Chaeld10_8
user
- 29 март 2011
- 1.064
- 926
Ќе одам со eVic сакам екранче а и не парам многу моментално eGo-T шо го користам е 900мах и ми трае цел денСо затворени очи би го препорачал секогаш: овој. Иако е одамна појавен, за секојдневна употреба ништо не му фали. Па и за малку понапредна (само за усно).
Ако сакаш само да имаш батерија додека да се решиш за нешто поголемо/напредно, ова. Доволно е јака за се` што ќе фрлиш на неа, но нерегулирана е (опаѓа јачината како што се празни батеријата), а има основни заштити (од краток спој).
Исто како преодно решение би било ова. Зошто преодно? Затоа што има мал капацитет на батерија, ќе треба да го полниш најмалку еднаш на ден. Од друга страна, има се` што ти е потребно и непотребно кај современ мод (температурна контрола). Сличен на него, само малку поскап и само малку повеќе вати, е овој, но со исто недоволно траење на батерија.
Кога би собрал пари или би се решил, најдобро би било да земеш некој од нивните поголеми браќа (со поголема батерија или со две батерии) за да има трајност и голема снага (ако ти затреба). По ред (од најслабо кон најдобро):
Кубоид мини, iStick Power, Ајстик QC. Било кој од овие да земеш, долго време понатаму нема да ти треба друг мод (освен ако не се расипе или скрши), сакам да кажам дека ова е најдолгорочно решение. Кубоидот мини не го познавам, очигледно е дека со една батерија помалку ќе трае од другите, но затоа е помал.
Не препорачувам со променливи батерии засега, затоа што батериите тешко се нарачуваат, а и тие не се баш без пари (не ги пресметуваме во цената на модот), како и заради ракувањето со нив, а и можеби ќе ти треба и полнач.
Испратено од Lenovo A2020a40 преку IT.mk форум апликација