Кога менувате/чистите греач дали го менувате и безбедносниот вентил? Дека имам читано и тој да се менувал дека фаќа каменец
Не.Кога менувате/чистите греач дали го менувате и безбедносниот вентил? Дека имам читано и тој да се менувал дека фаќа каменец
Следно чистење смени го, мака мислам нема да видиш вака се дур не има потреба да реагира тој, кога го менував греачот ај викам да видам и вентилот како е ситуација, преполн со бигор после и него го сменивЈас немам сменето вентил 8 години. Не знам дали има бигор. Но нема мака сега за сега.
Не ти е лоша и оваа идеа, наместо да менувам греач да исчистамНе.
Отворам долен капак, тргам електрични жици, вадам термостат, вадам греач,чистам греач (го мотам во крпа и ја полевам со прехрамбена бела алкохолна киселина да постои), чистам бољер.
Враќам назад се како што си беше, стегнувам штрафој, пуштам вода да се наполни бољерот (испуштам воздух преку туш батеријата), вклучвам струја.
Да се цитирам пак.На тема бојлери да препорачате електричар?
Еве број (броеви) од Ристо: 078 276 937 и 070 709 541.Да се цитирам пак.
Добро, штом велиш кабел ќе пуштиш, веројатно си проверил дека инсталацијата дома ти е трофазна, и дека имаш осигурач од околу 50А, за трофазниот проточен бољер.Планирам да го сменам бојлерот да земам 80л или пак да земам проточен. За проточен кабел можам да пуштам не е проблем а и ќе се отвори повеќе простор, маана е што е неколку пати поскап ама можам да прогледам низ прсти за тоа заради комоцијата во просторот што ќе ја понуди.
За проточен бојлер кој се препорачува и како влијае бигорот на него, дали треба чистење?
2 тоалета ќе го користат така да треба да има солиден капацитет на проток на топла вода во минута
Многу добро искуство имав со болјкерот... Сѐ додека не испонаправија згради во непосредна близина. Притисокот на водата падна значајно, и единствена причина зошто досега не го сменив бојлерот е затоа што немам време.@Lokvan дали ти имаше проточен и споделуваше како ти беше искуството со бигорот?
да проверена е струјата, имам среќа и што таблата е на околу 3м од бојлерот каде што сакам да го монтирамЕве број (броеви) од Ристо: 078 276 937 и 070 709 541.
Искрено, не можам да се сетам како се нашол во мојот именик на телефон, и не можам да се сетам за што сум го повикал (и кога)....
Еве уште еден број од Владо 075 960 750 и 022 042 030.
На него се сеќавам, добар електричар, ама па, возрасен беше, и можно е да се повлекол во заслужена пензија и да не работи веќе....
Не знам, не гарантирам ништо, ѕвони, види што ќе добијаш...
Мислењето е автоматски споено:
Добро, штом велиш кабел ќе пуштиш, веројатно си проверил дека инсталацијата дома ти е трофазна, и дека имаш осигурач од околу 50А, за трофазниот проточен бољер.
Досега сум ги сретнал да ги пофалат Stiebel Eltron, Bosh, Siemens како квалитетни проточни бољери. Еден период и јас сакав дома да преминам на проточен, па во сетек ги видов овие од Clage - за жал ја напуштив идејата, и останав со класичен 80L бољер. Сега гледам донесле и неколку модели на Bosh.
Имаше некои искуства споделени тука, и во поглед на марката, и во поглед на бигорот - кој го има во доста големи количини во скопскава вода, ама па во сеќавање ми остана дека кориснициве кажаа дека не им направило проблем и после повеќе годишно користење на проточниот (мислам ќе да се спомнуваа некои си 7-8 години без реални проблеми).
@Lokvan дали ти имаше проточен и споделуваше како ти беше искуството со бигорот?
Расчепкав сабајлево и работата се врти накај Stiebel, конкретниов модел го гледав и заради капацитетот и на топла вода Проточен бојлер Stiebel PER 18/21/24 - BITEL - овој е уствари со пластилни цевки?Многу добро искуство имав со болјкерот... Сѐ додека не испонаправија згради во непосредна близина. Притисокот на водата падна значајно, и единствена причина зошто досега не го сменив бојлерот е затоа што немам време.
Мојот е со механички сензори на притисок на водата, и релеа кои се контролирани преку фидбек од тие сензори. Многу едноставна електроника, затоа и ја одбрав таа опција - заради долговечност и оптпорност на влажна просторија.
Сега би требало да земам некој (пак проточен) бојлер со електроника која не е зависна толку одвисокнормален притисок на водата. Арно ама, сите се со пластични цевки и грејач во нив (нешто како влакно, односно релативно тенок). Наводно имале проблем со дефекти на грејачите, посебно ако останат без вода а го пуштиш бојлерот. Нема заштитна електронија да не пушта греење додека не се наполни вода.
Некој ќе праша а зошто би немало вода? Па затоа што барем еднаш месечно снемува вода, сѐ нешто интервенираат од Водовод, или некој се приклучува (зградите што ги прават), или дефекто (пак заради зградите)... Често снемува вода, и потоа со осетлив бојлер би требало внимателно да пуштиш малку отворена славина за да се наполнат цевките со вода - за да нема проблеми со грејачите. Но во пракса често нема ни да знаеш дека во текот на денот снемало вода, додека не почне тој звукот да го слушаш. Рецепт за проблеми.
Последно се мислам да ставам хидрофор и така да завршам работа.
Ова веројатно не е тоа што сакаше да го слушне @dino ама подобро е да се знае.
Мислењето е автоматски споено:
Веројатно не беше баш најјасно дека постојат два вида проточни бојлери. Едните со бакарни цевки, самите цевки се грејачи - и други со пластични цевки, грејчите се како жици внатре во нив. Нема дилема дека тие со бакарните цевки се многу подолговечни, подобри за чистење ако некогаш се нафати бигор, итн. Но електрониката кај нив е со сензори за притисок, и минималниот притисок кој се побарува е релативно голем.
Алтернатива се проточни бојлери со фино подесување на температура (единствената добра страна на овие). Не знам зошто ама таквите не побаруваат толку голем притисок на водата (како тие со бакарните цевки). Но имаат пластични цевки, и ги имаат погоре опишаните проблеми со грејачите.
Зошто не прават бојлери со бакарни цевки и пософистицирана електроника (да не бидат завсни од повисок притисок на вода)?
Beats me. Toa би било добра опција, ама колку што знам - не постои. :-/
Крајно, тие се двете опции со проточен бојлер. Класичен бојлер исто има проблеми со одржување, заради бигор, и таму има алтернатива со омекнување на водата. Но тоа е веќе друга насока на решавање на проблемите.