Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Премиум членство: Basic и 1337 стануваат една Pro претплата

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
304
1.077
www.IT.mk
Со IT.mk v7 го поедноставуваме моделот на премиум членство, односно претплата. Basic и 1337 повеќе нема да постојат како одделни членства.

Отсега ќе има една претплата:
IT.mk Pro: 588 денари годишно

Во суштина, досегашното 1337 членство станува Pro, но со значително пониска цена.

Досегашните цени беа:
  • Basic: 499 денари годишно
  • 1337: 1.500 денари годишно
  • сега Pro: 588 денари годишно
Што се случува со постојните членства?

Сите активни членства автоматски ќе бидат префрлени на Pro. Не треба да преземете ништо. Постојните Basic членови веднаш стануваат Pro и го задржуваат постојниот датум на истекување. Нема доплата. Пример: доколку сте купиле Basic пред две недели, ќе имате Pro во преостанатиот период од вашата едногодишна претплата.

Постојните 1337 членови ќе бидат префрлени на Pro, а неискористениот дел од уплатата ќе биде претворен во дополнително Pro време според новата цена. Пример: доколку сте купиле 1337 пред две недели, преостанатата вредност од членството ќе ви обезбеди приближно 895 дена Pro, односно околу две години и пет месеци.

По истекувањето, обновувањето ќе биде по новата цена од 588 денари годишно.

Што добиваат Pro членовите?
  • Попусти на IT.mk/market за Pro членови - ова останува како за 1337 што беше. На скоро секој производ ќе бидат прикажани цени за премиум членови со дополнителни попусти. За Pro членови ќе има и периодични акции со одредени купони и дополнителни попусти и промоции.
  • Посебна Pro секција на форумот - Само Pro членови ќе имаат пристап до посебен дел од форумот за комуникација, размена на информации и дискусии, темите ќе бидат ограничени - наскоро ќе дообјасниме. Во таа Pro секција IT.mk тимот ќе споделува: рани информации и најави, белешки и новости од IT.mk, информации за идни настани, содржини и теми наменети за активните членови.
  • Огласи на почетната страница - огласите објавени од Pro членови ќе можат да се појавуваат и во главниот feed на IT.mk, со што ќе добијат значително поголема видливост.
  • До три лични огласи месечно - Pro членството е наменето за физички лица и овозможува објавување до три лични огласи месечно.
  • Компании, продавници и лица што редовно продаваат производи како деловна активност нема да можат да користат лична Pro претплата за таа цел. За нив воведуваме верификуван компаниски профил, по цена од 9.999 денари годишно. Компаниите ќе можат да објавуваат до 30 огласи месечно во посебна секција, одвоена од личните огласи.
Што се менува со рекламите?
На бесплатните профили повторно ќе се прикажуваат класични рекламни банери. Pro членовите нема да гледаат класични банери. Во главниот feed и понатаму може да се појавуваат таргетирани нативни спонзорирани картички, како понуда од партнер или бренд или пак логоа од компании на одредени форум секции. Овие објави ќе бидат јасно означени како спонзорирани и може да им се прикажуваат и на Pro членовите. Pro членовите ќе имаат можнсот да ги исклучат дел од комерцијалните понуди по свој избор.

Што повеќе не е дел од претплатата?
Поради изменетите регулаторни услови, месечните наградни игри (1337 giveaways) повеќе нема да бидат дел од членството. Со намалувањето на цената од 1.500 на 588 денари годишно, бесплатната маичка при зачленување исто така повеќе нема да биде вклучена.

Целта на Pro не е пакет со подароци, туку подобро искуство на IT.mk, поголема видливост, пристап до затворена секција и директна поддршка на македонската ИТ заедница.

Сите активни членови ќе добијат известување со новиот датум на истекување откако ќе биде завршена миграцијата.

Повеќе детали Претплата ⋆ IT.mk
 
Изменето од модератор:
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Офтопик

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно