

    acekorg
    Gaining Experience

    46
    63
    5 oктомври 2010
    Од maxTV, PS4, PC или што год друго би сакал да поврзеш на ТВ и да имаш амбилајт на него. HDMI сплитерот ќе го подели сигналот за еден да иде во телевизор, друг во амбилајт уредот.
     
  10. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,374
    19 Јули 2013
    Да, кога контролерот би имал хдми влез, оној горе има само усб.
    Колку што видов, досега сите постирани решенија функционираат само на една платформа, нема универзално :(
    Или изворот е компјутер, или расбери или андроид. Амбилајт ќе има само на сигнал од тој уред, сите други извори ќе немаат.
     
  11. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,131
    3,483
    7 ноември 2014
    Машко
    Го изгледав видеото и ова само би ме дистрактирало, има некој со позитивни искуства за Амбилајт?
     
  12. acekorg

    acekorg
    Gaining Experience

    46
    63
    5 oктомври 2010
    :D:D:D:D
    Тоа горе е наменето само за PC.
    Телевизорот на неговите USB портови нема да знае како да комуницира со уредов.
    Има во опис дека има софтвер за Windows и Mac/Linux кој што ќе ја чита информацијата за сликата која што се прикажува и испрати информации до уредот во каква боја треба да свети.

    Не го прочитав детално но претпоставувам дека софтверот е задолжен да ги пресмета боите што го става процесирањето на терет на PCто и затоа е уредот ефтин.
    Ако не иде преку PC, од HDMI ако треба сам да ги открие соодветните бои ќе треба уредот да си има свој микропроцесор за тоа... или Arduino/Raspberry евентуално во DIY случај.

    Првпат кога добив Raspberry и се чудев што да правам со него гледав нешто вакво да правам ама ми се виде многу замарање, трчање по делови, лепење а не ми прави толку мерак амбилајт :D
     
    На Oktar и moongose им се допаѓа ова.
  13. 123456

    123456
    On your way to fame

    1,038
    568
    12 Април 2013
    Машко
    топ е
     
  14. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,374
    19 Јули 2013
    Така е. Во сите варијанти има софтвер кој ги чита крајните вредности на сликата на платформата на која работи и дали преку усб или на друг начин ги испраќа до контролерот кој ги контролира боите на диодата.

    Никаде во приказниве нема hdmi или друг тип на сигнал што се процесира. Амбилајт ќе има само на тој уред на кој е инсталиран софтверот. Значи отпаѓаат сите конзоли, медија/двд/блуреј плеери, рисивери и редовна телевизија.

    Во примерот со расберито, тоа е истовремено и изворот на сигналот и контролер на диодите. Но и таму нема можност да се процесира надворешен сигнал.
     
  15. acekorg

    acekorg
    Gaining Experience

    46
    63
    5 oктомври 2010
    Не дека не е изводливо ама доста замарање е. Не помислив на делот дека HDMI на Raspberry е само излез. Така да влез ако веќе мора да е USB тогаш влага у игра и видео картичка.
    Нешто како на линков:
    Ambilight System for Every Input Connected to Your TV. WS2812B Arduino UNO Raspberry Pi HDMI (Updated 12.2019)

    П.С. Тие смајлиња на почетокот на постот случајно ми избегале... се извинувам :D

    ЕДИТ: Нешто вака
    Ambilight HDMI TV kit TV Ambilight effect for 4K TV HDMI sources Dynamic Light RGB LED Strip Light Screen Backlight lighting - AliExpress
     
    Последна промена: 5 Јануари 2020
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,374
    19 Јули 2013
    Ова е веќе нешто друго, но и цената му е соодветна на можностите.
     
Слични теми
  1. skorpija
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    797
Вчитување...

Сподели

Вчитување...