TheSchumann
hello world
Ајде и јас да си прашам истово. Гледам имаат комбо пакети со интернет, тв и 2 моб за 30 евра, а за истото во Телеком ми бараат 50 евра.Дали има некој на Телекабел (мобилна линија)? Освен што се плаќа за пораки (што преретко ги користам, освен за паркинг) и треба да се наоѓа други начини да се плаќа паркинг, други маки ги има со виртуелниве оператори? На А1 сум не знам колку години наназад и ме изнервираа што еднаш ми понудија демек некаков специјален попуст за комбо, а вториот пат ми дадоа полоша понуда од првиот пат, се правдаа дека не било така (или лошо ми кажале тие, пошто 2-3 пати убаво ги пепрашав да ја запишам).
Преку глава ми е од високиве тарифи, нет сеф за глупости што не ги користам (освен роамингот во странство што ми користел да бидам искрен) и не ми требаат и божемни субвенции т.е. буџети за нов уред што не се реални односно им се пренапумпани цените. Се чувствувам ко да плаќам најмалку дупло од она што реално го користам, дури и со денешниве цени.
Битно ми е каква е мрежата (квалитет на повици и брзина на интернет) пред се во Скопје и Струга.